build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Разно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 31-Aug-2009 at 11:49
Кога се гради "зградата" од покрив па надоле! Вакви амбалажи проекти таква им е судбината кога ќе треба да се работи нешто под нив.

Привремено урнат амфитеатарот на Џорџе Арсов во Пинтија

Тлото се лизнало додека се правел ископ за новиот резервоар за вода и сцената се урнала, но од општината Кисела Вода велат дека сé ќе се обнови откако ќе завршат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето

%20
Амфитеатарот над населбата Пинтија, кој пред две години го изгради и го пушти во употреба Џорџе Арсов, поранешниот градоначалник на општината Кисела Вода, се урнал за време на изградбата на новиот резервоар за вода за околните жители.

Од општината објаснуваат дека уривањето настанало ненамерно, бидејќи резервоарот и цевководот со кои треба да се реши проблемот со водоснабдувањето на граѓаните од Пинтија се граделе непосредно до амфитеатарот, сместен до малата црквичка „Свети пророк Еремија“ на ридот над населбата. Градежните екипи што работеле на теренот направиле широк ископ за да ги постават темелите, но тлото попуштило и поплочената сцена, како и дел од трибината, се свлекле надолу.

- Изградбата на тој амфитеатар беше инвестиција на општината Кисела Вода. Откако ќе завршат градежните работи за резервоарот, ние заедно со изведувачот целосно ќе го обновиме тој објект и на него повторно ќе се одржуваат културно-забавни манифестации - велат од општината.

Овој амфитеатар свечено беше отворен на 14 мај 2007 година, на празникот Свети пророк Еремија, кој го слави месната црква. Први што заиграа на новата сцена беа членовите на културно-уметничкото друштво „Никола Вапцаров“ од Горно Лисиче. Во изминативе две години таму се одржуваа и дел манифестации од општинското културно лето.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83191037302&id=14&prilog=0&setIzdanie=21776
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 09-Sep-2009 at 12:25
„ТОПЛИФИКАЦИЈА“ ГИ МЕНУВА СТАРИТЕ ЦЕВКИ ЗА ГРЕЕЊЕ
Скендер-бег стои на главниот топловод

Споменикот на Скендер-бег во Старата скопска чаршија се спасил од уривање, кога екипите на „Топлификација“ при копање за да ги сменат старите цевки забележале дека тој е поставен врз главниот топловод. Надлежните од фирмата велат дека за да ги сменат цевките требало да го урнат и споменикот, но за да го избегнат тоа мораат да копаат нова траса за топловодот. Ова не е првпат да се наиде на објекти изградени врз подземната инфраструктура, кои потоа се претвораат во сериозна пречка. - Каналот во кој се инсталирани цевките за топлата вода поминуваат под споменикот. Кога тој се поставувал никој не проверил што има оздола. Затоа сега моравме да правиме нов канал и да го заобиколиме споменикот на Скендер-бег, за да се поврземе на претходната траса и“вели Ацо Стојанов, раководител во „Топлификација одржување“. Овие и слични случаи им отвориле дополнителна работа на екипите на „Топлификација“, па оттаму велат дека тоа е причината зошто доцнат со реконструкцијата на мрежата за парногреење, која требаше до заврши до крајот на август. - Иста ситуација имавме во уличката зад зградата на архиепископијата. Таму најдовме носечки столб од зграда изграден меѓу цевките. Требаше да ја урнеме цела зграда за да ги поставиме цевките на истото место. Подолу се појави излез од скривница врз каналот и овде моравме да ја заобиколуваме трасата и“раскажува Стојанов. Според него, проблеми понекогаш прават и граѓаните. - Станарите не прашуваат дали сме добиле одобрение од нивниот куќен совет за да копаме. А, ние работиме со дозвола од општината. Или ако сакаме да го расчистиме теренот каде што работиме мораме сами да викаме пајак за да ги тргне возилата, па потоа ние ја плаќаме сметката за тоа. Но, цевките се стари, од пред 40 години и мора да се сменат за да се избегнат дефектите кога ќе почне грејната сезона и“додава раководителот од фирмата. И покрај оправдувањата на „Топлификација“, скопјани деновиве реагираат на ископаните улици, кои ги има на секој чекор. Велат дека сообраќајот е отежнат, па често мора да се заобиколуваат многу улички за да се стаса до центарот на градот. Од компанијата смируваат и објаснуваат дека се ќе биде готово до 15 овој месец кога цевките почнуваат да се полнат. Овој процес треба да заврши до1 октомври, кога е пробното пуштање на системот за греење. Надлежните велат дека цевките мора да се менуваат еднаш на 40 години, а на нивно место повторно се ставаат челични цевки, кои ќе издржат уште толку години. Реконструкцијата почна летово на дел од Партизанска, зад зградата на Архиепископијата и по булеварот Александар Македонски, кои се во завршна фаза. Уште десетина дена ќе се работи кај НУБ „Свети Климент Охридски“ и кај споменикот на Скендер-бег. За ископот, поставувањето на цевките, заварување и монтирање вентили и приклучоци се ангажирани околу 80 луѓе. Оваа инвестиција ќе ја чини „Топлификација“ од 20 до 30 милиони денари.

Се копа пред старт на сезоната

На улицата Никола Тесла во населбата Карпош 2, на потегот од Партизанска кон Машински факултет, коловозот почна да се копа во септември, реагираат жителите. Според нив, цело лето екипите на „Топлификација“ работеле во тревниците, а сега кога граѓаните се вратени од одмор се создава метеж во сообраќајот и постои поголема опасност за судир бидејќи возилата влегуваат и излегуваат од улицата на делницата што е наменета за возење само во еден правец. Во „Топлификација“ велат дека 80 проценти од работите се завршени, а на овој потег со должина од 30 метри ќе се работи уште една недела.

http://vreme.com.mk/

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 14-Sep-2009 at 13:26

Скопје до Нова година ќе добие три јавни клозети

Комплетно ќе се обноват јавните тоалети во првиот и вториот дел на Градски парк и тоалетот под мостот Гоце Делчев, а Градот допрва ќе утврди дали ќе бидат бесплатни и кој ќе ги одржува

Јавни тоалети во Скопје со уште нема, иако помина повеќе од една година од донесување на Законот за јавна чистота со кој се предвидуваат строги казни за вршење нужда на јавни места. Скопјани тогаш го поздравија новиот Закон, но побараа од надлежните да се изградат јавни тоалети, бидејќи постоечките со години се запуштени и надвор од употреба.
Иако и локалните власти и Министерството за транспорт и врски кое го изготви Законот, ветија дека брзо ќе го решат проблемот со немање јавни ве-цеа, тоа досега не се случи. Единствено Оштина Ѓорче Петров при реконструкција на реонскиот парк изгради нов јавен тоалет, кој беше планиран уште пред донесување на Законот. Останатите скопски општини не мрднаа ни со малиот прст за да обезбедат јавен санитарен јазол за своите граѓани, а Градот се правдаше дека по децентрализацијата веќе не се надлежни за ова прашање.
Сега од Градот најавуваат дека наскоро ќе ги реновираат постојните вециња во Градски парк и тоалетот што се наоѓа под мостот Гоце Делчев.
"Комплетно ќе ги реновираме тоалетите во првиот и вториот дел на Градски парк и оној под мостот Гоце Делчев. Тоа значи дека целосно ќе се замени инсталацијата, ќе се поплочат, ќе се стават потребните санитарии и осветлување", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Средствата за реализација на овој проект, градските власти ги обезбедиле од Министерството за транспорт и врски на конкурсот за уредување на инфраструктура.
"Спроведена е постапката за избор на изведувач, избран е изведувач и во тек е потпишување договор. Штом заврши оваа постапка ќе почнеме со обнова на трите тоалети, а реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Градот допрва ќе утврди дека дали користењето на тоалетите ќе биде бесплатно, и кој ќе ги одржува.

http://vest.com.mk/?ItemID=2F85B98BF83CD64D83492F4E370A59B5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 14-Sep-2009 at 13:28

Отворено градилиште за фонтаните во Вардар

Општина Центар почна да прави градилиште за фонтаните во Вардар на долниот дел од кејот од левата страна на Камениот мост. Минатата недела таму беше поставенио и градилиште за изградба на мостот во форма на око, па кејот околу Камени мост речиси целиот е заграден со лимени тараби. Портпаролот на Општина Центар Јовица Ацковски вели дека градилиштето е поставено и оти наскоро треба да почнат со градежните активности, но дека со уште не се договориле кога ќе ставаат камен темелник.
Изградбата на фонтаните требаше да почне уште летово, бидејќи Општината ги обезбедила потребните документи и дозволи. Како што пред дваесетина дена кажа градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ отпочнувањето на градежните работи се пролонгирало, бидејќи италијанската фирма "Ла моне мореда" што беше избрана за изведувач морала да вади лиценца за изведување градежни објекти, која се бара со новите законски решенија.
"Подготовките околу стартот на проектот се целосно завршени", рече портпаролот на Центар Јовица Ацковски.
Со проектот за поставување фонтани во реката Вардар предвидено е тие да се наоѓаат во средината на реката од двете страни на Камени мост. Фонтаните ќе работат на принцип на бунари со кои ќе се прочистува водата, ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка која ќе испушта млаз висок 20 метри, а од страната ќе има осум помали цевки кои ќе испуштаат млазови вода високи седум метри. Тие воопшто нема да се гледаат, бидејќи ќе се постават на дното на реката и ќе бидат практично во вода. Надвор од реката ќе се гледаат само млазевите вода што тие ќе ги испуштаат. Фонтаните ќе бидат осветлени со специјални подводни рефлектори, а проектот за нивна изградба го изработи проектантската куќа ИНПУМА.
Според времениот сообраќаен режим за изградба на фонтаните во реката Вардар, механизацијата треба да се движи од паркиркингот пред плоштадот, кон мостот Гоце Делчев и по долниот дел од кејот кон градилиштата. Градските власти нагласија дека овој сообраќен режим ќе важи до завршување на градежните работи, а Општина Центар има обврска да ја врати во првобитна состојба трасата по која ќе се движи механизацијата, ако дојде до несакани оштетувања.

http://vest.com.mk/?ItemID=A6162A6316D4C344A15402F8EC46E586
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 14-Sep-2009 at 17:08
зарем не пропаднаа фонтаниве, лелееееее градов е осуден на пропаст WallbashBashSuicide
SuicideSuicide
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 24-Sep-2009 at 00:08

ЗА ДА СЕ СКРИЕ ГРДОТИЈАТА НА НАПУШТЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КИСЕЛА ВОДА


Срамниот Фиком ќе се покрие со платно


Панорамски прекривки ќе добијат и останатите дивоградби во општината кои останаа недоурнати, а ја нагрдуваат околината и им пречат на жителите


Напуштената недовршена зграда на Фи ком во Кисела Вода ќе биде покриена со панорамско платно се додека надлежните институции не донесат конечно решение како да се третира овој објект кој стана синоним за урбана мафија. Ова го најави градоначалникот Марјан Ѓорчев, кој вели дека тоа е единствениот начин на локалната власт за привремено да се покрие објектот кој го нагрдува централниот и најфреквентниот дел на Општината.

- Во моментов се изработува финансиската конструкција на проектот. Треба да видиме колку ќе чини за потоа да одлучиме дали ќе го финансираме ние или ќе бараме донатори. Една од можностите е на панорамското платно да има фотографија на општината, а друга можност е да се искористи за поставување на реклами на фирмите кои се наоѓаат на наша територија. Неформално разговарав со неколкумина стопанственици кои покажаа интерес за тоа бидејќи зградата се наоѓа на многу атрактивна локација - вели Ѓорчев. Со истиот проект, додава тој, ќе се опфатат и останатите дивоградби во општината кои останаа недоурнати, а ја нагрдуваат околината и им пречат на жителите.

- Со непропусното платно ќе се постигне естетски ефект, но ќе се оневозможи и влегување внатре во објектите кои што се полнат со ѓубре, а неретко, според поплаките на граѓаните, се собиралишта на сомнителни лица - вели Ѓорчев.

Во такво опкружување долго време живеат жителите на улицата Драга Стојанова каде што се наоѓа дивоградбата на Раба која беше урната - недоурната пред две години. Тие се задоволни што општината конечно презема мерки за решавање на нивниот проблем и се надеваат дека прекривањето на карабината ќе се случи наскоро.
- Живееме како среде депонија. Од прашина не можеме прозорец да отвориме, ниту на балкон да седнеме како луѓе. По улицата има 'рѓосани шајки, опасно е за минување, а навечер од врева не се спие. Цртаат графити, пијат, палат оган...неколкупати досега пријавувавме но, без резултат - велат тие. Се надеваат дека со новите амбиентални фасади ќе им се олесни секојдневието.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A0AF978D9292AC409FF8A830BC50BC1C





Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 25-Sep-2009 at 13:14
Фонтаните на Кирца  Wallbash

Фонтаните во Аеродром станаа жабурници и депонии





 

Жителите спроти трговскиот центар „Бисер“ најмногу ги иритира тоа што фонтаните не се направени со добра изолација, па се случува во подземните гаражи да тече вода врз нивните автомобили

 
 
%20  
Нечиста вода, отпадоци или празни дупки од кои само се наѕираат одводните цевки е сликата на фонтаните во општината Аеродром. Изминатата половина година никој не е задолжен за нивното одржување, бидејќи ниту една од пријавените фирми не доставила комплетна документација и не била избрана на тендерот. Жителите се жалат дека од фонтаните во кои има останато малку вода ќе почнат да излегуваат жаби, бидејќи водата веќе почнала да позеленува, а се ширела и непријатна миризба. Особено се остри критиките на оние што имаат гаражи под фонтаната спроти трговскиот центар „Бисер“, бидејќи се случува да им капе вода врз автомобилите.

- Живеам спроти трговскиот центар „Бисер“, во зградите каде што се наоѓа маркетот „Тедико“. На празниот простор меѓу зградите е направена една од првите фонтани во населбата. Тој дел претходно беше жардиниера, но надлежните добија желба да го пренаменат за фонтана. Неколку месеци таа функционираше одлично, но оваа година е претворена во депонија. Најмногу ме иритира тоа што не се направени со добра изолација, па се случува во подземните гаражи да тече вода. Сме се обратиле до надлежните во општината, но оттаму никој не дојде да ја види состојбата - објаснува Влатко Алексовски, жител во зградата 64 на булеварот Јане Сандански.

Тој додава дека, наместо идејата да се градат фонтани, тие пари можеле да се вложат во некои корисни работи, а не во нешто што би требало да нé разладува од летните горештини и да го разубавува просторот.

Од општината Аеродром велат дека во тек е тендерска постапка за избор на фирма што ќе ги одржува фонтаните и дека до крајот на месецот ќе се потпише договорот.

- На подрачјето на општината има изградено осум фонтани, а иницијативата беше за време на поранешниот градоначалник Кирил Тодоровски. Пред почетокот на летниот период распишавме тендер за избор на фирма што ќе ги одржува фонтаните, но ниту еден од понудувачите не ги исполни потребните услови, па затоа ја поништивме јавната набавка. Претходно за одржување беше задолжена фирмата „Тиверија“, но, според законот, секоја година треба да се распише тендер и да се повтори изборот - објаснуваат надлежните од општината Аеродром.

Оттаму додаваат дека се запознаени со протекувањето во подземните гаражи, но дека сето тоа ќе се среди откако ќе биде избрана новата фирма за одржување.

Сепак, оваа сезона аеродромци најверојатно нема да можат да уживаат во фонтаните, бидејќи во зимскиот период тие се конзервираат, односно им се отстрануваат сите пумпи и рефлектори за да не дојде до замрзнување или оштетување, за напролет да можат нормално да функционираат.
 
   
Автор: Р.З.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259100201&id=14&prilog=0&setIzdanie=21796
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 25-Sep-2009 at 14:32
баш сакав да направам неколку фотки од фонтаните во Аеродром за да ја видиме состојбата, ама немав време, најголем дел од нив не работат, петсто пати беа поправани, не беа синхронизирани, и сега пак се жабарници

конкретно за фонтанава карши бисер, мислам дека е најлошата, кога ја направија ставија обична плава боја, која се излупи за месец дена, па интервенираа на водоводот и притисокот, па на крај ставија плочки на фонтаната, и потоа ја исклучија и оклу месец дена и повеќе стои како баричка
но сега кога поминав од таму, ја чистеа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 09-Oct-2009 at 16:40

Се гради потпорен ѕид на „Сава Ковачевиќ“

Изградбата на потпорниот ѕид на улицата Сава Ковачевиќ број 6 во Кисела Вода е во завршна фаза, информираат општинските власти.

Оттаму велат дека со реализацијата на овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем со лизгањето на земјиштето, што го имаа жителите од оваа улица, посебно во есенскиот период, кога се зачестени поројните врнежи. Ѕидот ќе дејствува и превентивно, за заштита на земјиштето од штетите од ерозивните процеси.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C487602F1708894DAA17A5A70149C977
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 21-Oct-2009 at 00:08

„Милениум“ се враќа како градско кино

Од ГТЦ велат дека е се' поизвесен договорот со градските власти за земање на киното под закуп, со цел повторно да заживее и да ја врати публиката

Градскиот трговски центар најверојатно позитивно ќе одговори на барањето од Градот Скопје да им го даде на стопанисување киното „Милениум“. Директорот на ГТЦ Аго Абазовски вели дека со Градот имаат начелен договор и дека е „извесно оти може да му го дадат киното на стопанисување, но во никој случај беспари“.

- Цената на закупот допрва ќе ја утврдуваме, но како акционерско друштво не можеме да го дадеме под 4.000 евра месечно, бидејќи имаме трошоци - изјави Абазовски.

Ако нивната понуда биде прифатена, на годишно ниво Градот Скопје би требало да плаќа околу 48.000 евра само за кирија.

Киното „Милениум“ е најголемото и најрепрезентативно кино во државава, на чија влезна врата, со месеци стои натписот „не работи“. За да го заживеат и за да ја вратат публиката, освен за скапа кирија, градските власти ќе мора да го одврзат ќесето и за набавка на атрактивни филмови.

Градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Советот најави дека веќе доставиле понуда до раководството на ГТЦ за преземање на киното, кое со години работеше проблематично.

Директорот Абазовски рече дека како раководство на ГТЦ неколкупати се обиделе да најдат инвеститор, но безуспешно.

- Сега ќе ми биде многу драго ако Градот Скопје успее во намерата - вели Абазовски.

Кинодејноста мора да се задржи, односно објектот не би смеел да се користи за друго. Тоа и би се потенцирало во договорот што би го склучиле Градот и ГТЦ.

- Целта на Владата е да се задржи кинодејноста на овој објект - истакнува Абазовски.

Скопските љубители на филмови велат дека е срамота Скопје толку долго да нема ниту едно репрезентативно кино. Има помали киносали во трговски центри и во други објекти, но „Милениум“ е најатрактивниот кинопростор.

- Не може да дојде никој од страна за промоција на свој филм, бидејќи нема ниту каде да се поклони. Поради тоа што немаме соодветна сала, Во Скопје не може да се одржи ниеден посериозен филмски фестивал. Главниот град треба да има не едно кино“Милениум“, туку десет вакви киносали - вели скопјанката Ана С.

Од Градот велат дека токму фактот што на Скопје му недостигаат киносали го натерало градоначалникот Трајановски да поведе иницијатива пред управата на ГТЦ за преземање на киното. Оттаму не информираа за детали, односно не кажаа кои услови ми ги понудиле на ГТЦ за преземање на киното, ниту како планираат да го заживеат.

- Во овој период очекуваме одговор и ќе подготвуваме документација. Потоа ќе се утврдат правата и обврските и начинот на кој ќе функционира градското кино - изјавија од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Во однос на тоа која градска институција би ја презела кино-дејноста, неофицијално дознаваме дека тоа би можело да биде обврска на Младинскиот културен центар. Би се формирал тим, кој би бил задолжен за набавка и емитување на филмови, за соработка со дистрибутери, односно за се она што би довело до профитабилно работење на киното што би му се исплатело на Градот.

Во Скопје работат само неколку комерцијални кино-сали, односно оние во трговскиот центар „Рамстор“. Киното „Милениум“ се уште е во државна сопственост. Тоа му припаѓа на ГТЦ, кое е акционерско друштво во кое мнозински сопственик е Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор. Неколку години киното не работи поради разни недоразбирања меѓу управата на ГТЦ, продуцентите и кинодистрибутерите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=66EDD2A4790AF04D986C7071192DF1BD
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 21-Oct-2009 at 17:37
се залепија за небитна работа во моментов, како што заклучивме претходно, кината изумираат, џабе ќе биде трудот и киното да биде најдоброто во светот, а да не збориме за парите кои треба да се потрошат, за филмови, опрема и рекламирање
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3609
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 21-Oct-2009 at 18:19

абе немора блокбастери, и документарци да има ќе се најде публика, но без квалитетен маркетинг само со она сандучињата по трговски смешно е да се очекува посетеност. земи ги пример хрватте мултиплексот нема вечер на нова да не е покриен со со пола саат рекламен блок, а србите обавезно тераат некои кампањи како наградни игри и што се ја знам, од панини па на даље.

ова сега спојката со кино фросина ветува, со оглед дека МКЦ има далеку поголемо искуство околу ангажирањето на филмски недели, поткрепени и подржани и комерцијално но најчесто амбасадорски!

да беа паметни од градот за третиот кат за да издадат дозвола можеа да ги условат од ГТЦ покрај комуналиите да го добијат и киното, од активно кино ГТЦ како субјект може да има само корсит!  

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 21-Oct-2009 at 18:25
Сала како Милениум е предвидена за блокбастери. Нема Скопје таква потенција да полни такви сали со документаци или независен филм. Едно е фестивал едно е редовна програма.

А кампањите чинат пари и на крајот треба да се исплатат. Без дебели покровители чии реклами меѓу другото би се гледале пред филмот, ништо од оваа работа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 21-Oct-2009 at 19:37
ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Се гради патека за рекреативци

Во Ѓорче Петров продолжи изградбата на рекреативната патека покрај Вардар, која ќе се протега од железниот мост во Сарај до граница со општина Карпош. Досега се изградени повеќе од два километри од патеката до населбата Хром. Во моментов, таму се вградуваат павер-елементи. Од Општината велат дека планираат целата траса, која е широка два метри со рабници од двете страни, да биде осветлена. Парите за изведба на градежните работи ги обезбедија Град Скопје и Општина Ѓорче Петров.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1845&ArticleID=124618
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 03-Nov-2009 at 01:55
Реконструкција на јавните тоалети
Понеделник, 02 Ноември 2009 18:24

CVETANKA%20Javno%20WC%20003

Општината започна со реконструкција на јавните градски тоалети. Како единствен објект од ваков вид во градот кој беше жртва на однесувањето на многумина несовесни нивната реконструкција беше неопходна:

CVETANKA%20Javno%20WC%20GEROVSKA

,,Се задржува обликот кој што досега го имаа. Ќе бидат изградени 5 + 5 јавни тоалети, односно 5 машки и 5 женски тоалети, вели Емилиа Геровска, Општина Битола.

CVETANKA%20Javno%20WC%2000

Објектот ќе биде изграден од квалитетни материјали кои ќе овозможат долгогодишно користење на тоалетите:

,,Објектот се реализира во делот на редење плочки, градба и лепење, вели Геровска.

На внатрешните ѕидови честопати се сретнували разни написи со непристојна содржина, тоалетите се полнеле со шприцеви во доцните ноќни часови, а неретко и се кршеле делови од ѕидовите и плочките. Човекот кој досега се грижеше за тоалетите вели дека реконструкција беше неопходна, но потоа потребна е голема грижа и совесно однесување на граѓаните:

CVETANKA%20Javno%20WC%20002

,,Беше да се направи ова градско веце. Колку ќе трае? И стари и малди ќе треба да се грижат, вели човекот кој досега го одржуваше тоалетот.


Доколку дозволат временските услови, до крајот на ноември Битола ќе добие нови тоалети. Нас како граѓани ќе ни остане обврската: Да не дозволиме да се уништат.

Цветанка Ристевска



Веројатно е за урбана чистота, ама може да е и урбана опрема. Епа бујрум, градот на конзулите и клавирите, со едно јавно веце нефункционално веќе 10 години.

http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=14116&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 13-Nov-2009 at 16:35

Законот за градењето пред Уставен

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и архитект, Мирослав Грчев, вчера поднесе иницијатива во Уставниот суд за преиспитување на законитоста и уставноста на новиот Закон за градењето.

Според Грчев, во Законот има повеќе спорни одредби, но иницијативата се однесува само на преиспитување на членот 138.

- Сметам дека во наведениот член се крие голема закана за огромен број граѓани на Република Македонија, закана која не амнестира никого. Таа се однесува на земјиштето и имотот што граѓаните по законски пат го стекнале или наследиле, а кои можат да бидат одземени врз основа на заклучок на градежен инспектор, само затоа што се дел или се затекнале во рамките или во непосредна близина на бесправна градба - изјави Грчев.

Тој вели дека ваквото загрозување на приватната сопственост е спротивно на член 30 од Уставот, кој ја гарантира правната заштита, сигурноста и неприкосновеноста на приватната сопственост, која може да биде ограничена или одземена само заради остварување јавен интерес утврден со закон.

- И во таквите случаи Уставот пропишува паричен надоместок, кој не е помал од пазарната вредност на недвижностите. Оспорениот член практично обезбедува одземање на секоја недвижност за која градежниот инспектор по свое наоѓање ќе донесе решение и заклучок за присилно извршување - вели Грчев.

Според него, спорниот член 138 од Законот за градењето не само што не ја подобрува состојбата со бесправната градба туку и ја сопира акцијата на инспекторот, кој наместо да се насочи кон дивоградењето, се фокусира на одземање земјишта и објекти.

- Јасно е дека овој член е средство за застрашување на населението, кое може да се употреби против оние за кои власта ќе смета дека е потребно - заклучи Грчев. (А.П.) n



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=96D27FBE53A9D047A32FFC708E7CA286
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 23-Nov-2009 at 14:01

Паркинг врз каналот на Водно





 

Ако градот не го затвори отворот, општината Центар ќе го покрие со плочи на кои ќе може да се паркираат возила

 
 
%20  
Каналот покрај улицата Салвадор Аљенде, спроти основното училиште „Кочо Рацин“, во населбата Водно, ќе се затвори наредната година, најави Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Центар. Овој отворен канал со години им создава непријатна миризба на околните жители, а е опасен и за пешаците, особено за учениците од училиштето, бидејќи се наоѓа веднаш до тесниот тротоар. Миризбите, пак, доаѓаа од отпадот што некои несовесни граѓани го фрлаа во него.

- Често може да се видат хартии, дрвени гајби од овошје и од зеленчук, пластични шишиња и друго. На некои места личи на депонија. Во лето се шири смрдеа од ѓубрето. Но најмногу сме загрижени за безбедноста бидејќи мораме да го користиме тротоарот и да пешачиме непосредно до дупката. Тоа е опасно за децата. Ако заврне снег или ако има мраз, опасностите се уште поголеми - велат локалните жители.

Тодоровиќ на седница на општинскиот совет најави дека ако градската управа не го затвори каналот во март, општината ќе го стори тоа со свои пари.

- Имаме готов проект за да го затвориме каналот. Планираме да поставиме дебели и трајни монтажни плочи врз него, доволно издржливи за врз нив да може да се паркираат возила. Но ќе се остави и доволно простор за пешаците. Покривањето треба да го направи градската управа и тие ни ветија дека ќе ја завршат оваа работа до март наредната година. Ако не го сторат тоа, ние ќе го покриеме каналот со наши пари - рече Тодоровиќ.

Од градската управа потврдија дека планираат да почнат со затворање на каналот, но требало дополнително да се договорат кога да биде означен почетокот на градежните работи.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112391027274&id=14&prilog=0&setIzdanie=21844
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 27-Nov-2009 at 21:04

НЕМА КОПАЊЕ КОЈ КАДЕ САКА

За секоја инсталација, посебна дозвола

Од Градот велат дека веќе нема да важат годишните дозволи за поставување инсталации, туку за секој прокоп ќе треба да се добие посебна дозвола

За секој прокоп за поставување инсталации фирмите ќе треба да донесуваат проектна документација во Град Скопје и да добиваат дозвола за секој поединечно. Оваа мерка градските власти ја преземаат за да се реши хаосот со прокопите кои ќе го прават Телеком, ЕСМ, МВР и АД "Топлификација". По нивните интервенции, улиците и тротоарите остануваат со дупки, и никој од нив не ги затвора прокопите.
"Сите градоначалници ми се пожалија дека имаат големи проблеми со прекопите кои ги прават Телеком, ЕСМ, МВР и АД'Топлификација' за поставување инсталации. Со нив изгледот на улиците е целосно сменет, џабе ние крпиме и асфалтираме улици, кога на секој чекор се прават прекопи и никој не ги затвора. Затоа веќе нема да важат годишните дозволи за поставување инсталации туку за секој прокоп ќе треба да се добие посебна дозвола", вели градоначалникот Коце Трајановски.
Фирмите до Градот, покрај проекти за тековните работи под земја, ќе треба да достават документација и за сите интервенции кои ги имале досега, за да можат градските власти да почна да го подготвуваат подземниот катастар. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=DD4E9173C5D0FF41AA9137ABE4F35F26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 27-Nov-2009 at 21:05


Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up  ,   АМА чекаме да видиме на дело
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 27-Nov-2009 at 21:25
Па да ти кажам и веќе нема потреба за ова...и така улициве партали се напраија последниве години, мада еве и јас го поздравувам ова...за горенаведениве фирми и нивната спознаја на водењето на сопствените инсталации можам да кажам све најлошо, посебно електро и телефонската мрежа (тука се и „новите“ тв-кабелски оператори) - ако ви текне да праите куќа и да почнете да копате јама, ќе сфатите дека дворот ви е полн кабли за кои само Господ знае каде водат - баш да го видиме тој подземен катастар како ќе функционира...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.