build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Света Лидија - нас. Ченто

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Света Лидија - нас. Ченто
    Posted: 22-Nov-2014 at 12:45
Во Ченто почнува изградбата на црквата „Света Лидија Македонска“

Во населбата Ченто денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“.

Осветувањето на камен-темелникот, како што е најавено, ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан архиепископ Охридски и Македонски со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија.

Црквата ќе се гради на површина од 303 метри квадратни, а помошните простории на површина од 320 метри квадратни. Во склопот на црквата ќе има и камбанарија и крст од 25 метри. Во црковниот двор планирано е да се изгради и фонтана.

Изградбата на црквата и помошните простории ќе биде финансирана од Македонската Православна Црква, приватни донатори и месното население.

Ова е прва црква во Скопската епархија и втора во Македонија посветена на Света Лидија Македонска.

http://republika.mk/?p=348627
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 750
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Nov-2014 at 16:29
Осветување на камен - темелник за нова црква во н. Ченто



На 22.11.2014, денот кога Православната црква ги празнува преподобна Матрона; св. Нектариј Егински; св. Јован Колов, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската православна епархија освети и постави камен-темелник за изградба на православен храм „Света Лидија“ во населбата Ченто, Општина Гази - Баба. Ктитор за изградба на храмот е благочестивото семејство на г. Ѓорѓи Вуков.



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14154
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Nov-2014 at 22:00










извор на фотографиите: фејсбук профилот на Тодор Петров
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 750
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Mar-2016 at 19:28
2015.12.19

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-May-2016 at 13:25
До каде е изградбата на црквава?Некоја фотка.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-May-2016 at 14:59
Иако не сум религиозен и некако сум против и од ветте страни за општата ексапнзија на верски објекти во Македонија, го подржувам ваквиот концепт на градење на религиозни центри кои си имаат и посебен објект и паркинг односно важат за една целина и не влијаат во околината. Односно не се во стилот на Општина Аеродром каде што ги расфрлаа религиозните мини објекти на секаде како демек си излегол на пазарење и набрзинка да запалиш една свеќа.
Но како и да е, ми се допѓа дизајнот и планот во целина.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-May-2016 at 17:23
Da. Crkvava e mnogu ubava,a onie sto se pravat niz aerodrom na sekoe kose voopsto ne mi se dopagja. Isklucok se Sv. Ilija i Sv. Jovan Krstitel koi imaat poubavo uredena okolina. Neznam kolku ubavo ke ja uredat ovaa sto sega ja pravat vo Michurin. No ovaa vo Michurin e na epten losa lokacija. Mislev deka napustenata kuka koja se naogja vednas do crkvata ke ja srusat i so toa crkvata ke dobieshe moznost da ima pogolem dvor,no za zal takvo nesto ne se sluci. Ke vidime dali nesto ke se promeni koga ke ja zavrshat?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Aug-2016 at 18:43
Sto bidna so crkvava. Nemame nikakva fotka. Se raboti li nesto. Dokolku nekoj znae neka napise ili neka stavi nekoja fotka.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 750
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Nov-2016 at 23:36

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Mar-2021 at 08:13
Знае ли некој дали е почната да се гради црквава воопшто?Ова го најдов како повик за донации за изградба..

--------------------------------------------------

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА “СВЕТA ЛИДИЈА МАКЕДОНКА“ НАСЕЛБА ЧЕНТО, СКОПЈЕ


АПЕЛ ЗА ДОНАЦИИ ЗА ИЗГРАДБА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА “СВЕТA ЛИДИЈА МАКЕДОНКА“ НАСЕЛБА ЧЕНТО, СКОПЈЕ
23 февруари 2021 година, Гази Баба, Скопје - На 22 ноември 2014 година, на старите гробишта до Домот на културата во населба Ченто, општина Гази Баба, Скопје, Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва, го освети камен темелникот на православниот храм “Света Лидија Македонка“ во населба Ченто, општина Гази Баба, Скопје. Света Лидија Македонка од Филипи е првата покрстена христијанка во Европа!
Црквата доби Одобрение за градење издадено од општина Гази Баба на вкупна површина од 4.109 м², на земјиште откупено на 25 септември 2013 година со Договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба меѓу општината Гази Баба и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва.
Храмот “Света Лидија Македонка“ е со вкупна површина од 303 м2. Камбанаријата е во основа 6 на 6 метри во висина од 25 метри со крстот. Неколкуте камбани ќе ги повикуваат верниците на богослужби, на молитва пред и со Господа, да го вратат животот и жагорот во македонските православни семејства. Конаците во црковниот двор како помошни простории се со вкупна површина од 320 м2.
Црковниот двор ќе го краси прекрасна фонтана за водосвет, а радоста е уште поголема, затоа што ова е прва црква во Скопската епархија и втора во Македонија, покрај онаа во Свети Николе, посветена на Света Лидија Македонка.
Проектант на храмот “Света Лидија Македонка“ во Ченто е проектантското биро СЛЕМЕПРОЕКТ ДОО ШТИП, во сопственост на дипломиран инжинер архитект Благој Здравев.
Со благослов на Неговото Блаженство г.г. Стефан, на 17 декември 2020 година во Општина Гази Баба се регистрира Здружението за изградба на Македонската православна црква СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА - ЧЕНТО Скопје, со ембс 7485077 и едб 4043021529961, со седиште на улица “Маџари“ број 4/14-А, населба Инџиково, Гази Баба, МК-1000 Скопје, под претседателство на Тоне Димковски.
Здружението апелира до сите верници во Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва и до сите добронамерници за парична за изградба на храмот СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА - ЧЕНТО Скопје на сметка:
СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА - ЧЕНТО Скопје
Сметка 270-0748507701-12
Халк банка АД Скопје
За материјални донации дополнителни информации може да се добијат кај Тоне Димковски на мобилен 071358075.

https://www.facebook.com/kukuzelMakedonija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Mar-2021 at 08:29
Камбанаријата



-------------------------------
Еве уште еден рендер



https://www.facebook.com/SlemeProekt



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Mar-2021 at 08:32
Originally posted by macedonia

2015.12.19



Еве една google maps споредба,5-6 години ништо не се сменило освен минимален ископ за црквата веројатно



Edited by stef4o - 22-Mar-2021 at 08:32
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-May-2021 at 08:29
Имало сепак минимален напредок па стагнација,активностите продолжиле на 20.04.2021 но сеуште е во рана фаза и оди преку донации
Еве малку повеќе фотки од активностите кои почнале декември 2020(од фб)
















Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Jun-2021 at 07:27


https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris/p
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 16-Jun-2021 at 07:33
и од Google Maps се приметува некој минимален напредок

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Sep-2021 at 17:15
11.09.2021(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Dec-2021 at 18:05
Се гради прилично бавно,главно од донации нема ниту официјален изведувач туку се менуваат разни фирми согласно финансиите и потребите
Ова би требало да е состојба од пред 2 дена односно 24.12.2021







https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Dec-2021 at 18:08
вест од 20.12.2021

-----------------------------------------------------------------
За изградба на црквата Св.Лидија Македонка во Ченто се бараат донации и градежни работници

Тоне Димковски бара донации за да продолжи да се гради црквата Света Лидија Македонка во населбата Ченто кај што беа старите гробишта. Тој за весникот ВЕЧЕР изјави дека во 2014 година кога беше поставен камен темелникот беа таксани златна, сребрена и бронзена лопата и со тие средства требаше да се почне со изградбата.

– Тогаш беа таксани вкупно 10 илјади евра за купување на лопатите – 5.000 за златната, 3.000 за сребрената и 1.500 евра за бронзената лопата со кои беше поставен камен темелникот на црквата. Но, тие што ги купија лопатите до ден денеска не ги дадоа парите. Освен еден од нив кој вети дека бесплатно ќе го даде бетонот за градењето и ќе ја направи камбанаријата. Другите двајца ништо не дадоа – вели Димковски за весникот ВЕЧЕР.

Тој сега јавно бара градежни работници: ѕидари, тесари за објекти и изградба на црква, како и донатори кои би донирале средства за изградба на црквата.

– Ајде помогнете да најдеме мајстори, материјали имаме, но немаме кој да работи – потенцира тој.

Осветувањето на камен темелникот на црквата во 2014 година го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Црквата има дозвола издадена од општина Гази Баба на вкупна површина од 4.109 квадратни метри на земјиште откупено на 25 септември 2013 година со Договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба меѓу општината Гази Баба и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

https://www.vecer.press/за-изградба-на-црквата-св-лидуија-маке
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Dec-2021 at 13:27
А МПЦ кај е во приказнава? Ако можат да ми бараат 100 ден за влез во Канео секое лето, за оставнина од нашите предци, тогаш можат и за ова да дадат пари. Ако е глуп народот нека плаќа.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.