build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани велосипедски патеки - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбани велосипедски патеки - Скопје
    Posted: 31-Oct-2015 at 16:48
ПРОМОВИРАНА РЕКОНСТРУИРАНАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ



Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /31.10.2015 година/ ја промовираа реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда.



- Градот Скопје интензивно работи на реализација на проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Денеска ја промовираме реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда, што е дел од рутата 1 од овој проект. Во текот на изминатиов месец, пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот Александар Македонски беше целосно реконструирана на должина од 1.040 метри, беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беа поставени нови рабници и нов асфалтен слој. Пешачката патека е широка 4 метри, а велосипедската патека – 2,5 метри. Означена е и хоризонталната и вертикалната сигнализација. На реконструкција на пешачката и велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, на потегот од подземниот премин кај хотелот „Континентал“ до влезот во пунктот на ЈСП во Автокоманда, работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу 8,6 милиони денари – рече градоначалникот Коце Трајановски.



За да се овозможи непречено движење на велосипедистите, екипите на Град Скопје ја реконструираа и пешачката и велосипедска патека по должината на улицата Беласица, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до кружниот тек кај хотелот „Континентал“, од страната на скопското сајмиште, на должина од 260 метри, а кај хотелот „Континентал“ е изградена нова велосипедска патека долга 50 метри. Со овој зафат, велосипедистите добија можност за непрекинато движење по должината на булеварот Александар Македонски и по улицата Беласица по уредена велосипедска патека.



- Во наредниве денови продолжуваме со активностите за изградба и обнова на велосипедските патеки од рутата 1. Ќе се работи на булеварот Александар Македонски, на потегот од базата на ЈСП во Автокоманда до клучката „Естекада“, на булеварот Илинден, на потегот од улицата Љубљанска до булеварот 8.Септември, на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до фонтаната во Градскиот парк, на улицата Беласица, од страната на паркингот и по должината на булеварот Гоце Делчев, од страната на населбата Крњево. На терен работат 3 градежни компании, а градежните работи на патеките од рутата 1 очекуваме да завршат до крајот на годинава. Потоа ќе продолжиме да работиме и на преостанатите три рути од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Сакам да потсетам дека со проектот за унапредување на велосипедскиот сообраќај „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ во градот ќе се оформат четири главни велосипедски рути, и тоа: РУТА 1 - Гази Баба-Центар-Карпош, РУТА 2 - Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров, РУТА 3 - Кисела Вода - Центар – Карпош, РУТА 4 - Бутел-Чаир-Центар, како и седум конектори што ќе ги поврзуваат патеките од рутите. Со овој проект до 2017 година ќе се реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки. Апелирам до граѓаните што повеќе да користат велосипед во своето движење низ градот и да ги користат обновените велосипедски патеки – нагласи денеска градоначалникот Трајановски.



Досега во Скопје се реконструирани следниве велосипедски патеки:

- на булеварот Кузман Јосифовски – Питу, на потегот од НБРМ до Транспортен центар;

- на булеварот Гоце Делчев, на потегот од МРТВ до факултетскиот комплекс;

- на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од Адвокатската улица до кеј „Димитар Влахов“;

- на булеварот Александар Македонски, на потегот од бараките на Општина Гази Баба до Шумарскиот факултет, лева страна;

- на булеварот Александар Македонски, на потегот од улицата 16. Македонска бригада до клучката „Естекада“, лева страна;

- на булеварот Ѓорче Петров, на потегот од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај, лева страна;

- на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од ТЦ „Мавровка“ до клучката кај Бит-пазар, од страната на пазарот.

http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8582&mid=482&tabId=1
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Dec-2015 at 17:29
Сето она што е поврзано со градските патеки за велосипеди во Скопје предлагам да го објавуваме во оваа нишка. Исто така, предлагам тука да ги посочуваме сите урбани пречки со кои се соочуваат велосипедистите во Скопје, како велосипедските паркинзи.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Dec-2015 at 16:57
По должината на Илинденска од стара америчка амбасада па се до владата, се поставува нов асфалт за тротоари и велосипедски патеки. Исто така се спуштаат ивичниците во деловите кај што има раскрсници.
Одлично е што конечно во оваа насока се придвижија работите но дали пак мора прешачките тротоари да се прекриени со асфалт. Претходно беше се со бехатон, а сега е се со асфалт.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 742
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Dec-2015 at 20:38
Го извозев вечерва целиот дел од Илинденска и морам да кажам дека е пријатно изненадување целата патека. Сепак, неколку мои забелешки: зашто целосно е занемарена патеката до самата улица и зашто се употребува делот од пешачката патека, мислам дека во летен период, само проблеми би се правело, односно пешаците и велосипедистите би си сметале себеси; потоа, се уште на некои раскрсници (Воена болница; Мида; Скопје Сити Мол) не се нивелирани тротоарите и верувајте ако не се среди ова, многумина нема да ја возат патеката, иако е добро направена.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Dec-2015 at 22:08
IMO, би морала да се санира и старата патека затоа што таму кај што ја има ќе служи како и досега, а комбинираната пешачко/велосипедска е маркирана само за контра односно кон Запад. Ако добро приметив двонасочна е само во делот од Рузвелтова до Матично.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Dec-2015 at 10:27
zosto bese potrebna nishkava koga ima veke edna za velosipetski pateki? samo zabuna pravite.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Dec-2015 at 11:02
Originally posted by xnx

zosto bese potrebna nishkava koga ima veke edna za velosipetski pateki? samo zabuna pravite.


Со текот на времето, ќе ги распределиме сите поважни текстови во неколку нови нишки. Велосипедизмот и развојот на инфраструктурата, заедно со развојот на ова превозно средство како јавен превоз, допрва доаѓа во Македонија и сметам дека треба и ние како форум да пружиме шанса.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Jan-2016 at 12:45
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Jan-2016 at 13:08
Originally posted by daci92

https://scontent-frt3-1.xx.fbcdn.net/hphotos-xfp1/v/t1.0-9/12418029_10153304998918016_734616013344173077_n.jpg?oh=4ecb3034a7120f9b5719f93c604d5574&oe=56FC902Fлогика, слалом!?
Да не претеруваме. Божем ако беше поделена патеката и имаше црвена вело лента, едните и другите ќе го почитуваа движењето.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 742
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Jan-2016 at 18:54
Како некој што постојано го користи велосипедот за превоз низ Скопје, морам да кажам дека не е воопшто проблем тоа. И баш како што кажа Навигатор и како што може да се заклучи од праксата подолу на патеката каде таа е поделена, нема воопшто никакво почитување од страна на пешаците и тоа долго време ќе треба да се навикнуваме едни со други.

Воедно, добро е што го средија овој дел и што си ја сфатија грешка со правењето на Илинденска со сливниците на секои дваесетина сантиметри. Милина е да се вози самата патека по целата нејзина должина.

Сепак, МВР и сообраќајна полиција мора да бидат многу поактивни, особено на клучните места: гимназија „Орце Николов“, Стоковна куќа „Мост“, кај Зоолошка, поради непрописни паркираните возила. Исто така, се надевам патеката ќе ги добие долгоочекуваните слеани рабници и на раскрсниците кај Воена, Ми-Да и Зоолошка.

Исто така, и ќе е лошо од време на време и по некоја метла да удрат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jan-2016 at 19:11
Навигарот не е за поделеноста, видете столбчињата каде се поставени. Наместо на крајот до самата ивица од патеката ние добивме столбчиња скоро на сред патека.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Jan-2016 at 09:43
Нас. Карпош, десно се гледа бул. Илинден

Skopje by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Jan-2016 at 12:02
Ubavo. Ke treba da se vovede i sluzba za odrzuvanje na ovie pateki.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Jan-2016 at 12:46
Originally posted by kultuzin

Ubavo. Ke treba da se vovede i sluzba za odrzuvanje na ovie pateki.


Зошто да се воведува служба? Пушти ги тие 1600 луѓе што седат дома а земаат плата за бадијала, за одржување на патеките.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jan-2016 at 13:11
Originally posted by phenomenon


Originally posted by kultuzin

Ubavo. Ke treba da se vovede i sluzba za odrzuvanje na ovie pateki.
Зошто да се воведува служба? Пушти ги тие 1600 луѓе што седат дома а земаат плата за бадијала, за одржување на патеките.


Pa i toa e voveduvanje na sluzba.

Edited by kultuzin - 13-Jan-2016 at 13:12
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Jan-2016 at 14:53
Jas pedlagam sluzhba za odrzhuvanje na sluzbhata za odrzhuvanje. Taka barem sigurno neshto kje bide domakinski odrzhano.
Back to Top
ViktorMKD View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 07-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote ViktorMKD Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 13-Jan-2016 at 15:14
Originally posted by hcitrS

Jas pedlagam sluzhba za odrzhuvanje na sluzbhata za odrzhuvanje. Taka barem sigurno neshto kje bide domakinski odrzhano.

Ако може малку да појасниш што сакаше да кажеш?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Jan-2016 at 22:37
Originally posted by ViktorMKD

Originally posted by hcitrS

Jas pedlagam sluzhba za odrzhuvanje na sluzbhata za odrzhuvanje. Taka barem sigurno neshto kje bide domakinski odrzhano.

Ако може малку да појасниш што сакаше да кажеш?
дека каква служба и да имаме, нема да си ја врши работата как ошто треба
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 742
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Feb-2016 at 17:19
Демек, вчера ја почнаа втората рута од т.н. проект Скопје Велоград 2017. Еве ги резултатите од првата рута - Велосипедисти, слободно поминете

Не знам како да им објасниш на властиве, дека мене ама, ич ништо не ми значи, ако на 90% од патеката е најсовремено изградена и е супер возењето, ако на тие десет посто јас морам да правам пресметки како воопшто да поминам и дали ќе успеам да поминам.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Feb-2016 at 18:42
Тука единствени виновници се полицијата и пајак-службата. Да сакаат, ќе воведат ред за еден час. Ама да сакаат.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.