build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 09-Feb-2021 at 18:41
Оваа праска боја јас не ја видов никаде на рендерите. Се надевам дека финишот нема да им биде со абрип и стиропор туку со модерна вентилирачка фасада.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 10-Feb-2021 at 12:02
isto pomisliv
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 10-Feb-2021 at 22:09
Штом се тргнати скелињата не верувам дека наскоро ќе интервенираат нешто дополнително врз фасадата воедно многу е глупаво ако остане во ваква боја,можеби некој друг подизведувач имаат ангажирано па во текот на следните месеци нешто можеби пак ќе прават. Наскоро фокус ќе стават на East Gate Living(станбениот комплекс) кој веројатно пролетва ќе се интензивира веројатно ќе почнат со првите две згради.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 12-Feb-2021 at 16:24
ЗА ПРВ ПАТ ВО ЗЕМЈАВА ДОАЃААТ ZARA HOME и OYSHO - ќе ја имаме најголемата ZARA во регионот

Светскиот моден магнат од Шпанија, Групацијата ИНДИТЕКС ќе закупи деловен простор за сите свои брендови, со што популарната седморка: ZARA, ZARA HOME, ОYSHO, МassimoDutti, Bershka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најдена само едно место во Ист Гејт Мол.

Оваа информација за Фактор ја потврдуваат од Скопје Ист Гејт.

„Групацијата Индитекс постигна договор со Ист Гејт Мол за историски најголемиот закуп на малопродажен деловен простор во Македонија. Договорот предвидува закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за сите седум брендови. За прв пат на пазарот Групацијата Индитекс во Ист Гејт Мол ќе се појави со брендовите ZARA HOME и OYSHO, а брендот ZARA ќе се простира на повеќе од 4.600 м2, со што станува најголемата ZARA во целиот регион“, се вели во информацијата што ја добивме од компанијата.

Оттаму нагласуваат дека со оваа трансакција Ист Гејт Мол стратешки се позицинира како една од клучните малопродажни дестинации во регионот, обезбедувајќи притоа предуслови за стабилни инвестициски параметри на ниво кое вообичаено се бара од инвеститорите кои вложуваат во ваков тип на недвижнини.

„Со ZARA HOME, Ист Гејт Мол станува идна водечка дестинација за додатоци во домот при што купувачите ќе добијат можност да ги следат најновите трендови во ентериерниот декор и да имаат пристап до најновите колекции во ист момент кога ќе се појават на пазарот.

OYSHO e специјализирана модна марка за удобна примарна гардероба за дома, за спортски активности како и квалитетна долна облека. Нивните колекции се создадени за жените и ја следат линијата на мода и елеганција со удобност и квалитет.

Продавниците ќе бидат изградени според најновиот дизајн, автентичен на современиот имиџ на ZARA HOME и OYSHO ширум светот“, потенцираат од компанијата.

Велат и дека форматот на продавниците на Групацијата ИНДИТЕКС во Ист Гејт Мол, налага сите брендови да се презентираат со целото свое продуктно портфолио, обезбедувајќи со тоа широка палета на производи и диверзифитет во понудата пред македонските потрошувачи.

Фактор веќе пишуваше дека оваа есен скопјани, но и граѓаните од цела држава и пошироко, ќе имаат прилика да го посетат најголемиот и убедливо најрепрезентативниот шопинг центар во регионот, Ист Гејт Мол. Објектот интензивно се гради, а од компанијата велат дека активностите, и покрај проблемите и забавувањата кои ги наметна пандемијата, течат според планот, па инвестицијата ќе биде завршена во предвидениот рок.

https://faktor.mk/pokraj-najgolemata-zara-vo-regionot-na-4600-m2---vo-skopje-za-prv-pat-doagjaat-i-zara-home-i-oysho
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 17-Feb-2021 at 14:24










https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/144686340833204
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 19-Feb-2021 at 10:19
LPP” модните брендови ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје

Полската модна компанија и воедно реномиран моден бренд ,,LPP SA” ги отвора своите први продавници во Скопје во Ист Гејт Мол наесен годинава. ,,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.

LPP SA е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка.

LPP SA е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 - кругот на најсилните полски компании, а акциите на LPP SA се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска.

Олга Јосевска, Претставник на ,,LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово изјави: ,,Среќни сме што ги отвораме првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар во која ја нудиме нашата мода. Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови.

Н.Е. Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војциех Тицињски, изјави: ,,Огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.”

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на LPP со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендови во модниот сегмент за жени, мажи и деца. Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата LPP со над 6.500м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар.

https://kanal5.com.mk/-lpp-modnite-brendovi-gi-otvoraat-svoite-prvi-prodavnici-vo-ist-gejt-mol-vo-skopje/a461856
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.