build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кино „Манаки“ - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кино „Манаки“ - Битола
    Posted: 08-May-2013 at 17:35


Удрени темелите на киното Корзо

MAJA_MANAKI_001
Денес, на Широк Сокак започна обновата на киното на браќата Манаки. Темелите беа удрени на местото каде што на почетокот на минатиот век функционирало киното Корзо. Обновата ќе се врши во две фази.
MAJA%20MANAKI%20TALESKI
-Во првата ќе се работи на инфраструктурата, електричната инсталација, водоводната мрежа, топлифицирање и друго, што треба да биде завршено во текот на оваа градежна сезона. Следната сезона ќе се работи на кино сала со капацитет од 150 седишта, како и две музејски простории, изјави градоначалникот на Битола, м-р Владимир Талески.

Киното на Манаки работеше до 1939 година, кога изгоре до темел, зашто тогаш филмските ленти биле многу лесно запалливи.
MAJA%20MANAKI%20STEVCE
-Прво работеше со неми филмови, кои беа пропратени со музика, а потоа почнаа со проекција на тонски филмови. Во 50-тите се прави обид за обнова, летната бавча работеше неколку години и се прекина, ова е второ воскресение, вели Стеван Хаџиантоновски, Комуна на власи.

Значењето на браќата Манаки се споредува со значењето на браќата Лимиер во европски рамки, потенцираше градоначалникот. Обновениот објект ќе биде на два ката.
MAJA%20MANAKI%20004
-Предвидува 9 на 14 основата, а вредноста е половина милион денари, во првата фаза ќе се потрошат 19 милиони денари.

Киното нема да биде актуелно само за време на интернационалниот фестивал „Браќа Манаки", туку ќе работи 365 дена во годината и ќе биде опремено со најсовремената опрема за проекција.

Извор: http://www.tera.mk/aktuel/udreni-temelite-na-kinoto-korzo


Edited by Danielbtmk - 08-May-2013 at 17:39

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-May-2013 at 17:42





Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-May-2013 at 19:12




Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-May-2013 at 12:51
Браво
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-May-2013 at 16:43
Датум: 08.05.2013, 16:24

Перипетии околу градбата на киното „Манаки“

Општина Битола постави камен-темелник за обнова на старото кино на браќата Манаки, „Kорзо“, кое на Широк сокак постоело пред 74 години. Истиот ден внукот на браќата, Милтон Манаки, до битолскиот суд поднесе барање за изрекување привремена мерка за да се стопира започнатата градба. Тој вели дека дел од земјиштето предвидено за градба било во сопственост на дедо му, снимателот Милтон Манаки, па како негов наследник има поднесено постапка за денационализација. Младиот Манаки побарува државата да му денационализира 900 квадратни метри од земјиштето каде што во минатото било киното.

- Ги имаме сите потребни документи, постапката е во тек. Во законот за денационализација стои дека имот кој е предмет на ваква постапка не смее да се оптоварува. Поднесовме предлог до судот за изрекување привремена мерка и ги доставивме сите документи дека се води постапка за денационализација, писмата до градоначалникот дека не е дозволено да се гради на такво земјиште за што немаме добиено одговор, писмо од катастарот, каде што известуваат дека е иницирана постапка, тапија што гласи на браќата Манаки, а ние сме наследници, скица од предметното земјиште - вели внукот Милтон Манаки.

Од Општина Битола велат дека земјиштето не е спорно и дека не ги разбираат мотивите на внукот поради кои се обидува да ја попречи градбата.

- Општина Битола е сериозна институција, ние имаме одобрение за градба и почнуваме со обнова на киното. Не знам кои се неговите мотиви, веројатно, само тој знае и жал ми е што единствено само тој не се гордее со овој настан. Не ги разбирам неговите мотиви и го поканувам и тој да се радува на настанот - рече градоначалникот Владимир Талески.

Kиното „Kорзо“, во кое во првата половина на 20 век филмови прикажувале браќата Манаки, изгорело во 1939 година од пожар предизвикан од филмските ленти.

- Kиното изгоре како резултат на тогашните филмски ленти што беа целулитни и лесно запаливи. Kиното не можеше да се спаси. Тогаш со киното стопанисуваше Ристо Зрде, објектот беше на Манаки, но тој во недостаток на средства го даде под закуп - вели Стефан Хаџиантоновски, филмски критичар.

Kиното ќе се гради во следните две години, а проектот чини 30 милиони денари. 19 милиони денари општински пари ќе се вложат годинава за реализирање на две третини од проектот, поточно инфраструктура, електрична и водоводна инсталација, санитарни јазли, климатизирање и градба на фасадата. Се очекува големината на киното да биде слична на старите димензии, а фасадата да биде како оригиналната.

Втората фаза ќе следува идната година кога ќе се заврши киносалата со 150 седишта. Ќе има и две музејски простории со две восочни фигури на браќата Манаки и дел од нивното творештво, кое е дигитализирано. Kиното ќе работи во текот на целата година.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1EB8E65DD298224698C26D3E6CA3741B
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 05-Jun-2013 at 13:52
Back to Top
Watson View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 23-Mar-2013
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote Watson Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Jun-2013 at 23:46
дали се влегва тука или преку тарабите си сликал?
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Jun-2013 at 21:03
Originally posted by Watson

дали се влегва тука или преку тарабите си сликал?

Се влегва слободно до 11-12h
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Aug-2013 at 12:30
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 688
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Sep-2013 at 21:16

Интензивно се гради киното Манаки

Вторник, 24 Септември 2013 17:46

STEVO_KINO_MANAKI_001

Со новиот Закон за филмска дејност, новата современа технологија со која е опремен Центарот за култура во Битола и обновата на киното на браќата Манаки „Корзо", Битола работи на тоа да ја оствари визијата да стане филмски град.

Првата фаза од обновата на објектот на киното на браќата Манаки на битолски Широк сокак треба да заврши уште оваа градежна сезона.

STEVO%20KINO%20MANAKI%20003

Започнаа со првата фаза, реконструкција и обнова на славното историско кино коешто исто така е едно големо културно историско наследство на општина Битола и на Република Македонија. Оваа градежна сезона, општината очекува да се заврши првата фаза, следната сезона втората фаза, од градежниот објект, а потоа слично како и со Центарот за култура ќе ја набаават најдобрата технологија и опрема што во тоа време, значи за околу две години ќе биде врвна технологија во светот", категоричен е градоначалникот на Битола.

STEVO%20KINO%20MANAKI%20005

Во киното кое ќе има фасада иста како некогашниот историски објект, е предвидено да има сала со капацитет од 150 седишта, како и две музејски простории, каде што ќе бидат поставени две восочни фигури од Браќата Манаки и дел од нивното творештво кое е веќе дигитализирано и ќе биде достапно за сите граѓани, случајни минувачи и вљубеници во филмската уметност.

Камен темелникот за киното беше поставен на почетокот на мај оваа година.

http://www.tera.mk/2013092470726/aktuel/intenzivno-se-gradi-kinoto-manaki

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Dec-2013 at 12:19
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Mar-2014 at 19:29
Денешна состојба...


DSC03126 by george k. 1981, on Flickr


DSC03127 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jul-2014 at 15:10
Статус кво е овде, као и на поише објекти у Битола


23ka.wordpress.com
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Jul-2015 at 13:11




За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jul-2015 at 14:12
Една "куќарка" две години се гради и не е готова. Но и покрај тоа, мило ми е што е стварно веродостојна на оригиналот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Jul-2015 at 13:59
Најдов една фотографија од 18 јули на руски блог за патување каде што се гледа до каде е стигнато со киното (лево на сликата).

За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1827
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Aug-2015 at 10:13
Јас на 17ти бев во Битола и се работеше нешто на задната страна ,ама што точно незнам.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Aug-2015 at 23:48
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Sep-2015 at 04:59
Друг е проблемот, не е до изградбатаЧ

http://revolucionermk.com/zaprena-izgradbata-na-kinoto-manaki-zemjishteto-predmet-na-denatsionalizatsija/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Sep-2015 at 09:02
Фотката од текстот:

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.