build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбани автопати - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 06-Aug-2009 at 13:25

Паркот на тополите ќе исчезне во наредниве две-три години

Староста, како и потребата да се изгради Јужниот булевар, според надлежните, се главните причини поради кои од ден на ден има се помалку стебла, а се повеќе пенушки и голини во паркот меѓу населбите Тафталиџе и Козле

%20
Препознатливиот парк со канадски тополи во општината Карпош, кој се протега од улицата Франклин Рузвелт се до студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе од ден на ден сé повеќе се разретчува. Минатиот месец беа исечени пет големи дрвја, а се планира до крајот на летово да има уште сечи. Триесетина пенушки може да се видат спроти Министерството за економија на новосоздадената голина, а уште дваесетина дрвја во околината се обележани со црвена боја за сечење, пред се тие што се наведнати над коловозите или искосени над патеките.

Две главни причини истакнуваат надлежните поради кои овој парк мора целосно да исчезне од лицето на градот. Првата е староста на дрвјата, чиј нормален животен век е дваесетина години, а овие стојат на тоа место двојно повеќе. Поради тоа тие се опасни и може да паднат врз некој минувач или возило.

- Тополите ги сечеме веќе три или четири години. Немам информација колку стебла се исечени досега. Сепак, се отстрануваат само тие што се стари и болни, па поради тоа се небезбедни за граѓаните. Минатата недела имавме налог за отстранување на локацијата кај улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, каде има останато уште обележани дрва кои треба да ги исечеме. Оваа недела нема да се случи тоа, бидејќи имаме ангажмани во други населби. Во план е да има уште неколку акции во кои ќе се отстранат и остатокот од старите и болни тополи кои се веќе обележани, но нашите екипи треба да излезат уште еднаш на теренот, бидејќи имаме сознанија дека не се обележани сите болни дрвја. Од градските власти се уште немаме добиено налог дали на нивното место треба да засадиме нови - вели Елизабета Георгиевска, портпаролката на претпријатието.

Втората причина за отстранувањето на стеблата е генералниот урбанистички план за градот, кој предвидува на тоа место да поминува трасата на Јужниот булевар. Станува збор за најголемиот и најскапиот сообраќаен проект за Скопје, односно булеварско решение без семафори што треба да се протега од влезот на Скопје кај Сарај до почетокот на населбата Кисела Вода. Поради сложеноста на зафатот ниту една градска управа досега не се нафатила да го гради булеварот, но сегашната најавува дека ќе почне до крајот на 2012 година.

- Булеварот Македонија, или познат како Јужен булевар, нема да се гради класично туку преку проширување на улицата Теодосиј Гологанов, лента по лента. Според програмата на градоначалникот Коце Трајановски, проектот за проширување на улицата ќе започне да се реализира во 2012 година. Решивме оваа сообраќајница да се гради со проширување на постојна улица бидејќи за нејзина изградба се потребни многу пари. Така, колку пари ќе имаме, толкав дел од улицата ќе направиме. Се уште нема одлука дали на местата каде што се сечат старите тополи ќе се засадат нови - велат од градот.

Со поделени чувства жителите на Тафталиџе и на Козле гледаат како полека исчезнува најголемото парче зеленило во нивната околина, на кое се навикнаа во изминативе децении. Тоа се уште им е главно место каде што се рекреираат, трчаат или ги шетаат домашните миленици.

- Паркот е пријатно место за рекреација. Во него се собираат многу луѓе и најчесто тука се гледаме со соседите. Израснавме под овие дрвја и жалиме што ги има се помалку. Сепак, поминувањето оттука во изминативе години стана опасно, особено кога има невреме или дува ветер. Тогаш или трчаме низ него за што побргу да се оддалечиме или одиме по околни, многу подалечни патишта. Ќе ни биде тешко да се навикнеме без тополите, но јасно ни е дека е неопходно да се исечат. Се надеваме дека ќе се засадат нови дрвја - вели Слаѓана Стојковска, жителка на Козле.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8591526192&id=14&prilog=0&setIzdanie=21756


Edited by lslcrew - 06-Aug-2009 at 13:25
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 06-Aug-2009 at 13:32
Originally posted by lslcrew


Решивме оваа сообраќајница да
се гради со проширување на постојна улица бидејќи за нејзина изградба
се потребни многу пари. Така, колку пари ќе имаме, толкав дел од
улицата ќе направиме.




Ја ова не го сфаќам

Edited by 46&2 - 06-Aug-2009 at 13:33
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 07-Aug-2009 at 00:13
Ohno

Друже, ни господ не може да ги свати овие...


Како прво нека престанат да лажат и да фрлаат песок во очи. Проширување на Теодосиј Гологанов не претставува изградба на Јужен Булевар, туку е проект кој се коси и доаѓа во конфликт со проектот за Јужен Булевар! Се коси и со сите урбанистички планови до сега, ама не им е проблем безочно да лажат и да се повикуваат на ГУП-от:
Втората причина за отстранувањето на стеблата е генералниот урбанистички план за градот, кој предвидува на тоа место да поминува трасата на Јужниот булевар. Станува збор за најголемиот и најскапиот сообраќаен проект за Скопје, односно булеварско решение без семафори што треба да се протега од влезот на Скопје кај Сарај до почетокот на населбата Кисела Вода.

Во цитатов има уште три крупни проблеми:
1. Јужен булевар треба да се протега уште прилично понатака, а не како што се тврди „до почетокот на населбата Кисела Вода“.
2. Не знам како се осмелуваат некој беден импровизаторски проект за фазно проширување на улица да го претставуваат како најголемиот и најскапиот сообраќаен проект за Скопје.
3. Преку проширување на Теодосиј Гологанов, единствено решение без семафори што може да се изведе е со кружни текови на секој чекор... А на тој сообраќаен коридор му треба денивелација, а не претворање на постоечките крстосници во кружни текови!!! Така е предвидено и со урбанистичките планови, а богами така налага и здравата логика!


Некој форсира да се простиме од сите корисни инфраструктурни планови, вклучувајќи ги и урбаните автопати (сите три, не само Јужен Булевар), а со тоа да се простиме и од огромните благодети од нив, кои нема да бидат само за нас, туку и за генерации понатака. Наместо тоа сакаат да ни сервираат бедни крпеници кои ќе бидат пречка за развојот на градот, кочница за економијата, и кои ќе го рушат квалитетот на живот на жителите.

Ова што се турка секако не е Јужен Булевар. Они можат да му закачат име какво што сакаат, ама името нема да реши ниту 0,000001% од проблемите. Ова што го планираат не е решение, туку проблем сам по себе.

Апелирам до одговорните и чесните луѓе кои можат да влијаат на работите, да направат се што е во нивна моќ за да се застане на патот на оваа инфраструктурна катаклизма што ни се спрема.


Edited by Cloverstack - 07-Aug-2009 at 00:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 09-Aug-2009 at 00:34
А еве отприлика како би изгледал вистинскиот Јужен Булевар. Ова подолу е Boulevard Peripherique кој е прстен околу централното градско подрачје на Париз и класичен урбан автопат.

Ние имаме речиси чиста траса за изградба на Јужен Булевар, што значи за релативно мала цена би добиле извонреден урбан автопат и брзо исплатење на инвестицијата. А состојбата на терен веќе некое време налага да се почне со реализација, која за среќа е прикладна за изведба во повеќе фази.

Инаку Јужен Булевар во ГУП-от е планиран да биде покриен во делот помеѓу Кисела Вода и Алумина (иден "G Mall"), што доколку се испочитува, би изгледал уште поимпресивно, а добиената површина горе би можела да се искористи за најразлични намени - за зеленило, спортски терени, паркирање и слично, во зависност од логиката што ја налага точната локација.

Исто така не смее да се заборави дека денивелиран Јужен Булевар каков што е предвиден со сите урбанистички планови од 60-тите навака е предуслов за изградба на ефикасен и современ „трамвај“ то ест ЛРТ мрежа, а не трамвај во стил на 19 век.

Треба под итно да се престане со фрлање на десетици милиони евра за триумфални капии и сличните ненормални ем непродуктивни проекти. Очајно ни треба средствата да ги насочиме кон ургентните приоритети, пред се долго запоставуваната инфраструктура! Ова не е некоја голема филозофија, ова може да го свати и екстремно ограничен човек.
Централната и локалната власт конечно нека почнат да се однесуваат рационално и одговорно!


1


2
Поглед на една од колекторските улици  (какви што требаат да бидат Теодосиј Гологанов и Народен Фронт меѓудругите)


3
Поглед од колекторската улица кон самиот автопат


4


5


6


7


8


9



Edited by Cloverstack - 09-Aug-2009 at 06:45
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 09-Aug-2009 at 14:56
Кловер што да правиш кога кај нас за булевар се смета 2x2 ленти, без клучки, без тротоари, само глеј го знакот, 80 е крајна брзина (иако има гужва на сликиве)
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 09-Aug-2009 at 16:25
Ова е НУЖНО за Скопје. Во Европа го имаат сите градови, дури и многу помали од Скопје. Марибор, покрај новиот ринг си има и урбан автопат низ самиот град H-2 Hitra cesta skozi Maribor. Еве податоци за скоро 10 км автопат низ градот. Многу рано е почнат *тогаш кога би требало да се почнат и скопските автопати.

Hitra cesta skozi Maribor, skupne dolžine 9,9 kilometra, se je gradila v večih etapah:
  • Gradnja I. in II. etape hitre ceste skozi Maribor oz. hitre ceste Maribor - Tezno, dolžine 2,7 kilometra, je potekala med leti 1978 in 1979 ter 1980 in 1985; 
  • Gradnja III. etape hitre ceste skozi Maribor oz. hitre ceste Pesnica - Maribor, dolžine 4,6 kilometra, je potekala med leti 1987 in 1989, ko je bil odsek predan prometu;
  • Zadnji, 2,6 km dolg odsek - t.i. 2B etapa - hitre ceste skozi Maribor, so izvajalci gradili med leti 2000 in 2001. S predajo prometu tudi zadnjega odseka je bila dokončana celotna hitra cesta skozi Maribor.
Да не зборуваме дека скоро целиот ринг на Љубљана е во границите на самиот град, особено северниот дел, така што рецептот за денивелација е ЕДИНСТВЕНО решение. Утнат ли сега да не го изградат (или уште полошо да изградат нормален булевар) подобро сите да се отселиме од Скопје, затоа што градот ќе биде обречен на хаос за генерации на ред!

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 05-Sep-2009 at 03:26
Може ли некој да ми објасни како е планирана трасата на овој булевар во делот кај Маџир Маало?

И да, знам дека мали се шансите, со оглед на маџирмаалскиот менталитет. Ве молам нишкава да не се претвори во плукање по локалците... знаеме се`.... Wallbash

Еве моја претстава, ако некој знае поточно нека пушти друга слика

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 05-Sep-2009 at 03:51
Од другата страна на мтв. Права линија точно од кај што си почнач. И маџармаалкиот менталитет вооптѓшто не е битен во приканзва. Најбитна е решителноиста на градските власти дфа реализирсат еден ваков проект. А за маџирмаалските менталитети има документ кој се вика решение за експропријација па нека се тужат после.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 05-Sep-2009 at 13:08
Јужен Булевар треба да стане модерен урбан автопат со раскрсници над самата траса прикажани како на погорните слики каде нема да се оптеретува сообраќајот со семафори туку само со приклучни излези и раскрсници над булеварот. Тоа е голем сообраќаен проект и доколку се реализира Скопје ќе прерасне во голема урбана метропола.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 06-Sep-2009 at 14:24
Originally posted by alexgizh

Може ли некој да ми објасни како е планирана трасата на овој булевар во делот кај Маџир Маало?

И да, знам дека мали се шансите, со оглед на маџирмаалскиот менталитет. Ве молам нишкава да не се претвори во плукање по локалците... знаеме се`.... Wallbash

Еве моја претстава, ако некој знае поточно нека пушти друга слика


Баш кај Маџир Маало ни мене не ми е јасно која е точно трасата и логиката.

Инаку сообраќајницата сепак не е ни булевар ни урбан автопат, туку обична улица.

Еве некои прикази, ако ти се од некаква корист или ако некој може да даде некое објаснување според овие:

1.
Примарната сообраќајна мрежа според важечкиот ГУП


2
Јавниот превоз според важечкиот ГУП. Интересно тука е што шинскиот коридор (обележани се со темно сино) се одвојува од Крушевска Република токму преку оваа улица. Но пак остануваат многу прашалници...


3
ДУП Маџир Маало, за жал засега го немаме во поголема резолуција.




Originally posted by lslcrew

Од другата страна на мтв. Права линија точно од кај што си почнач.
Не сум сигурен дека го разбрав ова, но ако се однесува на трасата кај МТВ, тогаш Алекс таму добро ја вцртал, треба да поминува помеѓу објектите на МТВ и на Македонско Радио.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 06-Sep-2009 at 15:15
Грешка си! Меѓу МРТ и бензинска, ако не и треба да се бутне бензинската!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 06-Sep-2009 at 15:21
Ти да не збориш за Крушевска?

Алекс вцртал од крстосницата кај МТВ/Универзитетот, претпоставив дека прашува за таа улица, не за Бул. Крушевска Република.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 06-Sep-2009 at 15:29
Па за Крушевска де!

А ти мислеше вероватно за она уличето како приклучно уличе на Крушевска, така?! Ондак да. Ама алркс убаво имаше прашано за булеварот. Па затоа не знам како настанала забуна дека алекс прашува за пола булевар и пола уличка. Dunno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 06-Sep-2009 at 15:53
Нема таква забуна пола/пола
Она што го нацрта Алекс многу повеќе одговара на трасата на улицата отколку на Бул. Крушевска Република.

А за делот кај НБРМ ги постирав сликите баш дека не сосема јасно како е испланирано и споено.



Edited by Cloverstack - 06-Sep-2009 at 15:54
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 13-Sep-2009 at 14:38
И покрај пуштање во употреба на скопската северна обиколница, кај пластичариве гужвата остана голема.

Додека никој ништо не превзема, дивоградби (можеби „легални“ дивоградби) никнуваат како печурки и реализацијата на Северен Булевар (кој очигледно ни е потребен што побргу, како впрочем речиси се што недостасува од примарната сообраќајна мрежа) се повеќе се комплицира.

Надлежните не само што не се замараат со покренување на такви стратешки проекти, туку не сакаат ни со мал прст да мрднат пред очигледното узурпирање на трасата. Полни им се устите за Скопје „метрополата“, ама не знам каква метропола ќе бидеме во 2020 или 2030 со вакви тесни грла и урбанистички ругла, на места каде што требало да бидат главните сообраќајни врски.





Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 13-Sep-2009 at 14:45


И мене ми упадна во око пред некое време зградава која си ја сликал но не би можел вака од прва да оценам дали е дивоградба или не. Сепак е малку вовлечена внатре, дали е тоа доволно незнам. Би било фино да располагаме со ДУП од овој дел да видиме како стојат работите.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3856
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 13-Sep-2009 at 14:54
kolku sto mozam da gledam ima 2 gradbi poglednete ja stranicata na klucka bit pazar stranica 8 i ke vidite!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 13-Sep-2009 at 15:03
@ pbanks

Не зборев конкретрно за таа зграда (мада и таа го лимитира коридорот на околу 35 метри широчина што не е воопшто сјајно за коридор на урбан автопат). Не е само таа никната во последно време. Ваму се нешто се гради, се доградува, се надградува, се проширува... Зошто се дозволува сето тоа?

Исто така во контекст на потребата од Северен Булевар сакав да ја доловам тамошната гужва која остана голем проблем и покрај пуштањето на обиколницата.


Edited by Cloverstack - 02-Oct-2009 at 01:56
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 13-Sep-2009 at 15:03
главната причина што не функционира клучкава и пластичарската улица е што тој дел е целиот ко да сме некое племе, тотален неред, било да е со градби, паркирање или други начини на узурпирање на јавен простор, доколку таа улица функционираше како урбан автопат со истата големина како сега, и да поминуваа камиони од таму немаше да има некој поголем проблем, дури и во најлош случај да не се реализира северен булевар
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 13-Sep-2009 at 15:28

Хаосот што го спомнуваш секако е голем проблем, но како може таа улица со постојниот профил (2х1) да функционира како урбан автопат и каква врска има клучката со тоа???
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.124 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.