build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Разно
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 04-Mar-2020 at 15:05
ИНВЕСТИТОРИТЕ ПРВО ДА КАЖАТ КАКО ЌЕ СЕ ГРЕЕ ЗГРАДАТА, ПА ПОТОА ДА ДОБИЈАТ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА, БАРА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

При издавање на одобрението за градење точно да се наведе како ќе се грее објектот, бара Регулаторната комисија за енергетика. Од таму денеска најавија дека ќе испратат известување до Министерството за транспорт и врски во Предлог-законот за градење да се стави ваква одредба.

„Станува збор за пракса преземена од европските метрополи, модел што не фаворизира туку дава предвидливост, сигурност и стабилност во испораката. На овој начин, ќе имаме однапред мапирани реони каде и со кој енергенс ќе се загреваат домовите и објектите. На пример, каде што има организиран систем на греење, новите градби ќе се приклучат на истиот, а доколку инвеститорот покаже дека има поефикасен систем за да го реши проблемот со греење, не е спорно тоа решение да го реализира. Крајна цел е домаќинствата да добијат економичен, ефикасен и еколошки енергенс, а операторите на дистрибутивната мрежа да знаат точно каде и во кои реони да ги зајакнат инвестициските циклуси во мрежата, за да се сведат на минимум можните дефекти и да нема испади од системот“, рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од регулаторната комисијата велат дека најголем потрошувач на гас е гасната електрана-топлана „Те-То“ АД Скопје, по неа се топланите, компании од металната, прехрамбената и општата индустрија, На природен гас приклучени се и два објекта од здравството, а тоа се Клинички центар и болницата „8 Септември“, а од јавните институции Министерството за одбрана и ЈСП „Скопје“.

Во 2019 на гас се приклучени нови 14 домаќинства, во 2018 нови 53, додека во 2017 нови 19 домаќинства.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/makedonija/investitorite-prvo-da-kazhat-kako-ke-se-gree-zgradata-pa-potoa-da-dobijat-odobrenie-za-gradba-bara-regulatornata-komisija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 25-Mar-2020 at 14:00
Полни камиони на секои 10 минути истовараат градежен шут и отпад



Жители на населбата Лисиче и Ново Лисиче информираат за голема депонија формирана во непосредна близина на крстосницата на булевар „АСНОМ“ со „Февруарски поход“ спроти новиот парк, во потегот од последната постројка на ЈСП кон кејот на река Вардар, од лева страна.

Тие реагираат дека на оваа локација секојдневно, по пет товарни камиони без ознака секои 10 минути истовараат градежен шут и отпад.

– Овие камиони нанесуваат огромни количини кал и земја по должина на улицата „Февруарски поход“, велат жителите и додаваат дека од правот што се крева концентрациите на ПМ2,5 честици во овој реон се огромни во текот на целата година.

На истата локација се наоѓа и градилиштето од проектот за третман на отпадни води, кој требаше да заврши на 14.2.2020 година.

Граѓаните кои живеат во непосредна близина на депонијата секојдневно фотографираат и снимаат видеа, од каде што многу детално и јасно може да се види со што се натоварени камионите, со каква брзина се движат, како и калта и штетата што ја нанесуваат по целата должина на булеварот. Апелираат и бараат да се преземат итни мерки за да се спречи натамошно ширење на депонијата и нејзино дислоцирање.

Од Општина Аеродром велат дека дале дозвола за вршење градежни активности за пречистителна станица на таа локација.

– Ние немаме информации дека таму има депонија, но би ја повикале јавноста да пријават доколку забележат фрлање шут и друг отпад на тоа место, по што инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе извршат контрола – одговорија општинските власти.

На територијата на општина Аеродром досега се отстранети околу 5.500 кубни метри шут и друг отпад од повеќе локации и истите се хортикултурно уредени со пешачки патеки, детски игралишта и друга урбана опрема.

(А.П.)

https://www.vecer.press/камиони-со-градежен-шут-и-смет-на-секои/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3842
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 04-Apr-2020 at 10:16
Уриваме рекорди – лани сме увезле 41.479 половни возила (инфографик)

Дури 41.479 половни возила биле увезени лани во нашата земја, покажуваат податоците на Царинската управа. Станува збор за втора рекордна година по бројот на увезени стари возила откако во 2009 година беше дозволен увозот на половни возила под поволни услови. Најголем дел од она што пристигнува од странство се патничките автомобили, и тоа вкупно 38.580 само во текот на 2019 година. Во периодот на изминатава деценија, Македонија успеала да увезе фантастични 339.519 употребувани автомобили, камиони и автобуси од странство.



Статистичките бројки на Царинската управа покажуваат дека од година во година расте и побарувачката за нови возила на македонскиот пазар. Во 2019 година во земјава биле увезени 7.490 нови возила, што е најголема бројка по рекордот постигнат во 2010 година. Забрзаната моторизација на македонското население веќе престана да доведува до опаѓање на староста на возниот парк во земјава, а тоа особено е видливо кај автобусите што ги користат автотранспортните претпријатија.

Од друга страна, континуираното доведување на европскиот „крш“ од возила во нашата земја веќе предизвикува сериозни проблеми во градовите. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека бројот на новоотворени паркинг места во македонските градови е за над 10 пати помал во споредба со бројот на новорегистрирани автомобили во земјава. Во некои градови, како што е случајот со Скопје, неофицијалните проценки покажуваат дека недостигаат околу 8.000 паркинг места за возилата.

Поради галопирачкиот раст на увозот на возила, општинските власти имаат многу редуцирани податоци за тоа колку паркинг места навистина недостигаат низ градовите, но со неконтролираниот увоз се отежнува и прогнозирањето на идните потреби за паркирање во општините. Значајно влијание од постојаното зголемување на бројот на возила може да се почувствува токму на оние локации каде и во моментов има најголем недостиг од паркинг места, како што е случајот со центарот на Скопје.

Рапидниот раст на бројот на увезени возила влијае врз зголемувањето на сообраќајниот хаос во градовите и уништувањето на зелените површини што се користат за паркирање, а особен проблем се старите возила кои придонесуваат за зголемување на загадувањето на воздухот со испуштањето на штетни издувни гасови.

https://meta.mk/urivame-rekordi-lani-sme-uvezle-41-479-polovni-vozila-infografik/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.