build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 20>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 03-Feb-2011 at 00:18

УЛИЦИ И ПАТИШТА И ГОДИНАВА ЌЕ ГИ ОДРЖУВААТ РЕЧНИТЕ КОРИТА


Рачно чистење на 64.000 квадрати од Вардар и Лепенец


Според проценките на јавното претпријатие "Улици и патишта" освен рачно чистење ќе се врши и машинско буткање на песок и мил за пополнување на дупки и пополнување на нивелетата околу 30 илјади квадрати, а на пет илади квадрати ќе се изврши машинско чистење на нивелетата


Одржувањето на коритата на реките Вардар и Лепенец како и отворените канали на подрачјето на Град Скопје и годинава му е доверено на ЈП Улици и патишта". Од јавното претпријатие информираат дека сите активности ќе се реализираат етапно и според Програмата за работа која ја усвои Советот на Град Скопје, со која се дефинираат обемот и динамиката на на потребните активности за одржување на коритото на Вардар во урбаниот дел на Скопје во должина од 11.000 метри од мост Сарај до мост Близнак во Аеродром.

Одржувањето на коритото на левиот и десниот брег на реката Вардар ќе се одвива во три фази и тоа во првата фаза - рачно чистење на косините на коритото, кое опфаќа сечење и отстранување на грмушките, трева, корења, трња и друга вегетација како и собирање на пластична амбалажа. Втора фаза подразбира машинско чистење, утовар и транспорт на ѓубрето од речното корито и под како и наталожениот мил по косините и нивелетата на коритото на реката Вардар. За таа цел ќе се постават привремени рампи од чакал за да се овозможи влез на потребната механизација во коритото на реката. Извадениот нанос, мил и друг материјал, ќе се товари на камиони и ќе се транспортира до депонија. Во третата фаза ќе се врши машинско туркање на песочните наноси и милот, како и пополнување на дупките и нерамнините коритото.

И чистењето на Лепенец ќе се врши на ист начин. Според проценките на Улици и патишта", рачно чистење ќе се изврши на површина од околу 64 илјади квадрати, со машинско буткање на песок и мил за пополнување дупки и пополнување на нивелетата околу 30 илјади квадрати, а на пет илјади квадрати ќе се изврши машинско чистење на нивелетата. Екипите ќе работат со машини за косење, булдожери, багери, камиони.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D37F1B8433222D48B301A695FAB5DECC
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 22-Apr-2011 at 09:51
Не ми е јасно зашто се чисти до мостот Близнаци а не до крајот на Ново Лисиче каде што и оваа велосипедска патека стана рекреативна.

Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 27-Jun-2011 at 17:03
ВО НАСЕЛБАТА НОВО ЛИСИЧЕ
Дупките покрај Вардар закана за пешаците

Елена Вељановска


Шетањето покрај кејот на Вардар во делот на Ново Лисиче, каде што во моментот се прават подготовки за изградба на нова зграда на Фудбалската федерација на Македонија и спортски терени, станува повеќе од опасно. Веднаш до пешачката патека има ископано длабоки дупки, некои и по десетина метри, кои претставуваат реална опасност за безбедноста на стотиците пешаци што во летните горештини шетаат покрај реката. За состојбата да биде уште подраматична, безбедносните тараби веќе одреден период се тргнати, а поради близината на речното корито, ископаните дупки се полнат со подземна вода. Поради лошата безбедност, граѓаните од овој дел на општината Аеродром избегнуваат прошетките да ги прават на пешачката патека, каде што бездни од десетина метри им се закануваат на секој чекор. Според жителите на оваа скопска општина, најзагрозени во случајот се децата затоа што тие постојано трчаат и доколку се лизнат и паднат, може да добијат сериозни повреди. - Страшно е да се поминува таму, особено навечер кога е малку осветлено. Од пешачката патека директно гледаш во огромни дупки. Многу е стрмно и опасно ако некој не внимава - сведочи Кристина Петров, жителка на Ново Лисиче. Поради стравот да не паднат во ископаните дупки, граѓани, наместо да пешачат на патеката направена токму за таа намена, се движат по втората патека, која е направена за возење ролери и велосипеди. Од Општина Аеродром, на чијашто територија се гради зградата на Фудбалската федерација на Македонија, велат дека нивните инспектори веќе се излезени на терен и ја проверуваат состојбата. - Веднаш откако бевме запознаени со загрозената безбедност низ пешачката патека на кејот на Вардар поради непостоењето заштитни огради на просторот за работа, општински инспектори излегоа на терен и откако ќе направат увид на самото место, ќе бидат преземени соодветни активности за санирање на таквата состојба - најавуваат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Инаку, на просторот низ реката Вардар во општина Аеродром е најавена изградба на новата административна зграда на Фудбалската федерација на Македонија, која ќе се протега на површина од 4.000 квадратни метри и ќе биде направена и опремена по сите светски стандарди.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2345&ArticleID=162971
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 17-Feb-2015 at 09:21
Градот Скопје се подготвува за реконструкција на Кејот на Вардар

Уништениот скопски Кеј на реката Вардар наскоро ќе се реконструира. Девастираното шеталиште ќе добие нов лик, со што ќе се реши и проблемот со континуираното паркирање возила на овој дел од централното градско подрачје. Градот Скопје објави оглас за избор на проектантско биро што ќе го изготви основниот проект за реконструкција на партерното уредување на кејот, на потегот од Камениот мост до хотелот Холидеј Ин.



За изработка на неопходната документација е предвидено да се издвојат 1.525.424 денари, без вклучен ДДВ. Понудите од субјектите заинтересирани за учество на огласот треба да се достават најдоцна до 9 март. Градот Скопје планира да ја почне реконструкцијата на Кејот на Вардар откога ќе завршат градежните активности, кои во моментов се одвиваат во овој дел од центарот на градот. Засега е непозната висината на финансиските средства што е предвидено да се потрошат за уредување на омиленото шеталиште на граѓаните. „Билд“ уште во октомври минатата година пишуваше за хаотичната состојба во која се наоѓа скопскиот Кеј.

Текст, фото: Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=43109
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 13-May-2015 at 02:02
Се кројат планови за уредување на коритото на Вардар во Карпош

Ќе се реконструира и дополнително ќе се регулира минор и мајор коритото на реката Вардар, на потегот од вливот на реката Лепенец до мостот на булеварот „8 Септември“ кај хотелот „Александар палас“. Во функција на остварување на проектот, Градот Скопје денеска распиша оглас за пронаоѓање компанија што ќе го подготви основниот проект, со вклучена ревизија на проектот. Со реализација на овој зафат во целост ќе се санира овој дел од Кејот на реката Вардар, кој потпаѓа под територијата на општина Карпош.



За комплетирање на проектната документација е предвидено да се издвојат финансиски средства во висина од 1,5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Градот Скопје најпрво ќе го избере субјектот што ќе го изготви основниот проект, а по нејзината изработка ќе пристапи кон следните фази на реализација. Јавното отворање на пристигнатите понуди од компаниите е закажано за 1 јуни.

Кејот, на потегот од зградата на телевизија „Канал 5“ до хотелот „Александар палас“, веќе неколку години е функционален со изведбата на пешачката и на велосипедската патека во мајор коритото од десната страна на реката Вардар.

http://www.build.mk/?p=44389

Убаво е што ќе се досреди делот и од другата страна но треба веднаш да се дислоцира дивата населба на околу 500 метри од полигонот.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 14-May-2015 at 17:22
Патем Систина/Орка се чини си го присвои дел од кејот кој доаѓа под нив?

Јес да фино го средиле, ама го имаат оградено со жардињери ко да е приватно онака.


Edited by fichot - 14-May-2015 at 17:23
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 13-Aug-2015 at 00:41
Град Скопје за 260.000 евра ќе уредува 400 метри од коритото на Вардар

Градските власти од Скопје објавија оглас за реконструкција и одржување на партерно уредување на минор и мајор коритото на левата страна од Вардар. Договорот е проценет на 16.267.311 денари или 263.837 евра, а се работи за потегот од Камени мост до мостот „Слобода“ кај новиот објект на Министерството за надворешни работи.

Согласно тендерот, понудите на заинтересираните фирми ќе се доставуваат најдоцна до 31 август, за кога е закажано и нивно јавно отворање. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Со реконструкцијата во план е уредување на заштитниот бедем, патеките и околниот простор. Исто така, предвидено е и поставување на нова урбана опрема.

Овој простор беше раскопан поради градежните интервенции на кејот, каде последниве години беа издигнати пет нови градби. Дополнително во коритото беше интервенирано поради изградбата на два нови моста - „Око“ и Мостот на уметноста.

Меѓувремено, се уште се чека и на конечно уредување и на десната страна на Вардар, кај ГТЦ, каде поради зафатите на мостовите и галиите веќе подолг временски период е прекинат дел од најдолгата скопска велосипедска патека.

Во изминативе години не се направи ниту подземна пристапна улица од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Т-мобиле“. Изградбата на овој објект беше условена токму со изведба на улица за сообраќаен пристап до административно-деловната зграда. Таа започна да се гради во октомври 2008 година на вкупна површина 9.400 квадратни метри. Основниот услов за подземната улица не се оствари, па вработените на „Т-мобиле“, други возачи, велосипедисти и пешаци почнаа да го користат шеталиштето покрај „распосланите“ локали на ГТЦ како надземна сервисна патека.

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/grad-skopje-za-260000-evra-kje-ureduva-400-metri-od-koritoto-na-vardar
За сè има вторпат
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 27-Dec-2015 at 20:40
Дали некој знае што се случува на плочникот под Камениот Мост од страната на плоштадот Карпошово Востание?
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 31-Dec-2015 at 17:52
еј ваљда ќе го реновираат....зашо целиот кеј тука изглеа ужасно и се распаѓа...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 24-Apr-2016 at 17:29
Се средува кејот од страната на Археолошки музеј. Сликано е од мобилен.



Edited by Cloverstack - 24-Apr-2016 at 18:55
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 25-Apr-2016 at 03:37
*во очекување на новиот велелепен бекатон наместо стариот плочник*
...се надевам дека сум грешка
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2664
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 25-Apr-2016 at 10:26
Originally posted by zabegan

*во очекување на новиот велелепен бекатон наместо стариот плочник*
...се надевам дека сум грешка


Не си грешка.

ttp://puls24.mk/makedonija/vesti/trajanovski-im-stavi-kraj-na-manipulaciite-na-zernovski-kejot-kaj-gtc-nema-da-bide-transportna-ulica
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 25-Apr-2016 at 15:07

Линкот се однесува на друг дел, од Holiday Inn до камен мост. Забеган праша за делот околу камен мост од другата страна кај МНТ/Пулевски/Карпош.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 26-Apr-2016 at 01:27
Originally posted by CenterCityKid


Линкот се однесува на друг дел, од Holiday Inn до камен мост. Забеган праша за делот околу камен мост од другата страна кај МНТ/Пулевски/Карпош.
па за истиот плочник се работи, го имаше на доста голем потег од кејот и беше на некој начин унифициран, со фокална точка во камениот мост и двата плоштади

зошто се настојува буквално секој плочник во градов да се замени со најголемото г*мно од плочка што постои на планетава, не ми е јасно
па подобро таков пропаднат да останеше отколку да се замени со бекатон... ух, ми доаѓаат киселини на грло од помислата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-May-2016 at 16:01
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 12-May-2016 at 16:06
Уепаа никнаа палмите...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 12-May-2016 at 20:17
зошто бе секаде каде што имаше убави плочници мораа да стават некаква безлична бљувотина од плочки? ...ќе оќоравеме од белово
(спореди плочките на скалите и новиве плочки)

Edited by zabegan - 16-May-2016 at 03:47
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 24-May-2016 at 10:53
РЕПОРТАЖА ОД KEJOT НА ВАРДАР
Вардар тече, барок и рушевини влече

Поплавената галија „Ројал Македонија“ не е единствената атракција што може да се забележи при една крајбрежна променада на Вардар. Содржините на и во коритото на реката се „храна“ за сите сетила. Доза апсурд, чудење и очобол манифестирани преку историско-политичко-социјални белези. Секој обид за интерпретација на имагинацијата ќе донесе дополнителна главоболка, но некои искуства сепак мора да бидат забележани, подвлечени, па затоа се пуштивме во една минирепортажа.

_______________

целата репортажа на http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vardar-teche-barok-i-rushevini-vleche-fotovideo#36
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 18-Mar-2017 at 17:18
Психопативе почнале со изградба на улицата на кеј. Мораат секој агол од Скопје да го уништат. Затоа изборните резултати во овој прекрасен град се такви какви што се, а ќе бидат уште подобри на локалните.



Почна изградбата на спорната сообраќајница која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември. Градежници почнаа да ги вадат плочките од шеталиштето , а поставена е и заштитна ограда.

Сопствениците на кафулињата кои се наоѓаат на кејот се изненадени што за време на викенд почнуваат градежни активности. Добиле штури објаснувања за почетокот на градењето од работниците, а велат дека се јавиле и во Општина Центар.



Извор
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
zlatko_k View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 11-Mar-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote zlatko_k Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 20-Mar-2017 at 08:41
Originally posted by Џоле

РЕПОРТАЖА ОД KEJOT НА ВАРДАР
Вардар тече, барок и рушевини влече

Поплавената галија „Ројал Македонија“ не е единствената атракција што може да се забележи при една крајбрежна променада на Вардар. Содржините на и во коритото на реката се „храна“ за сите сетила. Доза апсурд, чудење и очобол манифестирани преку историско-политичко-социјални белези. Секој обид за интерпретација на имагинацијата ќе донесе дополнителна главоболка, но некои искуства сепак мора да бидат забележани, подвлечени, па затоа се пуштивме во една минирепортажа.

_______________

целата репортажа на http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vardar-teche-barok-i-rushevini-vleche-fotovideo#36



Ја читам статијава и ги гледам сликиве и видеата и ми паѓа жал за се што му направија и што уште му прават на овој дел од Скопје.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 20>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.273 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.