build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Скопје - Блаце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 03-Mar-2020 at 15:22
Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје – Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до крајот на 2024 година.

– Срамен е фактот што за 12,5 километри автопат ѝ оневозможивме на нашата економија и нашиот бизнис сектор, пристап до пристаништето во Драч и употребување на 320 километри автопат кој веќе е изграден од страна на Косово и Албанија – велат за „Мета.мк“ од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Стопанствениците се жалат дека токму граничниот премин „Блаце“ е единствената можност по копнен пат да вршат извоз на стоки кон Косово или да транзитираат преку оваа земја. Од Комората постојано барале од властите да обезбедат терминал за царински услуги на граничниот премин „Јажинце“ кај Тетово, а идентичен проблем е и со новоотворениот граничен премин „Белановце-Станчич“ кај Куманово.

– Косово заедно со Албанија се единствените држави со кои имаме позитивна трговска размена, и за нашата земја тоа претставува пазар, можност која за жал веќе многу години не е искористена како што треба. Сметаме дека треба што поскоро да се изгради автопатот Скопје – Блаце – посочуваат од ова стопанска комора.

Претставниците на бизнис сектор потенцираат дека нашата земја е лошо рангирана на Глобалниот Индекс на конкурентност спроведен од Светскиот економски форум. Во столбот на инфраструктура, нашата земја е рангирана на 75-то место од 141 држава, додека во субкатегоријата за поврзаност на патиштата се наоѓаме на 91-во место. Според квалитетот на патиштата, стопанствениците велат дека се наоѓаме на уште полоша позиција – како 105-та држава од вкупно 141.

Во меѓувреме, сопствениците на земјиштето по кое треба да минуваат првите два километри од трасата на автопатот Скопје – Блаце се незадоволни од понудената цена за експропријација. Тие тврдат дека државата им нуди експропријација на земјиштето по цена од 200 денари за метар квадратен за локации за кои сопствениците сметаат дека треба да им се исплатат по 50 евра за квадрат. Тие бараат реална проценка на земјиштето од страна на вештаци, а во спротивно велат дека правдата ќе ја бараат пред судот во Стразбур.

https://meta.mk/stopanstveniczite-baraat-da-se-zabrza-izgradbata-na-avtopatot-skopјe-blacze/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 03-Mar-2020 at 16:49
Слободно нека одат во Стразбур.
50 евра плац има во урбана населба во Скопје, а не на сред никаде. 3 евра им е многу.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 16-Mar-2020 at 08:35

Edited by stef4o - 16-Mar-2020 at 08:41
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Online
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 16-Mar-2020 at 11:25
Jas bas ne sum zapoznaen so trasata po koja treba da se gradi noviot avtopat , dali mozebi delot od trasata minuva po karpest predel ili tezok teren i kade sto treba da ima miniranje ili probivanje na tunel ili izgradba na poveke mostovi , i poradi taa pricina da e potrebno tolku mnogu vreme za 12 kilometri da bidat zavrseni ?? Zapoznaen li e nekoj so toa dali e toa problemot ili stanuva zbor za nesto sosema drugo ??
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 04-May-2020 at 15:55
Корона вирусот ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Епидемијата со корона вирусот во земјава ја забави изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов ја средува експропријацијата на земјиштето низ кое ќе минува идниот автопат, додека на самиот терен се одвиваат подготвителни работи за изведба на трасата долга 2 километри.

Од вкупно 68 имоти низ кои минува трасата на првата фаза од автопатот, до овој момент се постигнати три спогодби за експропријација на земјиште и осум решенија за експропријација. Заради актуелната состојба со корона вирусот, оваа активност се одвива забавено, велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта.

На самата траса по која ќе минува автопатот Скопје – Блаце во моментов се одвиваат подготвителни работи, се врши геодетско снимање на трасата. Изведбата на градежните работи треба да започне по комплетирање на подготвителната фаза. Градежната механизација требаше да стартува со работа во текот на март, но ваквата прогноза беше направена пред појавата на епидемијата со корона вирусот.

Првата фаза од изградбата на овој автопат ја опфаќа трасата од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај село Блаце, за која градежната фирма „Гранит“ од Скопје изминатава зима беше избрана за изведувач на градежните работи. Вредноста на проектот е 12,2 милиони евра, а рокот за изведба на автопатот е 18 месеци.

Покрај отпочнувањето со изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце, ЈП за државни патишта за годинава планира да го рехабилитира постојниот магистрален пат до граничниот премин „Блаце“. Јадранската магистрала ќе добие нов асфалт, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој патен правец во периодот до завршување на изградбата на автопатската делница.

https://meta.mk/korona-virusot-јa-zabavi-izgradbata-na-prvata-faza-od-avtopatot-skopјe-blacze/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 04-May-2020 at 19:03
Без брзање, и така тие неверојатни 2 километри автопат, може и во 2025, има време, само полека

Edited by ehrlich - 04-May-2020 at 19:03
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 04-May-2020 at 23:56
Дали ќе се гради нов граничен премин, или овој нов автопат ќе се спојува со веќепостоечкиот?

Edited by The Wild Boy - 04-May-2020 at 23:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 18-May-2020 at 08:47
Започнаа подготвителните работи за почеток на изградбата на автопатот Скопје Блаце.

https://www.facebook.com/bujar.osmani.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 18-May-2020 at 11:29
Ајдееее, конечно.
Сега може да се стави знакче дека е во градба и овој проект!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-May-2020 at 15:52
Не бе, ич не смрди на предизборен маркетинг.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 18-May-2020 at 16:06
Нека поминат изборите, па ако тогаш не заборават на супер-тешкиот и многу долг автопат од 1km ќе може да има кранче.

Што е ова?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 18-May-2020 at 16:46
Хаха ајде да се почне кога ќе заврши не е битно. Тоа е ДУИ, колку автопатот кичево-охрид ќе трае, не научиле од ситуацијата туку прават иста грешка.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 18-May-2020 at 19:51
Се плашам дека и овој пат ќе заврши како и тој што требал да оди до Прилеп преку Бабуна.

Edit: Сеа сфатив дека до Косово го градат.
Braçata Shqipe мора да бидат поврзани со соодветно автопатско решение. И те како ќе се почне и заврши овој пат. Не го оставаат така да пропадне.

Edited by The Wild Boy - 18-May-2020 at 19:53
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 18-May-2020 at 20:09
Супер би легнала една ИКЕА тука.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 18-May-2020 at 20:24
Originally posted by The Wild Boy

Се плашам дека и овој пат ќе заврши како и тој што требал да оди до Прилеп преку Бабуна.

Edit: Сеа сфатив дека до Косово го градат.
Braçata Shqipe мора да бидат поврзани со соодветно автопатско решение. И те како ќе се почне и заврши овој пат. Не го оставаат така да пропадне.

Добро е чим си сфатил, подобро некогаш отколку никогаш.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 293
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 18-May-2020 at 20:54
Nemoze da zavrshi kako Veles Prilep zashto prvo nema alternativna trasa (Veles-Prilep ima alternativa), vtoro ima mnogu povekje PGDS negoli Veles-Prilep, i treto kako shto napomena od politichko znachenje e bez razlika za kogo, Veles -Prilep ne e od nichivo politichko znachenje.

Taka da ovie gluposti, "bracata shqipe" shto si napishal nema potreba, legitimen proekt e, vlezen vo prostoren plan na MK, nema potreba od pishuenje gluposti, bolje e pobrzo da go bide. Eden den moze kje bide alternativna trasa prema evropa (Skopje-Pristina-CrnaGora-Sarajevo-BanjaLuka-Zagreb), taka da dosta detski gluposti, bidete politichki pragmnatcihni, i vnatreshno i nadvoreshno! Bosna pati kako drzava od toa seljachko malogragansko politichko gledanje na infra proektite, nemojte da go prenesuvate toa ovde!

Edited by user8642 - 18-May-2020 at 20:56
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 19-May-2020 at 03:56
Originally posted by The Wild Boy

Се плашам дека и овој пат ќе заврши како и тој што требал да оди до Прилеп преку Бабуна.

Edit: Сеа сфатив дека до Косово го градат.
Braçata Shqipe мора да бидат поврзани со соодветно автопатско решение. И те како ќе се почне и заврши овој пат. Не го оставаат така да пропадне.

Пс: Не заборави дека има голем економски потенциал за трговија итн или и тоа ти смета? Vllezërit shqiptar е коректно. За едните е косовскиот народ брат за другите е српскиот .
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Online
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 19-May-2020 at 11:53
Realno ovoj avtopat mislam deka ke se zavrsi , bidejki i samata vlada e svesna kolku e toj znacaen i potreben za ekonomijata na nasata drzava , mislam deka se dovolno svesni za toa i deka ke ja zavrsat rabotata do kraj..
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Online
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 19-May-2020 at 19:58
Значи не ја гледам потребата на споредба на овој пат со патот Прилеп-Велес.
Овој пат прво е доста пократок и следствено поефтин, иако теренот е повторно предизвик. Врзува два главни града на две соседни државиќ Штета што не се испланира автопатско решение и кон Софија. Патов има огромен економски потенцијал и целосно е на место е да се изгради. Не потребни се етикетите како политички и етнички карактер на поректов кога пред се треба да е економски.

Од друга страна Прилеп-Велес е еден од најбитните патишта што ќе треба да се изградат во периодов што следи (ако се случи воопшто тоа). Овој пат има огромно значенње за поврзување на север-југ и исток-запад, се наоѓа во срцето на државата и е дел од меѓународен коридор 10д. Го поврзува главниот град со Пелагонискиот регион, како понаселен и еден од економски поактивните региони, ја поврзува цела источна македонија со Охрид, отвара врати кон пристаништата во Игуменица и Драч за стока од Скопје и мн др. Секако дека е поскап проект и пологично ми била некаква негова реализација со европски пари во периодов што предстои. А споредбите дека има алтернатива за него е исто како алтернатива да е постоечкиов пат за Приштина. Можеби првовремено не би било лошо да се размисли за некакво експресно патно решение што би можело да прерасни во автопатско, само ако сето тоа има економска смисла.

Морав да искоментирам дека најинтересно ми е колку во коментарите на соговорнициве на форумов се осеќа едредени етно-национално-географски романтичарски разислувања околу градење на патишта, па дури и некои фантастични ултра скапи тунелски решенија како да Тетово и Призрен да се некои ултра битни економски центри. Еве јас сум од Битола, живеам во Скопје, мене лично најбитен пат би ми бил Прилеп-Велес, меѓутоа сум свесен дека моментално патот за Приштина е за нијанса поприоритетен.
Секое идно планирање и инвестирање на патна инфраструктура треба да е поткрепено пред се на наука а не на романтичарство. Дали е пат дел од меѓународен коридор, број на возила на ден, проценки на возила на ден кога би се изградил, цена по км, поврат на инвестиција итн... И пред се дали може да се обезбедат атрактивни средства за негова градба.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 19-May-2020 at 21:06
Originally posted by stratus

Како битолчанец, и јас сум согласен со кажаното. Проблемот со тоа што сум од Битола е што кога и да прокоментирам дека автопатот до Штип (буквално паралелен на Е-75) беше тотално непотребен, и дека можеше Штип автопатски да се поврзи со Велес, испаѓам љубоморен локал-патриот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.