Print Page | Close Window

Моја болница (поранешна болница Св. Лазар)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=277
Printed Date: 16-Oct-2019 at 11:09


Topic: Моја болница (поранешна болница Св. Лазар)
Posted By: pbanks
Subject: Моја болница (поранешна болница Св. Лазар)
Date Posted: 28-Nov-2007 at 23:30
парцелата во Ѓорче Петров што ја продаваше Министерството за транспорт и врски со намена за изградба на болница изгледа има културен инвеститор од Бугарија. Парцелата не е мала 7000 квадрати па се надевам дека ќе направат нешто поинспиративно од она што го имаат во Софија.



http://www.st.lazar-hospital.com - http://www.st.lazar-hospital.com

Познат бугарски бренд во гинекологија и акушерство ќе гради болница во Скопје


"Свети Лазар" ќе лекува и ќе пораѓа


Ако се почитуваат роковите, камен-темелникот на новата зграда треба да се удри во мај, идната година, а изградбата да заврши за 2,5 години. Месноста Јурија во Ѓорче Петров е идеална локација, бидејќи е блиску до Вардар и е опколена со парковско зеленило


Познат бугарски бренд во гинекологија и акушерство ќе гради болница на територијата на општина Ѓорче Петров во месноста Јурија. "Свети Лазар" е официјалниот сопственик на парцелата од околу 7.000 метри квадратни, откако победи на јавното наддавање и во законски определениот рок приложи банкарска гаранција во вредност од 100.000 евра.

- На лицитацијата, што се одржа на почетокот на месецов, учествуваше уште една фирма "Физијатрика", но "Свети Лазар" ја даде највисоката понуда од 1.900 денари за метар квадратен. Почетната цена изнесуваше 1.800 денари -информираше Драган Симоновски, портпарол во Министерството за транспорт и врски.

"Свети Лазар" ќе треба да инкасира во државниот буџет 13 милиони денари, односно 211 илјади евра. Договорот за отуѓување на градежното земјиште, вели Симоновски бил склучен, а фирмата се обврзала дека за шест месеци ќе обезбеди одобрение за градба, односно дека за две години ќе го изгради објектот. Во спротивно, договорот ќе се раскине. Камен-темелникот на новата болница би требало да се удри во мај, идната година.

Министерството за транспорт и врски, досега шест пати се обидуваше да го продаде земјиштето, но јавните објави пропаѓаа бидејќи ниту една фирма не се пријавуваше. Затоа, првичната цена од 2.900 денари за метар квадратен беше намалена на 1.800 денари. Симоновски рече дека преку амбасадите вршеле и поединчено информирање на странските инвеститори.

Јурија е идеална локација за болница бидејќи е блиску до Вардар и е опколена со парковско зеленило.

На веб-страницата на "Свети Лазар" стои дека таа е една од ретките установи кои на пациентите им нудат висококвалитетна медицинска нега што може да се спореди со најреномираните светски имиња во здравството. Основачи на "Свети Лазар" се врвни имиња во гинекологијата, кои се дел од тимот до ден- денеска.

Елизабета АРСОСКА



Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1F5107449CDCB4479F8B731D163EAD90 - Вечер




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Dec-2007 at 03:27
За болницата во Ѓорче Петров што ќе ја градат Бугарите (Св. Лазар), еве го ископав ова што го објави тогаш министерството за транспорт и врски - извадок од дуп-от со маркицата

http://imageshack.us">



Posted By: vardar
Date Posted: 30-May-2008 at 00:29

Не се гледа најдобро али ок е зградава Cheers

Познат бугарски бренд во медицината ќе гради модерна болница во Ѓ. Петров


Удрени темелите на "Свети Лазар"


Изградбата на оваа болница ќе внесе нови стандарди во гинекологијата и акушерство - ин витро оплодување, чување на матични клетки од папочна врвца, како и гинеколошки операции - рече премиерот Груевски на свечното почнување на градежните работи


Познатиот бугарски бренд во гинекологијата и акушерството "Свети Лазар" ќе гради болница на територијата на општина Ѓорче Петров, во месноста Јурија. Свеченото почнување на градежните работи, вчера го означија премиерот Никола Груевски, амбасадорот на Бугарија во Македонија, Михо Михов, градоначалникот Сокол Митровски и инвестититорите-докторите Тамара и Оливер Николови.
- Ми претставува особена чест да присусувувам на камен-темелник за изградбата на болница од вакво реноме, затоа што таа преставува инвестиција од три милиони евра на угледна компанија од Бугарија. Изградбата на оваа болница ќе внесе нови стандарди во гинекологијата и акушерство - ин витро оплодување, чување на матични клетки од папочна врвца, како и гинеколошки операции.

Новиот здравствен дом ќе се гради на површина од 4800 метри квадратни, земјиште коешто од страна на Министерството за транспорт и врски беше понудено на јавно наддавање, на кое како најповолен понудувач беше трговското друштво "Свети Лазар". Продажбата на државно земјиште на транспарентен начин со давање на еднакви шанси на сите заинтересирани инвеститори претставува една од политиките коишто ги презема Владата на РМ со цел да се привлечат странските инвестиции, како и да се зголеми локалниот економски развој-потенцираше премиерот Груевски.

Месноста Јурија е идеална локација за болница бидејќи е блиску до Вардар и е опколена со парковско зеленило. Инвеститорот се обврза дека објектот ќе го изгради во рок од 2 години.
Според веб-страницата на "Свети Лазар", таа е установа која им нуди на пациентите висококвалитетна медицинска нега и каде стапката на преднаталната смртност на бебињата, како и стапката на смртност кај родилките е нула.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0AC1143C65E568499E19CC1091B84B6A - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0AC1143C65E568499E19CC1091B84B6A
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-May-2008 at 08:24


Одлично прилично глатко помина работава со овој проект од лицитација на земјиште до собирање на потребна документација и дозволи и почеток на градба. Thumbs%20Up

Треба да се сликне рендеров деновиве од блиску, изгледа пристојно. Еве уште една фотографија од Утрински.




Posted By: pbanks
Date Posted: 30-May-2008 at 09:49
Еве уште еден рендер




Posted By: vardar
Date Posted: 30-May-2008 at 11:06
хмммм последниов рендер малце ми го смени мислењето, можеби не влијае којзнае колку на изгледот али зошто се скалите однадвор???


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-May-2008 at 14:19
Originally posted by vardar

хмммм последниов рендер малце ми го смени мислењето, можеби не влијае којзнае колку на изгледот али зошто се скалите однадвор???


Се работи за скали за итни случаи. Најверојатно...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2008 at 14:48
oftopik: Сте ги приметиле ли едни згради во кисела вода што имаат скали однадвор, и дома се влага преку тераса! Има неколку такви, а едната е на автобуската шампионче. Се работи за стари згради.

Инаку ова горе мора да се за итни случаи, како инаку......... вардар ај не треси глупости !


Posted By: se_manda
Date Posted: 30-May-2008 at 20:32
de be luge uste ne svativte zaso stavaat skali od nadvor?!?!? ova posebno za vardar e.no offence


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-May-2008 at 20:34
Аман бе остајте го чоекот на мир Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-May-2008 at 20:36
вардар прво се избламира во Сугестии, забелешки па сега и тука.... Што е следно Poke

Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-May-2008 at 20:39
@ Вардар

Трај си и чекај некој од фраериве да се избламира за нешто, па да му вратиш со камата LOL


Posted By: dejan
Date Posted: 31-May-2008 at 08:59
Originally posted by Cloverstack

@ Вардар

Трај си и чекај некој од фраериве да се избламира за нешто, па да му вратиш со камата LOL

hahaha basBig%20smileSmile


Posted By: vardar
Date Posted: 31-May-2008 at 10:33
Shifty Shifty Shifty Were you talking about me??????????
 
Originally posted by pbanks

Се работи за скали за итни случаи. Најверојатно...
 
Originally posted by lslcrew

Инаку ова горе мора да се за итни случаи, како инаку......... вардар ај не треси глупости !
 
Originally posted by se_manda

de be luge uste ne svativte zaso stavaat skali od nadvor?!?!? ova posebno za vardar e.no offence
 
 
 
Прво ко прво прашањето не ми беше ШТО се тие скали туку зошто се однадвор? Не реков дека скалите се главен влез или за секојдневна употреба, додуша не нагласив дека се за итни случаи.
 
Свесен сум за важноста и потребата од вакви излези само не знам дека мора да бидат надворешни/отворени ( токму на ова мислев кога реков зошто се однадвор). Ако грешам my bad и слободно проделжете со исмејувањето Big%20smile LOL
 
Иначе на wiki пише
 

An emergency exit in a structure is a special exit for emergencies such as a fire: the combined use of regular and special exits allows for faster evacuation, while it also provides an alternative if the route to the regular exit is blocked by fire, etc.

It is usually a strategically located (e.g. in a stairwell, hallway, or other likely place)

 
 
 
 
Originally posted by cloverstack

@ Вардар

Трај си и чекај некој од фраериве да се избламира за нешто, па да му вратиш со камата LOL
 
Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes Yes 
 
pbanks, lslcrew, se_manda im watching you............  Big%20smile
 
 
 
 
Originally posted by pbanks

вардар прво се избламира во Сугестии, забелешки па сега и тука.... Што е следно Poke

Big%20smileBig%20smileBig%20smileBig%20smile
 
А сеуште не си го поправил  Ohno Roll%20eyes Bash 
 
 
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2008 at 10:45
Rollin


Posted By: vardar
Date Posted: 31-May-2008 at 11:08
Originally posted by pbanks

Rollin
 
 
Can you be more specific please  Dunno  Shifty 


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-May-2008 at 11:10
Vardar, ти си заслужен за 42% од сите постирани смајлиња на форумов LOL 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2008 at 11:19
Originally posted by vardar

Originally posted by pbanks

Rollin
 
 
Can you be more specific please  Dunno  Shifty 


Нормално за вториот дел од постот


Posted By: evolutionary
Date Posted: 28-Jun-2008 at 18:21
Ne znam kolkav pridones licno ima Sv. Lazar kon ginekologijata i akuserstvoto ama od medicniski aspekt e logicki medicinska institucija od toj tip da se gradi na poperiferna oblast. Takva lokacija ostava teoretski moznosti za lesna dostapnost kon objektot dokolku se razvije infrastrukturata.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Dec-2008 at 16:56
Овој проект комплетно го изигнориравме... Еве до каде е работава.

Се извинувам за темните слики ама самракот + контра сонце (и тоа малку што го имаше) си го направија своето. Освен пристапот до главната улица во Ѓорче Петров кој воопшто не е решен (но за тоа сигурно не е крив инвеститорот) се друго изгледа на место. Објектот има прилично простран ограден паркинг со контролиран пристап. Залепен е веднаш до насипот на Вардар. Мислам дека изгледа сосема коректно иако стаклата од напред ми се малку пренападни.

1

2




Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Dec-2008 at 21:40
Баш прееска пројдов од тука! Не ни знаев дека воопшто постои објектов (може го имало назад ама сум го забораил). Ми дојде изненадно па немаше време да го сликнам од сабајле. Инаку многу блшти плаво. Стаклава се никакви. Стаклата само го прават да личи како колектор!


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Dec-2008 at 22:35
Previous Какви мрчала сме еј LOL

Само можам да кажам дека очекував нешто поголемко од ова


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Dec-2008 at 00:13
 
 
Не гледам скали однадвор  Cool 
 
 
Не се приметува најдобро али во главниот влез како да нема пристап за хендикепирани ( а уште па болница Bash  )
 
 
 
 
 
Иначе одлична тура Џуро  Cheers Thumbs%20Up 


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Dec-2008 at 02:12

pbanks абе те мрзи малку малку да се фрлиш на домакинлук, еве ги фотките испеглани, мислам дека ваков бил амбиентот или малку сум претерал со пеглањето Smile

http://www.luminous-landscape.com/tutorials/high-pass-sharpening.shtml - оваa вторава е без High Pass Sharp



Posted By: Mrs.H
Date Posted: 22-Apr-2009 at 14:36
Знам дека сум офтопик ама дали знаете дали примаат персонал, или сеуште е рано? Фала


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Apr-2009 at 14:38
Originally posted by Mrs.H

Знам дека сум офтопик ама дали знаете дали примаат персонал, или сеуште е рано? Фала


поздрав. не верувам дека е рано, објектот личи дека е пред отварање, веќе го привршуваат и пристапот до него.

Најубаво со време исконтактирај си еве ти го сајтот од централата во Бугарија

http://www.st.lazar-hospital.com/




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:27
Без некои големи поместувања од надвор.



Но еве некои добри моменти.

1

2


Се прави навистина солидна пристапна улица како за промена. Не дека е ова нешто спектакуларно но во последно време и вакви обични зафати знаат рутински да ги зафркнат. Ова веројатно го работи општината со оглед на тоа дека патот ги поврзува и новите станбени згради кои се градат во непосредна близина.

3







Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 14:37
Пуштањето во употреба на гинеколошко акушерската болница Свети Лазар

Премиерот Никола Груевски денеска свечено ќе ја пушти во употреба на гинеколошко акушерската болница Свети Лазар.

Како што информираа од владиниот кабинет, свеченоста ќе се одржи во 11 часот. Болницата Свети Лазар се наоѓа во населба Ѓорче Петров 2, во областа Јурија.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56896&kategorija=1



миа-фото


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Dec-2009 at 16:12
Зошто не е сменето знакчето,нели проектов е завршен?

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2009 at 17:58


во право си, наша грешка. Средено Cheers


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Jan-2010 at 18:21
Денес, гинеколошко-акушерска болница „Св.Лазар“


2010-01-22

И пешачкиот мост кон некогашното рекреативно место „Сарај“

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Apr-2014 at 06:49
Болницата „Свети Лазар“ се ребрендираше во „Моја болница“







-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window