build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 18-Jul-2019 at 08:25
Под Кале е ова, покрај кејот и спорската сала. Веројатно почнува изградба на хотел, како што читав вчера по медиумите.

Originally posted by stef4o

Сеча на дрва на Кале,има и оградена парцела(од фб)









Edited by Џоле - 18-Jul-2019 at 08:25
За сè има вторпат
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 18-Jul-2019 at 08:43
Барок ќе биде или "модерен"
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 18-Jul-2019 at 09:47
Би сакал да видам каде се наоѓа. бидејќи судејќи според сликите се наоѓа на трасата на идниот булевар (кој нели ќе се гради од наредната година) , затоа и градбата во позадина стои така 20тина години ,бидејќи е дивоградба на траса зацртана за идниот булевар.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 56
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 19-Jul-2019 at 12:31
Originally posted by daci92

Би сакал да видам каде се наоѓа. бидејќи судејќи според сликите се наоѓа на трасата на идниот булевар (кој нели ќе се гради од наредната година) , затоа и градбата во позадина стои така 20тина години ,бидејќи е дивоградба на траса зацртана за идниот булевар.


Според сликите, изгледа дека се работи за парцелата зад дивоградбата.


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 21-Jul-2019 at 14:51
Дрвјата кај СРЦ „Кале“ исечени за да се гради ХОТЕЛ НА ШЕСТ КАТА

Хотел висок 25 метри, со шест ката и поткровје ќе се гради на просторот кај СРЦ „Кале“ каде минатиот викенд беа исечени сите дрвја, за што информираа вознемирени граѓани од глетката која таму ја затекнаа во понеделникот наутро. Хотелот е зацртан во Деталниот урбанистички план СРЦ Кале – Блок 2. Во неговата непосредна близина предвидено е да се градат уште два хотели и еден објект со деловни простории, сите со иста катност.

Сепак, по масакрот на дрвјата што беше направен таму и на прашањето зошто се сечат дрвјата, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ немаше одговор, туку ни рече дека ќе биде испратена инспекција за да се утврди што се случува на тој простор. Инспекцијата била на терен, по што следуваше објаснување дека се работи за приватно земјиште и дека се што таму се случува е со дозвола.

Според податоците кои се јавно достапни на веб сајтот на Агенцијата за катастар, сопственик на парцелата каде се исекоа дрвјата, и делумно се огради просторот со лимена ограда, но без табла со информација за објектот и инвеститорот, е Друштво за превоз и туризам „Вардар -експрес Елвир и други“ ДОО Скопје, а парцелата е со површина од 1972 метри квадратни.

Од Општина Центар, иако побаравме, не добивме официјален одговор што ќе се гради кај СРЦ „Кале“, кој е инвеститорот и кога е издадена дозволата за градба, но и дозволата за сечење дрва.

За сечење дрва на приватни имоти, дури и дворови, мора да се добие решение од Секторот за комунални работи на Град Скопје, а сечењето може да го извршат екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ или сопственикот на имотот. Барањето се поднесува во архивата на Градот, а потоа Град Скопје, во согласност со законот, носи решенија за сечење дрвја за територијата на сите скопски општини.

Кога станува збор за градежно земјиште, каде треба да се гради објект, дозволата за сечење дрва, како што дознаваме, се издава многу брзо.

https://www.slobodenpecat.mk/drvjata-kaj-srcz-kale-isecheni-za-da-se-gradi-hotel-na-shest-kata/?fbclid=IwAR05C2ieB6ohpA7Sr6UxKrS2ZpnjyWQLqXl0-6v2zsvUhPN6p91hNgCKYK4
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 21-Jul-2019 at 16:39
Ама што им е на луѓево бе? За секое дрво се утепаа од зборување. Не знам дали знаат дека живеат во град, а не во шума, не знам дали знаат што значи ДУП и не знам дали знаат што значи приватно земјиште...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 29-Jul-2019 at 10:18
Нешто почнува да се гради во Бутел,незнам дали е станбено или нешто друго.Еве фотки од фб монтиран е кран





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 29-Jul-2019 at 17:02
Ми се чини дека ќе биде станбена зграда/згради, бидејќи ова е локација кај бараките од старата општина, тука веќе се изградија 5-6 згради со социјални станови, а се останати уште 5-6 стари бараки во кои живеат сиромашни луѓе.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 29-Jul-2019 at 17:19

Ова е планирано да се гради негде во Бутел можно е да е на горнава локација(од фб)



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 27-Aug-2019 at 10:16
Град Скопје се пофали дека ја реновирале т.н. „Школка“ во Градски парк. Ај да видиме колку ќе издржи без некој да се потпише Иако, морам да признам, вака повеќе ми се допаѓа.





За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 12-Sep-2019 at 12:59
Во паркот во Ѓорче Петров,денес влегле багери почнале со подготовки за некаква градба е сега дали ќе биде зграда незнам долг период се зборуваше за оваа локација...(од фб)







Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Online
Posts: 142
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 12-Sep-2019 at 13:44
Од страната на булеварот, кај Тинекс, веднаш за автобуската постојка се гради некаков мини парк(?) но мислам дека ќе има и некаков објект, на истакнатата табла ми личи на кафиќ. Ако имам време ќе поминам деновиве ќе сликам.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 12-Sep-2019 at 15:05

Град Скопје: Паркот во Ѓорче Петров не се уништува туку се обновува

Градот Скопје реагира на информацијата објавена на Интернет-порталот Курир со наслов „Се раскасапува паркот во Ѓорче Петров: Ветуваа зеленило, донесоа пустош“ во која се пренесуваат фејсбук статуси што ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат паника дека се уништува оваа зелена површина во општината Ѓорче Петров.

Градот Скопје сака да нагласи дека на булеварот Македонска војска, во близина на полициската станица, деновиве хортикултурно се уредува зелен плоштад – нова зелена површина од 3.320 квадратни метри, на која ќе биде засеана трева и ќе биде поставен систем за полевање капка по капка, со хидранти, шахти и прскалки. На терен работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.

На новоподигнатата зелена површина ќе се постави урбана опрема – клупи и корпи за отпадоци и таа повторно ќе биде омилено место за одмор и релаксација на граѓаните. За децата, пак, ќе се постави детска едукативна инсталација инспирирана од „мињоните“.

https://24info.mk/град-скопје-паркот-во-ѓорче-петров-не-с/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 12-Sep-2019 at 15:07
Почна ли да се гради хелиодромот пред ГОБ „8 Септември“?



Деновиве интензивно се работи на местото каде што претходно се најавуваше изградба на хелиодром.

На само неколку метри од главниот влез на Градската општа болница „8 Септември“, а пред приватната клиничка болница „Жан Митрев“, механизација од градежна фирма веќе неколку дена го расчистува местото и го подготвува за градба. Иако нема официјална информација за што се работи претходно беше најавено дека токму тука градот ќе добие современ хелиодром.

Пред неколку месеци медиумите објавија дека директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, е во интензивни преговори и за набавка на целосно опремен хелихоптер за потребите на болницата со кој за највеќе 30 минути ќе може да се транспортира пациент од кој било крај на земјата.

„За само половина час може да биде транспортиран пациент до нашата установа од кој било крај на земјата, а за тој период ќе му биде пружена соодветната помош и интервенција доколку тоа е неопходно“, изјави тогаш Костов.

Според најавите, Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде првата државна медицинска установа со сопствен медикоптер и хелиодром. До сега хелиодром поседуваше само Клиничкиот центар, но без сопствен хелихоптер за транспорт на пациенти.

https://skopjeinfo.mk/pochna-li-da-se-gradi-heliodromot-pred-gob-8-septemvri

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 12-Sep-2019 at 16:33
Пред некој ден го видов соопштениево во весник за дадена дозвола за градба на зграда но неможам да сфатам на која локација е...ако може некој нека провери?

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 12-Sep-2019 at 21:57
Оваа парцела се наоѓа во Реонски Центар, односно во оние куќите за станбено домување , каде што се наоѓа Визард, само малку подоле према АТОМ , во близина на игралиштето и училиштето ОУ Александар Македонски, односно одма позади градинката.


Edited by daci92 - 12-Sep-2019 at 21:58
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 13-Sep-2019 at 06:44

Претпоставував дека е таму негде но не бев сигурен,фала ти.Патем имаш ли инфо дали е почната градбата,кој гради и слично?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1898
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 13-Sep-2019 at 08:09
Не, не сум поминал одамна натаму.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 13-Sep-2019 at 12:26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #440 Posted: Today at 12:59
Шилегов: Аерозагадувањето ќе нè мачи уште неколку години, во тек се многу проекти

Завршивме со невизибилните работи, следува сериозна офанзива на визибилни проекти, вели на средината на својот мандат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во интервјуто за МКД.мк. Тој вели дека досега се дефинирани енергетската стратегија, дека е решен проблемот со концесионерот на Дрисла, дека се гради колекторски систем, по што ќе следува и пречистителна станица, дека не се откажува од поврзувањето север-југ и тунелот под Кале...

Веќе сте на половина мандат. Задоволен ли сте од она што го постигнавте за овие две и пол години, од она што е ветено, а спроведено, од реакциите на граѓаните на Скопје...?

- Јас сум задоволен од она што досега е направено, од она како помина првата половина од мандатот. Многу работи за кои разговарав со граѓаните за време на кампањата и заради кои ја добив нивната доверба да го водам овој град, се применуваат на лице место и веќе сме во фазата на сериозна видливост. Лани често пати зборував за тоа дека градот подготвува сосема нови стратегии, работи што за жал беа пропуштени во изминативе 30-на години и работи што моравме да ги ставивме на место за да можеме да го доведеме градот во ситуација да почне со имплементација на тие нови стратегии. Допрва ќе влеземе во фазата на визибилниот дел од активностите на градоначалникот, на тимот, на администрацијата на луѓето што ги водам на работењето на јавните претпријатија...

Што значи тоа визибилен дел?

- Најпрво моравме да креираме нова енергетска политика за градот, па влеговме во еден административен дел за легализација на топловодната мрежа на нашиот град, формиравме акционерско друштво Градски енергетски системи, кое функционира речиси една година, има десетина вработени од кои шест се проектанти што ги дефинираат новите водови на фундаменталната мрежа и спојувањето на трите мрежи во Скопје. Ја легализиравме мрежата и градот почна да управува со неа. Неделава ќе имаме седница на Советот на која од формален аспект ќе го затвориме тој циклус и го доведуваме ГЕС во состојба да се јави како апликант за носител на лиценца за дистрибуција и за уште една лиценца за снабдување на граѓаните. Градот конечно ќе го врати она што секој град во светот го има под контрола, а тоа е топловодната мрежа. Сега можеме да ја креираме енергетската политика на градот за да може да понуди посебни аранжмани, посебни социјални пакети со цел затоплувањето на домовите како еден од главните фактори на аерозагадувањето во зимскиот период.

- Ова е главно бирократската, административна работа на вашиот тим...

- Да, затоа велам дека ова е невизибилната страна.

- Значи допрва треба да очекуваме некои „визибилни“ проекти?

- Да, визибилните резултати од целата оваа работа, која, да се разбереме, не е така едноставна и лесна работа. Сега доаѓаат оние визибилни делови од нашата активност. Она што 40 години било уништувано, или да не звучи грубо - не се водело доволно сметка, сега едноставно го враќаме на еден нормален колосек.

- Чекајте, па минатата градска власт имаше дури и тендер за гасификација на домаќинствата во градот...

- Тоа едноставно не можеше да биде спроведено затоа што од првата година на мојот мандат ние го затворивме гасоводниот прстен околу Скопје. Значи т.н. секундарна мрежа, надвор од главните водови околу градот Скопје не беше затворана. Ова е сериозно неблагодарна работа за еден градоначалник затоа што е под земја. Го нарушува секојдневието на граѓаните, валкано е, се копа... и Вардар е преминат со цевка кај Влае. Но тоа е таа работа.

Ова е вториот дел, што беше навистина еден сериозен проект. Сега следува терцијалниот дел и гасификацијата ќе биде можна. Порано тоа едноставно не беше можно. Сега е прашање на државна стратегија со колкав интензитет ќе влеземе во овие процеси. Градот е подготвен во смисла на мапирање делови од градот, каде би оделе со развој на топловодната мрежа, а каде примарно ќе влеземе со гасификација. Тука треба да се има предвид дека спроведувањето на двата процеса истовремено е прескапо за еден сиромашен град и држава како нашата. Нема доволно средства и центарот на градот да се реши со гасификација затоа што е решен со централното греење. Едноставно нема економска логика. Но таа логика ја има со гасификацијата на Ѓорче Петров, Влае, Драчево, Гази Баба и тоа е нешто што го направивме во овој период.

Ако се земе предвид истражувањето на УНДП, на градот Скопје и на Министерството за животна средина од 2017 година, главната емисија на ПМ-честичките доаѓа од загревањето на домаќинствата со огревно дрво. Оваа студија покажа каде треба да се движат вашите активности.

- Да. Но и на стручната и на обичната јавност како да ни бега од перцепција фактот дека кога разговараме за загадувањето на Скопје, најчесто размислуваме за административните граници на Скопје. Придонесот во загадувањето на Скопската котлина досега не бил тема на една посериозна анализа. Дел од Скопската котлина се и општина Чучер Сандево, општина Петровец, Илинден Арачиново, Сопиште... Сите анализи за креирање енергетски политики што биле правени до сега се однесувале само на административните граници на Скопје.

Меѓутоа, загадувањето е географска категорија, не можете да ги исклучите овие општини од тие анализи. Затоплувањето на домовите во овие општини е дел од проблемот на загадувањето на Скопје. Затоа сега од Владата ќе барам во оваа акција за субвенционирање на инвертори да биде вклучен и поширокиот скопскиот регион. Аерозагадувањето треба да се гледа низ призмата на Скопската котлина, а не само во административните граници на градот. Ќе ги повикам градоначалниците на овие општини да склучиме договори за меѓуопштинска соработка, а градот да биде носител на имплементацијата на таа програма и во овие општини.

- Од сево ова што го кажувате може да се заклучи дека и зимава пак ќе се гушиме од ПМ честичките. Дека граѓаните нема да можат да почувствуваат поголема промена во однос на заштитата од аерозагадувањето?

- Не можеме или не треба да очекуваме дека аерозагадувањето може да се реши така брзо. Ако се спроведуваат овие стратегиски мерки за кои зборувам, тука е и сообраќајот и концептот за современ јавен транспорт... и тоа е сработено, но го чекаме финансирањето. Загадувањето ќе се реши на среден рок на начин што од сезона во сезона ќе имаме намалување на бројот на деновите со сериозно штетно загадување на воздухот, сѐ до нивно полека, полека исчезнување.

Дека може да биде спроведена мерка од која како со нож пресечено ќе го намалиме загадувањето, тоа го нема. Има некои работи што можеле да бидат преземени и од порано, но навистина малку се правело. Лани, во споредба со последните 10 години, имавме најмал број на денови со загаденост на воздухот над дозволените концентрации. Не велам дека е тоа резултат на мерките што сме ги преземале, но факт е дека 28 мерки што сме ги вградиле досега не биле присутни како интервентни мерки, а можеле да бидат донесени и многу порано. Но и тоа има мал придонес во таквата состојба.

Тоа не значи дека сезонава што ни претстои нема да имаме екстремни загадувања. Баш поради тоа во стратегиските работи сѐ уште сме на почеток на примената. Жално е што со децении наназад трите системи ЕЛЕМ, топлана Север и сегашен БЕГ, поранешна топлификација, не биле споени. Имате состојба северниот дел од градот да биде остров, неповрзан со другите делови, а имате само 776 корисници на топланата и тоа цената ја прави многу висока. Автоматски тоа е неатрактивно, а имате градежна експанзија во Чаир.

Кога ќе ги поврзете тие системи, цената на енергијата ќе биде еднаква, а не како сега, кога за 20 и нешто проценти е поскапа за тој дел од градот. Тие работи, ако се размислувало исправно за нашиот град, до сега требало да бидат решени. За жал, изгубивме премногу време во тој административен дел. Ова го најавив уште лани во април, и конечно во август годинава ја завршивме таа борба за легализација на мрежата. Воведовме и некои нови мерки - акцијата за инвертори, пелетите останува да ги стимулираме, сериозно го развивме системот за алтернативен сообраќај, 14 километри нови велосипедски патеки, бесплатен јавен градски превоз... Тоа се работи што можат многу да придонесат.

Засилен е и инспекцискиот надзор, особено врз деловните субјекти, дуќани, сервиси, кои топат и се греат на сѐ и сешто... Годинава ќе излеземе со посериозен концепт за инспекцискиот надзор. Дел од дивите населби во околината на нашиот град ќе ги затвориме, таму живее претежно ромско население, па таа акција ќе ја правиме заедно со Министерството за труд и социјалната политика. Тие луѓе ќе бидат згрижени.

Пак ќе се вратам на таа студија што нѐ упатува на решавање на проблемот со греењето на домаќинствата со огревно дрво. Нивната процена е дека за 5 години се потребни околу 360 милиони евра за санирање. Ова и не е така голема бројка за една држава, не велам за градот...

- Па дури и за градот тоа не е голема цифра. Да не звучам амбициозно, но тоа е можно особено во делот на примарното затоплување. Не зборувам за енергетските фасади, изолации на покриви... Системот како таков, затоплувањето, сам ќе генерира средства, тоа е регулиран бизнис, трошоците за експанзија на мрежата се средства што релативно лесно може да се покријат. Не е невозможно.

Дали сте натаму насочени, да го отстраниме огревното дрво и да го замениме барем со пелети и градско греење?

- Да, па еве цело време за тоа зборуваме. Градот мора да има енергетска стратегија. Мора да биде во позиција да креира енергетска политика како основа за расчистување на проблемот со амбиенталниот воздух.

Да, ама пак зборуваме за некое идно време...

- Затоа зборувам за пропуштени 30 години. Некако не сме одговориле соодветно на промените што се случуваа. А градот бил инертен. Или во многу нешто функционирал по инерција од 80-те години на минатиот век. Денес ги гледаме последиците и гледаме дека тие се стравични. Зачестеноста на болестите на респираторните органи, на канцерогените болести, се резултат на таа негрижа. За две години успеавме да ставиме една добра стартна позиција на градот за ова, за мене фундаментално прашање.

Каков е одѕивот од граѓаните? Задоволни ли се од поставувањето само на оваа стартна позиција?

- Јас мислам дека граѓаните ова го препознаваат. Но граѓаните никогаш не треба да бидат задоволни од политичарите. За мене е тоа една природна реакција дека секогаш треба да се очекува повеќе. И ние што носиме одлуки треба секогаш да нудиме повеќе. На пример, можеби незабележано помина реализацијата и на овој проект. Малкумина знаат дека Скопје гради колекторски систем. На крај на 2020 година ќе распишеме тендер за пречистителна станица на реката Вардар.

Пак сето тоа е „ќе“...

- Колекторот се гради. Основа да распишете тендер за пречистителна станица е да имате изграден колекторски систем. Клучното прашање е зошто се гради во 2019, а не во 2009.

Како градоначалник ќе ја преживеете ли зимава? Претпоставувате што сѐ ќе ве снајде, дека ќе бидете цел на напади поради незадоволството од справувањето со аерозагадувањето.

- Загриженоста е голема. Реакциите на јавноста секогаш се оправдани. Таа загриженост и јас како човек ја делам со моите сограѓани. Но она што секогаш го кажувам, што и не е така популарно еден политичар да го кажува, е дека сите сме дел од проблемот. И сите мора да бидеме дел од решението. Оваа борба е општествена, не е институционална. Се води преку институциите. Но ние мора да разбереме дека ако човек ги задржува истите навики, не може да очекува резултатите да бидат поинакви.

Во услови кога градот ви нуди бесплатен превоз, вие седнувате во своето возило и одите на работа. А потоа приговарате, со цело право, зошто е воздухот загаден. Ќе треба сите полека, полека да ги менуваме животните навики и тука ќе ни треба и медиумска поддршка затоа што не станува збор за градоначалникот Шилегов, за неговата кариера... Станува збор за сите нас и нашето здравје. Тука треба сериозно да работиме на подигање на општествената свест, односот кон јавното добро, кон комуналниот смет...

До каде е работата со градската депонија Дрисла?

- Втората стратегиска работа што градот ја направи за овие две години е конечното решавање на проблемот со Дрисла. Во смисла на откажување љубов кон партнерот во Дрисла.

Но не е решен проблемот во однос на рециклирањето на отпадот.

- Да, но веќе ни се одврзани рацете за да може градот да креира комунална политика. Досега бевме немоќни затоа што тој договор со италијанската компанија за жал не се примени. Проблемот на Дрисла се провлекуваше во овие 8 години, а ние го решивме за овие две. И ова е сериозно добра позиција што градот ја има направено. Наскоро јавноста на дело ќе види како изгледа и како ќе се развива новата комунална политика на градот во смисла на комуналниот отпад - нови контејнери, нови машини за чистење, нови камиони за подигање на контејнерите, новите џебни канти...

Сето ова ќе биде заменето?

- Скопје има 4.500 контејнери од 1,1 м3, а набавени се 600 од 3,2 кубици или една третина од постојниот капацитет ќе биде заменет. Ова многу брзо ќе биде видливо. Влегуваме и во процесот на дигитализацијата на сите информации поврзани со градот. Од наредната година сѐ што ќе ви треба како информација за градот, јавен транспорт, зоолошка градина, музеи, луна-парк што ќе го почнеме есенва... ќе биде достапно на вашиот мобилен, ќе стане наше секојдневие. Тоа се процеси што допрва ни следуваат.

Што е со центарот на Скопје, најавивте пешачки зони, зелени површини...

- Градот нема алтернатива - мора да го затвориме малиот ринг, тоа да биде пешачка зона, а тука ќе проаѓа само јавниот транспорт, пешаци и велосипедисти. Наредната година ќе почнеме со тој проект. Ќе биде зголемена површината на паркот Жена борец, ГТЦ ќе има зелен покрив. Кај зградата што ќе биде урната на аголот на Даме Груев ќе има зелен парк, ќе има нов дрворед со висококвалитетни 13,6 високи дрва... Целиот проект носи сериозен квалитет во однос на зголемување на зелената површина, пешачка зона, и во однос на аерозагадувањето. Ќе има современ тип на јавен транспорт на секои 3 минути на главните сообраќајни правци.

Здруженија на граѓани ви забележуваат на проектот за тунел под Кале и го споредуваат со проектот Скопје 2014 на претходната власт.

- Скопје нема алтернатива. Овој проект се подготвува, наредната година ќе го добиеме проектот за тунелите и ќе почне изградбата. Скопје мора да се поврзе и на правецот север-југ. Нема ниту една директна врска што го поврзува север-југ. Ова мора да се реши со тунели под Кале. Мора да се размислува каде ќе се развива градот во наредните 30 години. Тука ќе живеат 800 илјади граѓани, а Скопје може да се шири само кон север. Мора така да се размислува и суштината на тој коридор е токму тоа.

Дали сте заинтересиран за втор мандат, планирате ли уште сега уште една кандидатура?

- Никогаш откога сум влезен во политика не сум размислувал за мојот мандат или за мојата кариера. Почнав како портпарол, па пратеник... стекнав некаков политички легитимитет. Не ми беше императив да направам некаква кариера. Прерано е да размислувам за втор мандат. Ова што е за мене императив во преостанатите две години да ги сработам најавените проекти како што треба. Се градат три нови булевари, два моста, градот почна да функционира на сосема поинаков начин. Некој вели дека е тоа бавно, некој брзо, некој е задоволен, друг не е, и тоа е демократско право на секого.

А.Д.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/shilegov-aerozagaduvanjeto-kje-ne-machi-ushte-nekolku-godini-vo-tek-se-mnogu
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.