build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 17>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Урбани автопати - Скопје
    Posted: 19-Sep-2007 at 22:49
Сообраќаен ГУП на Скопје (~8МБ) 6430x3860

http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg


Edited by pbanks - 28-Jan-2008 at 22:03
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Sep-2007 at 22:50
pismo od citatel od utresen broj na Dnevnik
 
На Скопје му треба „градски автопат“


За поздравување е почетокот на изградба на клучката „Континентал“. Овој сообраќаен објект е почеток на долгоочекуваната изградба на Јужниот и Источниот булевар како главна артерија на сообраќајната мрежа во Скопје дефинирана како „градски автопат“ долга од 9,5 километри од х. Континентал (врска со северен булевар односно булевар „Александар Македонски“) до Сарај (врска со автопатот Скопје-Тетово).

Треба да му се честита на градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, што ја почна изградбата на овој толку очекуван проект за граѓаните на Скопје. Уште повеќе што ниеден од многуте претседатели или градоначалници во Скопје, во изминатите 40 години, не успеал барем да почне со реализација на овој проект, за кој уште од 1967 година трасата е зацртана со генералниот урбанистички план на Скопје (исклучок е 1,5 км коловоз од Јужниот булевар на платото од старата железничка станица реализирани во 80-тите години од минатиот век).

Сите бивши градоначалници се раководеа од фактот знаејќи дека нема шанси да го реализираат целиот проект во нивниот мандат (вредноста е апроксимативно проценети околу 100 милиони евра), дека нема да ја понесат славата сечејќи ја лентата на пуштање во сообраќај. Тоа со години е на штета на здравјето на скопјани кои живеат со енормно аерозагадување. Оваа пракса, за среќа, ја прекина градоначалникот Костовски кој ќе им остави можност на неговите следбеници да го завршат овој проект. Покрај клучката, Костовски ќе треба да ја заврши изработката на идејниот проект за Јужен и Источен булевар, каде се очекува извесна рационализација на решението. Потоа да изгради делови од трасата на Јужен и Источен булевар, каде што има најмалку трошоци за експропријација на станбени објекти. Овие делови до комплетната реализација на проектот би служеле за локален сообраќај или како паркинзи.

Зошто за Скопје е најприоритетна изградбата на Јужен и Источен булевар во решавање на сообраќаен проблем, кој се манифестира во: изгубено време во непотребни долги возења, поголема потрошувачка на гориво, енормно аерозагадување и нервоза на возачите и другите учесници во сообраќајот што го загрозува нивното здравје?

Булеварот Македонија (јужен) и булеварот „Крушевска Република“ (источен) на потегот од „Континентал“ до Сарај во должина од 9,5 км е дел од единствена брза, експресна сообраќајница, која поминува низ јадрото на градот по неговата должина од Хиподром до Сарај поврзувајќи го автопатот Куманово - Скопје - Велес со автопатот Скопје - Тетово. Ваквата сообраќајница (ја имаат сите европски градови со големина на Скопје) е замислена како „градски автопат“ со непрекинат ток на движење, со по три сообраќајни ленти во секоја насока , без семафорски раскрсници; со вкрстување во две нивоа со главните попречни улици, ќе ги прифати сите движења на долги и средни растојанија кои сега поминуваат низ потесното градско подрачје и го создаваат сообраќајниот метеж кој во иднина ќе се претвори во сообраќаен колапс. Тоа значи дека огромен број возила ќе се префрлат од најзагрозената крстосница кај Судска Палата, од Партизанска, од Илинденска од булевар Гоце Делчев на Јужниот и Источниот булевар, каде што ќе возат 100 км/ч, а другите возила што ќе останат на споменатите улици ќе го сочинуваат локалниот сообраќај (кратки растојанија), кој нема потреба од големи брзини. Со тоа ќе се зголеми и безбедноста на сообраќајот.

Јужниот и Источниот булевар се конципирани уште со првиот, основен урбанистички план (ОУП) од 1965 година, а потврдени и со генералните урбанистички планови од 1985 и 2002 година. Според анализите и прогнозите на сообраќајното оптоварување „градскиот автопат“ низ Скопје требаше да биде реализиран до 1981. Денес во тек е изградба на обиколницата околу Скопје (автопат дел од коридорот 8). Но по приоритет во светот најпрво се гради градскиот автопат, а потоа обиколниот автопат бидејќи најголемото сообраќајно оптоварување се јавува од возилата чиј извор и цел е градското подрачје.

Како пример ќе го наведам градот Магдебург во Германија. Спрема големината, теренот, концептот на сообраќајната мрежа Скопје и Магдебург се слични градови. И двата имаат издолжен облик на градежниот опфат и се протегаат на рамен терен. Низ Скопје протекува Вардар, а низ Магдебург - Елба. Низ Скопје е предвиден градски автопат (бул. Крушевска Република и бул. Македонија), а низ Магдебург функционира градски автопат Магдебург ринг. Градскиот автопат во Магдебург е изграден од 1969 до1975, а обиколниот автопат од 1994 до1998 година. Изградбата на градскиот автопат била со приоритет од околу 20 години. Јасно е дека финансиските можности се далеку поголеми во Германија отколку во нашата држава, но приоритетот на изградбата на сообраќајниците е многу важна работа.

Ристо Димитров, дипл. град. инж.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Sep-2007 at 23:35
За жал луѓево размислуваат многу краткорочно.

Се слагам дека треба да ни биде приоритет изградбата на трите урбани автопати низ Скопје. Ама во деталите воопшто не се сложувам со читателот.

Баш ме интересира каква врска има клучката Континентал со Крушевска Република (освен што ја опструира)
И каква „рационализација“ на источен и јужен булевар замислува господинот.

Партизанска кога се градела, луѓето буквално се потсмевале на таквото „предимензионирано“ решение.  Веројатно на големо се предлагало да се „рационализира“. А денес негде нема доволно простор ни да се прошири колку што ќе треба со зафатите што не очекуваат, па ќе мора да се „крати“ од стандардите...

Кратковидоста во планирањето на инфрастуктурата се плаќа ужасно скапо. Квалитетот во планирањето на инфраструктурата се одразува со огромен процент во вкупната економија. А кога еднаш ќе се зезне работата многу тешко се исправа, а можностите за исправки се често мали и секогаш многу скапи.

Поготово во нашата ситуација се глупи било какви размислувања во таа насока. Се е јасно и веќе испланирано. Плус тоа најголем дел од коридорите за трите градски автопати се чисти, а тие делови што не се чисти ионака се суб-стандардни населби кои одавна требало да се срушат. Нема потреба од никаква рационализација.

Имаме шанса релативно ефтино да направиме крајно ефикасна сообраќајна инфраструктура во Скопје, што би имало огромно позитивно влијание на целата економија во Македонија. А сепак има такви кои сакаат во здрава нога да си стават трн.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Sep-2007 at 23:52

specijalno za tebe go positrav clanakot, vo kontekst na site onie diskusii okolu konfliktnosta na Kulcka "Trifun" i Krusevska republika.

Iako i jas i ti imavme mali razliki vo mislenja okolu taa klucka (vo smisla dali moze da se uklopi ili ne so Krusevska republika), G-din gradezen inzenjer ovde oko ne mu trepnuva da kaze deka Klucka "Trifun" e ustvari del od Krusevska republika.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Sep-2007 at 00:05
Originally posted by pbanks

G-din gradezen inzenjer ovde oko ne mu trepnuva da kaze deka Klucka "Trifun" e ustvari del od Krusevska republika.


Ама друже тоа е големиот проблем. Има такви кој замислиле дека онаа улица покрај транспортен центар ќе ја прекрстиме во „Крушевска Република“ и решен проблем. Претпоставувам затоа господинот ја смета онаа катастрофално лошо испланирана клучка Континентал како дел од Крушевска. Во реалноста таа клучка ја опструира „вистинската“ Крушевска, која мораме многу скоро да почнеме да ја реализираме. А овие крпеници кои некои ги туркаат, многу брзо ќе ни се треснат од глава ако не се свестиме и почнеме да гледаме неколку години понапред.

(Само да напоменам за тие што не се запознаени, дека бул. Крушевска Република е исто што и Источен булевар. Две имиња за истиот неопходен и одавна испланиран сообраќаен коридор)


Edited by Cloverstack - 20-Sep-2007 at 00:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 14-Oct-2007 at 10:57
Збирка бисери на тема Крушевска:

Сакам малце да го доловам нивото на расправата околу булевар Крушевска Република, и стручното ниво на некои од нашите главни фигури на чело на градот (и во минатото и во сегашноста). За некои работи што се тврдат, човек нее треба да биде ни стручен за да увиди дека се бесмислици, па ни останува да се прашуваме за мотивите...

Во наредниве неколку текстови ќе наидете на огромни нелогичности,  детски размислувања, нерационални заложби, очигледни контрадикторности и луди концепти...  (не се само нагласените, цитативе се преполни со бисери - нагласените се само оние главните и за кои давам коментар)



Вест 08.03.2001
Булеварот Крушевска Република, најверојатно, веќе нема да постои во Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје. Како нацрт-идеја, оваа сообраќајница чека реализација веќе 36 години. Ваквата новост за "отарасување" на булеварот од новиот Генерален план, е една од идеите на градоначалникот Ристо Пенов за растоварување на сообраќајот во Скопје. Тој сега се залага за други алтернативни решенија, иако изградбата на мостот кај Транспортен центар, кој е дел од проектот булевар Крушевска Република, му беше адут во двата предизборни мандата.
" Иако во моите предизборни програми нудев мост преку Вардар кај Маџар Маало, сега мора да констатирам, во исто време поучен од стручњаци, дека изградбата на Крушевска Република би чинела доста пари. Бидејќи овој булевар на хартија првпат се сретнува во 1965 година, сега и да се изгради, можно е да не ги задоволи потребите на скопјани, бидејќи сега се други времиња, а и друг е метежот, за разлика од пред 36 години. Сепак, би кажал дека крајниот збор ќе го дадат стручните лица за време на расправата за новиот ГУП, кои наедно се и најмеродавни да одлучат дали ќе постои или конечно ќе се избрише овој булевар од документите на Скопје", рече Пенов.
За разлика од Пенов, Општина Центар е на мислење дека нацртот на булеварот треба да се дислоцира за околу 100 метри од првичното решение, односно да биде навнатре, залепен до Транспортниот центар. Целта на ваквото барање е да се зачува маалото од уништување, како и да се заштитат граѓаните од издувните гасови, доколку некогаш се изгради сообраќајницата. Барањето е веќе доставено до главниот градски архитект на Скопје, со намера да се вметнат ваквите измени во новипот ГУП. Иницијативата поаѓа и од потребите на маџармаалци кои, поради немањето детален план за овој реон, живеат во многу лоши услови, бидејќи веќе 40 години не можат да градат и доградуваат ако имаат желба. Со досегашната замисла за изградба на булевар, исто така, требаше да биде урнато и пола Маџар Маало, бидејќи сообраќајницата е планирана баш преку некои од куќите. Со новата иницијатива, доколку се усвои, куќите и маалото ќе бидат зачувани. Според кажувањата на општинарите, со новата иницијатива за зачувување на маалото, интимно е засегната и градоначалничката на Центар Виолета Аларова, која е родена маџармаалка.


- Интересна „идеа“ и „новост“ предлагал Пенов. „Отарасување“ од клучни сообраќајници за да се растоварел сообраќајот. Само немал доволно храброст да оди до крај - отараси се од сите сообраќајници па ќе немаш воопшто сообраќај и автоматски нема воопшто метеж!

- Според Пенов пред 36 години биле други времиња и друг бил метежот па Крушевска ќе завршела работа. Ама во денешно време со 10 пати поголем метеж не ни требала Крушевска, туку некаква си бедна импровизација со мал капацитет и лошо поврзана.

- Маџир Маало треба да се руши и да не постоеше Крушевска. Не знам како може некој да се залага за зачувување на едно такво ругло во центарот на градот, кое никако не може да се вклопи па дури и да се фрлат милиони за да се среди и да се нашминка.

- Еј добра финта е ова со издувните гасови. Ако ја поместеле трасата за 100-тина метри (пак ќе поминува покрај Маџир-Маало), ќе биле заштитени жителите од издувни гасови. Македонска генијалност на дело. Треба да го патентираме овој брилијантен концепт!

- Како тоа не-бришењето на Крушевска спречува носење на ДУП?!?

- Не е вистина дека би требало да се руши пола Маџир-Маало ако се гради Крушевска. Реално тоа е многу помалку. И што е тоа битно кога тврдите дека во догледно време нема да има пари за изградба. А Маџир-Маало не пола, туку комплетно треба да се збрише.

 

Дневник 05.11.2003
Булеварот поминува низ исклучително чувствително градско подрачје, низ Маџир Маало. Затоа мора да се внимава трасата да се зацрта внимателно, да се запазат еколошките аспекти и да се зачува стариот градски кварт. Со мостовско решение на булеварот сосема ќе се уништат околу стотина домови, што претставува штета не само за граѓаните туку и за Градот. Материјалниот фонд на оваа концепција е импресивен. Но, ќе се обидеме сообраќајницата да ја изведеме со подземно водење, односно тунел. На тој начин ќе се заштити Маџир Маало од уништување и нема да се загадува околината од издувните гасови кои неповолно ќе влијаат врз жителите. Во секој случај, студијата ќе покаже која алтернатива е најдобра за изведба, надземно-мостовската или тунелската", истакнува градскиот архитект Тониќ и додава дека по изработката на студијата ќе се повикаат стручњаци со кои би се разгледале алтернативите. Меѓу нив ќе бидат и оние кои беа вклучени во изработката на Генералниот урбанистички план за Скопје, а не е исклучена можноста да се повикаат странски експерти со кои веќе се договара соработка.

Иако некои стручњаци сметаат дека тунелското водење на Крушевска Република е потешко изводливо, сепак, Тониќ смета дека тоа не претствува пречка. Според него, едниот влез и излез на тунелот, кој ќе биде долг околу 400 метри, ќе биде кај Сајмиште, а другиот кај Комплекс банки. Тунелот практично ќе поминува под Вардар. Останатиот дел од трасата, од Комплекс банки до Стара Рампа ќе се води под нивото на теренот и ќе се изгради еден вид отворен тунел со кота - 6.

Така ќе се намалат негативните ефекти од бучавата и издувните гасови. Не е прифатливо низ центарот да се води мостовско решение кое, покрај тоа што не се вклопува во градскиот амбиент, туку и како решение е поскапо", објаснува Тониќ. Во секој случај, кое решение е најдобро ќе покаже студијата чија изработка е од исклучителна важност.


- Тунел да се правело... Немало студија, ама знаел дека тунел е изводлив. Плус тоа треба да фрлиме дополнителни финансиски средства за да ја уништиме веќе заршената работа (припремата за клучката со Северен Булевар која веќе одавна е направена). Кога веќе не можел да излобира хоризонтално поместување, си пробал да ја помести вертикално... Битно некако да се осакати овој немерливо важен проект. И сето тоа за да го зачуваме и заштитиме „бесценетиот бисер“ на Скопје - Маџир Маало.

- Уште една невидено остроумна идеја како да ги елиминираме издувните гасови. Ако сме направеле тунел, ќе сме се заштителе... Господине бивш градски архитект, издувните гасови нема да „исчезнат“ во тунел, тие секако би излегле надвор. Не треба да е човек генијалец за да го свати ова...

Факт е дека во меѓувреме навистина се гушиме во издувни гасови зашто имаме огромни закрчувања во сообраќајот. А закрчувања во најголема мерка имаме зашто ја имаме запоставено доизградбата на примарната сообраќајна мрежа (во која спаѓа и бул. Крушевска Република)

- Зошто не е прифатливо во поширокото централно подрачје да се води мостовско решение??? Па многу градови на кои се повикуваме и угледуваме имаат такви решенија.

- Не е точно дека тунели се поевтини од мостови на столбови. Ваков непланиран импровизаторски тунел би бил и дополнително оптоварен од финансиски аспект. За конкретниов случај сепак не можам да тврдам, затоа што не било детално проучено тоа, но не можел да тврди ни Тониќ во тој момент. А сепак неодговорно давал такви изјави.
Во секој случај и без анализа е кристално јасно дека тунел би бил многу поскапа опција.

- Како тоа дури и оние крш „населби“ на чело со Маџир-Маало се вклопуваат во центарот на „мотрополата“, а современо и ефикасно сообраќајно решение по најлогичната траса која е веќе одавна зацртана не се вклопува?!?

- Ако и сам кажува дека наводната студија е таа што требало да покаже дали е подобро мостовско или тунелско решение, зошто однапред не убедувал кое е подобро?



Вест 24.02.2006
Општина Центар во забелешките на Генералниот урабанистички план на Скопје што сите општини требаше овој месец да ги достават до градот, бара да се промени сообраќајното решение за булеварот Крушевска Република. Соња Марковска, раководител на секторот за урбанизам во Општина Центар, вели дека ќе бараат од градот во измените на ГУП да се внесе измена на сообраќајното решение за овој булевар, кој во сегашниот план треба да минува низ Крњево. Таа објаснува дека со сегашното сообраќајно решение ќе се уништи ова неурбанизирано градско јадро, и дека оваа населба не трпи експресни сообраќајници со голем проток на возила.
"Бараме да се дислоцира булеварот Крушевска Република кај Транспортен центар, односно наместо да влегува во Крњево, преку железничкиот мост на Вардар да се поврзе со улицата Беласица и да дојде до клучката на булевар Александар Македонски кај хотелот Континентал. На тој начин овој експресен сообраќај ќе го дислоцираме од оваа наслеба и ќе ја заштитиме од уништување. Апсурд е среде центар да има толку брзи улици, со голем проток на сообраќај", вели Марковска.
Таа објаснува дека ова е едно од приоритетните барања на Општина Центар за измена и дополна на Генералниот урбанистички план на Скопје. Градските власти информираа дека е при кај собирањето на забелешките на ГУП од скопските општини, по што ќе почне нивното разгледување.


- Уште едно неурбанизирано „јадро“ требало да се заштити од такви лоши работи како што се развој и напредок. Па се слуша ли оваа што збори??? И уште раководител на секторот за урбанизам ја ставиле...

Инаку кој поминал низ Крњево знае дека дури и Маџир-Маало е Париз во споредба со него.

- Госпоѓо, Крушевска е планирано да биде денивелирана. Тоа не се поклопува баш со „тезите“ што ги развивате.

- Зошто тој предел „не трпи експресни сообраќајници“??? И не мисли ваљда стварно дека Крњево ќе остане такво засекогаш.

- Планот со преместување на Крушевска како што опишува е смешен. Невидени глупости... Тоа би било смешно да го каже дури и нестручна личност.

- Не е апсурд да има, туку апсурд е да нема брзи улици со голем проток на сообраќај низ центар. Плус тоа не станува збор за строг центар каков што впечаток се труди да наметне. На крајот на краиштата и самата нуди наводна замена за Крушевска, само малце поместена. Како па тоа не е апсурд според нејзините сопствени стојалишта?!?

- Кој и дал диплома и кој ја ставил у таа фотеља?!? Навистина ЖАЛНО!



Вест 14.06.2006
На последната седница на Советот на Општина Центар беше усвоен нацрт деталниот урбанистички план за локалитетот "Пролет" кој го опфаќа просторот зад Олимпискиот базен . Според него доколку во иднина се гради булеварот Крушевска Република ќе мора да се урне една од 13 - те згради кои се наоѓаат во овој дел од трасата на булаварот.
Од Општина Центар велат дека тие се против изградбата на булеварот Крушевска Република оти овој дел е густо населен и сметаат дека со новопроектираната улица кај Транспортиниот ценатр сообраќајниот метеж е растеретен па нема потреба од булеварот.

"Ние побаравме од Градот со измените на ГУП-от да се изземе изградбата на Крушевска Република, оти сметаме дека ова сообраќајно решение е погрешно. Сега чекаме да видиме дали градските власти ќе го прифатат ова наше барање. Го донесовме планот според важечкиот ГУП, а доколку ни се прифатат забележшките ќе направиме измена и ќе го избришеме булеварот Крушевска Република" велат од Општина Центар.


- За вакви стратешки проекти сегде во светот руши многу повеќе од една неквалитетна полураспадната стара зграда, со апсолутно никаква историска и архитектонска вредност.

- Не е нешто многу густо населен, а во секој случај не повеќе од делот кај што запнале да ја преместите трасата.

- Улицата кај транспортен центар не само што не ја исполнува својата сопствена задача (поради слични игри како со Крушевска), туку апсолутно никако не може да се споредува со Крушевска (ни по намена, ни по капацитет, ни од аспект на тоа што и каде поврзува), а камо ли да ја замени.

- Дури и да беше вистина дека со новата улица кај транспортен центар се растоварил сообраќајот, каква врска има тоа? Секој нормален и разумен планира и за во иднина. А ако сакаме Скопје да биде функционален град и правилно да се развива, тогаш за Крушевска нема алтернатива! На крајот на краиштата господава не бараат одлагање туку бришење на булеварот, така да не знам како може да ја земаат за аргумент моменталната ситуација (наводната моментална ситуација)



Вест 26.10.2006
Центар бараше да се измени трасата и улицата да не минува низ Крњево и Маџар Маало кои се густо населени. За донесување на деталниот план за Маџар Маало Општина Центар почна нова постапка, а поради негативниот одговор од Градот булеварот ќе мора да се внесе во планот за да биде во согласност со ГУП. Од Центар велат дека ако Градот сепак направи измена на ГУП и тие ќе го сменат ДУП - от.
Жителите на Маџар Маало по последните објаснувања од Општината се чувствуваат изманипулирани и од градските и од општинските власти. Маџар Маало иако е во центарот на Скопје се уште не е урбанизирано и жителите не можат да си ги легализираат градбите.


- Ако двете гета се хаотично преплавени со ниски градби, не значи и дека се густо населени.

- Жителите на Маџир-Маало исто така играат валкани игри и се обидуваат да манипулираат. За тоа што и самите се чуствуваат изманипулирани, во голем дел се самите виновни. На крајот на краиштата подобро е тоа отколку цел град да биде изманипулиран.

Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 03:04
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Oct-2007 at 12:53
ApplauseApplause
 
odlicna kompilacija, cestitam na trpenieto. dobro e sto konecno imame prostor kade moze da se sublimiraat i dokumentiraat site ovie bljuvotini na edno mesto dostapno do posirokata javnost.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Nov-2007 at 18:26


Еве една фотка од почетокот на осумдесетите. Подоцна ја срушија таа зградата и многу куќи од Маџир-маало и го проширија булеварот К.Ј.Питу. Како што се гледа, од маалото порушиле и повеќе отколку што било потребно.

Ја постирам сликава во врска со Бул. Крушевска Република и идиотските заложби да се избрише булеварот за да се зачувало „бесценетото“ маало во центарот на градот Nuts.
Мислам дека оваа фотка многу добро ја илустрира ирационалноста на противниците на Крушевска. Исто така ако замислиме каква би била ситуацијата денеска доколку ситуацијата останела како на сликата, јасно се гледаат последиците од саботирање на важни проекти. Добро е што барем на времето не се обрнувало внимание на такви дебилни заложби. Ако не си ја завршеле тогаш работата, денеска цела општина Аеродром ќе беше отсечена од центарот.

Гледајќи ја сликава, единствено ми е криво што багерите не продолжиле до самиот брег на Вардар... Yes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Nov-2007 at 20:09
MasterMaster
 
фала ти за сликава сериозно долго време барам слика од ситуацијата пред да се руши онаа зграда. Пошто живеам блиску ми текнува кога ја рушеа, се собираа од мaало да го гледаат рушењето (ја минираа па беше атракција) ама ја од некоја причина не отидов. Воопшто не ми текнува дека скапоцената маџир маалска архитектура стигала до самата граница на улицата и тоа во оној профил од она време. Ми останува само да го поделам жалењето што багерите не си ја завршиле работата до крај


Edited by pbanks - 03-Nov-2007 at 21:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Nov-2007 at 19:51
Барав информации за Крушевска и на мое огромно изненадување наидов на овој стар текст од 26.03.2001

Иако во нормална средина заклучоците на г-ин Мешко не би биле воопшто интересни, во нашава средина навистина мораме да му симнеме капа. Тој кажува очигледни работи, ама тие сепак одат против замислите на луѓе како Пенов, Трифун, Аларова и на други слични деструктивци. Мора да им се застане на пат на таквите паразити во обидот трајно да го осакатат градот.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=3428&idg=1&idb=216&rubrika=Skopje

УРБАНИСТИТЕ ОД ИН-ПУМА ПРОТИВ БРИШЕЊЕТО НА СООБРАЌАЈНИЦАТА ВО МАЏАР МААЛО ОД ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАН

Крушевска Република мора да се гради, кога и да е, на истото место

За непостоење на булеварот Крушевска Република никој не треба да размислува и кога ќе се најдат пари тој треба да се изгради, зашто е единственото решение за сообраќајниот метеж во реонот на Транспортниот центар

Булеварот Крушевска Република мора да остане во Генералниот урбанистички план на Скопје, во истата нацрт- идеја како досега. Идејата за преместување или бришење на оваа сообраќајница од планот, која би требало да поминува низ Маџар Маало не е во ред, велат во Институтот за урбанизам и просторно планирање-ИН-ПУМА. "Секоја замисла за отстапување од првобитното решение за изградба, не би функционирало", истакнува Александар Мешко, одговорен за сообраќајно проектирање во ИН-ПУМА.
Причините за ова укажување, според него, пред се, се поврзани со денешниот сообраќаен метеж во овој реон.
"Има неколку моменти битни за задржување на сообраќајницата. Доколку нацртот се помести за некои 100 метри, како што бараат од Општина Центар, ќе се блокира животот на Транспортниот центар. Од него, не треба да се заборави, дневно поаѓаат 800 автобуси , а тука е и Железничката станица, што е доволен доказ за големата концентрација на сообраќај. Се согласувам со желбата да се зачува Маџар Маало од уривање, но кога се работи за повисоки интереси за градот, уривањето е неминовно и го оправдувам", вели Мешко.
Наспроти ова барање, постои уште една идеја на градските власти за целосно отстранување на булеварот Крушевска Република од Генералниот урбанистички план. Пред некое време градоначалникот Ристо Пенов констатираше дека постои голема можност овој булевар целосно да се избрише, поради нецелисходноста за задоволување на потребите на скопјани и големите трошоци кои би се издвоиле за негова изградба. Мешко не се согласува со градските власти.
"Тоа е неприфатливо. Овој проект е од 1965 година и е изработен од тимот експерти од Обединетите нации. По правило не треба да се расипува еден модел. Секое отстапување од првобитната замисла не чини. Кога ќе се најдат пари, тогаш нека се изгради, но никако не треба да се размислува за негово непостоење", дециден е тој.
Ј.Ивановска


Applause Applause Applause Applause Applause



Edited by Cloverstack - 15-Nov-2007 at 02:02
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 14-Nov-2007 at 14:47
http://vest.com.mk/default.asp?id=143451&idg=7&idb=2221&rubrika=Skopje

АЛАРОВА ГО УЦЕНУВА КОСТОВСКИ ЗА СООБРАЌАЈНИЦАТА КАЈ "КОНТИНЕНТАЛ"
Ако сакаш клучка, дај стокатници
Градоначалникот Трифун Костовски вели дека за да добие согласност од Центар за изградба на клучката кај "Континентал", Аларова му барала да го смени ГУП и да ги предвиди стокатниците со кои тој не се согласува

Клучката кај хотелот "Континентал" градските власти ја градат на диво, бидејќи не добиле одобрение за градба од Општина Центар. Изградбата на оваа сообраќајница почна во септември, а од Градот велат дека биле принудени да почнат со работа без согласност од Центар. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вели дека за да добие согласност од Центар, градоначалничката Виолета Аларова му барала противуслуга, односно барала градоначалникот да дозволи спроти хотелот "Холидеј ин"да се градат стокатници и заради нив да направи измена на Генералниот урбанистички план.
"Работата на клучката ја почнавме без согласност од Општина Центар. Тоа е така затоа што е поврзано, да не речам, со една дебела бирократија, која наместо да помага во решавањето на овие работи, максимално ги отежнува. Тоа е системот. Знаеш, јас ќе ти дадам, ама и ти мора да ми вратиш. Што бара Аларова за возврат? Па ги бара стокатниците да и ги дадам. Но, јас со тоа не можам да се согласам. Дадовме негативен одговор на измените на ДУП 'Голем ринг' и во него дадовме 15 причини поради кои не се согласуваме со предлогот во центарот да се градат стокатници", вели Костовски.
Општина Центар ги негираше обвинувањата од градоначалникот Костовски. Од таму велат дека не издале одобрение за изградба на клучката кај "Континентал", бидејќи таа не е предвидена во ГУП-от.
"Не се работи за реваншизам, туку затоа што во ГУП, кој е донесен во 2002 година, не е предвидена сообраќајна инсталација во вид на клучка во населбата Крњево во близина на улица Беласица за вклучување во сообраќај на булевар Александар Македонски. Со ГУП-от е предвидено вклучувањето на булевар Александар Македонски да оди преку неизградениот булевар Крушевска Република и од тие причини не е дадено одобрение за градба. Општина Центар ја очекува долгонајавуваната измена на ГУП-от, каде ќе биде ревидирано и решението за булевар Крушевска Република, што е приоритет во нашите барања за измени на планот", велат од Општина Центар. (Е.А.)


Повторно истите приказни од Аларова во врска со Крушевска... Како ли само се осмелува така ноншалантно да си игра со целиот урбанистички концепт на градот. Ohno

Без Крушевска Скопје нема да може да функционира во иднина. Исто така никакво „поместување“ нема да ни помогне...

Убеден сум повеќе од било кога, дека зад ваквите игри се кријат криминални интереси на урбаната мафија. Не е ни чудо дека еден од главните лобисти против Крушевска е токму Мис Корупција - Виолета Аларова. На просторот каде што треба да поминува булеварот можат да се направат неброени милиони преку нивните криминални игри... Крушевска во голема мерка ќе им ги помати плановите... Но за Крушевска едноставно нема алтернатива! Ако успеат во нивните замисли, дефинитивно ќе ја парализираат иднината на градот. За жал ова не е преувеличување.

Bash


Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 03:06
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Nov-2007 at 19:14
Originally posted by pbanks

pismo od citatel od utresen broj na Dnevnik
 
На Скопје му треба „градски автопат“


За поздравување е почетокот на изградба на клучката „Континентал“. Овој сообраќаен објект е почеток на долгоочекуваната изградба на Јужниот и Источниот булевар како главна артерија на сообраќајната мрежа во Скопје дефинирана како „градски автопат“ долга од 9,5 километри од х. Континентал (врска со северен булевар односно булевар „Александар Македонски“) до Сарај (врска со автопатот Скопје-Тетово).



Dali nekoj moze da mi nacrta edna gruba karta od skopje i edna linija koja oznacuva kade ke vrvi ovoj gradski avtopat?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 14-Nov-2007 at 20:25
Ќе нацртам сега нешто набрзина пошто слабо стојам со време.

Инаку имај на ум дека читателот ги има заплеткано работите и заклучоците му се тотално погрешни.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 14-Nov-2007 at 21:04
Еве на првава мапа ги имам појачано трите урбани автопати за да добиеш претстава кои се и од каде поминуваат.

- Со сина боја се обележани булеварите Александар Македонски и Никола Карев кои го претставуваат Северен Булевар

- Со темно црвена боја се обележани Булевар Македонија и неговиот продолжеток према југ кој не знам како ќе се вика. Тие го сочинуваат Јужен Булевар

- Со розево е облежан Булевар Крушевска Република кого можеш да го срентеш и како Источен Булевар.





На вторава мапа немам ништо цртано - тоа е оргиналната мапа од ГУП-от. Ја постирам за да имаш подобра прегледност. Исто така се гледаат и доста од клучките, иако нејасно.





Edited by Cloverstack - 15-Nov-2007 at 01:58
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 14-Nov-2007 at 21:27



Третава мапа е исто од ГУП-от, но во помал размер и поубаво може да се види центарот на градот и цела Крушевска.


Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Nov-2007 at 19:25
fala cloverstack ama ne svakam... tie 9.5km koj trebat da se napravat avtopat ako sakas obelezimigi.. ti mozda mi gi obeleza ama jas celiot sum zbunet.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 15-Nov-2007 at 19:51
Па ти викам не обраќај внимание на неговите изјави - ни јас не знам за какви 9,5 километри збори, а веројатно и него се му се испомешало.

Вкупната планирана мрежа на урбани автопати (сите три што ги спомнав) е многу подолга од 9,5км. Ама во моментов нема никакви најави за градба. Дури нема ништо ни на повидок.

Типот демек збори за урбаните автопати, ама во суштина збори за нешто подруго.

Урбаните автопати се тие трите што ти ги нацртав. Кажи ми што точно те буни па ќе се обидам да ти објаснам најдобро што можам.


Edited by Cloverstack - 06-Jun-2008 at 03:07
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-Nov-2007 at 20:25
cloverstack sega te razbrav nema problem fala
Back to Top
kire85 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 13-Dec-2007 at 01:26

Значи планирана е и надвозница над јужниот булевар кај Нова Македонија.(„Климент Охридски“ ли се вика булеварот?) Во кој правец треба да биде еднонасочна Иво Лола?



Edited by kire85 - 13-Dec-2007 at 01:28
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 13-Dec-2007 at 01:36
А колку од Јужен булевар е воопшто изградено до сега? Сепак е голем проект, не може да се оствари одеднаш - а делот пред католичка бара барем привремено решение. До каде се протега ? И дали треба да се крстиме во негово име за да се растерети сообраќајот?
 Clover?

Edited by La Linea - 13-Dec-2007 at 01:37
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.