build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 26-Sep-2021 at 20:38
Originally posted by Ipkisija Meskosa

Што ќе се дешава во трлово заградено? Ќе почнуваат со мостот?




Да тоа се бетонските тараби на Гранит,се оформува градилиштето за новиот мост.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 28-Sep-2021 at 19:55
Пред саат време се запалил влезот на галијата која ионака се демонтира деновиве. Противпожарните камиони пристапиле преку новореновираниот кеј. Ај баш да видиме колку е направен издржлив, или бил испланиран само за до избори. Пошто кога тогаш, еве вака за недајбоже, ќе мора да влезе камион.



Edited by user8642 - 28-Sep-2021 at 19:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 30-Sep-2021 at 17:20
Снимки од дрон, кејот на Вардар ова врнежливо утро



https://www.slobodenpecat.mk/snimki-od-dron-kejot-na-vardar-ova-vrnezhlivo-utro/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 15-Oct-2021 at 17:20
Булдожер се симнувал по скалите на кеј и ги оштетил! Ова е некаде во делот околу МТВ колку што можам да се ориентирам. Сликите се вртат по твитер денес, незнам од кај им е потеклото.



Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 16-Oct-2021 at 10:59
Мислам ова и порано се има случувано. Сега дали се сликите од тогаш или тазе не знам.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 24-Nov-2021 at 18:00
ФОТО: По матен Вардар шишиња „течат“





Грда е сликата на Вардар која ја гледаат сите оние кои шетаат или се рекреираат по кејот. Пластични шишиња од вода, јогурт, парчиња стиропор и секакви други ѓубриња пловат по матната вода, сведоци за постапките на несовесните граѓани кои не се грижат за животната средина.

Има ли некој во државава што ќе се погрижи за Вардар? Некој што ќе ги исчисти дивите депонии по неговото течение и ќе ги казни сите кои се однесуваат неодговорно?

Глетката на Вардар не е само „грда“ туку оваа состојба е опасна и го загрозува живиот свет што живее во и покрај реката, затоа што по реката меѓу ѓубрињата, сѐ уште пловат и патки.

https://www.slobodenpecat.mk/foto-po-maten-vardar-shishinja-techat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 18-Jan-2022 at 08:06
Вардар пред излевање кај мостот во градба во Аеродром, ЦУК се сомнева на несоодветни градежни зафати



По синоќешната пријава за зголемен водостој во висината на максималната кота на кејот на реката Вардар во скопската населба Аеродром, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов заедно со надлежните екипи излегоа на терен и установија дека најверојатно се работи за попречување на дел од речното корито од страна на градежната фирма која го изведува мостот по што се намалил капацитетот на протокот на водата во речното корито.

Над мостот, над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до зградата на ПИОМ. После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.

Во соопштението на ЦУК се вели дека кај мостот во градба до хотелот „Русија", нивото на реката Вардар е драстично покачено. Екипи на надлежните институции, Градот Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи веднаш излегоа на терен.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vardar-pred-izlevanje-kaj-mostot-vo-gradba-vo-aerodrom-cuk-se-somneva-na
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 18-Jan-2022 at 18:23
А да пробаме со руски рецепт малку? На пример, Путин да му нареди на Вардар да не се излева?!

Глупа жмровска пропаганда, го закочија мостот во изградба, наместо да го завршат додека е топло со низок водостој, сега Шилегов бил крив. Ем шуто, ем злобно! Гомнари!
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 18-Jan-2022 at 20:00
Дај бе приберете се по тоа комуњарските штабови, ве пуштиле да харате политики по форуми и социјални мрежи. Увек сте покажувале дека можете погадни да сте од ботовите на вмро... Мостот се гради со непрекината динамика, ништо не е закочено од страна на градот. Тоа што е закочено нема врска со мостот и е подоле на трасата на булеварот во делот на куќите, и без разлика кој е градоначалник ќе беше закочено низ лавиринтите на судовите кај што се решаваат имотните спорови од типот до каде чив двор е за да може после да ги обештетат...
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 20-Jan-2022 at 08:56
Што се деси со нивото на форумов...
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 20-Jan-2022 at 09:47
Партиски препукувања и политизирање со изразито вулгарен и тенденциозно навредлив речник...
Мене ми е криво ако некој на форумов е припадник на една или друга партија и се осетил погоден од мојот коментар за партиските ботови. За мене се додека не се меша така вулгарно политика на форумот се е ок. Ама ова ептен ме изнервира. Мене ми се прифатливи припадници и симптизери и на вмро и на сдсм и немам проблем со нив, ама со ботови што се препукуваат на форумов со tweeter речник од типот жморони и слично стварно немам толеранција. Јас од моја страна се извинувам за речникот (комуњарски штабови), ама никогаш не толерирам навредлив речник на партиска основа независно од која кујна излегува.

Edited by MKDSTRUGA - 20-Jan-2022 at 09:48
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 475
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 20-Jan-2022 at 12:07
user8642 за две години успеја пропагандата на сдсм да ја пренесе во 1633 коментари, што повеќе да кажам
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 20-Jan-2022 at 18:23
Вмро со своето понашање успеало од мене да направи поддржувач на Шилегов. Овакво бахато понашање од симпатизерите на вмро, кај што го оправдувате како легитимна политика стопирањето на све добро што се случува во Скопје, само за да се дојде до гола власт, едноставно човек треба да е глуп а да не ја поддржи противничката страна.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 766
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 21-Jan-2022 at 01:03
Originally posted by MKDSTRUGA

Партиски препукувања и политизирање со изразито вулгарен и тенденциозно навредлив речник...
Мене ми е криво ако некој на форумов е припадник на една или друга партија и се осетил погоден од мојот коментар за партиските ботови. За мене се додека не се меша така вулгарно политика на форумот...


Ич да не ти е криво. Јас би бил среќен до сржта да се увредат сите такви ликови. Ако воопшто навистина и постојат такви 'симпатизери' на главните неколку партии, затоа што според мене се' се тоа голи, криминални опортунисти, што всушност и е единствената 'идеологија' на криминалните структури кои наизменично владеат последниве 30 години.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 21-Jan-2022 at 09:29
Valda ne mislis na site 500.000 simpatizeri na glavnite partii. A ako mislis na onie so se vdomeni po institucii i partii, cicaat ko krlezi i vregaat za honorarce od narodni pari, e tie se sosema drug muabet. Za niv i jas vikam neka se davat kaj sakaat i uspesno neka se ispoudavat samo da ne ne opteretuvaat nas tuka na forumov. 

user8642 jasno i use ednas se izvinuvam so etikata partiska ti zalepiv bi sakal da doprinesam za da go postedime forumov od recnikot na partiskite botovi. That is all.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 21-Jan-2022 at 18:25
Originally posted by MKDSTRUGA

user8642 jasno i use ednas se izvinuvam so etikata partiska ti zalepiv bi sakal da doprinesam za da go postedime forumov od recnikot na partiskite botovi. That is all.
Абе не ме дира толку, не сум член јас на партија, нема гајле. Јас незнам зашто па толку да се тргаме од контра-партиската дебата, и таа е за луѓе, и можда најбитниот аспект што треба да се дискутира.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 30-Jun-2022 at 11:20
Арсовска: Започнуваме со инвестиција за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

На денешната прес конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски, го најавија проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани.
- Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање на нова зелена површина во која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветлување и партерно уредување од над 26.363 метри квадратни, истакна градоначалничката Арсовска.
Арсовска посочи дека остварувањето на оваа инвестиција ќе се одвива во три етапи. Првата се однесува на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром.
-Овој проект е дел од најавената летна градежна офанзива, која се одвива според предвидениот интензитет, за разлика од импровизациите и ветувањата за реализација во минатото кои за жал резултирале само со делумно чистење само во некои делови на кејот. Пристапот на новиот тим на градското раководство е поинаков, мораме да имаме сериозна анализа, стабилен и оддржлив проект, ревносна подготовка, обезбедени финансиски средства и јасен план за брза и ефикасна имплементација, вели Арсовска.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 30-Jun-2022 at 14:09
За кејот треба еднаш добро да се инвестира за темелна реконструкција, нов концепт со идеален проект. Ова овде не знам, не верувам дека ќе биде on point ама ајде..
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 01-Jul-2022 at 23:03
Originally posted by my Macedonia

За кејот треба еднаш добро да се инвестира за темелна реконструкција, нов концепт со идеален проект. Ова овде не знам, не верувам дека ќе биде on point ама ајде..
не треба да се инвестира, туку редовно да се одржува, без бомнбастични вести за тоа како бил расчисуван кејот на секои 10 години
со оглед на тоа дека постои минимална шанса некогаш Вардар да го пополни мајор коритото, може единствено да се инвестира во повеќе зеленило и дрвја, што не е ништо посебно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 847
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 04-Jul-2022 at 14:05
Ок е реконструкција, ама да не направат грешка да левата од десната страна биде со различно уредување (плочки и сл.). Треба да постои симетрија, нешто што во кејот во мал ринг не беше направено со најновата реконструкција на делот од кејот „13 ноември“.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.