build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
    Posted: 19-Oct-2018 at 08:51
Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?













https://lider.com.mk/skopje/foto-se-rushi-skopski-saem-albanskiot-investitor-uriva-bez-dozvola/
За сè има вторпат
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Sep-2018 at 18:39
Yup, мислев повеќе на бучавата од возовите, не како комуникација. Да, секако сепарација на сообраќајот и искористување на истиот, во случајов - железничкиот...апсолутно. Чудно, како изведувачите на конкурсни проекти и оние кои се предодредени да ги добијат, немаат волја да завират по форуми, ако не за друго, барем за бесплатни насоки и идеи....не биле на часот за brainstorming...
.....   .......
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Sep-2018 at 10:51

потпис. Единствено не се согласувам со делот за пругата. ДА се има пруга блиску е благослов. Има начини како истата да се денивелира или покрие, но во едно утипистичко Скопје, каде ќе постори метро/лрт мрежа, токму станицата кај овој комплекс може да биде една од главните.

Доколку се има малку волја, веќе  доста пишувано на форумов и за можноста постоечката пруга да се користи за градски сообраќај уште сега.
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Sep-2018 at 10:42
Немам време да ги читам постовите, затоа ако се повторам со некој од претходно, се извинувам однапред, обично не анализирам претходни ставови, давам свои мислења така да....Новиот проект за комплексот Скопски Саем е медиокритетско ѓубре со желба да стане реалност со многу пари, се разбира. Покрај тоа што не делува дека се направени некои претходни анализи за „хумана“ исплатливост “ за подигнување на „елитен “станбен комплекс, меѓу другото, покрај железничка пруга, туку и комплетно негирање на претходната историска важност на самиот комплекс, за што верувам повеќе има отпор. Севидлива е и отсатност на желба да се разгледаат алтернативни опции за артикулација на овој делумно континуирано запуштен простор, на дел од својата локациска своина. Напр.: издигнување на деловно/комерцијалниот блок над самите хали, одвоен со повеќевисински застаклен мезанин, галериски решен, со што може да се задржи постоечкото зеленило и зенитално осветлување кај самите хали. Башка ќе се добие похуман деловен или станбен простор, повторно имајќи ги предвид шините. Сето ова додатно чинење може да го компензира градот преку дел од комуналии, ако има интерес да се задржи овој комплекс и манифестација во градот, но треба да се стават пред лични интереси за провизија, штое е утопија, бидејќи претходниве Ера се покажаа во небаре „блескаво“ светло за анимација на истото. Рента може да има накнадна со некој меѓусебен договор....или најлесно е да функционира по принципот дај шта даш, битно е да даш.
.....   .......
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Sep-2018 at 15:39
За рушењето на комлексот СКОПСКИ САEМ / Несторова Томиќ



Градот се гради со години и векови. Архитектурата е основната структурата на градот и има зад себе генерации и генерации кои вградувале дел од своите средства, од својата стручност, од своите емоции и својата душа. После грдото рушење на МОДНАТА КУКА БЕКО, на ред е КОМПЛЕКСОТ СКОПСКИ САЕМ.

Пред мене се постави дилемата која тема е по приоритетна за пишување? Рушењето на објектот, односно комплексот, како екстремен не примерен или да пишувам за прашањето на авторството.

Двете прашања се многу важни за секого, да профункционираат како во културна правна држава. Бидејќи во градежништвото не знаеме до кои граници може да стигне. Правото на авторството треба да се бара колективно од сите генерации. Бидејќи како започнало, со некој акт без објаснувње се скрнават објекти, се вршеа и се вршат градежни интервенции без пардон.



Скопје има повеќе историски слоеви, благодарение на една приближно културна политика, се сочуваа старите урбани четврти и ако се формирани, пред многу векови, на судирот на цивилизациите. Јас лично цел живот се залагав за културолошкиот урбанизам и заштита на културното наследство. Сметам дека СКОПСКОТО САЈМИШТЕ е дел од културолошката архитектура. Културолошкиот урбанизам е формиран како движење уште во XIX век од англискиот философ Џон Раскин. Раскин немилосрдно ги анализира индустриското општество и деградацијата на човечкиот труд, усредсредени околу поимот профит не согледувајќи ги последиците и функционалните штети по архитектурата, градот и другите витални функции. Оваа мисла под влијанието на Вилијам Морис ќе го постави темелот на Културолошкиот урбанизам.

Култоролошкиот урбанизам има за цел да ја заштити архитектурата од шпекулантските односи на пазарот со земјиштето. Дава конструктивни предлози, само супстандардите да се рушат, дури се поставува прашањето на рушене во корист на сообраќајниот систем. Да се сочува еден урбан комплекс, значи да се сочува архитектурата, да се сочува културата на тој град и државата.

Чувајте ја архитектурата од минатото, почитувајте го авторство, така вие го почитувате опусот на творештвото на вашиот народ на вашата држава. Покажите осет и разумност во однос на градот. Никој нема право да ја скрнави. Тие не припаѓаат само на тие кои ги подигнале, туку на сите идни генерации кои доаѓаат после нас.



Комплексот Скопски Саем претставува дел од вредното културно наследсто, концептуално припаѓа на модерната авангардна архитектура. Фактички нашиот саем ја разби стандардната форма на куполни сајмишта. Авторите презантираа нов цонцепт на саем. Расчленувајќи ја функционалната матрица се одлучија за иновиран модел на расчленување на функционалните содржини и формирање на флексибилна архитектонска композиција. Практично направија композиција во рамките за оригинално користење на просторот. Токму во расчленувањето и флексибилното користење на салите поединечно, се овозможени копозиции во користење на истиот, истородни презентации, разнородни презентации, како и интегрирана експлоатација. Описот е со цел, да, ако денес има потреба да се користи секоја сала посебно, се покажува функционалноста на комплексот како исклучително корисен и безвременски.

Авторите на Скопскиот Саем се архитектите Живко Гелевски, Димче Димитров, Благоја Мицевски и Славко Ѓуриќ. Архитектите припаѓаат на групата современи архитекти, односно на модерната. Комплексот е здрава конструкција, функционална и припаѓа на современата архитектура. Способен да прими секаква модерна функција. Потребни се лица со квалитетни и креативни идеи денес саемот да се претвори во вистинско стопанско чудо. Срамно е и опасно да ја рушиме сами нашата современа архитектура. Меѓу Екс ЈУ републиките нашите колеги и нивните дела беа почитувани, а македонската архитектурата се презентираше под нашето име. Постои Македонска Архитектура. Денес нема кого да обвинуваме, сами сме, ние сме одговорни за сé понатака.



ПРАШАЊЕТО СЕ ПОСТАВУВА: – ДАЛИ РУШЕЊЕТО НА КОМПЛЕКСОТ САЈМИШТЕ Е ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАН ИЛИ Е НЕКОЈА КВАЗИ ОДЛУКА КОЈА НАЈЧЕСТО СЕ ТРЕТИРА КАКО УПАД ВО ПЛАНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА?

Во колку анализите покажуваат потреба од интензивна станбена изградба, потребно е да се консултира предлог генералниот план од 1965 и планот од 1985 год –Долгорочен план за развој каде се дадени просторите во кој правец да се движи проширувањето на градот? Оваа консултација треба да се направи од Министерството за урбанизам со експерти од урбанизам кој ја познаваат таа литература. Познавање на интегралната стручна литература за жал како главен град на Република Македонија нема.

Не постои ЗАВОД ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАД СКОПЈЕ.

Само да потсетам литературата на Урбанистичкиот план од 1965 е во центарот на интерес на Американски, Европски факултети, и студенти дипломци од Македонија како и студенти од Архитектонскиот Факултет во Скопје и Американскиот колеџ во СК. Нашите студенти истражувачи на планската документација покажаа голем ентузијазам, стручност и истрајност во истражувањето. Резултира со докторати, пост дипломски трудови-финансирани од своите родители и потпомогнати од други извори. Европската и Американската стручна авангарда која студира во европски и американски факултети изворно ја презентираат документација финансирана од специјалниот фонд на Обединетите нации (ОН), во духот на големата меѓународна солидарност. Само два проекти се финансирани од ОН од овој фонд, Скопскиот –Македонија во состав на екс ЈУ и Чандигар, Индија. Во изработката на урбан план во Скопје беше применета нова методологија, за прв пат. И таа литература ја краси библиотеката на ОН, голем број на факултети и Институти за урбанизам во повеќе земји. Покрај учеството на големи Евро-Американски фирми активно го поносе товарот и Заводот за урбанизам и архитектура –Скопје. Експертските тимови на Пол сервис-Полска, Вилбор и Смит-Јужна Каролина, Доксијадес-Атина, Сообраќајниот институт-Белград, Водостопанство Македонија-Скопје, Сеизмолози од Русија, Романија, Сан Франциско и Македонија. Сé под раководссво на А. Циборовски и неговиот тим Пол Сервис, како и матичната оранизација Заводот за урбанизам и архитектура Скопје, со својот стручен тим под раковотство на директорот арх. Р. Галиќ. Денеска треба да се гордееме со нашата млада генерација архитекти, магистри, докторанти во Европските факултети, кој со своите трудови осветлувајќи и афирмирајќи го тој пост земјотресен проект низ целиот свет ја презентираат и својата држава, Македонија. За жал државата не се заинтересира за зачувување на институцијата барем на ниво на стручна институција-Институт кој ќе ги следи промените, практично и теоретски преку прилози и анализи за евалуација на истиот, каде би се ангажирале да го дадат својот придонес во областа на оваа наука.



Пријатно изненадуване ни приреди МАРХ, со јавен истап во одбраната на модерната во Македонија.

Архитектурата е неодвоив дел од урбанизмот затоа ќе нагласам дека се поставија во одбрана на градот. Ме потсетија на пионерската работа на заштитарите на нашата народна архитектура кои се бореа и вонинституцијално и институционално за сочувување на нашето културно наследсво од античкиот период-архелозите, етнолозите, историчарите, архитектите. Нашите музеи се извонреден репрезент со експонатите, артефактите и историјата на Македонија. Архитектите се бореа за заштита на нашите стари градови и архитектонското наследство, како и сакралните објекти од сите конфесии, каде е сочувано и нашето богатство од фреско сликарството и иконописот како и стари ретки книги на старословенски јазик.

Младите архитекти ги охрабрувам да се позанимават со философите на теоријата на урбанизмот: Џон Раскин и Вилијам Морис, Пјотар Кропоткин, Гeорг Симел, Освалд Спенглер и др. Корисно е на толку материjал за урбани планови, и бројни млади истражувачи, кои студираат во Европа да ја пропуштат таа прилика да се здобијат со знаење од областа на Философијата. Нужно е да се организираат, како тим, инстуционално за развивање и презентирање на современата урбана филозофска мисла.

Со зачувувањето на нашето архитектонско наследство го чуваме интегрално нашиот идентитет, нашата материјална култура.

Арх. М. Несторова Томиќ

http://marh.mk/za-rushenjeto-na-skopski-saem-nestorova-tomikj/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Sep-2018 at 15:01
Мислам дека тоа е дел од просторот на поранешен скопски саем, и дека тука ќе се гради Skopje East Gate. Барем рендерите така ми изгледаа.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1385
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Sep-2018 at 15:00

Патем ако добро се ориентирам според нивниот приказ овој дел(за кој зборувам) го водат како Канцелариски Парк.Можеби грешам?



Edited by stef4o - 09-Sep-2018 at 15:00
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1385
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Sep-2018 at 14:57
Еве да прецизирам за кој дел зборувам

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1385
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Sep-2018 at 14:51
Originally posted by Dexter26



Originally posted by Dexter26


Презентација од јануари 2013 со детални информации за секој објект од комплексот ЕРА Сити.  http://www.eragrupa.mk/forms/EraCity/News/ERA_CITY_-_PRESENTATION_Januar_2013.pdf Не сум добро запознаен со ДУП - овите, но според овој ДУП на Скопски Саем од официјалниот веб сајт на општина Гази Баба, на северната половина од парцелата која ја опфаќа маркицата Г5 пишува Југосуровина - Скопје. Дали ова значи дека тој имот и припаѓа на Југосуровина - Скопје, а не на ЕРА Група ?
 Не знам за Југосуровина - Скопје, но знам дека ова го видов вчера кај парцелата Б4 наспроти семафорите на раскрсницата во Автокоманда.  Или има некаков имотно-правен спор, или Словенците се откажале во целост од проектот, или се откажале делумно од проектот, па нема да го реализираат целосно.  


Во текот на вчерашниот ден забележав дека на овој плац лево од седиштето на Кнауф се изведуваат некакви градежни активности имаше еден багер неколку кипери и информативна табла но за жал немав можност да сликам.Незнам дали и овој плац е дел од планот за Скопје Ист Гејт или не?? Ако има некој повеќе инфо нека сподели
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Jun-2018 at 13:57
Има ли информација кој би ги изведувал градежните работи на проектов? 300+ милиони инвестиција не е шала..
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Jun-2018 at 01:16
nema nikoj od popametnive da ne nauci sto standart ne zadovoluval saemoot???
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Jun-2018 at 01:10
Внатрешниот ентериер е проблем кој се санира и лесно може да се постигне стандарт. Но гледано архитектонски самеот е правен според стандарт
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Jun-2018 at 20:34
Originally posted by Portal

Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Portal

saemot si bese spored standardi i nebese grdosija a najmalku pa "privremeno resenie"


Изгледа Кичевчанец знае подобро од тебе во каква состојба е саем. Според сите стандарти? Изгледа дека не си видел што е стандарт

stom ste zapnale saem po standardi pa saem po standardi , daj kazete koj se tije standardi sto saemov ne gi isponuval... da se educirame neli

Според сите ,,стандарти,, било заемот
Дај не бива да се дискутира повеќе, гледај и учи што ,,не е стандарт,,

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Jun-2018 at 00:13
Што ако рушењето и затворањето на сите сали за одржување на настани низ градов е само за да може да профитира СЦ Борис Трајковски?



не, шала на страна, универзална/концертна сала и сајмиште се некои од основните потреби на една урбана средина... нека не мрсат многу тестиси дека ќе граделе ново и на нови локации, знаеме како завршува сето тоа
Лично, саемот мене како архитектура не ми значи и никогаш не ми се допаѓал, ама ќе изгубиме многу битен простор на градот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Jun-2018 at 10:16
Саемот си е одличен каков што е, не се проблем објектите, проблем е непостоењето на квалитетни саемски манифестации. Прилично долгата епизода со ЕРА беше тотална катастрофа. Идеално ќе беше саемот да се интегрира во овој нов комплекс каде природно ќе можеше да се развива, но тоа очигледно не е бизнисот со кој сака да се занимава Балфин. Веројатно можеше да се задржат објектите и на друг начин (на пример, пренамена за некакви индоор спортови, карпи за качување, сквош и сл) кои супер ќе дојдеа во еден ваков комплекс. Штета што Балфин не демонстрира општествена одговорност да го зачува комплексот, но од друга страна неможе да му се замери на приватен инвеститор кој не е обврзан со закон да го направи тоа, а во држава која конзистентно самата гази врз културното наследство, особено од тој период.
Back to Top
anonimen View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Mar-2012
Online Status: Offline
Posts: 54
  Quote anonimen Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Jun-2018 at 22:23
Vo renderite nedostasuva I administrativnata zgrada na KNAUF pozadi hotel Kontinental I ovaa nedviznost I plac se pretstaveni kako zelenilo.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Jun-2018 at 21:25
Рендерите изгледаат толку нереално. Чисто се сомневам дека околу комплексов ќе се изградат булевари со по три ленти, како што е прикажано.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Jun-2018 at 21:11
Previous
 
Убаво се гледа од мапите дека пожарникарската станица не е дел од парцелата на Скопски Саем - никогаш и не ни била, исто како и паркиралиштето кај семафорите во Автокоманда, каде што се паркираат автобуси и камиони - на таа парцела мислам дека беа најавени станбени објекти за изградба во иднина, но од сосема друг инвеститор.
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Jun-2018 at 19:49
Рендерите се ветувачки и голем акцент е ставен на зеленилото, меѓутоа ме плаши на крај да не испадне само куп бетон без зеленило. Исто така дали пожарната и рестораните на крајот од плацот ќе останат во склоп на проектот или ќе се рушат?

Edited by IN_MOTION - 03-Jun-2018 at 19:50
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Jun-2018 at 18:53
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Portal

saemot si bese spored standardi i nebese grdosija a najmalku pa "privremeno resenie"


Изгледа Кичевчанец знае подобро од тебе во каква состојба е саем. Според сите стандарти? Изгледа дека не си видел што е стандарт

stom ste zapnale saem po standardi pa saem po standardi , daj kazete koj se tije standardi sto saemov ne gi isponuval... da se educirame neli

Edited by Portal - 03-Jun-2018 at 18:54
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.