build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Школски Превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Школски Превоз
    Posted: 25-Aug-2016 at 08:08

штета би било во ваква нишка да има терсене муабети, но ете кај нас и тоа е можно, во случајов апропо истрагата на СЈО за битолскиот градоначалник Владимир Талевски кој дали оти актер или пак оти е највесело-опуштен политичар па најдоа да му врзуваат машна кој како му се сака, или пак може е на тапет зошто и како дпмне и дуи распределувале бомбони, иако на јавно електронско наддавање по тендерите за бомбоните најчесто се одговорни програмерите односно програмата а не оној на крај што ќе стави параф на таквата слаткарска математика
нејсе, не ми е до тоа да го правдам чоеков колку да го пофалам прво за одбивањето на аболицијата na 27.04.2016 [1] а потем и за прифаќањето да глуми во филмоите на опозицијата [2] незнам што му требаше та наместо да ги откачи од врат на поштен начин, тоа сега да го прави по наш аршин речено помалкупоштено и судски, Алал за табиетот честа на мегдан да си ја одбрани, но и глупостите на америте да им ги осуети кои веруваат дека со лов на вештерки народ ќе предомислат за следните избори

ако веќе бараат гачка попрво нека бараат за техничкиот преглед на возилата отколку за концесијата, иако и концесионерите опуштено си ја тераат, та неретко со учениците се превезуваат и селани од околните села, што не би било воопшто лоша идеја, но доколку место комбиња има автобуси или минибуси, а автобусот е напола поделен - од напред за возрасни а од позади за ученици, илити средношкоци напред а основци од позади, некој ќе рече сгрегаторски но по која логика да се прават екстра трошоци, и по кој акал двајца тројца старци или сиромашни да неможат да се превезат до град а крај нив минува некако јавен превоз!?

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Aug-2016 at 11:03

требаше да биде училишен, но школски ми делува помелозвучно, иако офцијално правописно но и етимолошки пофестивалски делува учењето него школувањето [1][2] сепак школа има и полокален карактер земено научно [1][2] дури и народно делува попитомо налик асоцијација на Школка наместо Уши ил Очи односно комбинација од двете, нели за децатат попитомо би било да ги потсетуваат дека тоа е најбезбедното место каде би засветиле ко бисер наместо место каде ќе си оштрат сетилата
нејсе, зошто муабетов, просто ако ваков продлабочен пристап имаат и кон превозот на ученици, а не пак училишното градиво, од нашите потомци ќе се изнедруваат саде изворни домакини и домакинки, прооптимистички настроени дури и во невозможно песимистички и депримирачки времиња, а за да не биде ова разбрано на мајтап би го врзал муабетов дека продлабоченоста кај надлежните треба да оди до таму да дури имаат и еко-акал па школскиот превозот да го дополнат и со приколки за велосипеди, бар кај средношколските автобуси, како би се потикнувале и колективно младите на здрав живот и чиста околина

иницијатива која скромно се турка и за јавниот транспорт - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1170&PID=213907#213907

но тоа потем ќе повлече пополека и поголема бициклистичка култура што би требало да е дополнето во прилог и со масовно рагранување на бициклистички стази како логално така и регионално, што пак добро ќе се одрази и по туризмот но и по здравјето на сите граѓани, а за да се исфорсира таква вело-култура би помогнало ако се мотивираат и финансиски учениците - трансферирајки ги средствата за превозот наместо до превозниците директно до децата

http://www.bikearlington.com/pages/biking-in-arlington/bike-to-school/




Edited by beTon - 25-Aug-2016 at 11:03
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Sep-2016 at 01:32


добро зошто тендерите да се проблем кога истите се електронски, која фора е да не и веруваат на општината училиштата, конечно зошто самите училишта да немаат свој возен парк, она што го приметив кај овие превозници во Битола е дека наутро со комбињата што носат ученици попладне возат локално мештани, неретко ги носат и заедно, а бев сведок и на ред други пропусти, но да не цепидлачам во услови на светска рецесија не е толку зијан ако некој стои простум во комбето нели, ето во индија и ден денес и по кров се возат па се е океј дали

19.09.2016 - СИТЕ БЕГААТ ОД ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА

Училишниот одбор на Техничкото училиште денес најверојатно ќе одлучува дали ќе биде носител на тендерот за бесплатен школски превоз во Битола. Општината по истрагата за случајот „Транспортер“ годинава нема да го распишува тендерот, па се бараат алтернативни решенија. Техничкото училиште е едно од неколкуте без блокирана сметка кое има и обучено лице за јавни набавки, па затоа се бара од него да биде носител на тендерот, а потоа секое училиште да си потпише договор со избраниот превозник.

„Наставнички совет едногласно гласаше против, а сега пак се бара да одлучува Училишниот одбор. Вработените се загрижени тоа да не доведе во иднина до блокирање на сметката. Претходно, тендерот го распиша Општината, а договорите ги потпишаа училиштата и превозниците. Сега во триаголникот ќе влезе училиштето место Општината. И вработениот кој е обучен за набавки е со обука, а не експерт по економија. Од кого ќе добива поддршка, од Општината каде за некои е покрената истрага за ’Транспортер’?“, вели Наташа Петровска, член на УО и координатор на советниците од СДСМ. Таа додава дека станува збор за сензитивен тендер кој најдобро е да го распише Министерството за образование.

Директорот на училиштето Драган Стојановиќ изјави дека оваа недела УО ќе одлучува дали тие ќе го распишат тендерот за бесплатниот школски превоз.

Минатите години тендерот го имаше распишано Општината.Подоцна, СЈО ги осомничи градоначалникот Владимир Талески, секретарот на Општината, директори на школи и превозници за организирање школски превоз по цени повисоки од реалните. За тоа Талевски трет месец е во притвор.
Прашавме во Општина како ќе го организираат превозот годинава, ни одговорија дека поради истражната постапка која се води, не можат да одговорат на прашањето.

Додека да се распише тендерот учениците ги превезуваат истите превозни фирми како и лани, а некои се вмешани во случајот „Транспортер“.
Превозници велат дека сѐ уште не им се доисплатени сумите што им се должат за превозот на учениците од лани. Повеќето од нив веќе ги тужеле школите и имаат извршни решенија, но не можат да наплатат поради блокираните сметки на училиштата. Велат дека никој не се зафајќа со решавање на овој проблем, а наместо тоа, сега им се воведува и такса запирање на постојките.

http://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/site-begaat-od-tenderot-za-prevoz-na-uchenitsi-vo-bitola/

19.09.2016 - Талески не се откажува: Техничкото училиште ќе го распише тендерот за школскиот превоз

Притворениот градоначалник Владимир Талески не се откажува од тоа тендерот за бесплатниот школски превоз во Битола, наместо од Општината, да биде организиран од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола.

Тендерот најверојатно ќе го распише училиштето, а парите на превозниците повторно ќе им ги исплаќа Општината, од дотациите на Министерството за образование.

Денеска попладне училишниот одбор на техничкото училиште дефинитивно ќе одлучи дали ќе го прифати предлогот на Општината и ќе го отвори тендерот за бесплатниот школски превоз за 13 училишта во градот. Членови од училишниот одбор велат дека исто како и пред еден месец, нема расположение за прифаќање на овој предлог бидејќи Општината е таа што треба да прави јавни набавки за училиштата.

Директорот на средното техничко училиште, Драган Стојановиќ, за „Мета“ денеска изјави дека училиштето само ќе го распише тендерот, додека исплатата на парите ќе оди преку Општината.

– Исто како и досега, Општината ќе им плаќа на превозниците – рече Стојановиќ.

„Мета“ дојде до договорот 1] што треба да го потпишат основните и средните училишта во Битола за организирање на бесплатниот школски превоз за учебната 2016-2017 година.

Во договорот се наведено дека врз основа на записникот од состанокот на директорите од основните и од средните училишта, формирана е комисија за јавна набавка и дека носителот на групната набавка, техничкото училиште, се обврзува технички, односно електронски да ја спроведе постапката на групната набавка, со помош на стручната служба за јавни набавки на Општина Битола.

Ако некое од училиштата се премисли и не го потпише договорот, тој ќе се смета за раскинат, за што ќе бидат известени градоначалникот Талески и Министерството за образование.

Градоначалникот Талески три месеци е во куќен притвор поради истрагата на Специјалното јавно обвинителство за сомнежи за криминал од 360.000 евра со тендерите за превозот на ученици.

http://meta.mk/taleski-ne-se-otkazhuva-tehnichkoto-uchilishte-ke-go-raspishe-tenderot-za-shkolskiot-prevoz/


Edited by beTon - 20-Sep-2016 at 01:34
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Sep-2016 at 07:44

интересно Талески имал душевна болка од превземените клевети на битолското Его иако истото на долго и широко дотогаш му го пеглало неговото [1] може го рекетирале за да и тој им бидне утре мецена, а ако не тој бар локалните шорошоиди

не дека тогашниве закани сега откако го пуштија од куклен притвор ќе видат бел ден, бар не ми се верува дека ова е негово масло туку попрво партиски маркетинг спин, сепак поучно за сите дека и со ведар актерски табиет да сте, штом се замешате во политика ќе играте како ќе ви свират и едните и другите но и покрај се' алал да му е на чоекот та и кој се не му врза машна а сеуште никого не отера у мариовска бестрага
20.07.2016 - Талески од куќен притвор се заканува со тужби против новинари - http://meta.mk/taleski-od-kuken-pritvor-se-zakanuva-so-tuzhbi-protiv-novinari/

ако нешто може да испере во овој сектор градоначалников тоа би било само театарски, макар и сета сјо-драма е токму тоа театар но за мали деца, но да видиме може на децата и да им бидне интересно да се возат на сето ова, ако битолци решат да ги подучуваат како правилно се користи школскиот превоз
http://www.schoolbusfleet.com/video/650046/district-teaches-bus-safety-through-music

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.