build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

3D реплика на Македонски град за комерцијални цели

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Incognito View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Feb-2015
Location: N/A
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Incognito Quote  Post ReplyReply #1 Topic: 3D реплика на Македонски град за комерцијални цели
    Posted: 20-Feb-2015 at 09:01
Поздрав членови на Build.MK. Работам 3D дизајн и графика +/- 14 години и еден куп слични работи и ме интересира колку е законски дозволиво да се изработи одреден македонски град како арена за одредена интерактивна видео игра? Прашањето не е дали е практично изводливо, туку кои се ограничувањата за такво нешто?

Различни држави имаат различни закони за вакви работи. Гигантни студија реплицираат градови, или одредени сегменти од истите со солидна прецизност, додека од друга страна налетав на случај во Кореа, студент кој едноставно сакал да го внесе својот универзитет како мапа за Counter-Strike, изедол казна од 40.000€ и одреден временски период во затвор.
За кај нас, паметам имаше реплика на АвтоКоманда и на одреден факултет, ама тие работи беа од пред повеќе од десет години.

Кои работи се дозволени да се реплицираат, кои работи не се дозволени да се реплицираат, за кои работи треба да се бара дозвола или потпис, или нешто слично?

По некоја си логика, и од тоа што имам читано од страна во други држави, екстериерот на јавни и деловни објекти може слободно да се реплицира, бидејќи е јавен објект и е видлив од сите страни. Случајот е ист за станбени објекти, секојдневни згради, значи само екстериерот.

Што се однесува до куќите и дворното земјиште, различни места кажуваат различни приказни, и по-веројатно ми е дека реплицирање на такви работи или е строго забрането, или треба да се бара дозвола. Секако, за такви работи, ако не се добие дозвола, истите можат да се модифицираат да не изгледаат на имотот за кој станува збор (Ако не’ам дозвола од одредено семејство за реплика на нивниот имот, едноставно на нивниот плац ставам нешто сосема друго.

Ќе ве молам за мислења и одговори во врска со легалноста и етиката на ваков проект. Благодарам Big%20smile
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Feb-2015 at 12:51
Искренo и мене ме интересира оваа тема.

Edited by stratus - 20-Feb-2015 at 12:51
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1831
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Feb-2015 at 14:56
Порано имаше мапа за кантер и од средното училиште во Скопје Орце Николо
Би требало да е легално. Ако може Google да снима со камери по улици зошто да не...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Incognito View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 20-Feb-2015
Location: N/A
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Incognito Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Feb-2015 at 18:12
Originally posted by alexsend

...aко може Google да снима со камери по улици зошто да не...

Муабет на место!

Пролистав одредени документи на МВР, ама баш у нашава државичка нема детални информации за баш оваа тема, а пред нив да ги прашам, сакав да прашам луѓе кои се ентузијасти на темава.

Направив многу контакти со текот на годините и различни луѓе ми рекоа различни работи. Американците ми кажуваат разно-разни приказни, одредени велат сосема ОК било, додека другите се напињаат до даска и врескаат за приватност. Од некоја си параноична си нивна перспектива, ги разбирам ш’о сакаат да кажат, но да не навлегувам у тоа. Еве од кај нив што испадна: линк

Многумина ми го повторија истото, а секако дека и тоа ќе се случи: Важно е да се отстранат сите комерцијални ознаки и интериерот не би требало да се реплицира, за да не се експлоатира истиот за малициозни цели.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Mar-2015 at 12:19

веројатно под забрана за снимање на воени објекти (но и за кои други и да постои ваквата забрана) сигурно може да те истаманат истоветно и за нивна 3д реплика, јасно доколку има кој да те пријави и каде да те најдат, а во најлош случај сигурно нема да заглавиш озбилно туку со некоја паушална глоба

по оваа логика би можеле да те закачат и преку законот за заштита на лични податоци односно соодветнава забрана
Забрането е снимање на влезови на индивидуални станови на други
сопственици. [1]
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Mar-2016 at 01:30
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Mar-2016 at 18:48
Воопшто не сум загрижен за мојата безбеност со тоа што мојата куќа е на Гугл. Загрижен сум за својата приватност и права со тоа што една (1!) светска корпорација ги ислика скоро сите градови на планетата без притоа да праша некого од засегнатите дали се согласуваат со тоа. И најјакото секако, кај не те прашуваат дали може да те сликаат па уште пари прават на твоја (наша) сметка, додека темата никогаш јавно не била ни споменатата.

А параноидалните приказни за се'присутните терорисити може слобондо да одат на отпад.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Mar-2016 at 14:30
Originally posted by hcitrS

Воопшто не сум загрижен за мојата безбеност со тоа што мојата куќа е на Гугл. Загрижен сум за својата приватност и права со тоа што една (1!) светска корпорација ги ислика скоро сите градови на планетата без притоа да праша некого од засегнатите дали се согласуваат со тоа. И најјакото секако, кај не те прашуваат дали може да те сликаат па уште пари прават на твоја (наша) сметка, додека темата никогаш јавно не била ни споменатата.

А параноидалните приказни за се'присутните терорисити може слобондо да одат на отпад.


Како прво, постои постапка со која можеш да се повикуваш на приватност и да доставиш до Гугл информации за твојот имот кој е јавно видлив и истиот може да се маскира.
А на пример во Германија и Австрија снимки воопшто не се правеа, значи тоа веќе влегува на државно ниво на кое мислам дека за Македонија подобро е да биде на Гугл Мапс бидејќи тоа може да го зголеми туризмот на повисоко ниво, отколку што има негативни последици.
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Mar-2016 at 21:49
За Street View зборувам. На кој начин тоа ќе го зголеми туризмот? Сите специјалисти за туристички стратегии во државава, „да го зголеми туризмот“, ко да се работи за температура та да се зголеми.

И не се работи само за Мапс и СритВју. Сите на нозе се креваме дека државата не прислушкува, дека НСА прислушкувала во Америка и светот, мн камери по улица итн.. кога само на една (1!) единствена корпорација доброволно и широкоградо и ги предаваме сите можни детали за нашиот живот. Од слики, контакти, музика, видеа, хобија, порничи, патувања... буквално се. Дотаму се' ни „олеснија“, толку е све синхронизирано што немаме појма кој дел од твојот живот каде ни се наоѓа. Автоматски синк на сите инфоа од твојот мобилен, таблет, лаптоп... додека во нашите мозоци мрак. Во услови кога сите тие информации врвните алгоритми на Гугл ги користат за да создадат што е можно порелевантна реклама и понуда која идеално одговара на твојот ментален профил.

А никаде на повидок нити закон, нити регулатива за Гуглверзумот... па нели е тоа доброволно.

Edited by hcitrS - 10-Mar-2016 at 21:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.