build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 17181920>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20189
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 19-Jul-2022 at 11:27
Од средувањето на левата страна,сепак дивата населба спроти ПИОМ останува лоша глетка и помалку безбеден дел поради многуте кучиња скитници

Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 19-Jul-2022 at 14:27
Кучињата-скитници ги има и од другата страна, понекогаш се и агресивни. Јас не знам во кој град живеат овие што инвестираат во вакви реконструкции. Истите пари треба да се дадат за да се среди проблемот со кучињата-скитници. Се оди чекор по чекор со решавање на проблемите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 22-Jul-2022 at 23:37
расчистување на кејот е нешто што треба да се прави редовно на неколку месеци барем
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 206
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 26-Jul-2022 at 09:12
Денешна, се работи на кејот околу мостот Обединети Нации:

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 26-Jul-2022 at 10:49
Детално влегле. Што би рекол Шилегов, првпат после 70 години
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 26-Jul-2022 at 14:02
Конечно! Сепак, не треба да заборават да ја асфалтираат и уличката што е горе бидејќи моментално е крш, а богами и да стават некоја заштитна ограда од двете страни зашто поминуваат/се паркираат возила и се движат пешаци и велосипедисти.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20189
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 01-Aug-2022 at 13:38
НА КЕЈОТ СТАВИВМЕ АСФАЛТ МЕСТО КОЦКА ОТИ САМО НА ТАКОВ МАТЕРИЈАЛ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗАТ ТОЧАЦИ, ВЕЛАТ ОД „УЛИЦИ И ПАТИШТА“



Асфалт ист како во Градскиот парк поставија Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ и на пешачката патека на кејот на Вардар кај мостот Обединети нации. Овој потег уште од изградбата на кејот беше поплочен со коцка. Низ годините коцките беа оштетени, извадени и патеката беше полна со дупки. Град Скопје сега во рамките на акцијата за уредување на кејот на местото на искршените коцки постави црн асфалт кој освен што е несоодветен за овој потег, го грди шеталиштето и поставен е колку да се рече дека се закрпени дупките.

Од „Улици и патишта“, на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто на кејот е поставен асфалт место коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, ни рекоа дека само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери.

„Ги демантираме наводите во јавноста дека врз травертин плочи е извршена санацијата. На потегот имаше дупка од извршување на градежни работи на фирма во минативе години. Сега тој дел е саниран со асфалтна маса од причина што само на таков материјал би можеле граѓаните што возат ролери и велосипеди непречено да се движат и е моментално решение”, велат од „Улици и патишта“.

Од претпријатието додаваат дека во моментов екипите работат за да го уредат целосно тој дел од кејот.

„За целиот потег во постапка е изработка на проект за поврзување на ролерската и велопатеката до улица Васил Чакаларов. Проектот е во изработка на ЈП ‘Улици и патишта’ во консултација со стручни лица од Град Скопје и кога ќе биде готов ќе знаеме со каков материјал ќе се работи целиот потег и на кој начин ќе биде извршено поврзувањето на велопатеката патека“, велат од „Улици и патишта“.

По налог на градоначалничката Данела Арсовска, градското претпријатие минатата недела почна да ги асфалтира земјените патеки во парк. По реакциите на јавноста активностите беа стопирани.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-kejot-stavivme-asfalt-mesto-kotska-oti-samo-na-takov-materijal-ke-mozhe-da-se-vozat-tochatsi-velat-od-ulitsi-i-patishta/
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 02-Aug-2022 at 22:56

не е толку проблем што е асфалт, колку што е проблем дека е крпеница... стварно е срамота вака да се извршуваат зафати од страна на Град Скопје
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 04-Aug-2022 at 02:43
Неверојатно како може да е толку мизерно извршено...срамота
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 203
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 23-Aug-2022 at 18:00
Од лева страна на Вардар, под железничкиот мост. Супер е новиот тревник и има систем за наводнување со прскалки кои излегуваат од под земја.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20189
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 28-Oct-2022 at 06:50
Кеј 13 Ноември, Археолошки музеј, АЕК, МНР, Вардар

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20189
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 05-Jan-2023 at 12:08
Наместо плацот да го заградат, полесно им беше да го блокираат Кејот во Аеродром



Денеска жителите на Аеродром ги дочека несекојдневна глетка на кејот на реката Вардар.

На едно место на горната пешачка патека поставена е железна ограда која го спречува натамошното движење.

Оградата е поставена на локација каде пред неколку недели Центарот за управување со кризи предупреди дека веднаш до патеката постои провалија која е ископана и необезбедена.

https://nezavisen.mk/namesto-placot-da-go-zagradat-polesno-im-beshe-da-go-blokiraat-kejot-vo-aerodrom/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 05-Jan-2023 at 13:45
Ова е резултатот на такви душебрижнички "стории" на новинари што ги мрзи гзот да го мрднат од Скопје, па наоѓаат влакна у јајце. Ете ви, контраефект
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 05-Jan-2023 at 21:15
Има 10 начини како да се помине "оградата" што е и поопасно од самата дупка. Ах, Македонијо...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15135
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 22-Feb-2023 at 19:20
Денес видов дека кај Влада почнале да го раскопуваат стариот плочник на шеталиштето, што е добра вест. Лоша вест е што старите плочки ќе ги замени бекатон.

За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 22-Feb-2023 at 19:53
Ако, добро решение. Уште не се технолошки спремни нашите фирми за да постават плочки што нема да испукаат за 3 дена.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15135
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 05-Mar-2023 at 17:03
Еве како би изгледало:

За сè има вторпат
Back to Top
BrownMade View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote BrownMade Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 06-Mar-2023 at 19:16
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20189
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 17-Mar-2023 at 08:05
ФОТОВЕСТ: Камиони, бетонски плочи и кабли на рекреативната патека покрај Вардар



Денеска беше раздвижено на кејот на реката Вардар во минор коритото во делот пред мостот кај една од галиите. Можеа да се забележат камиони и кранови, но и песок, бетонски плочи, клопчиња кабли истурени во и тоа малку зеленило што го има во средишниот дел.



Она што се случуваше може буквално да се нарече еколошка катастрофа. Покрај тоа што со истурање на материјалот се уништува и она малку преостанато зеленило на кое се познаваат трагите од камионите, се уништува и пешачката и велосипедска патека, а со тоа се оневозможува нормалното движење на пешаците, велосипедистите, бидејќи таа со прегради буквално е пресечена, а дел од патеката е веќе раскопан.

Се разорува и уништува единствената рекреативна зона во строгиот центар на градот под тежината на камионите. Граѓани реагираат, бидејќи сметаат дека на тој начин им се уништува прекрасна рекреативна зона каде земаат здив од секојдневната бука, пешачејќи или возејќи велосипеди, ролери, тротинети или џогирајќи.

Во потрага по тоа кој работи и што всушност работи кога од активностите се оградија и јавното претпријатие „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“, се утврди дека станува збор за активности на ЕВН.

Како што објаснија оттаму се работи за реконструкција и модернизирање на електро-дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на напонските прилики на корисниците.



– Екипите на Електродистрибуција во моментов работат на тој потег – одговорија од ЕВН.

Добро е тоа што се работи на модернизирање на електро-дистрибутивната мрежа и подобрување на напонските прилики на корисниците, но тоа не треба да се прави на сметка на уништување на зеленилото и попречување на слободното и нормалното движење на граѓаните. Да се надеваме барем дека по завршување на активностите состојбата ќе биде вратена како што била пред нивното започнување.

https://www.vecer.press/фотовест-камиони-бетонски-плочи-и-каб/
Carpe diem
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 17-Mar-2023 at 20:52
Која патетика од статија, пазете го описов „еколошка катастрофа“, „се уништува и она малку преостанато зеленило“, „се уништува и она малку преостанато зеленило“, „се оневозможува“, „се оневозможува“, „им се уништува“ = за една дупка што ископале да заменат кабли
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 17181920>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.