build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Стар Аеродром
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Стар Аеродром

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 21-Aug-2018 at 08:57
Originally posted by ironm

На среден рок, Скопскиот регион би можел да достигне 700.000 жители.
Според проценки од 2015 година, Скопје веќе има нешто над 800.000 жители, така што на среден рок се движи кон 1 милион.



2002 година Скопје со се Сарај има 506,926 жители...
Без Сарај,самиот град реално моментално нема повеќе од 550,000 жители.
Бројката веројатно е по блиска до 500,000 отколку 550 илјади.

Еве Родени-Умрени за целиот Скопски регион

Скопски регион

2008-2017

Македонци

3,691-3,789 = 48.56% од вкупниот број родени
3,763-3,769 = 48.09%
3,840-3,833 = 47.20%
3,636-3,820 = 46.53%
3,731-3,940 = 46.67%
3,736-3,793 = 46.34%
3,899-4,121 = 47.58%
4,060-4,227 = 50.47%
4,100-4,270 = 48.42%
3,646-4,184 = 47.03%

Албанци

2,722-783 = 35.81%
2,768-793 = 35.37%
3,095-778 = 38.04%
2,966-796 = 37.96%
3,140-911 = 39.28%
3,225-839 = 40.00%
3,137-819 = 38.28%
2,988-899 = 37.15%
3,269-949 = 38.61%
2,992-866 = 38.59%

Преку наталитет и природен прираст очигледно Скопје маргинално расте,и тоа највеќе благодарение на Албанците,Ромите исто така имаат значаен удел и некои останати групи минорно...што значи дека ако Скопје достигне 800,000 буквално ќе треба остатокот од земјава да се претвори во пустош,буквално.

Edited by kiriOK - 21-Aug-2018 at 09:19
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 21-Aug-2018 at 08:59


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1354
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 21-Aug-2018 at 15:54
Мислам дека дискусијата може да продолжи во Демографија
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11969
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 22-Aug-2018 at 13:45
Originally posted by stef4o







Оваа фирма има поставено табла и на градилиштето до Тинексот во населба Острово:
41°59'24.68"N  21°27'15.37"E

Дали на фирмава се истите сопственици од „Голден Арт“?


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 22-Aug-2018 at 15:29

Neznam ovaa kompanija cesto ja sretnuvam kako izveduvac ili podizveduvac na poveke stanbeni objekti niz gradot.Bea prisutni i vo izgradbata na zgradata na Elena Luka Home i na Dabar na ul.Franjo Kluz. Vo Ostrovo pocnaa pred 5-6 meseci ama neznam sto gradat i do kade se stignati,pretpostavuvam nesto stanbeno samo neznam kolkava visina dozvolija vo toj del?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 23-Aug-2018 at 17:55
Од фб,ја завршија пред некој месец



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11969
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 23-Aug-2018 at 18:14


Во жестока конкуренција, сепак една од најгадните.

Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1504
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 23-Aug-2018 at 18:51
Originally posted by Cloverstack

Во жестока конкуренција, сепак една од најгадните.


На “дабарци“ одма десно со жолтите нијанси - е убедливо најгрдото здање во тој круг таму па после е оваа
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 24-Aug-2018 at 12:48
Од фб

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 26-Aug-2018 at 14:48
Ова е на ул.Пандил Шишков каде по улицата остануваат големи флеки после секое бетонирање на околните две градилишта,а честопати и улицата е целосно блокирана од миксери.Би било добро градилиштата да си обезбедуваат простор во рамките на парцелата.Фотките се превземени од фб





Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 27-Aug-2018 at 07:24
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 28-Aug-2018 at 11:58
Originally posted by stef4o

Од фб,ја завршија пред некој месец






Еве уште по некоја фотка од фб,од внатрешноста на зградава







И уште една од фасадата

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 02-Sep-2018 at 02:31
Како населбата Стар Аеродром стана нов град

За да се добие појасна и попрецизна перцепција за новиот изглед на оваа населба, ќе симулираме промена на само едно урбано јадро на познатата улица „Руди Чаевац“ (по ново „Методија Шаторов- Шарло“) на потегот од Тобако 2 до црквата Св. Илија. Во оваа улица долга 350 метри се наоѓале 20 приземни станбени објекти со вкупно 120 станбени единици и приближно 480 жители. Секоја станбена единица имала двор и зеленило од приближно 600 квадратни метри. На овој простор во должина од 350 метри се изградени или се во завршна фаза десет висококатници со вкупно 1.200 станбени единици, а бројот на жители е зголемен на 4.800.

Така, наместо осмислена ревитализација на овој простор преку приспособување во постојните габарити, се пристапи кон стихијна и во голема мера непланска стратегија, која е плод на желбата на инвеститорите и локалната самоуправа за голема заработка,а на штета на квалитетот на животот на идните станари. Пред да започне ова градежно цунами на локалитетот Црква- урбана единица Б, на неполни 30 хектари имало вкупно 40 приземни, или станбени објекти со приземје плус спрат, со вкупно околу 240 станбени единици и приближно 1.300 жители, несметајќи ги и 700 жители во старите таканаречени три воени кули. Во целата населба Стар Аеродром живееле помеѓу 350 и 400 семејства со вкупно околу 2.000 жители. На ова место сега се во изградба или се веќе изградени 50 висококатници од кои секоја има по 120 стана. Бројот на семејствата ќе се зголеми на преку 7.000, а бројот на жителите до 2017 година е проектиран на 27.000.

Од планираните 50 висококатници со 120 станбени единици, практично две-третини се со нивна маркица. Во „меѓупросторот“ дозвола за градба на една или две згради успеал да добие и „Дабар“,како и неколку маргинални градежни фирми. Становите во оваа населба се продадени однапред, уште во пред-градба по цена од 1.200 евра за квадратен метар станбена површина. Општината на име комуналии инкасирала помеѓу 700 и 900 илјади евра од секоја зграда или според груба проценка,Општината Аеродром од промена на изгледот на населбата ќе има заработка од над 40 милиони евра, а во касата на инвеститорите сумата ќе биде четири пати поголема.

Архитект Арсова поставува прашање дали постоечката инфраструктура ќе може да ги задоволи потребите на новиот „град“. Хаосот веќе се гледа, почнувајќи од паркинзите, кои почнуваат да се шират на местата на некогашното зеленило, па сè до снабдување со вода, струја, основно образование, градинки…

„Среќниците“ кои овде купиле станови, допрва ќе ги почувствуваат проблемите. Двете основни училишта на оваа локација имаат капацитет за само 2.000 основци, а двете градинки и до сега беа претесни да ги примат сите дечиња.

Ќе настапи сообраќаен хаос

Населбата со планска одредница локалитет Црква – урбана единица Б (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 хектари. Во форма на основни општествено-социјални ќелии, 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила“ вели сообраќаен инженер М-р Ненад Тониќ.

Под претпоставка дека само 60 отсто од вкупниот број возила во утринскиот врвен час ќе се упатат кон работните места на своите сопственици, на излезните пунктови на локалитетот се добива маса од 3.600 возила. Таа маса, поделена во груб сооднос – 70 проценти да се најдат на крстосницата бул. „Јане Сандански“ и 30 проценти на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ ќе нареди 2.520 автомобили, или колона од возила долга 15,1 километри.

Населбата со планска одредница локалитет Црква – урбана единица Б (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 хектари. Во форма на основни општествено-социјални ќелии, 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила“ вели сообраќаен инженер М-р Ненад Тониќ.

Кои се новите жители?

Покрај урбанистичка овој дел на градот доживува и тектонска демографска промена, не само според бројот на жителите, туку и според социјална, културолошка, образовна и интелектуална структура… Речиси половина од новите жители, според анализата на регистарските таблички на возниот парк и неофицијалните податоци добиени од инвеститорите за структурата на купувачите – се од провинција, од градовите меѓу 10 -20 илјади жители. Овој феномен на депопулација на малите градови и притисок врз метрополата е под посебна опсервација на економскиот аналитичар Горан Лефков.

„Политиката на дисперзија на високото образование во „селските средини“, проектите на Владата – „купи куќа – купи стан“, злоупотребата на субвенциите во земјоделството, масовната продажба на земјоделско земјиште во „бесценетост“ се претворија во инструмент за преселба на населението од малите градови во метрополата и депопулација на малите градови“, вели Лефков. Депопулацијата на малите градови (од 7.000 – 30.000 жители) во Република Македонија станува загрижувачки социо-економски проблем кој во годините пред нас ќе доведе до континуиран пад на квалитетот на живот и ќе биде увертира за тивко исчезнување на малите градови.

Професорот Славе Ристески од Економскиот факултет вели дека „прашањето на депопулацијата и внатрешните миграции е важен индикатор за виталноста на секое општество, но за жал, во Македонија процесите на депопулација на внатрешноста стануваат вообичаени и нормални без размислување за последиците. Податокот на државниот Завод за статистика дека во 141 населено место (според пописот од 2002 година) нема ниту еден жител (ситуацијата денес е уште позагрижувачка) се смета како вообичаена работа и производ на транзицијата“, вели професорот Ристески.

Преселбата од провинција во Скопје, според него, наметнува потреба од итна проекција на идниот демографски и социјален развој на метрополата. „Ова е потребно од повеќе причини: Пред сè поради претпоставениот притисок на големите градови каде треба да се планира проценка за идната побарувачка на енергија, транспорт, храна, вработување, социјално и здравствено осигурување, бројот на студенти, потребен број на места во училиштата, градинки, здравствени установи… за следните најмалку десет години. Бидејќи таквите проекции не се направени, можеме да претпоставиме во каков хаос допрва ќе влезе државата, посебно, што преголемата привремена миграција од скоро 200.000 лица се трансформира во трајна“, предупредува Ристески.

Горан Лефков, вели дека причините за загрижувачки масовната преселба од малите градови во Скопје лежат во локалните и централната власт, кои се неспособни да креираат добри развојни планови. Дали свесно или несвесно поддржуваат пропаѓање на малите градови преку вкупната маргинализација на потребите на овие заедници и преку блокада на процесите за вистинска децентрализација и пренесување на процесите за одлучување на локално ниво како и енормно мали издвојувања на делот од вкупниот БДП за развој на овие заедници (25 пати помалку од она што е планирано до 2014 година).

,,Државата и локалната самоуправа треба да створат услови за подобар и поубав живот на граѓаните и да обезбедат економски развој со што би се спречило мигрирање кон Скопје. Ако на граѓаните во провинција им обезбедите квалитетен живот, економски напредок, културни содржини, добро снабдување, квалитетно здравство, спорт, безбеден живот, тие ќе немаат причина да се селат во метрополата. Источниот регион е отсечен, нема патна инфраструктура. Замислете во 21 век, воз за Кочани сообраќа само три пати неделно, еднаш во текот на работната недела и два пати за викенд“.

Edited by kiriOK - 02-Sep-2018 at 02:39
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 07-Sep-2018 at 07:15
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 363
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 10-Sep-2018 at 02:45
Пренаселеноста мислам дека веќе се одразува на комуналната хигиена...
Бар да беа направени заоблени пространства по уиците за да не се ставаат контињерите директно на улица.















Edited by kiriOK - 10-Sep-2018 at 02:51
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 10-Sep-2018 at 07:39

Можеби треба да се постави дополнителен број некои поасални контејнери и почесто да се празнат.

Патем еве неколку рендери од новиот објект на Офис Ком на ул.Пандил Шишков



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 11-Sep-2018 at 18:37
Денешни фотки

Фасадата на Дабар е делумно готова



Голден Арт ја припрема за бетонирање последната плоча

Back to Top
ammamm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote ammamm Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 12-Sep-2018 at 15:17
Иначе кружниот тек кај Поликлиника Јане Сандански и улицата Коста Новаковиќ (околу 200м) се прават од април месец и немаат абер од завршување.
Земаа 20-30 милиони евра од комуналии за новите згради, една уличка не се способни да направат за пола година!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 12-Sep-2018 at 18:57
Од фб профилите на изведувачите



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1164
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 15-Sep-2018 at 13:12
Ул.Коста Новаковиќ,нема абер од завршување,поготово се опасни високите шахти а исто така на некои места има два слоја асфалт на некои еден.Тротоарите се посебна приказна.Којзнае до кога ќе трае.Еве фотки од фб






Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.