build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 19-Jan-2020 at 18:46
Од фб

Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 20-Jan-2020 at 01:21


Зошто е овој размак у средина? Треба да се спојат двата дела или едниот ќе биде нешто друго ?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13357
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 20-Jan-2020 at 11:49
Ми личи како да е намерно оставен за полесен пристап на градежната механизација и другите возила. Друго ми боде очи – забрзано со гради трговскиот дел, додека станбено-деловниот заостанува. Се плашам дека ќе останеме само на трговскиот центар од целиот проект што се најавува. Камо среќа да грешам.
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 20-Jan-2020 at 12:32

Не верувам дека ќе изостане станбено-деловниот дел, но сигурно ќе има некоја фазна градба.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1991
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 20-Jan-2020 at 15:19
Поголемите проекти стално се граделе во фази што од финансиски што од пристапен аспект, не ми се верува да не се оствари ова во целост.
Треба некој со дрон да помине тука, реткост е толку кранови на исто место.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 20-Jan-2020 at 16:50
Моментално фокусот е ставен врз трговскиот кој со ова темпо до лето би бил веќе карабина,а потоа во задниот дел ќе треба да се гради станбениот комплекс.Проектот беше најавен дека ќе се реализира во рок од 5 до 7 години така да има уште доста време.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 424
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 25-Jan-2020 at 21:47
dobri se staticnive pumpi, prvpat gi gledam nekoj da gi koristi kaj nas... ako dobro go razbrav proektov, oni ke go betoniraat sredisniov del bidejki ke nemaat pristap posle pumpite/kamioni ko ke treba da se gradi sredinata...

Edited by Portal - 25-Jan-2020 at 21:49
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 25-Jan-2020 at 21:53

Od golema pomoš im se pri betoniranje na golemite ploči od trgovskiot no sepak koristat i po nekolku mobilni pumpi,isto taka imaat mnogu silni reflektori no neznam dali rabotat navečer možebi samo koga postavuvaat ploči... Isto taka imaat mnogu kranovi ako ne i najmnogu dosega što sum videl na naši gradilišta.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 424
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 29-Jan-2020 at 01:08
staticnite pumpi postavenise nakaj vnatresna strana i treba da se postaveni taka da mozat da go opsluzat vnatresniot del, nemise veruva deka gi koristat za vnatre ko veke imaat mobilni pumpi... treba da se cerat cistat posle sekoe betoniranje...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 05-Feb-2020 at 18:20
Извадок од едно видео,веќе е почнат ископ зад Континентал поточно близу новата бензинска на Окта претпоставувам тоа е за станбениот дел од комплексот...





Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 08-Feb-2020 at 17:54
Денешни (08.02.2020)













Активности кај станбениот дел од комплексот:



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13357
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 08-Feb-2020 at 19:35
IN_MOTION, фала за фоткиве! Заедно со Лимак, дефинитивно двете најголеми градилишта во поновата историја на Скопје. Се надевам дека позитивно ќе го сменат изгледот на градов кој веќе запаѓа во естетски архитектонски очај.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1991
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 09-Feb-2020 at 11:01
Еј браво за фоткиве!
Толку многу арматура на едно место не сум видел, како се снаоѓаат инженерите на градилиштево секоја чест!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 09-Feb-2020 at 13:57
Малку инфо околу капацитет,паркинг места,површини и слично...

--------------------------------------------------------------
Порта кон шопингот во 2020
Трговскиот центар „Ист гејт“ претставува дестинациски центар за новата генерација

Трговскиот центар „Ист гејт“ претставува дестинациски центар за новата генерација, којшто се протега на вкупна изградена површина од 147.000 м2 и нуди вкупна површина за изнајмување од 53.000 м2. Трговскиот центар се протега на правоаголна парцела со две надземни нивоа (приземје+1) и две подземни нивоа за паркирање со капацитет од 2000 паркинг-места.

Трговскиот центар ќе биде препознатлив по досега најголемиот микс од 250 продавници и брендови и се очекува да привлече значителен број малопродажни трговци и брендови што во моментов не се присутни во Македонија, вклучувајќи ги и клучните трговци кои веќе се присутни на соседните пазари.

Поинакво шопинг искуство

Новиот трговски центар „Ист гејт“ не само што ќе им овозможи разновидно шопинг-искуство на купувачите, туку ќе стави особен акцент и на забавата, спортовите и социјалниот живот. Имено, во трговскиот центар ќе има голем фитнес-простор со различни спортски активности, неколку рестoрани и амфитеатар на отворен простор наменет за социјално собирање кое ќе создаде синергија помеѓу трговскиот центар и резиденцијалните згради. Местото ќе има речиси сè што би посакало едно семејство: забава за деца, игралишта и кино.

Трговскиот центар „Ист гејт“ ќе има специфични стилови и брендови, со што и ќе ги спои атрактивните малопродажни аутлет-продавници, ресторани и современиот простор за забава и ќе стане место за средби за сите генерации.

Со својата уникатна архитектура и функционалност, трговскиот центар „Ист гејт“ ќе биде чекор понапред од други слични малопродажни објекти не само во Македонија, туку и во регионот. Неконвенционалниот дизајн на трговскиот центар вклучува стаклен булевар наречен „Булевар Ист гејт“, кој ќе го поврзува трговскиот центар од еден крај до друг. Булеварот Ист гејт ќе промовира брендови од високата мода и ќе претставува најистакната модна улица во трговскиот центар. Исто така, ќе претставува коридор кој ќе води до зелените површини зад трговскиот центар и амфитеатарот на отворен простор, како и до „Ист гејт ливинг“. Другите делови од ентериерот, кои го одземаат здивот, како што се The Egg, Children Court и the Green Court Café, како и The Hanged Forest, прават ова место да биде целодневна дестинација за сите генерации. Делот за храна со повеќе од 800 седишта нуди различни извонредни вкусови и се протега до барот Ring Café кој, пак, поминува преку булеварот „Ист гејт“.

Врвни ресторани со поглед кон зелени површини – ќе бидат помеѓу неколкуте инспиративни места во градот и ќе донесат нови стилови на храна и гурмански деликатеси.

Практичен и примамлив шопинг

Пространите шопинг-патеки дизајнирани со стил и извонреден вкус, со многу светлина и простор обезбедуваат голема удобност за посетителите, кои сакаат да се чувствуваат како да шетаат на отворено.

Како најголем трговски центар во целиот регион, со над 250 меѓународни и локални брендови, трговскиот центар „Ист гејт“ ќе пружи незаборавно искуство во однос на разновидноста и квантитетот. Комбинацијата на закупците внимателно се одбира со цел сите потреби да се спојат на едно место: супермаркет со свежи прехранбени производи, како и електроника, мода, книги, играчки, модни додатоци и услуги.

,,Градежните активности ќе започнат во рана пролет 2019 година и планираме отворањето на трговскиот центар да биде до есента 2020 година. Имајќи ја предвид модерната перспектива и разновидната малопродажна понуда, концентрацијата на клучните брендови, како и 40 % од учеството на новите брендови, трговскиот центар „Ист гејт“ ќе стане број 1 место за шопинг. Планираме да го отвориме трговскиот центар со 100 % издадени локали, а проценетиот број посетители изнесува над 12 милиони во првата година по неговото отворање“ - изјави Игор Давков, главен извршен директор на проектот „Скопје Ист гејт“.

http://eastgate.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 09-Feb-2020 at 14:13
Според мапава треба да се изградат вкупно 15 згради(10 станбени и 5 деловни),но сега најинтензивно се работи на трговскиот.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 09-Feb-2020 at 14:20
Сообраќајното решение(предвидени се 4 влеза и 3 излеза)



Има брошура во врска со проектот на овој линк

https://issuu.com/nextsense7/docs/east_gate_brochure__rgb_
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 09-Feb-2020 at 14:22
Деловен парк „Ист гејт бизнис“ – новата порта кон твојот бизнис

Деловниот парк Ист гејт бизнис се дел од комплексот „Ист гејт“, се простираат на површина од 102.703 м2 со 5 деловни згради на 11 ката

Деловниот парк Ист гејт бизнис се дел од комплексот „Ист гејт“, се простираат на површина од 102.703 м2 со 5 деловни згради на 11 ката. Со вкупна површина за изнајмување од 66.000 м2 и 678 паркинг-места, деловниот парк ќе биде идната „главна бизнис-зона“ во Скопје со најголема концентрација на канцелариски простор.

Дополнително, политичкиот напредок на Македонија и влезот на земјата во НАТО и ЕУ, создава услови за нови инвестиции од силни меѓународни компании и со тоа ќе создаде уште поголема потреба за канцелариски простор.

Овој нов проект на деловни канцеларии од А-класа е решение за ограничените опции во веќе заситеното централно подрачје на Скопје. Деловниот парк Ист гејт бизнис нуди разновиден простор за наем и решенија за компаниите што сакаат да ги консолидираат распрснатите деловни објекти на повеќе локации, како и оние што имаат потреба за посоодветен и помодерен простор.

Кога зборуваме за деловен успех во Ист гејт бизнис, мислиме на трите предности што се најбарани од повеќето компании што се лидери во својата индустрија: видливост, инфраструктурна поврзаност и услови за работа.

Локацијата на „Ист гејт бизнис“ се наоѓа директно на главниот булевар „Александар Македонски“, преку кој е овозможен лесен и брз пристап до сите важни точки за компаниите: 15 минути до центарот на градот, со директен пристап кон обиколницата, како и директен излез кон Аеродромот и автопатот кон другите македонски градови.

Поврзаноста е уште поважна, и за врабoтените, како и за клиентите, затоа што може да стигнат со сите превозни средства до или од за само 15-тина минути од кој било дел во градот. Јавните институции како министерства, судовите и поштата се во непосредна близина.   

Деловниот парк е на првата линија до еден од главните булевари и овозможува одлична видливост на компаниите и на големите анкори (реномирани светски брендови), со оглед на високата фреквенција на минувачи, автомобили, транспортери и туристи.

Стаклените ѕидови и транспарентниот екстериер се дизајнирани со цел да има природна светлина потребна за инспирација и за позитивна енергија за секој бизнис. Ентериерот, пак, претставува отворен простор, кој може да се приспособи на потребите на секоја компанија. Секој кат има модуларни канцеларии, кои нудат одлично решение за потполно функционален канцелариски простор, кој може постојано да се менува.

http://eastgate.mk
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 10-Feb-2020 at 14:02
Комплексот згради дефинитивно ќе бидат многу атрактивно место за живеење на студенти.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 10-Feb-2020 at 15:20
Овој комплекс можеби ќе биде најдоброто нешто што му се случило на Скопје изминативе 2-3 децении.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Online
Posts: 1991
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 10-Feb-2020 at 15:23
Трговскиот ќе успее. Но многу ме интересира што ќе биде со зградите... толку деловен простор, таму...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.