build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје на Кензо Танге

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Aug-2023 at 11:43
што ќе ти каже чат'ЏиПуТи


Kenzo Tange was a Japanese architect who participated in an international planning competition for the reconstruction of Skopje after a devastating earthquake in 196312. His plan was based on the concept of a city wall that would connect the old and new parts of the city34. However, only some parts of his plan were realized, such as the Skopje City Museum and the Macedonia Square54. [1]


АтласО тро поарен

https://www.atlasobscura.com/things-to-do/skopje-macedonia

ДиДиЏи интересна ем збун перспектива

https://duckduckgo.com/?q=kenzo+tange+skopje&iax=images&ia=images

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Aug-2023 at 18:02
веројатно компресор за куполи на надувување

туку сега разбрав дека гпГранит некаде '68/9 имале изготвено концепт-проект за Скопски Трамвај со 6 или 7 траси низ цело Скопје, но заради мањак средства се пролонгирало проектирање и трасирање ... муабетов е од Татко ми кој цел живот го минал таму, та немам двојба дека било така т.е. сигурно имаат идеен проект во архива на Проектантско в Гранит кој бил изготвен од работна група на која веројатно главен инжињер бил Иван Стојковски кој подоцна '98ма предложува идеен проект за трамвајска траса по Кеј (Душан е лапсус во следниот линк) [1] за истиот официјално '02-ра да е одбиен од РистоП, a евентуално ко проект да види бел ден футуристички сред Вардар [2] со оглед постојно запушениот Кеј од мостои, иако ваква идеја би била склет за проточност на Вардар при висок водостој (но тоа евентуално може да се реши со отворање на хиперлуп цевките за проток на вода, доколку се оди со нив приземно во самото корито, или пак да се пробие екстра канал кон евентуален скопски линк за Вардарска Долина) ... чинам негова идеја е и онаа за Зелено Маџир Маало [3]

немам абер само дали КензоТ&ко замислувале Трам Траси и дали некаде тоа е наведено!, или пак гпГранит самоиницијативно понудил свој концепт т.е. идеен проект ...


Edited by beTon - 22-Aug-2023 at 18:08
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 01-Aug-2020 at 00:28
Што е она насаденоно на Собрание
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 01-Aug-2020 at 00:17

26.07.2020Кензо Танге го замислувал Скопје како мост помеѓу хуманоста и иднината: Интервју со Јасминка Намичева, архитект

Фото: Б. Грданоски
Лејла Сабит


На денешен ден, пред 57 години, во 5 часот и 17 минути, земјотрес од 6.1 степен според Рихтер го срамни Скопје со земја. Загинаа 1.070 лица, повеќе од 4.000 беа повредени, околу 200.000 останаа без покрив над главата, 28.000 домови беа оштетени и нешто повеќе од 15.000 станови беа урнати. Први што им пристигнале на помош на скопјани беа војниците и граѓаните од поранешните југословенски републики, а веднаш потоа почнаа да пристигнуваат помош и спасувачки екипи од целиот свет. Според тогашните извештаи, 87 странски нации испратиле најразлична помош за Скопје и помогнале во изградбата на новото Скопје. Од тогаш и Скопје го носи епитетот „град на солидарноста“.
Проектот на врвниот јапонски архитект Кензо Танге (добитник на Прицкеровата награда) за новиот град засекогаш го смени урбаниот пејсаж на Скопје. Тој, заедно со неколку познати архитекти од Јапонија (Исозаки, Курокава) и интернационален тим на урбанисти и архитекти, како и архитекти од Македонија помогна повторно да се изгради Скопје.
Во интервју за „Независен“, Јасминка Намичева, кустос- советник и архитект во Музејот на град Скопје меѓу другото открива како е реализирана идејата за изгледот на постземјотресно Скопје и колку од проектот на Танге е реализирано досега.
Како Кензо го замислувал Скопје?

Проектот на Танге бил базиран на прелиминарниот Мастер план и студиите преземени од Град Скопје во соработка од Обединетите нации, при тоа манифестирајќи систем со кој механизмот на современото општество би можел да биде трансформиран во просторна структура. Овој структурен систем би продолжил да креира мост помеѓу постојаната прогресивна цивилизација и константниот (БРЕ) фактор на хуманост.
Колку од неговиот проект е реализирано досега?
За да одговориме на ова прашање е неопходно да го знаеме процесот на разработките на планот. Имено, на 29 септември 1965 година во Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје, председателот на Градското собрание на Скопје, Благој Попов, го примил изготвениот Основен урбанистички план на Скопје, на чија разработка учествувале преку 150 стручни лица од Полска, Грција и Југославија. Експертите од „Полсервис“ од Полска го работеле Регионалниот и Генералниот план. Соработниците од „Докисјадис“ од Атина учествувале во разработката на становањето, транспортот и инфраструктурата. Соработниците од Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје учествувале во подготовката и на обете работи.

На 10 октомври 1965 година, на Градскиот саем била отворена изложбата „Скопје во иднината“ на која бил прикажан Основниот генерален урбанистички план, како и конкурсните решенија за централната површина на градот, помеѓу кои е и проектот на Кензо Танге, добил 60% од добитната награда, која ја делел со хрватскиот тим на урбанистите Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер. За да ни стане јасен амбиентот во кој биле реализирани идеите од планот на Танге, значајна е изјавата на председателот на Градското собрание на Скопје, Благој Попов. „Генералниот урбанистички план – визија за утрешното Скопје – го доби својот епилог. Работен во извонредна кооперација со Обединетите нации и многу организации, планот претставува еден од најзначајните потфати на меѓународната солидарност, изразена во совладувањето на последиците од стихијата од 26 јули 1963 год. Содржината на овој многу значаен акт е во комплексната студија и решението, кое овозможува иднината на Скопје да се заснова на современи научни и технички сознанија од урбанизмот, но и други области“, рече Попов.

Планот во текот на процесот на разработка доживеал девет верзии, до моментот на реализација на првата етапа до 1971 година, во кои биле трансформирани поголемиот дел од идеите, особено во деталите за централното градско подрачје од Кензо Танге. Овој план бил предвиден за реализација до 1981 година, кога најголемиот дел од објектите биле започнати или завршени.

Идејата на Танге за спроведувањето на структурната реорганизација на градот била преку елементите наречени „Градски зид и Градска порта“. Таа идеја била разработувана по 1965 година во форма на детален елаборат на реконструкциската шема од тимот на соработници кој го составил Танге, а во кој биле вклучени архитектите Садао Ватанабе, Арата Изосаки и Јошио Танигучи, како и експертите за земјотресно инженерство Тошихидо Хисада и Кивоши Мито, но во соработка со второнаградениот загрепски тим и архитекти од Заводот за урбанизам на Скопје.

Во Градската порта било планирано вкрстување на сите постојни сообраќајни системи, односно циркулацијата на автомобилите, автобусите, пешаците како и железницата -чија изградба била впрочем и започната но никогаш не била целосно завшена во замислената форма. Портата е јазол кој ги опфака комуникациските функции но и деловните операции, при што современиот брз меѓуградски сообракај се трансформира во локален сообраќај додатно разложен во вертикала со пешачки зони и простори за паркирање за да се ослободи централното јадро од непотребен автомобилски сообракај. Така, од градската порта била создадена нова оска на градот од исток кон запад долж текот на реката Вардар.

Вториот структурен елемент во планот на Танге – Градскиот зид, составен од станбена зона со висококатници поврзани со хоризонтални станбени блокови, со ослободени партерни зони и непречени пешачки траси. За жал оригиналната идеја на Танге и за станбените блокови била видоизменета, но генералната урбана структура била испочитувана.
Дали имате сознанија дали Танге го посетил обновеното Скопје?
Бил во посета на Скопје во мај 1965 година при презентацијата на проектот.
Зошто токму Танге е меѓу архитектите кој добил покана да учествува на конкурсот за обнова на Скопје? Кој одлучувал за тоа?
Во 1964/65 година Обединетите нации застануваат зад обновата на Скопје, со одлуката да биде распишан конкурс на повик, за реконструкција на градот кој претрпе околу 70 отсто оштетувања на архитектонскиот фонд, особено во централното градско јадро. На конкурсот биле повикани да учествуваат осум стручни тимови, кои во тој момент на светската урбанистичка сцена претставувале најреномирани проектантски студија од кои четири странски архитектонски фирми: од Холандија Ван дер Брок и Бакема; од Италија Луиџи Пицинато; од САД Морис Ротивал; и од Јапонија Кензо Танге. Танге веќе го реализирал урбанистичкиот план за Токио. Од југословенските проектантстки бироа биле повикани: Славко Брезовски од Скопје; Александар Ѓорѓевиќ од Белград; Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер од Загреб и Едуард Равникар од Љубљана. Претставници од Обединетите нации биле оценувачкото жири предводено од Директорот на проектот на ОН, Адолф Циборовски (урбанист кој учествувал во обновата на разрушена Варшава во Втората светска војна) од Полска; Љубе Пота, директор на Заводот за урбанизам на град Скопје и Ристо Галиќ, директор на Институтот за планирање и архитектура. Во мај 1965 година било прогласено дека добитната награда ја делат со 60 проценти проектот на Кензо Танге и со 40 проценти проектот на Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер.
Оригиналната макета за изгледот на постземјотресно Скопје на Кензо Танге се чува во депото на Музејот на град Скопје. Има уште една макета за изградбата на Скопје по земјотресот во 1963 година, која за среќа не беше уништена во пожарот во кој до темел изгореа бараките на поранешниот Институт за урбанизам на град Скопје и се наоѓа во рацете на главниот акционер на објектите на Институтот за урбанизам, Менди Ќира. Која е разликата меѓу тие две макети?
Макетата која се наоѓа во Музеј на град Скопје е онаа со која тимот ја презентирал својата работа на конкурсот – значи претставено е идејното решение за Централното градско јадро, додека макетата која се наоѓаше во Институтот за урбанизам на град Скопје, е презентација на дел од планот околу Транспортниот центар и оската исток-запад.
Во каква состојба е сега макетата на Музејот на град Скопје?
Во 2008 година кога во Музеј на град Скопје за прв пат беше формирано одделение за Историја на урбанизам, архитектура и дизајн, започна акција за прибирање на предмети и веднаш беа преземени активности за санација на збирката со макети од нашиот искусен конзерватор Никола Кекеновски, при што макетата од студиото на Кензо Танге, како и и макетата од хрватскиот тим Мишчевиќ-Венцлер, беа конзервирани и заштитена во соодветна амбалажа за складирање, која пак е сместена во транспортни контејнери, по што тие беа подготвени за изложбена презентација, како во земјата така и во странство. Макетите по секој поголем транспорт подлежат на ревизија од музејските конзерватори и евентуални ситни санации заради фрагилноста на материјалот од кој се изработени, но засега се во добра кондиција за изложување.
Дали досега беше изложувана за јавноста или се чува во депоата?
Досега беше многупати прикажувана на значајни изложби. Ќе почнам од последната презентација во јуни 2019 година: „Скопје – Град, архитектура и уметност на солидарноста“ во Културниот центар во Краков, Полска; во 2018 во Музејот за модерна уметност – МОМА, Њујорк, САД; 2014 во GTA-Insitut fur Geschichte und Theorie der Architectur, Цирих, Швајцарија; 2013 – „Два града, две реки“ – Музеј на град Осиек, Хрватска/Музеј на град Скопје; 2012 – „Метаболизам – Градот на иднината“ во Mori Art Museum, Токио, Јапонија; 2012-„Незавршени модернизации: Помеѓу утопија и прагматизам“ – Модерна галерија, Марибор, Словенија; 2010 – Арт Биенале, Тренто, Италија.

Бидејќи во Музеј на град Скопје, сѐ уште не постои постојана музејска поставка која го презентира урбаниот развој на градот, соодветните музејски предмети од нашите збирки за жал сѐ уште се чуваат во депоатаp, но секако кога за презентирање во контекст на времени изложби постојат услови, ние секогаш сме ја презентирале на јавноста не само макетата од студиото на Кензо Танге, туку и онаа која е од истиот конкурс, но дело на хрватскиот тим урбанисти Мишчевиќ-Венцлер, како и други експонати од истиот период.

Лани, макетата беше дел од изложбата на МСУ „Скопје – Град, архитектура и уметност на солидарноста“ во Краков, Полска. За прв пат полската колекција на МСУ беше изложена во земјата донатор, а беше изложена и во Музејот на модерна уметност во Њујорк-МОМА.
Дали тоа значи дека за темата Изградба и солидарност со Скопје, многу внимание се посветува во светот и има интерес?
Во последните години особен интерес светската архитектонска јавност појавува за архитектонските зданија создавани во периодот на СФРЈ, особено за оние кои биле создавани со белегот на бруталистичката архитектура. Скопје, токму како резултат на постземјотресната изградба и идејата за обнова во современ урбан центар, ја имал таа среќа повеќето новопланирани јавни и колективни станбени објекти да бидат проектирани од домашни архитекти кои ја застапувале оваа архитектонска стилска идеја. За тоа сведочат и неколкуте изложби во важни светски културни центри кои беа реализирани во изминатите години. Особен интерес покрај архитектурата, побудува и феноменот на извонредната солидарност која целиот свет ја демонстрираше по земјотресот во 1963 кон граѓаните на Скопје, што резултирало со брзо опоравување од катастрофата, но и со трасирање на патот за создавање на град со современи урбани и архитектонски концепции.
Во 2012 по повод 50 годишнината од скопскиот земјотрес и 100 години од раѓањето на Кензо Танге, неговиот син Пол Норитака Танге претстојуваше во Скопје. Дали вие се сретнавте со него ?
Не се сретнав.
Се има впечаток дека архитектите – македонски, југословенски и светски – заслужни за воскреснувањето на Скопје по земјотресот полека тонат во заборав. Да споменеме само неколку, заедно со нивните дела: ГеоргиK Градскиот архив '66, сту.дом ГоцеД '69, ХМРИ '72, ИЗИИС '78; ЈанкоК дсу НиколаКарев '69, Мед.Це. '73, Пошта '74 и во '79-'80; ЖивкоП, ЖивкоГ, ЛидијаМ и ТихомирА – ГТЦ '73; Марко Мушич УКИМ Св. Кирил и Методиј“ '74; РадомирЛ и ОлгаП – НБМ '74; БорисЧ МАНУ '75; МСУ е подарок од полската влада '70 проект на ВацлавКлишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки. Зошто е креиран таков амбиент?
Не би рекла дека тонат во заборав, особено последниве години кога не само домашната архитектонска јавност туку и светската е со зголемен интерес за бруталистичката архитектура во СФРЈ, особено во Скопје и Македонија од периодот на седумдесетите и осумдесетите години на 20. век.

Сепак, недоволна е, и недостасува поинтензивна институционална подршка за финансирање на истражувања генерално на целокупното архитектонско наследство на град Скопје, од сите културни слоеви на градот, и секако печатење на монографски изданија кои ќе ги пласираат овие културни вредности. Oсобено внимание сметам дека е неопходно да се обрне на архитектите кои учествувале во изградбата на градот и кои сѐ уште можат да ни дадат мноштво релевантни податоци за развојот на архитектонската мисла и кои бездруго би требало да ги вреднуваме како живо културно наследство.
Вие сте и архитект. На што личи денес Скопје?
Скопје е денес град во кој е ампутиран најголемиот дел од неговата архитектонска физиономија градена со столетија. Град кој, за жал, приличи на детските боенки каде еден нацртал глава од слон, а другиот додал тело од зебра. Сликата за градот стана уште поискривоколчена со атакот од стиропорните новокомпонирани згради од „Скопје 2014“, со што на градот, кому историската судбина не му дозволила да го одминат природните катастрофи, земјотреси, поплави, пожари и воени разурнувања, му беше додадена и судбината да биде најисмеван град од светската архитектонска заедница. Град во кој, за жал, постои недоволно чувство и политика за зачувување, обновување и заштита на вистинското архитектонското наследство, независно дали станува збор за оние објекти создадени по 1963 година по стандардите на модерната архитектонска мисла или пак за оние кои биле подигнати пред стотина години, а кои всушност еднакво се важни во исцртувањето на одната линија на развојот на градот. Сведоци сме на тивко разјадување на ионака малиот број преостанати објекти кои можеа да ја раскажуваат богатата градежна традиција на градот и деградирање на старата скопска чаршија до степен на непрепознатливост. Секаде во светот експертите за архитектонско наследство се трудат да ги истражат и реконструираат историските објекти до степен на примена на автентични материјали и градежни техники, додека кај нас несериозниот приод е пресликан во денешниот несоодветен изглед на Старата чаршија. Најсвеж е примерот со објектот на Старата железничка станица, во кој од 1972 година е сместен Музејот на град Скопје, за која сме сведоци дека во последните десетина години најгрубо се девастираше околниот простор како составен дел од перонскиот сегмент на објектот, а сега со изградбата на новите објекти околу станицата ќе биде вклештена помеѓу неонските реклами на грандиозниот објект кој ја проголтува, со што сосема ќе биде нарушено нејзиното значење како лендмарк и меморија за катастрофата за која еве по 57 години се обидуваме да евоцираме спомени.

https://nezavisen.mk/kenzo-tange-go-zamisluval-skopje-kako-most-pomegju-humanosta-i-idninata-intervju-so-jasminka-namicheva-vish-kustos-vo-muzej-na-grad-skopje/


испуштен е дирегенто то Битолскио Хрват

~

Макетата од Плано на Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер од Загреб и Едуард Равникар од Љубљана




Макетата од Плно на Јапонците





Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 11-Jul-2020 at 03:20

фоткиве се повеќе за во нишка налик Скопје Не На Танге, но во недостаток на таква нека одат тука, најмалку што очекувал е дека дури и она што е изведено дека ќе прокиснува, иако мора да се признае ваквата центарска надреалност може да се искористи оштроумно туристички налик Тотал Брутал Урбани Водопади на кои мислам ретко дека би им парирале по балканите други ... ја немам фатено то лебедечката шахта од другата страна, сигурно таму тера и вортекс-водена-завеса при поројни дождои, но дефакто ако сме паметни ваквите гачки би ги спинувале во туристичка полза, можеби ставајќи клупи под вакви надреални градски клучалки за ресетирање комформизам елитизам финоќа, конечно уникатни визури подобни и за филмски ноир сцени, во кој случај единствено фали тро мов по трупо ...





којзнае може паметно е одвреме навреме да се спинуе еден и од Зеленио Кров на ГТЦ

Originally posted by Zelenikovo


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 17-May-2020 at 10:10
Originally posted by Zelenikovo

дали Кензо бил на некаква терапија додека бил тука можеби Лозова

Нешто појако ќе да е.

Originally posted by Zelenikovo

да фатат некаков правец да сега смиксаните брутални и неокласични градски патини да ги пеглаат Пејсажно, комотно ставајќи така повтрно акцент на брутализмот кој за да отскокнува може да оди со минимал зелени интервенции, отпојќе мов-осан

Ова е супер

Originally posted by Zelenikovo

у вториот случај логично фанкериум кој влијаел и на "самоуправнта" имплементација при што сите чекале на чакало од својот папа, и папале што папале, битно брутализмот не биднал папак туку папок од кој се родило едно ново Скотје ко модерна урбана џунгла во која новопридојдените се радувале што може да се пентарат во висококатници освен на планина, истражувајќи го бетонот ако не друго ко Поштари Милицајци и Остали Службеници, а локалцитците пак сигурно си рекле ау кобечно ќе ни биде погледо од високо бар за миг од кај некој Роднина Пријател Колега пи новопечените бетонски блокои фи перото на јапонеци и книгата на југословени

А за ова треба поопсежна анализа, и тоа на повеќе полиња.
______________________________________________________________
Штета што не бил изграден свемирскиот брод на Константинов Барем МЕПСО да се надгради во бруталистичкава одличност.

извор


извор

Edited by Staro Skopje - 17-May-2020 at 10:19
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 17-May-2020 at 07:44
That's a lot of text to process.
ಠ_ಠ
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 17-May-2020 at 05:55

architecture must have something that appeals to the human heart
ќе речам Шекерезада Рулз во нашта колективна потсвест!
со неокласиката брутализмот бидна од бетон-киборг трансформер-шампаста!
сигурно може да се жонглираат и други аналогии,
но апансас вака излегвит!
запрашај се!?
дали кој живее заради киборг киборг стануе
дали трансфоримиран киборг моит да пируети да праи
дали Кензо бил на некаква терапија додека бил тука можеби Лозова

~

туку и понешто за пост #471 нишка СкоПоЗем


батето ја утнал институција [1] она каде да пржи исклучивост [2] иако во право е кога вели ниту бруталистички музеј можеме да исполираме, а не пак средновековна или античка уникатна поставка од архи-визури, тоа Крушево ни ојде пополека во пластика, уште Скупи да ојди во ламарина, но еве брутализам е прв на очигледен системски удар, само незнам зошто пак и пак фокусот на елитите им е во бркање кривец меѓусобно наместо да фатат некаков правец да сега смиксаните брутални и неокласични градски патини да ги пеглаат Пејсажно, комотно ставајќи така повтрно акцент на брутализмот кој за да отскокнува може да оди со минимал зелени интервенции, отпојќе мов-осани [3] додека то новата еклектика да ја извозат фрактално озеленото за доволно лесно да се сторат конекции [3] меѓу овие неврзани урбани муабети ... Просто Мора веќе еднаш ваквиот вакум да се затвори за што помалку академско депре онанирање да има подома и понадвор, а како фокусот би одел потака, наместо трајно да сме заробени во ваквата фатаморгана од фрустрации, претежно на вона-би архи-елити кои еве сега веројатно ѓалат што навидум нивните не ја опраиле работата иако ветувале хилта-стаил рефурбишмент оф затскриен брутализам, хм, и дамбетер оние претходни со Ск’14 само го подзатнаа или замаскираа брутализам, додека овие го здрмаа у глава [4][4] само уште не сум разбрал каква етикета му имаат лупанато на нивнио касапана урбанлук!? КензоТ да беше жив ќе си стореше харикири, и тоа двапати!

интересно во однос 1965-та и старто на тотал-брутал обновата на Скопје треба да се знае и на која музика се возеле меѓународните, кога хит бр. 1 бил Вули Були [1] скопјани сигурно се возеле на ПГБНБ [1] или нешто дооригинално годината [1] у вториот случај логично фанкериум кој влијаел и на "самоуправнта" имплементација при што сите чекале на чакало од својот папа, и папале што папале, битно брутализмот не биднал папак туку папок од кој се родило едно ново Скотје ко модерна урбана џунгла во која новопридојдените се радувале што може да се пентарат во висококатници освен на планина, истражувајќи го бетонот ако не друго ко Поштари Милицајци и Остали Службеници, а локалцитците пак сигурно си рекле ау кобечно ќе ни биде погледо од високо бар за миг од кај некој Роднина Пријател Колега пи новопечените бетонски блокои фи перото на јапонеци и книгата на југословени, сигурно ако некаде се осеќале асли југословенски тоа биле скопските грАЃАни, агатувале тие во новите статични спејсшипои од архи-денес-метузалеми, мислам кога ќе се види по запад колку и како се одржуваат во живот сличните бруталистички пандани посекако ова кај нас се раритени архи-експонати кои сеуште го красат скопското урбано јадро само тро накинџурени денес со разни црева тенди кабли по фасади или импровизирани настрешници по кровои ...

клучен хоризонт во сето ова е што иако системски учипено-отупен си бил Народ имал каде како и зошто да развива креативно-фантастична-надеж за подоброто Утре кое го чекале низ рати селејќи се од населба во населба во се’ поубав и поубав стан натака за време и пост земјотресната обнова, но ксметот кој го немаа мнозина во транзицијата пост екс-ју фијаското кога истата таа креативност наместо да ја збрчат сега назад во природната џунгла кајнас Планињето мнозина не само што тука дозаглавија туку главењето и го надградија, прво со транзициски индивидушализам и реформација '90-ти, а потоа и со еклектички институционализам и ренесанса во ’00-ти, токму релевантно прашање е сеуште кој од овие два е поголема урбанистичка непогода и колку архитектноска амортизација помеѓу минатото и утрешнината во сегашноста, да речеме мискале ли миксале од секогаш а ќе миксаат и понатака локалните Аги кому како му сече му се може или сака СЕ’ додека системо не се отвори подобно за да Народ им подземе сатарстанскио табиет под свое та тој да проба здружено да стори амортизација на сета Скопска Урбанизација, што логично не би го чинел виа скапи зелени проекти ко оние на ПетреШ денеска туку логично би изнедрил посуптилна Зелена саморегулација [1] фокусирана на модуларност заради кинетичко-зелен-перформанс [1] а евентуално Градо тоа да го дозаокружи уникатно урбано-автопатски [1] па и минималистички терал онака антииндијанско-пешачки средишно-булеварски [1] со акватични жардињери [1] така со вишоко парите во градската каса би финансирал т.е. подржувал дршка од лопата за лостање кон Урбана Анимација за Младо и Старо низ Хајтек Разгласи заради ПСВ (Постојано Самообновливо Веселење) по сите Скопски Плоштади каде јубилејно би веселе Народ разни локални Оркестри Кудои Бендои ТТрупи Куклари и Кукли така наместо еднаш во годината да му носат градските очуи по некој балканец ако не скапо платен локалец, просто постојано целогодишно да имаат причина зошто да скубнат од 4-ри ѕида особено денес знаејќи дека во затворен простор коронирано без редовно шизење надвор циркулација липсуе, но тоа ет муабет за на друго место [2][2][3] заклучок во и за овој пасус би било Овој Град и без да сака има Кративни Жители постари понови сите фино завозени на локалните неолитски антички средновековни и нововековни изблици на енергија која да не се удбалитичарските филмои сигурно ќе бликаат и од Врв Планина а не само низ најконектираниот урбан автопат од цевасти конекции [4] на кои им фали посекако инспекција за да не се случи да се запуши сообраќај а за што најнеопходно е што регуларно проширување на ресајкл терминалот [4]


Edited by Zelenikovo - 17-May-2020 at 05:58
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 12-Feb-2019 at 23:14
Улица Македонија


Лењир Шестар Рапитограф



Чаршија Кале Битпазар







Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 12-Feb-2019 at 22:08
1965






Edited by Zelenikovo - 17-May-2020 at 06:19
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-Dec-2018 at 23:23

Скопје на Танге виа Скопја на Доксијадис до Скопол на Циборовски добреј не дотерале до Скополамин, или!? смог ве поздравует метаболистички! каков тангентален шпиц од урбани визианерос биле ко архи-студија од Јапонија Полска и Грција тоа ниту на Импума денес локално не и е јасно или

10 day ago најава за доксијадиските мемоари, ајт да видиме реакција од посетители може ќе научиме уште нешто за трио бруталистико како се надополнувале в Скопкско Поле по земјотресот, Танге праел рецептот, Циборовски зарзаватот, а Доксијадис ни ја сварил манџата!?

https://www.archaeology.wiki/blog/2018/12/17/the-future-as-a-project-doxiadis-in-skopje/

https://www.benaki.gr/index.php?option=com_events&view=event&id=5842&Itemid=559&lang=en
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Oct-2018 at 12:58

морам да признаам кога ќе налетам на вакви клишеа ко цитираново подоле, ми доаѓа искрено да се изрдувам да од спунт сме им дошле ко мелем на рана и ние на 'локално-меѓународните' за нивни аршини односно ко федерализирани на ју-елитите за индиректна воена помош од запад [1] а преку нив и на сета мака како глобалнен еугеничарски експеримент за денационалзирање доколку е веќе јасно дека такви урбани параметри имале посреди мастер'планот [2] кој доколку имале намера и да гомреализираат и ќе го реализирале, но очигледно тоа било само обид кој претходно само во Јапонија го беа другде спровеле а своевремено оон-ци и циам-ци ко ујдисани глобалистички си го зацртале за во европа токму тука и тоа преку наш грб ако не и џеб доколку на работната сила и какомистта е искоритувана јасно е дека ко човечкимресурси ме биле впрегнати за реализирање благоречено да неречам амалисување посреди бруталистички идеализам но низ недоносена реализација многу'веројатно заради ју-фобијата да некакоми така индиректно не кренат чалам македонците доколку навистина добијат дури и сред федерлизам како споредни оон-експеримент каков немало никаде дотогаш во северно-западната хемисфера, што единствено потем после Јапонија биднало случај со Бразил ... од друга страна пак доколку на ООН се гледа само реформирана Лига на Нации без никаква глобалистичка агенда која светска наднационална организација не била ничија продолжена рака ниту геополитички а не пак иделистички, во тој случај може да се каже дека Танге како внук на Курбизје од спунт, онака носталгично се потурдил да ги возобнови чисто архи-идеалите на циам-ци кои токму 5 год пред копскиот земјотрес се спречкале и ја спукале како модернисти,
та ето чоекот да си истерал своја инерција, но која сепак му ја аминуваат и форсираат новите архи-тајфи при оон [2-p.439] [2-endParagraph] во кој пак случај д'феилед'експеримент'Ск'64 иако смешно бидејќи по таа логика би требало да се гледа ко личен зицер на носталгична архи тангента на Кензо за утописки мастер план за Скопје кој ко таков изнедрил во однос сите околности од гео'политички преку ју'федералистички па се до надежно'македонски скотскимрезултат од чија неспретност да се аклиматизира на фракталноста на урбаниот живот н им подолгорочно заглаено на многу урбанистички ниво и то на подолго бидејќи чим се донесе и спроведе недоносено каков и дае план та макар тоа било прошетка во природа јасно е дека таквата инерција во недоглед може да генерира (т.е. веќе урбано тука генерира карамбол од потпросечност како инфраструктурно така и урбано) склет доколку пр. ви излезе напат мршојадец или мечка та и културно да ве закачи да натака просто живот ви тера искилавено што можеби за големи држави односно републики било национални или граѓански не е голем кабает бидејќи сразмерно Скопје е колку едно ниво предградие од средн по големина град, но во нашиот случај е закржлавениот мотор ако не локомотива на македонската економија
За градот Скопје, ова ветувало едно цело ново поглавје одбележано со експериментална инфраструктурна обнова за која целиот свет сакал да помогне. Иако Југославија не била дел ниту од НАТО, ниту дел од Источниот Блок, светот ја покажал својата хумана страна, и на чело со ООН, реконструкцијата на Скопје можела да почне
...
http://mkrevolucija.com:80/index.php/revolucija-magazin/item/4898-skopje-na-kenzo-tange-skopje-2014
не е место на формов за следниов абер, но кратко ќе го поднафрлам од спунт за да се разбере претпоставката од првата фуснота предочена во овој пост најнапред, дефакто екс-ју по оладувањето со политбирото [1] инстант врти кон запад [">2][3] но за да не биде повод за потибировско пофиокчување морало да одглуми неутралност што пак и н исто и на запад им дошло добро ко своевидна тампон зона
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Oct-2018 at 20:20

еве убав агол што требало да има во срцето на Маџар Маало [1] фотката е извадена од Ск'64-меѓународно-архи-пинг-понг-топче (слободен превод)
[2] еве ги останатите фотки од статијата [3] која всушност докторска дисертација на ИнесТ [4] туку навистина интригира каква идеја имале да биде ова маџармалскиот сквер како спојка на замислената Градска Порта, можеби ресторан за деловни чоеци да би ошле на ручек со поглед на Вардар, но не ми е познато Градската Порта што требало да биде, дали деловен или административен комплекс? од спунт налетав и на семинарскава од итаљанска архитектка от Македонија можеби нејзина колешка чим некако резултатот излезе во прилог овие фотки [5]



би било убаво некој да ги извади фоткиве во поголема резолуција да видиме што точно имале предвид за центарот ...


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 12-Aug-2018 at 14:00


навистина дури и кога некој не е природно надарен за некоја работа, иако јака волја и ето га Танге пр. ете не бил склон кон математика веројатно уметност но упорноста му се исплатела, интересно е да заради таа упорност токму нему локално му даваат поствоено да го срочи планот за обнова на Хирошима, ко што интернационално нели на конкурс му го оставаат оној за постземјотресно Скопје, веројатно каузална случајност некој ќе рече, јас би рекол ништо нема случајно кога станува збор за CIAM-ци, со оглед дека Танге од спунт му бил ученик на Курбизје [1][2] нејсе Скопје или Хришима некој морал да одработи ретроактивно во радиоактивни околности, мислам ако не Танге тогаш некој друг сигурно, прашање е каде и колку се тука посреди навистина циам-ци бидејќи е јасно дека се инцирани уште од сам зачеток преку оон-ци како вонаби реформа кон иден постмодерен метрополис [3] иако за мнозина ќе биде прекоспиративно да се дума дека Скопје ко и Хирошима бил експериментално глувче во нечии агенди [4][5][6] се прашувам зошто конструктивизмот на метаболичарите не бил зафуран пример меѓу германците, изгледа оти Курбизје бил французин или пак германците биле многу математички писмени та било потешко да ги фокусираат на една задача не ми замерајте на досеткиве конечно дебата без исцрпна анализа не води никаде освен до елитистички комформизам, особено ако се кастрат основани кајзер созе сомнежи, еден и овој ко оној за Ајнштајн и тоа дека Милева му ги потпишувала равенките на терориите [7] но токму се додека некоја радиомилева не ги исвирка ваквите претпоставки истите ќе си останат шпекулации ...

https://www.thevintagenews.com/2017/01/16/kenzo-tange-one-of-the-most-influential-architects-of-the-20-th-century-had-very-poor-results-in-math-and-physics/
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 31-Jul-2016 at 02:40
Хартија трпи се.
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Jul-2016 at 23:19
Фала на Бога што оваа лудница не е реализирана,иако има сериозни штети.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Jul-2016 at 14:28
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 11-Mar-2015 at 21:48

ако ништо друго, концептите може да се склопат и во Скеч ап, со мапа на Гугл, и да се направи една 3Д прошетка низ концептите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 11-Mar-2015 at 21:00

ја и стари пријатели имам таму, но бадијала бидејки за таква визуелизација, со оглед дека е цел град во прашање, ќе треба и филмски буџет, ко за наши услови едно 500к минимум за да се направи монументално, иако може да се пројде и со колажиран видеоарт за 10 или 20к доколку се пушти јавен оглас

во каква и да е варијанта ова му треба на Скопје бар ко видеоарт о сите фотки што ги имаме ове во нишкава, и не зараи Скопје или Кензо туку заради архитектурата воопшто, во најмала рака нека склепаат и за Скопје една мапирана проекција од макетата [1]
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 07-Mar-2015 at 15:33
Имам јас познаник во приватната фирма што го правеше видеото за ск2014(кичевчанец е детето),најдете пари и ќе се направи визуелизација и за ск64
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.793 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.