build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сретение Господово - населба Железара

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сретение Господово - населба Железара
    Posted: 23-Nov-2014 at 08:32
23 ноември 2014 година, Скопје, Македонија - Пред неколку стотини верници, во присуство на отец Ванчо Умленски, а со благослов на Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, во присуство на градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, во населба Железара, општина Гази Баба, беше извршена презентација на идејниот проект на Македонската православна црква “Свето Преображение“. Презентацијата на црквата “Свето Преобажение“ ја изврши претседателот на Иницијативниот одбор за изградба на црковниот комплекс Ацо Петрушев и архитектката Искра Лекоска.

Македонската Црква “Свето Преобажение“ е долгоочекувана црква којашто месното население и верниците од населбата Железара одамна ја посакува. За нејзина изградба, од месното население во населбата Железара, во 1974 година формирано е Здружение “Бадникова вечер“ за организација на бадниковата вечер. Тоа здружение, чии основачи се Часлав Бошков, Андреја Ивановски и Данило Даниловски, вреди да се спомнат нивните имиња бидејќи заслужуваат голема благодарност, иницира изградба на црква на платото пред кулите до парк шумата Гази Баба.

Во 2003 година по инцијатива на ова здружение од сега покоен прота Коста Станоевски местото е осветено за изградба на црквата “Свети Константин и Елена“.

Во 2006 година формиран е иницијативен одбор за изградба на Македонската црква “Свети Константин и Елена“ во Железара, со следните задачи: да собира и домаќински располага со средства за изградба на црквата, и да ги врши сите подготовки за отпочнување на градба и изградба на црквата.

Иницијативниот одбор, заедно со општинската администрација помогнаа за уредување на имотно-правните односи, во градежната парцела се избришаа сите кориснички права и правата по основ на денационализација на поранешни сопственици.

Иницијативниот одбор за изградба на црквата упати благодарност на Пенчо Јанев, Викен Јаневски, Илија Јанев со фамилијата, Слободан Јанев со фамилијата, Богданка Дукова со фамилијата, Десанка Мачевелова со фамилијата и Аце Ѓошевски со фамилијата, кои ќе бидат запишани во книгата на ктиторите на црквата, поради откажувањето од корисничкото право на градежната парцела за изградба на црквата.

На 5 декември 2013 година во Договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба со општината Гази Баба, Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија го откупи земјиштето во вкупна површина од 6.228 м2.

Поради тоа што во Скопје има неколку цркви “Свети Константин и Елена“, едната се гради пред Домот на Армијата на Македонија, а другата се реконструира во општина Илинден, со благослов на дедото Стефан утврдено е црквата да го носи името “Свето Преобажение“, единствена со тоа име во Скопската епархија, со метох односно место во неа и за Светите Константин и Елена, така што ќе се одбележуваат и двата празника и Свето Преображение на 19 август и Свети Константин и Елена на 3 јуни.

Црквата и конаците ќе ги гради Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, но секако ќе помогнат и верниците со донации според можностите, за што Иницијативниот одбор ќе спроведе широка кампања меѓу жителите и верниците во оваа населба и пошироко.

Камен темелник на црквата и конаците ќе се постави штом се издаде одобрението за градење од општина Гази Баба.

За изградбата на црквата и конаците ќе се грижи и Иницијативен одбор за изградба на црквата, во состав: Ацо Петрушев, претседател на Одборот, Марјан Калимановски, заменик претседател на Одборот, Тони Трајковски, Тодор Петров, Елизабета Стојменова, Благородна Дулиќ, Митко Ќосев, Јован Распашковски, д-р Иван Илиевски, Зоран Јовановиќ, Сашо Коцевски, Ѓорѓи Aндонов, отец Ванчо Умленски и старешината на црквата.

Како што Светиот Цар Константин дава пример како се победува надмоќта на непријателот со крстот Господов, а неговата мајка царицата Елена подучува дека треба постојано и упорно да се бара Господ, верниците во Железара се решени да го дочекаат осветувањето на црковниот комплекс во најбрз рок. Прославувајќи го преображението на Исус Христ на гората Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован, така и Железарци, со овој велелепен храм и конаците ќе ја препородат населбата Железара.

Македонската црква “Свето Преображение“ се простира на градежна парцела од 6.228 метри со вкупна градежна површина од 4.500 м2, П+2 и П+3, црква во руски стил со две позлатени турбиња и камбанарија со девет камбани висока 30 метри. Црквата “Свето Преображение“ ќе претставува единствен црковен комплекс од ваков вид во Македонија, затоа што во конаците ќе бидат сместени старски дом, детска градинка, центар за дневен престој на стари, центар за дневен престој на деца со игротека, амбуланта, хотел, кујна, ресторан, млечен ресторан, сувенирница, резиденција на скопскиот викарен епископ, дом на руската култура, фонтана и споменик на упокоените Руси во Македонија од 1917 година. Црквниот комплекс ќе располага со повеќе игралишта.

Се очекува осветувањето на камен темелникот да се изврши и градежните работи да започнат на почетокот на идната 2015 година.


https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/v/t1.0-9/1394389_733901373351071_4319160508688277315_n.jpg?oh=36e533b2b00ceeb2f28a1791c0a39bce&oe=551E6476&__gda__=1427117643_e789e07ee5f5a6a5b45adfa27cb64b2f



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Nov-2014 at 11:47

Фото: Нова црква "Свето Преображение" ќе се издигне во Скопје

23.11.2014 - 11:33:25

Пред неколку стотини верници, со благослов на Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, денеска во населба Железара, општина Гази Баба, беше презентиран идејниот проект на православната црква "Свето Преображение“, објави Вечер.

Црквата и конаците ќе ги гради Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, а секако за најзината изградба средства ќе можат да донираат и верниците, за што Иницијативниот одбор ќе спроведе широка кампања меѓу жителите и верниците во оваа населба и пошироко.

Камен темелник на црквата и конаците ќе се постави штом се издаде одобрението за градење од општина Гази Баба, а се очекува осветувањето на темелите да се изврши и градежните работи да започнат на почетокот на иднатата година.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/767322469/foto-nova-crkva-sveto-preobrazenie-ke-se-izdigne-vo-skopje

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Nov-2014 at 11:49
Негледам ама никаква потреба од изградба на цркви во т.н. руски стил. Толку ли неможат да се потрудат стилот што веќе постои во Македонија да го модернизираат , усовршат , облагородат. 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Nov-2014 at 00:36
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 698
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Feb-2016 at 16:25
2016.02.15 - Почна изградбата на црквата „Сретение Господово“ во Железара

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Feb-2016 at 17:44
Просто невероватно до какви размери македонската сакрална архитектура се русифицира. И тоа во олку брз период, почна невино пред неколку години со 2-3 кромидолики куполи, за денес да е скоро единствена школа.

Едно време мислев дека се работи за засилено руско економско и политичко(=верско) влијание, но сега сум на ставот дека овој премин кон истокот е одраз на една могу македонска карактеристика, практиката самоиницијативно да одиме во крајност кога се обидуваме да превземеме некој туѓ елемент.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Feb-2016 at 18:50
Навистина чудно некако зошто така одеднаш се насочија кон тој стил на градење, кога навистина не ни прилега нам, ниту пак сме го имале на овие наши простори. Впрочем да беше некоја донација од нивна страна ќе разберев зошто би се избрал и стилот но вака некако се губи она што е карактеристично за нашиве простори.

Оној "наш" стил, односно оној кој со години е присутен и кај црквите и кај конаците и манастирите е баш она што е карактеристично и за македонската култура а и самата архитектура кој нели произлегла од овие простори. Мене најмогу ми се допаѓаат метеријалите кои се користат во градењето кај нас, додека ваму во рускиот стил ми е некако не би рекол "грандиозен" (иако секако дека е) туку ладен. Не знам, во ред е да се има неколку објекти во ваков стил само да не помине во основа на градење за понатака.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Feb-2016 at 02:59
ај што е руска, ама не можам да ја сфатам тенденцијата црквиве да бидат минијатурни во квадратура, ама да имаат катедралска висина

внатре нема десет луѓе да збира, ама затоа ќе се гледа од другиот крај на населбата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Feb-2016 at 03:49
И тоа е во склад со стилот



XVI век. Коло́менское, Москва
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Feb-2016 at 14:12
Дај некој архитект нека објасни, ама јас мислам дека црквите во Македонија се во Византиски стил. Повеќето се исти и во Грција, Србија и Бугарија.
Не ми смета промена на стилови, како тоа да ќе наштети или подобри нешто.

Не мора црквата нужно да изгледа старо, мистично, за да влезеш во неа.

Црквите кога биле градени се градени раскошно и со материјали поквалитетни од домовите што ги градел народот. Тоа треба да се разбере со денешен речник дека црквите биле модерни, квалитетни објекти.
Што би било лошо да се изгради објект на православна црква во од денешна гледна точка модерен стил?! Тој што има пари треба да повлече нога напред.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Feb-2016 at 14:20
Читав некаде дека финансиите за оваа црква идат од Русија. Не се сеќавам каде го читав но сигурно така пишуваше. Е сега на таблата на градилиштето стои МПЦ но тоа не значи ништо затоа што без разлика кој дава пари официјално оди преку МПЦ.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Feb-2016 at 21:57
Originally posted by Bojan10

Дај некој архитект нека објасни, ама јас мислам дека црквите во Македонија се во Византиски стил. Повеќето се исти и во Грција, Србија и Бугарија.
Не ми смета промена на стилови, како тоа да ќе наштети или подобри нешто.

Не мора црквата нужно да изгледа старо, мистично, за да влезеш во неа.

Што би било лошо да се изгради објект на православна црква во од денешна гледна точка модерен стил?! Тој што има пари треба да повлече нога напред.


Македонските цркви се во Византиски стил, скоро секогаш со основа базилика или впишан/развиен крст (не знам какво е внатрешното уредување на рускиве). И современите цркви кај нас или се чиста копија, или некоја малку осовременета интерпретација.

Се сложувам апсолутно дека црковната архитектура мора да напредува и да биде современа, но за жал застанавме на Соборна, за потоа пак да тргнеме ретроградно. Според мене Православната црква (барем во Македонија), во 21ви век е најконзервативна и назадна во својата историја. А ова со евтиното копирање на традиционален руски стил за мене не е исчекор напред, туку само тапкање во место и подлижување. Конаците се исто така нагласено руски, по теркот на средновековните (и подоцнежни) Лаври, што повторно го сметам за непотребно и назадно.

МПЦ, според мене, денес е крајно архитектонски и уметнички неписмена (очигледно во чекор со световните власти). Да се прашувам јас, сите цркви од 19 век па надолу би ги национализирал бидејќи МПЦ или ништо не превзема со тие објекти, или тоа што го превзема е унаказување, а во меѓувреме троши милиони на изградба на нови храмови. Не знам дали немаат обврска да соработуваат со професионалци во конзервација и архитектура, или едноставно им се гледа низ прсти.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 17-Feb-2016 at 23:40
Ја знае некој точната локација?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Feb-2016 at 07:57
На таблата пишува „Сретение Господово“, а темава е наречена „Свети Преображение“. Нешто се сменило во меѓувреме?
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1290
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Jun-2016 at 12:22
Еве една фотка превземена од страната на Жикол
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1290
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Sep-2016 at 13:01
Fotkava e prevzemena od nivnata facebook strana
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1290
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Nov-2016 at 15:22
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Nov-2016 at 22:46
Сретение Господово, нас. Железара (сместена е на ридот, веќе се гледа од кулите во Скопје Север) извор: фб страницата на Жикол

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1290
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Nov-2016 at 07:39
Dzole jas ja staviv istava ovaa fotka vo niskata Sv.Preobrazenie naselba Zelezara no bi trebalo niskata da se preimenuva vo Sretenie Gospodovo bidejki so momentalnovo ime doaga do zabuna a ja mesam i so taa vo gjorce sto se gradi.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11663
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Nov-2016 at 09:02
Ја преименував темава за да нема веќе забуни.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.