build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 01-Jul-2021 at 16:48
Екипи на Град Скопје деновиве вршат машинско чистење на коритото на реката Вардар на потегот од мостот „Обединети нации“ до Железничкиот мост во населбата Хром.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 10-Jul-2021 at 10:50
Новите плочки на кејот испукаа уште додека трае реконструкцијата

Дел од новите плочки со кои се поплочува Кеј 13 Ноември веќе се испукани, иако реконструкцијата на овој простор, која како што соопштија градските власти ќе чини 1,5 милиони евра, уште не е ни завршена. Станува збор за розовите плочки поставени помеѓу двата дрвореда на потегот од „Холидеј ин“ до кафулињата на кејот.

За што станува збор, дали за неквалитетна изведба или за неквалитетен материјал, не добивме одговор од Град Скопје, но како што тврдат оттаму, постои надзор над градежните работи со кој ќе се евидентираат евентуалните проблеми.

-Во моментов сѐ уште се одвиваат градежните активности и секако дека постои и надзор што го евидентира целиот процес. Доколку при примопредавањето, од страна на надзорот се утврдат било какви недостатоци (вклучувајќи ги тука и скршените плочки) и проектот не е изработен како што треба, секако дека истиот нема да биде примен од наша страна – велат од Град Скопје.

Оттаму не објаснуваат што ќе се преземе тогаш откако работите ќе бидат завршени и зошто испуканите плочки веднаш не се заменуваат.

-Ако се вакви плочките кога е уште недоправено, тогаш на што ќе личи кејот после неколку години? – реагира еден скопјанец, кој ни укажа на постојната состојба.

Неодамна при изведба на жардиниерите околу дрвјата на кејот, неколку стебла беа бетонирани, по што реагираа граѓани и невладини организации, па екипи на Град Скопје веднаш интервенираа и ги ослободија дрвјата. Притоа Градот соопшти дека тоа се случило по грешка на изведувачот „СпекарТермо“, за што потоа на фирмата ѝ беше одредена казна од 1.800 евра.

Во тој случај Градот изрази благодарност до граѓаните и до невладините организации за алармирањето за грешката на изведувачот, што овозможило брза реакција на градските служби. Останува да се види дали Градот брзо ќе реагира и во случајот со скршените плочки.

Реконструкцијата и изградба на новото шеталиште на Кеј 13 Ноември е во тек и според Град Скопје се одвива според предвидената динамика. Со реконструкцијата е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, паметни клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“. На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила.

https://www.slobodenpecat.mk/novite-plochki-na-kejot-ispukaa-ushte-dodeka-trae-rekonstrukczijata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 19-Jul-2021 at 15:34
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 26-Jul-2021 at 20:47
НАЈМНОГУ 20 КОЛИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОЗВОЛА ДА СЕ ДВИЖАТ НИЗ РЕНОВИРАНИОТ СКОПСКИ КЕЈ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ НА ОТВОРАЊЕТО НА ШЕТАЛИШТЕТО

Град Скопје денеска го отвори кејот 13 Ноември кој почна да се реновира пролетва, а реконструкцијата чини 1.5 милиони евра. Поставен е нов плочник, клупи и ново осветлување. Ослободен е средишниот дел, кој беше узурпиран од тераси со цврста градба на кафулињата. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов , сега тој ќе биде слободен за пешаци, а кафулињата ќе имаат летни тераси само пред објектите.

„Денеска, на одбележувањето на 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, го отвораме ова ослободено шеталиште. Се радувам што Град Скопје конечно воспостави ред во хаосот што владееше во овој дел од центарот на градот“, рече Шилегов.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали на кејот ќе биде дозволено движење на возила и колку добиле дозвола за тоа, Шилегов рече дека досега не е дадена ниту една дозвола.

„Ако се дадат дозволи, тоа ќе биде за најмногу 20 автомобили кои ќе имаат еден час наутро и еден час попладне да се движат. Дотурот на роба за кафулињата ќе се врши преку Градскиот трговски центар односно камиони нема да влегуваат на кеј“, одговори Шилегов.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/najmnogu-20-koli-ke-dobijat-dozvola-da-se-dvizhat-niz-renoviraniot-skopski-kej-reche-shilegov-na-otvoraneto-na-shetalishteto/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 27-Jul-2021 at 09:41
Од вчера и официјално кејот е пуштен во употреба. Е сега, колку ќе издржи е друго прашање...



https://www.facebook.com/CityofSkopje/
За сè има вторпат
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 27-Jul-2021 at 09:59
Настрана апсурдот и измамата со "сообраќајното решение" сред пешачка зона, повторно имаме јавен простор со тотална фуш, а мошне скапо платена изработка кој ќе се рунира многу набрзо, како и уште едно парче во мозаикот на какофонија на материјали и бои на употребени павер и гранитни плочи, како и стилови на урбана опрема во најстрогиот центар: на пример на кејов сега избрале модернистички канделабри во метално-сребрена боја, покрај нив се оние ретро кич канделабри од претходните власти, а кај спомен плочата каде била куќата на Мајка Тереза Шилегов минатава година постави сосема трет дизајн на модернистички канделабри, а во црна боја!! Толку ли не можеше барем овие два простора кои ги уреди една иста градска администрација да бидат стилски усогласени!? Значи да се немало елементарен осет за естетика и конзистетност! Ако не ги бива (а ептен не ги бива), барем очи да отворат кога шетаат, не поделеку од еве Тирана, па да видат и копираат како се уредува јавен простор квалитетно и естетски издржано!

Edited by antigona - 27-Jul-2021 at 10:05
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 384
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 27-Jul-2021 at 11:18
Што да очекуваш кога прво градот не е унифицирана целина туку е поделен на 10 општини, и тоа е мислам најглавниот проблем со усогласувањето на стиловите, прво имаш правилници на Општина Центар па правилници на Град Скопје, немаме градски архитект, немаме асален план за развој. Секое делче од градот е раштимано без кохезија едно со друго.
ಠ_ಠ
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 27-Jul-2021 at 11:40
Во случајов тоа и не е баш изговор, зборуваме за уредување на јавен простор (пешaчка зона) во размак од една година, од страна на еден ист градоначалник (Петре Шилегов), а во различен стил, притоа двете површини (таа пред Лумикс и
сега Кеј 13 Ноември) се уредени со различни градежни материјали и урбана опрема, а треба да се дел од една единствена целина, Мал Ринг. Ај во споредба со кичестана урбана опрема од претходната власт со која е уреден Плоштад Македонија и кејот од другата страна, демек еве сака да биде поразличен, но што правиме со немањето на осет за сопствените интервенции кои се распар и не личат на ништо...

Originally posted by Macedonicus

Што да очекуваш кога прво градот не е унифицирана целина туку е поделен на 10 општини, и тоа е мислам најглавниот проблем со усогласувањето на стиловите, прво имаш правилници на Општина Центар па правилници на Град Скопје, немаме градски архитект, немаме асален план за развој. Секое делче од градот е раштимано без кохезија едно со друго.


Edited by antigona - 27-Jul-2021 at 12:43
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 27-Jul-2021 at 15:14
КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТРУИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК

На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот 13 Ноември на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов има целосно ново партерно уредување.
- Како што и самите можете да се уверите, шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе кои со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од Кејот опфати партерно уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни која концептуално е поврзана со околните објекти – рече Шилегов.
Со реконструкцијата на кејот беше изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.
- Ослободивме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе можат да ја користат сервисната улица лоцирана непосредно до самиот ѕид на кејот. Кејот има доволно простор за сите негови корисници од граѓаните кои го користат за прошетки, одмор и релаксација, па се до бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите кои ги користат угостителските објекти сега се унифицирани и организирани се на начин што овозможува да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни крошни – кажа Шилегов.
Тој дополни дека конечно е воспоставен ред на овој дел од кејот, спречено е самоволието и хаосот од непрописно паркирани возила кои последните десетина години го правеа небезбедно движењето на пешаците и на велосипедистите.
- Нашиот сон се оствари, во екот на летната сезона Кејот 13 Ноември, повторно е полн со наши сограѓани кои се чувствуваат пријатно тука и уживаат во благодатите што ги нуди вака уредениот простор. Денес, сеќавајќи се на жртвите на Скопскиот земјотрес, во нивна чест со гордост можам да кажам дека Скопје повторно е наша радост, а Кејот 13 Ноември повторно е местото каде што таа радост најубаво се гледа – изјави Шилегов.
На отворањето на новиот Кеј настапи Градскиот дувачки оркестар, а се одржа и изложбата на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“.



https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 426
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 27-Jul-2021 at 23:07
Плочките(само различна боја) и клупите се исти како тие пред Лумикс...
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 28-Jul-2021 at 10:21
Големите плочи, да, се во иста форма како пред Лумикс. Малите плочки, на Кеј 13 Ноември се демек рустикални (исчукани) и се поинакви. Бојата да, е поинаква, и само по себе е доволно за да се надополни шаренилото во најстрогиот центар (а плоштадот е со блескав бел мермер). Канделабрите се сосема поинакви - пред Лумикс се во црна боја, во форма на буквата Г, додека на Кеј 13 ноември се двојно повисоки и се метално-сребрени, во форма на лак...измеѓу нив на плоштадот и спроти на другата страна на кејот се оние смешни тортести канделабри кои глумат класика, додека на ул. Македонија се за мој вкус најсоодветниот стил на некоја умерена класика...тути-фрути во радиус од помалку од 1км...а барем во строгиот центар се` треба да биде складно...

Originally posted by FT

Плочките(само различна боја) и клупите се исти како тие пред Лумикс...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 28-Jul-2021 at 10:55
Кејот во Скопје е пуштен, но не е целосно довршен (галерија)

Откако вчера на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, беше отворен реконструираниот Кеј „13 Ноември“ во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил напиша дека со новиот изглед се ослободило повеќе место за пешаците и велосипедистите.

Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила или други пречки при движењето“, напиша Шилегов.

Навистина, пешаците и велоспидестите добија повеќе простор, но многу граѓани имаат забелешки зошто на кафеаните им е дозволено да се прошират неочекувано многу. Речиси до самиот прв дрворед. Веројатно тоа беше еден од дговорите за тие да се повлечат од средината на кејот.

Реконструираниот кеј не е целосно довршен, особено делот каде се спојува со двата новоизградени моста, бидејќи таму врската е на различно ниво. Да се надеваме дека градските власти нема да ги остават овие делови недоврешни и ќе ја завршат целосно реконтрукцијата.







https://nezavisen.mk/kejot-vo-skopje-e-pushten-no-ne-e-celosno-dovrshen-galerija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 17-Aug-2021 at 15:41
Вардар се дави во ѓубре, неуредни дрвореди, паднати гранки и лисја…







Скопјани забележуваат дека со ваква грда слика и непријатна реа што се шири од тињата од ѓубре кое гние, се пречекуваат туристите. – Ниту Вардар не може да однесе толку ѓубре колку што можат луѓето да фрлат во него. Наместо пешачењето по кејот да биде задоволство, станува мачно, и поради нечистотијата и поради миризбата која се шири од тињата од ѓубре кое гние, вели скопјанката Лиле Д.

Во сезона на летни одмори кога низ Скопје има раздвиженост на туристи, промоцијата на центарот најмалку личи на една метропола. Купишта ѓубре во коритото на Вардар, неметен кеј, надвиснати или паднати гранки и лисја со денови никој не ги собира, е првата слика на Скопје.

– Градот тоне во ѓубре. Ниту Вардар не може да однесе толку ѓубре колку што можат луѓето да фрлат во него. Наместо пешачењето по кејот да биде задоволство, станува мачно, и поради нечистотијата и поради миризбата која се шири од тињата од ѓубре кое гние – вели скопјанката Лиле Д.

– Најтешко се чисти менталната реа. Процесот е долг, а нам ни треба век. Уште сме на некоја црна линија, додека светот го фати свемирот. Секојдневно се прашувам кој метод треба да се примени за да влеземе во посветла зона на размислување – коментира Љубица Б.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје велат дека нивни екипи континуирано машински и рачно го чистат кејот на реката Вардар, според однапред утврдена динамика.

– Горниот дел на кејот се чисти секој ден, додека долните пешачки патеки покрај реката се чистат два пати во неделата. Оваа динамика се одвива непрекинато и во летниот период, а на нашиот дежурен телефон досега не е стигната ниту една поплака поврзана со хигиената на овој дел на градот – потенцираат од ЈП „Комунална хигиена“.

Оттаму нагласија дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје нема надлежност за чистење на речното корито и водите на реката Вардар.

https://www.vecer.press/вардар-се-дави-во-ѓубре-неуредни-дрвор/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1489
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 17-Aug-2021 at 22:20
До кај сме со рушењето на галиите??
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 12465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 16-Sep-2021 at 15:46
На потегот меѓу нас.Острово и Маџир маало,веќе подолг период има некои цевки и механизација незнам за што поточно се работи...
Денешна состојба

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 705
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 16-Sep-2021 at 16:20
Тие црните ќеси, кои очигледно дека треба да се фрлат, се прашувам до кога ќе ги чуваат.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 20-Sep-2021 at 17:20
Мала фото тура од кејот 13 Ноември, денешни фотки, сосе завршениот дел кај мостот.















За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 705
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 21-Sep-2021 at 06:51
Убави фотки.

Иначе, пешачкиот мост на Вардар, кој ги спојува Ќерамидница и Острово беше со ново осветлување 3-4 недели (што е добра идеја и стварно се осветли тој простор навечер). За жал, последнава недела осветлувањето не работи. Се прашувам зошто...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13804
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 25-Sep-2021 at 16:15
Се чисти коритото од наноси и вегетација во делот кај адреналинскиот парк па се’ до болницата Систина...



За сè има вторпат
Back to Top
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 26-Sep-2021 at 18:20
Што ќе се дешава во трлово заградено? Ќе почнуваат со мостот?



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.