build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Моја болница (поранешна болница Св. Лазар)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Моја болница (поранешна болница Св. Лазар)
    Posted: 28-Nov-2007 at 23:30
парцелата во Ѓорче Петров што ја продаваше Министерството за транспорт и врски со намена за изградба на болница изгледа има културен инвеститор од Бугарија. Парцелата не е мала 7000 квадрати па се надевам дека ќе направат нешто поинспиративно од она што го имаат во Софија.



http://www.st.lazar-hospital.com

Познат бугарски бренд во гинекологија и акушерство ќе гради болница во Скопје


"Свети Лазар" ќе лекува и ќе пораѓа


Ако се почитуваат роковите, камен-темелникот на новата зграда треба да се удри во мај, идната година, а изградбата да заврши за 2,5 години. Месноста Јурија во Ѓорче Петров е идеална локација, бидејќи е блиску до Вардар и е опколена со парковско зеленило


Познат бугарски бренд во гинекологија и акушерство ќе гради болница на територијата на општина Ѓорче Петров во месноста Јурија. "Свети Лазар" е официјалниот сопственик на парцелата од околу 7.000 метри квадратни, откако победи на јавното наддавање и во законски определениот рок приложи банкарска гаранција во вредност од 100.000 евра.

- На лицитацијата, што се одржа на почетокот на месецов, учествуваше уште една фирма "Физијатрика", но "Свети Лазар" ја даде највисоката понуда од 1.900 денари за метар квадратен. Почетната цена изнесуваше 1.800 денари -информираше Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.

"Свети Лазар" ќе треба да инкасира во државниот буџет 13 милиони денари, односно 211 илјади евра. Договорот за отуѓување на градежното земјиште, вели Симоновски бил склучен, а фирмата се обврзала дека за шест месеци ќе обезбеди одобрение за градба, односно дека за две години ќе го изгради објектот. Во спротивно, договорот ќе се раскине. Камен-темелникот на новата болница би требало да се удри во мај, идната година.

Министерството за транспорт и врски, досега шест пати се обидуваше да го продаде земјиштето, но јавните објави пропаѓаа бидејќи ниту една фирма не се пријавуваше. Затоа, првичната цена од 2.900 денари за метар квадратен беше намалена на 1.800 денари. Симоновски рече дека преку амбасадите вршеле и поединчено информирање на странските инвеститори.

Јурија е идеална локација за болница бидејќи е блиску до Вардар и е опколена со парковско зеленило.

На веб-страницата на "Свети Лазар" стои дека таа е една од ретките установи кои на пациентите им нудат висококвалитетна медицинска нега што може да се спореди со најреномираните светски имиња во здравството. Основачи на "Свети Лазар" се врвни имиња во гинекологијата, кои се дел од тимот до ден- денеска.

Елизабета АРСОСКА



Извор: Вечер

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Dec-2007 at 03:27
За болницата во Ѓорче Петров што ќе ја градат Бугарите (Св. Лазар), еве го ископав ова што го објави тогаш министерството за транспорт и врски - извадок од дуп-от со маркицата





Edited by Cloverstack - 08-Dec-2007 at 03:29
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-May-2008 at 00:29

Не се гледа најдобро али ок е зградава Cheers

Познат бугарски бренд во медицината ќе гради модерна болница во Ѓ. Петров


Удрени темелите на "Свети Лазар"


Изградбата на оваа болница ќе внесе нови стандарди во гинекологијата и акушерство - ин витро оплодување, чување на матични клетки од папочна врвца, како и гинеколошки операции - рече премиерот Груевски на свечното почнување на градежните работи


Познатиот бугарски бренд во гинекологијата и акушерството "Свети Лазар" ќе гради болница на територијата на општина Ѓорче Петров, во месноста Јурија. Свеченото почнување на градежните работи, вчера го означија премиерот Никола Груевски, амбасадорот на Бугарија во Македонија, Михо Михов, градоначалникот Сокол Митровски и инвестититорите-докторите Тамара и Оливер Николови.
- Ми претставува особена чест да присусувувам на камен-темелник за изградбата на болница од вакво реноме, затоа што таа преставува инвестиција од три милиони евра на угледна компанија од Бугарија. Изградбата на оваа болница ќе внесе нови стандарди во гинекологијата и акушерство - ин витро оплодување, чување на матични клетки од папочна врвца, како и гинеколошки операции.

Новиот здравствен дом ќе се гради на површина од 4800 метри квадратни, земјиште коешто од страна на Министерството за транспорт и врски беше понудено на јавно наддавање, на кое како најповолен понудувач беше трговското друштво "Свети Лазар". Продажбата на државно земјиште на транспарентен начин со давање на еднакви шанси на сите заинтересирани инвеститори претставува една од политиките коишто ги презема Владата на РМ со цел да се привлечат странските инвестиции, како и да се зголеми локалниот економски развој-потенцираше премиерот Груевски.

Месноста Јурија е идеална локација за болница бидејќи е блиску до Вардар и е опколена со парковско зеленило. Инвеститорот се обврза дека објектот ќе го изгради во рок од 2 години.
Според веб-страницата на "Свети Лазар", таа е установа која им нуди на пациентите висококвалитетна медицинска нега и каде стапката на преднаталната смртност на бебињата, како и стапката на смртност кај родилките е нула.

 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-May-2008 at 08:24


Одлично прилично глатко помина работава со овој проект од лицитација на земјиште до собирање на потребна документација и дозволи и почеток на градба. Thumbs%20Up

Треба да се сликне рендеров деновиве од блиску, изгледа пристојно. Еве уште една фотографија од Утрински.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-May-2008 at 09:49
Еве уште еден рендер


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-May-2008 at 11:06
хмммм последниов рендер малце ми го смени мислењето, можеби не влијае којзнае колку на изгледот али зошто се скалите однадвор???
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-May-2008 at 14:19
Originally posted by vardar

хмммм последниов рендер малце ми го смени мислењето, можеби не влијае којзнае колку на изгледот али зошто се скалите однадвор???


Се работи за скали за итни случаи. Најверојатно...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-May-2008 at 14:48
oftopik: Сте ги приметиле ли едни згради во кисела вода што имаат скали однадвор, и дома се влага преку тераса! Има неколку такви, а едната е на автобуската шампионче. Се работи за стари згради.

Инаку ова горе мора да се за итни случаи, како инаку......... вардар ај не треси глупости !
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-May-2008 at 20:32
de be luge uste ne svativte zaso stavaat skali od nadvor?!?!? ova posebno za vardar e.no offence
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-May-2008 at 20:34
Аман бе остајте го чоекот на мир Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-May-2008 at 20:36
вардар прво се избламира во Сугестии, забелешки па сега и тука.... Што е следно Poke

Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-May-2008 at 20:39
@ Вардар

Трај си и чекај некој од фраериве да се избламира за нешто, па да му вратиш со камата LOL
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-May-2008 at 08:59
Originally posted by Cloverstack

@ Вардар

Трај си и чекај некој од фраериве да се избламира за нешто, па да му вратиш со камата LOL

hahaha basBig%20smileSmile
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 31-May-2008 at 10:33
Shifty Shifty Shifty Were you talking about me??????????
 
Originally posted by pbanks

Се работи за скали за итни случаи. Најверојатно...
 
Originally posted by lslcrew

Инаку ова горе мора да се за итни случаи, како инаку......... вардар ај не треси глупости !
 
Originally posted by se_manda

de be luge uste ne svativte zaso stavaat skali od nadvor?!?!? ova posebno za vardar e.no offence
 
 
 
Прво ко прво прашањето не ми беше ШТО се тие скали туку зошто се однадвор? Не реков дека скалите се главен влез или за секојдневна употреба, додуша не нагласив дека се за итни случаи.
 
Свесен сум за важноста и потребата од вакви излези само не знам дека мора да бидат надворешни/отворени ( токму на ова мислев кога реков зошто се однадвор). Ако грешам my bad и слободно проделжете со исмејувањето Big%20smile LOL
 
Иначе на wiki пише
 

An emergency exit in a structure is a special exit for emergencies such as a fire: the combined use of regular and special exits allows for faster evacuation, while it also provides an alternative if the route to the regular exit is blocked by fire, etc.

It is usually a strategically located (e.g. in a stairwell, hallway, or other likely place)

 
 
 
 
Originally posted by cloverstack

@ Вардар

Трај си и чекај некој од фраериве да се избламира за нешто, па да му вратиш со камата LOL
 
Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes 
 
pbanks, lslcrew, se_manda im watching you............  Big%20smile
 
 
 
 
Originally posted by pbanks

вардар прво се избламира во Сугестии, забелешки па сега и тука.... Што е следно Poke

Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile
 
А сеуште не си го поправил  Ohno Roll%20eyes Bash 
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 31-May-2008 at 10:45
Rollin
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 31-May-2008 at 11:08
Originally posted by pbanks

Rollin
 
 
Can you be more specific please  Dunno  Shifty 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 31-May-2008 at 11:10
Vardar, ти си заслужен за 42% од сите постирани смајлиња на форумов LOL 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 31-May-2008 at 11:19
Originally posted by vardar

Originally posted by pbanks

Rollin
 
 
Can you be more specific please  Dunno  Shifty 


Нормално за вториот дел од постот
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Jun-2008 at 18:21
Ne znam kolkav pridones licno ima Sv. Lazar kon ginekologijata i akuserstvoto ama od medicniski aspekt e logicki medicinska institucija od toj tip da se gradi na poperiferna oblast. Takva lokacija ostava teoretski moznosti za lesna dostapnost kon objektot dokolku se razvije infrastrukturata.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Dec-2008 at 16:56
Овој проект комплетно го изигнориравме... Еве до каде е работава.

Се извинувам за темните слики ама самракот + контра сонце (и тоа малку што го имаше) си го направија своето. Освен пристапот до главната улица во Ѓорче Петров кој воопшто не е решен (но за тоа сигурно не е крив инвеститорот) се друго изгледа на место. Објектот има прилично простран ограден паркинг со контролиран пристап. Залепен е веднаш до насипот на Вардар. Мислам дека изгледа сосема коректно иако стаклата од напред ми се малку пренападни.

1

2




Edited by pbanks - 21-Dec-2008 at 16:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.