build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 34>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 24-Apr-2018 at 19:28
Originally posted by alexsend


П+3+П ништо повеќе од тоа!


alex, јас не би се сложил дека во стар аеродром висината е проблем, баш напротив. А и од „покткровја“ веќе преку глава.

Проблем во стар аеродром е густината и распоредот на објектите, окупацијата на сиот постоечки и потенцијален квалитетен јавен простор, и задржувањето на старата урбанистичка „подлога“. Со ДУП-овите единствено направија на местото на секои две бараки П+1 да има по една зграда П+10 (и плус згради на места кадешто немаше бараки). Тоа не е урбанистичко планирање, тоа е чист кретенизам.

Уличната мрежа е комплетно истата како кога беа бараките. Дури ни џебови за контејнери не направија по улиците! Паркингот е веќе огромен проблем, а ќе станува се поголем и улиците и тротоарите се повеќе ќе се користат за паркирање. Дали ова беше тешко да се предвиди? Дури и двете најважни сообраќајни врски за влез и излез од населбата се катастрофално предвидени, за едната имам пишувано уште пред неколку години кога го зготвија првиот ДУП по ваков терк, ќе се обидам да го најдам постот.

А можеше да биде прекрасна населба, доколку се направеа барем мали измени во уличната мрежа и доколку малку се излезеше од ригидниот концепт на претворање на секоја барака во градежна маркичка, без никаква урбанистичка флексибилност, без трунка визија и одговорност. Не гледам проблем доколку имаше дури и повисоки објекти, ама помалку на број за да се формира повеќе и поквалитетен јавен простор, особено парковско зеленило. И ваљда не мораше сите згради да бидат грди клонирани квадари. Ама за тоа ќе требаше повеќе работа, попаметни и посовесни луѓе, и секако помалку корумпирани. А и комодитетот на градежната мафија ќе мораше да се наруши макар малку, ќе мораа малку да излезат од разработената затупувачка шема која се сведува на репродукција на истото срање одново и одново.






Edited by Cloverstack - 24-Apr-2018 at 19:56
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 24-Apr-2018 at 23:31
https://www.youtube.com/watch?v=bn_tr-o9Ncs

Ја немам сеуште изгледано епизодава, но би требало да е квалитетно и детеално сработена. Ја обработува токму оваа тематика.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 25-Apr-2018 at 00:57


Златко Марин звучи како да голтнал плоча со грејтест генерик хитс од Гордана Јанкуловска:
- според законот бла бла бла
- согласно законот бла бла бла
- согласно законската регулатива бла бла бла
- согласно ингеренциите бла бла бла
- немаме таква информација


Еве го се јавил и на фејсбук пред некој ден... Ги ревидирале ДУП-овите, ама не можеле да ги менуваат  Nuts


Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 25-Apr-2018 at 01:18
Previous
 
" Можеме да воведеме и мораториум за изградба на нови објекти на територијата на општината, само немаме тестиси за да им покажеме среден прст на две третини од паразитите кои не` финансираат нас и нашата партија, а кои ги финансираа(т) и нашите претходници ", заборавила да додаде златната кокошка носителка на плава жолтица.

Нема подобар опис на реалноста во која живееме од девојчето кое говори од 10:37 до 10:49 .
 
Малку оф-топик: во истиот временски сегмент - од 10:37 до 10:49 - вреди да се погледнат велосипедистите каде возат.
 



Edited by Dexter26 - 25-Apr-2018 at 01:27
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 640
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 26-Apr-2018 at 06:27
Поготово ќе биде интересно од Ноември до Март коа почнат дождови,снегови,смог,недостаток на циркулација на воздух,зелени површини,бетон,кал,прашина,места за паркирање,застои во сообраќај...како ја уништија урбанистички пола општина која беше врв во урбано планирање и инфраструктура не само во Македонија него и пошироко и тоа у рок од 5 години,алал да им е...највеќе ми е криво што не само што ја сјебаа урбанистички него и духот и го уништуваат,ги нема веќе парковите,местата за собирање,дворчињата од бараките,пешачкиот ареал...луѓето и сегашните и идните ги сардинираа во кутии на 10 метри растојание без никаков простор за социјални активности околу кутиите...да не зборам за наглата промена на составот на населението,главно од провинција што ќе влијае на општа промена на шмекот.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 26-Apr-2018 at 09:49
Ај што уништија урбанистички развиена општина по професионални стандарди, ама и ништо нормално не изградија. Аеродром денеска нема театар, ниту било какво друго културно здание. Нема ниту гимназија. Основните училишта, со исклучок на она во Реонскиот центар, се изградени пред децении наназад, а бројката на ученици рапидно расте. Не ми е јасно како ја планираат за населба за млади лица, а да нема доволен број на места во градинка за тие брачни парови.

И пак ќе кажам, најсуштинските закони од урбанизмот и планирањето, заедно со нов концепт на работа, не се ниту чепнати од новата власт, а камоли активно да се работи на нив!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 30-Apr-2018 at 16:52
Еве неколку фотки од фб од новоотворените градилишта-многу се грижат за зеленилото внимателно го пакуваат на ситни парчиња во камиони








Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 04-May-2018 at 17:25
Жителите на Аеродром не веруваат во градоначалникот Марин



Нова сеча во општина Аеродром ги вознемири жителите, кои велат дека повеќе не веруваат во градоначалникот Марин. Поради изградба на нови објекти, во општината се уништува зеленилото, што е спротивно на ветувањата на новиот градоначалник Златко Марин, кој тврдеше дека Аеродром ќе има нова парк-шума, чист воздух и ќе стави крај на градежната мафија.
Направивме вистинска граѓанска програма, во неа нудиме конкретни решенија за борба против загадувањето, мерки за контролирање на градежниот и сообраќајниот метеж, ќе направиме ревизија на постојните ДУП-ови, ќе спроведеме гасификација до јавните објекти и топлификација до индивидуалните домувања, ќе овозможиме субвенции за еколошки огрев и ќе посадиме вистинска парк-шума“, ветуваше Марин пред изборите.
Наспроти сето ова, се случува сосема спротивното. Градежниот хаос продолжува, а граѓаните излегуваат на протести и бараат итно стопирање на градбите. Жителите тврдат дека Марин не е заинтересиран за ништо. Ветеното ревидирање на ДУП-овите остана само предизборно ветување. Граѓаните на општината се категорични дека Марин ги довршува проектите на својот претходник Коневски, а уништувањето на зеленилото и новите градби е еколошка катастрофа што тој ја поддржува.

„Ова е ужас, првин не може да се гради, па ќе се гради. Стариот градоначалник направи некои документи, овој ги доврши. Не го интересира ништо. Кога и да се јавиме на ‘Фејсбук’ да го прашаме што и како се случува, тој вели дека не го интересира и дека е приватен имот. Ова е ужас. Немам очекувања, сето ова е голема лага. Апсолутно не верувам во новиот градоначалник. Овој простор плачеше за паркче, за детско игралиште. Нека има и објект, ама овој е ужасно голем, се зборува дека ќе има 270 стана. Овој дел требаше да се уреди на сосема друг начин, но што е тоа е“, вели жител на општина Аеродром.
Би требало да ги стопира градбите, но јас не верувам во никого. Најголемата штета е што е пренатрупано со градби, нема воздух. Најпотребно е зеленило“, додава жителка на општината.
„Мислам дека треба да се стопираат сите градби, дека градоначалникот ќе ги стопира. Човекот е нов, не го познаваме доволно, но гласот го дадовме за него. Лично јас. Првпат на овие избори го дадов гласот за оваа партија. Јас мислам дека тоа што ни го ветил не би требало да го излаже. Наредниот пат нема молење“, вели друг граѓанин.
„Многу е густо населено. Не знам што мислат општинарите и зошто градат толку густо. Не верувам дека Марин ќе стави крај на оваа градежна експанзија“, вели граѓанин на оваа општина.
Првиот човек на Аеродром, Златко Марин, додека беше во опозиција, го обвинуваше ексградоначалникот Коневски дека ја игнорира волјата на граѓаните, а сега тоа и нему му го порачуваат жителите.

https://www.slobodenpecat.mk/naslovna/zhitelite-na-aerodrom-ne-veruvaat-vo-gradonachalnikot-marin-video/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 04-May-2018 at 17:45
Во врска со новото градилиште кај Тобако 2, ако може некој нека го постави видеото еве линк https://www.youtube.com/watch?time_continue=8&v=_frzbHUR_8Y
Иначе просторот околу градилиштето е хаотичен,поставуваат некакви цевки незнам за што и е раскопано насекаде.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 04-May-2018 at 18:18
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 06-May-2018 at 14:06
Еве до каде се стигнати со рушењето на бараките и киосците,а се гледа во позадина на првата фотка дека е направен и ископ-превземено од фб



Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1637
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 07-May-2018 at 22:20
Марич4о си тера со 100км/ч - одобрение за градба издадено на 01.03.2018
детали за парцела и инвеститор во сликите......(ноу комент)




Edited by Obedineta Makedonija - 07-May-2018 at 22:21
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 08-May-2018 at 22:26
Сеча на дрвја за нова зграда...

https://www.facebook.com/skopjesmogalarm/videos/1681745678529684/

Edited by Џоле - 08-May-2018 at 22:27
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7314
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 08-May-2018 at 23:02
многу паничите ко за објекти кои уште одамна се во урбанистички план
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 09-May-2018 at 07:11
Еве една фотка од градилиштето за новата висококатница на Адора-превземено од фб

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 11-May-2018 at 12:48
Зградата на Дабар на ул.Пандил Шишков,денешна фотка

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 11-May-2018 at 18:28
Овие две сум ги заборавил

Ова е истата зграда од претходниот пост само од другата страна



Ова е новоотворено градилиште на истата улица до зградата на Офис Ком само незнам кој ја добил,не видов табла а инаку веќе е направен ископ

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 14-May-2018 at 13:41
Неколку денешни фотки од новоотворени градилишта на ул.Руди Чаевац(по ново Методија Шаторов Шарло)

1.Кај Тобако 2 на почетокот од улицата,прават ископ и преместуваат некакви инсталации,сеуште нема приказ за изгледот на новиот објект







2.Ова е на Адора за новиот објект Адора Парк 3,почнато е со ископ и набивање на бетонски цевки





3.И ова последново е на Голден Арт поточно нивна осма по ред зграда во оваа населба каде веќе се почнати со плочите но сеуште под земја.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 16-May-2018 at 13:06
Превземено од фб-изгледот на населбава пред и потоа



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5556
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 16-May-2018 at 13:09
Превземено од фб страната на Елена Лука Хоум

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 34>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.