build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Кичево - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Кичево - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 18-Aug-2015 at 23:56
Фирмата се вика МАКТЕК и е истата која и пробиваше тунелите кај Д.Капија. Се работи за грчка фирма????(седиште во Грција од каде се носат и репроматријалите за работа)
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 20-Aug-2015 at 01:54
Не е грчка , фирмата МАКТЕК е македонска фирма оформена некаде 2012 година , вршат пробивање на тунели,патишта и минирање.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 20-Aug-2015 at 15:05
да, но газдата и основачката фирма се нешто друго. но тоа се службени информации кои не би ги споделувал во јавност
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 21-Aug-2015 at 00:21
Нема потреба за такви информации , тоа си е друга работа.... него како одат работите до каде е стигнато , знае ли некој нешто повеќе или пак некои пресни сликички ? )
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 21-Aug-2015 at 18:36
Кичевскиот дел е доста тежок, се пробива делницата но скоро целата траса ќе биди со мостови и вијадукти. Само вијадуктот кај с.Лавчани по проект треба да кошта 12 милиони евра. Но пошто тлото за темели е доста нестабилно, ќе се ставаат неколку десетици бетонски колци од по 1 метар дијаметар(исто како на изградбата на хотелот во Дубаи-Бурџ ал араб) и длабочина од неколку десетици метри под дватафундаменти на вијадуктот. Тоа ќе ја крени цената уште повеќе.

Тунелите се бушат од 3 страни, а од четрвртата(од кај Врбјани) засега не се работи поради нестабилен материјал(паѓа плафонот) па кинезите одлучиле дека ќе одат со нова технологија
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 21-Aug-2015 at 23:13
Значи се то ова кажува на уште многу многу работа , поради фактот дека се работи за таков дел каде што е доста карпест нели , бушењето на тунелите исто така одзима доста време , воглавно целата траса е доста тешка за работа , јас слушнаш од некој лица дека работниците работеле 3 смени што значи 24/7 без прекин се работи , дали е тоа сварно точно ? јас баш и не поверував на таа информација прв пат слушам дека некој кај нас изведува автопат и во ноќни услови ....
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 21-Aug-2015 at 23:25
Најголемиот дел од работниците работат од 6,30 па до попладневните часови. Ручек им се носи на л.м. Секоја од фирмите има договор со некој од кичевските ресторани кои храната им е носат на терен.

На многу места проектот мораше да се менува бидејќи подлогата е различна него што е во проектот(лошо или никакво геолошко мерење во минатото). на некои места каде се очекуваше карпи(над с.Извор) се најде на земја, а на некои места каде се очекуваше земја се најде многу тврда карпа.

Најлошо се поминува во тунелите бидејќи таму карпите се многу меки, па тоа создава проблеми. за минерите најдобра варијанта е да е каменот тврд па знаат колку и како да го постават експлозивот. Овде кај тунелите ако се стави саму малку повеќе експлозив, настанува поголемо разорување . А кинезите бараат отворот да излези точно по мерка бидејќи секој см бетон по должина ги кошта многу.

Засега малку проблем претставуваат и локациите за депониите за јаловина. Треба огромни количини на земја да се сместат негде, а нема баш ногу простор
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 22-Aug-2015 at 14:32
Така и си мислев за работењето на работниците , а иначе да доста лош терен , неочекувани работи се појавуваат , како што кажа и самиот наместо карпи излева земја и обратно , значи нај многу работа одземаат тунелите .. а иначе јаловината може на пример да се искористи за некој хидрозасип во некоа јама , толку ли нема на тој простор нешто такво ? би требало тоа да не претставува некаков проблем и да најдат брзо решение за него...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 22-Aug-2015 at 14:37
gjoko procentualno sto mislis do kade se? Okolu 10%?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 22-Aug-2015 at 16:28
камиони се излезени на повеќе од половина кичевска траса, но работата е штотуку започната.ископани се многу милиони м3 земја и камен, но за целосно да се оформи траса за да започнат првите тампонирања има многу уште работа

охридскиот дел е многу порамен и таму темпото можи да биди побрзо

Edited by gjoko - 22-Aug-2015 at 16:28
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 23-Aug-2015 at 19:20
Процентуално неможе да се каже до кај се , ама со оглед на тоа дека се уште не се дојдени до тоа да се почне оформување на траса самото тоа кажува дека уште многу работа ...

Edited by WolfLeader - 23-Aug-2015 at 19:22
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 28-Aug-2015 at 18:55




Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 28-Aug-2015 at 19:02
Полека се пробива трасата.Ова е веднаш над Кичево?
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 28-Aug-2015 at 19:04
Ако не грешам, ова е веднаш после Кичево, над с. Другово.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 28-Aug-2015 at 20:29
Да, све до патот за с.Добреноец(каде е изворот на регионалниот водовод Студенчица)
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 17-Sep-2015 at 00:20
Почна ли да се буши тунелот кај врбјани , што направија кинезите со новата технологија , знае ли некој ?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 17-Sep-2015 at 08:23
Mnogu problemi ima so tunelite poradi mekiot materijal. Od kaj kičevska strana imaše golem odron od 500m3, za sreka vez žrtvi. Sega se raboti samo na edna cevka i toa malku. Novata metoda ke bila so vbrizguvanje na beton, ama detali neznam
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 17-Sep-2015 at 14:14
Тунели кои водат низ компактен шкрицл, мора да биде дизајнирана да го издржат притисокот на почвата,намалување на напречниот пресек на тунелот под удар на почвата предизвикува многу проблеми, тунелската
поддршка може да се деформира и неговите соединенија да се уништат, попречниот пресек на тунелот може толку да се смали и да бара повторно копање,износот на притисок , на отворањето на тунелот не зависи само од видот на карпата, но исто така и на длабочина на која се прави ископување ,од тоа што мекиот материјал не ја држи цврсто стената и доаѓа до големи одрони ,а кога ќе се мести по цврст материјал како што и самиот кажа со вбризгување на бетон и кога стените ќе бидат склони на одрон тогаш тунелот треба да се гради врз основа на тоа како бушењето се одвива , тоа е подобра пракса од колку да се пребуши целиот тунел а потоа да се обложува ,така што со геолошки истражувања треба да се откриат видови и карактеристики на карпите кои се појавуваат заедно на тунелот и одговорноста на истражувачот е да процени каде што ќе има намалување на напречниот пресек на тунелот и да се обезбедат примероци за лабораториски испитувања , а се тоа доаѓа од подземните води , и кога делови од стените ќе попуштат или олабават тешко е да се најде добра подлога за прицврстувачи , јас искрено се надевам дека успешно ќе го пребродат овој проблем , а прашањето е зошто тие како изведувач си дозволиле да се работи со таков мек материјал кога се знае каков материјал треба да се користи додека се буши тунел ? исти такви проблеми се најдоа и на тунелот кај демир капија пред 2 години кога се урна дел но за среќа немаше никој , мислев дека кинезите се нешто по асални во оваа работа но испаднав дека сум грешка

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 17-Sep-2015 at 18:21
Геолошките испитувања за овој автопат се катастрофални, скоро ништо не испадна како што требаше и највероватно поради тоа цената ќе биди повисока и тоа за многу(Овде незборувам за ``фатените`` пари и евентуални провизии-тоа е плус).

Тој што ги правел овие испитувања треба стрелање дирекно на плоштад, нормално ако е жив и е во земјава
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 17-Sep-2015 at 22:36
Многу лошо е ова , значи чекале да се случи вакво нешто за да почнат да стават по квалитетен материјал , многу лошо мислам дека вакви киксови не треба да се прават понатака, сега ем се губи на време ем на пари а и тој новиот материјал додека се порача додека се достави ќе помине доста време , стварно ми е не јасна ситуацијава , искрено се надевам дека брзо ќе го решат проблемов и ќе се продолжи со работа и понатаки да не се дозволат вакви аматерски грешки , јас разбирам да се има неочекувано и непредвидени ситуации да се јават при работата но ова ни малку неможе да се ставе во таа категорија ,за ова и да ги прашаш верувам ќе немаат соодветен одговор , а иначе другиот дел од трасата освен тунелите до каде се стигнати со работа има ли напредок , според тебе впечаток ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.