build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 19-Jun-2020 at 08:33
Китанов: Патот Кичево – Охрид ќе биде готов 2021 година

Најгоркиот проблем – Кичево – Охрид. Јас мислев дека тоа кога ќе дојдеме ќе може да го раскинеме и да почнеме од ново. На крај памет не ми паѓаше дека јас ќе треба да се борам со „Сизифовски“ работи. 74 препроиктирања веќе се направија за оваа делница. Експропријацијата 100% е завршена. Планот е Кичево – Охрид да биде готов 2021 година, рече Китанов.

https://www.slobodenpecat.mk/kitanov-patot-kichevo-ohrid-ke-bide-gotov-2021-godina-video/
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 19-Jun-2020 at 10:20
2021 или 3021 ???
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4921
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 23-Jun-2020 at 10:11
Летото дојде, првите километри од автопатот Кичево – Охрид допрва ќе се пуштаат во употреба (галерија)

Новата летна сезона е пред самиот праг, а првите километри од автопатот Кичево – Охрид сè уште не се ставени во функција за возачите. Најавите на државните власти беа дека годинава ќе возиме по првите десетина километри од овој автопат на потегот од Врбјани до Охрид, на којшто потег всушност има и најголема фреквенција на сообраќај и најголема опасност од сообраќајни несреќи. Градежните компании работат на изведба на автопатот на терен, но со забавено темпо поради појавата на корона вирусот во земјава и непредвидените негативни ефекти што ги донесе таа.

Мета.мк“ уште на крајот на мај побара одговори од Јавното претпријатие за државни патишта за реализацијата на автопатот Кичево – Охрид, но до денешен ден не добивме одговори на поставените прашања. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов во изјава за „Дојче Веле“ појасни дека албанската компанија „Викторија“ имала проблеми со работниците од Албанија, кои периодов не можеле да бидат ангажирани во изградбата. Токму овој изведувач во изминативе години работеше на изградба на последните километри од автопатот пред Охрид.

Китанов во интервју за „Слободна ТВ“ посочува дека експропријацијата на земјиштето на трасата е целосно завршена, додека досега биле завршени 74 препроектирања од договорот за неопходното препроектирање и допроектирање на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за овој автопат. Завршени се 80 отсто од препроектирањата, изјави директорот Китанов.

Тој посочи дека 685 градежни работници и 228 машини работат на терен во изградбата на трасата долга 57 километри, но и дополнува дека овие бројки ќе се дуплираат во следните два месеци. Директорот на ЈП за државни патишта посочи дека годинава ќе биле пуштени во употреба измеѓу 5 и 15 километри од овој автопат, но не посочи во кој временски период ќе се случи ова.

Од состојбата што може да се увиди на терен, на секцијата која што се очекува прва да се пушти во функција, во делот меѓу Охрид и Врбјани, се одвиваат градежни работи со забавена динамика. На терен може да се согледаат две бензински станици што се наоѓаат на самата автопатска траса, кои и понатаму работат, а не се срушени и неколку куќи во кои живее месното население. На потегот од Подмоље до Охрид се вози по новоизградената траса, но допрва ќе се реконструира досегашниот пат што ќе служи за движење на возилата во спротивен правец. Пролетва беше срушен надвозниот над патот Кичево – Охрид, каде што се гради нова клучка за идниот автопат.

Автопатот Кичево – Охрид започна да се гради во февруари 2014 година, со актуелен рок на завршување на проектот до 30 јуни 2021 година. Цената на изградба на автопатот изнесува 598 милиони евра, средствата се обезбедија преку кинеската Ексим банка, а за главен изведувач на автопатот е избрана кинеската компанија „Синохидро“.

https://meta.mk/letoto-dojde-prvite-kilometri-od-avtopatot-kichevo-ohrid-doprva-kje-se-pushtaat-vo-upotreba-galerija
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 604
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 23-Jun-2020 at 17:58
Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 23-Jun-2020 at 18:53
Originally posted by WolfLeader

Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....

Денес проверив и на Google Maps, и на Sentinel Hub, и трасата изгледа целосно пробиена.
Останува да се довршат мостовите, вијадуктите, за тунелите тоа појма немам, да се асвалтира сето тоа, да се поврзе автопатот со Кичево, за тој мостот што го срушија незнам дали почнаа со реконструкција на таа клучка, но вака мислам крајта на 2021 или некаде средина 2022 сигурно ќе биде пуштен овој автопат.
И требаше до сега и со Кочани - Тетово да се почне.
Ќе чекаме уште 10 - 15 години во целост да се среди овој коридор.....
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 23-Jun-2020 at 21:15
Скоро никаде не се работи на трасата, единствено на вијадуктите меѓу Пресека и Кичево и тунелите под Пресека, вкупно не повеќе од 5км. Трасата Охрид - Врбјани што најавија дека ќе биде пуштена во 2020 не е возможно да биде завршена годинава.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 23-Jun-2020 at 21:15
Па колку што се сеќавам викаа дека во 2020 година ќе почнат со првиот дел од Кичево-Гостивар, ама очигледно ништо од тоа. Да не правам муабет за проширување со уште една лента (во двете насоки) на Тетово-Гостивар.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 604
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 24-Jun-2020 at 20:29
Originally posted by The Wild Boy

Originally posted by WolfLeader

Na trasata seuste ima 2 benzninski koi rabotat i kukji koj sto ziveat lugje , a toa e jasen znak deka vo dogledno vreme nema da se sluci nikakvo rusenje i dokompletiranje na toj del od trasata , sto avtomatski znaci deka sekoe pustanje vo upotreba na ovoj avtopat vo dogledno vreme e samo son i farbanje oci za pred izboren marketing ....

Денес проверив и на Google Maps, и на Sentinel Hub, и трасата изгледа целосно пробиена.
Останува да се довршат мостовите, вијадуктите, за тунелите тоа појма немам, да се асвалтира сето тоа, да се поврзе автопатот со Кичево, за тој мостот што го срушија незнам дали почнаа со реконструкција на таа клучка, но вака мислам крајта на 2021 или некаде средина 2022 сигурно ќе биде пуштен овој автопат.
И требаше до сега и со Кочани - Тетово да се почне.
Ќе чекаме уште 10 - 15 години во целост да се среди овој коридор.....

Siguren si deka benzinskite i kukjite koj sto se na toj del od trasata se urnati ?? Ako e toa taka togas mediumot ni plasira netocni i neprovereni informacii , ako se navistina otstraneti kako sto kazuvas ti togas ima realni sansi do 2022 da bide gotov , AMA ako ne se urnati i tamu seuste rabotat 2 benzinski i ima lugje koj sto ziveat vo kukji toa sigurno ke potrae uste dolgo vreme.
Inaku za tunelite kako sto rekoa vlastite do kraj na godina bi bile skoro gotovi , a najgolemata rabota momentalno bila na vijaduktite , mostovite , novo proektiranite klucki , patista za vklucuvanje i isklucuvanje na avtopatot , sto tie ne bile staveni vo plan od prethodnata vlada , e sega realnata sostojba na teren kakva e nie moze da si nagoduvame , edinstveno nekoj koj sto e momentalno tamu moze da potvrdi taka da .....
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 24-Jun-2020 at 22:10

Не ме зимај за збор, не проверив убаво туку така.
Бензинските може се сеуште таму.
Ако ги срушиле уште подобро.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 24-Jun-2020 at 22:53
Не се срушени ниту бензински, ниту куќи, ниту се почнати некои клучки. Како што пишав погоре моментално се работи единствено на вијадуктите меѓу Пресека и Кичево и тунелите под Пресека.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 604
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 25-Jun-2020 at 19:07
Znaci seuste ima uste mnogu rabota!!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.