build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Скопје - Блаце
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Скопје - Блаце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 25-Aug-2020 at 07:00
Прекинати градежните работи на автопатот Скопје – Блаце, таму каде што е копано расте трева, Бујар Османи не одговара



https://tv21.tv/mk/prekinati-gradezhnite-raboti-na-avtopatot-skopje-blatse-tamu-kade-shto-e-kopano-raste-treva-bujar-osmani-ne-odgovara/
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 81
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 25-Aug-2020 at 09:08
Големо чудо. Не граделе. Што има ново тука? Сите знаеме дека ништо никаде не градат. Едино не е јасно каде тонат тие екстра 1 милијада буџет од грујово време...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 501
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 25-Aug-2020 at 12:08
ДУИ не е заслужен за еден метар пат низ Макеоднија, немаат ставено една цигла некаде! Жителите по албанските средини сами се организраат со бекатон си поплочуваат улици. Видете само како изгледа општина по контрола на ДУИ и се ќе ви стане јасно. Нема зашто да се очекува и тука да биде различно, кај што еве се нафатиле да имаат координатор на проект (иако имаме министерство за транспорт), освен што ќе го исполапаат буџетот на сумљив начин, ништо нема да се случи.

Во изјавата Ахмети ги спомнува Скопје-Блаце и Охрид-Ќафасан како важни проекти за неговото гласачко тело. Тотално погрешно, побитни се Тетово-Јажинце и Гостивар-Кичево (не само за албанците, него за сите и башка му проаѓа низ негово родно и место на живеење).

Edited by user8642 - 25-Aug-2020 at 12:09
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 27-Aug-2020 at 06:50
Ахмети: Автопатот Скопје-Блаце ќе биде готов за 2 години – градежните работи застанаа поради експропријацијата на земјиштето



https://tv21.tv/mk/ahmeti-avtopatot-skopje-blatse-ke-bide-gotov-za-2-godini-gradezhnite-raboti-zastanaa-poradi-eksproprijatsijata-na-zemjishteto/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 501
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 27-Aug-2020 at 13:11
Пошто Али Ахмети обожава да дејствува параполитички, надвор или по работ на институционалноста, еве му шанса да иде да го "дисциплинира" локалното население по ДУИ (Do It Yourself) методи. Ако треба и со партиски буџети, прљави фондови, нека ги дообештетува.

Уопште не се изигравам со муабетов, криво ми е што Македонците немаат некоја будала уште побудала од овој, што максимално параполитички ќе истурка некои работи во Македонија. Стварно имам загубено доверба во институции и правен начин на решавање на некои работи. Не зборам за заглавени судски предмети или недостиќна правда, воопшто не ми е натаму муабетот. Зборувам за проекти по други ресори.

Edited by user8642 - 27-Aug-2020 at 13:13
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 28-Aug-2020 at 18:51
Срамота.... Незнам што да кажам.



Неколку прашања:


Овој автопат ќе се врзува со стариот граничен премин или ќе се прави нов?

Може да ја видам трасата сликовито или некој документ?
Само со Обиколницата ќе се поврзува овој автопат?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 28-Aug-2020 at 23:11
4 евра? 100 евра? И државата и сопствениците аздисале.

Тие што имаат плацови во низинскиот дел до автопатот може доста да заработат, цел треба да се нареди со комерцијални објекти.

Државата плаќа 4 евра, жителите бараат 100 евра – експропријацијата на имотот ја „кочи“ изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце се одложува поради експропријацијата на имотот. Овој багер отиде да го израмни овој дел од планината, но жителите го спречија. Жителите дозволуваат работите да се одвиваат без да се договорат со државата за цената на земјиштето. Зељќиф Барди, претставник на жителите на населбата, вели дека државата им плаќа само 4 евра по метар квадратен, а жителите бараат по 100 евра.

„Не, не сме согласни со цената што ни ја нудат тие. Цената беше 4 евра, 4 и пол евра. Нашето барање, јас изјавив и претходно во медиумите, е 100 евра по метар квадратен“, рече Барди.

(...)

libertas.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 29-Aug-2020 at 08:33
За неплодна нива и толку е многу.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 29-Aug-2020 at 09:54
Државата плаќа 4 евра, жителите бараат 100 евра – експропријацијата на имотот ја „кочи“ изградбата на автопатот Скопје – Блаце



https://tv21.tv/mk/drzhavata-plaka-4-evra-zhitelite-baraat-100-evra-eksproprijatsijata-na-imotot-ja-kochi-izgradbata-na-avtopatot-skopje-blatse/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 29-Aug-2020 at 09:57
Поставената информативна табла



https://tv21.tv/mk/drzhavata-plaka-4-evra-zhitelite-baraat-100-evra-eksproprijatsijata-na-imotot-ja-kochi-izgradbata-na-avtopatot-skopje-blatse/

Edited by stef4o - 29-Aug-2020 at 09:58
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 01-Sep-2020 at 15:02
Каде е сега Аљи да го пука на овие. Да бараш 100 евра за ридска, празна земја без објекти и насади е надвор од логиката на овој универзум. Тука треба севернокорејски мерки за ваквите клети ненаситници, но ние сме развиена демократска земја, па ќе мора да преговараме со нив, тоа е. Инаку, колку за илустрација, плодна почва на поле, обезбедена со вода и насадена со овошки кои даваат род може да се купи за цена од 2 до 10 евра за квадрат, во зависност од местоположбата, па сега направете им ја математиката на автохтониве од ридот под Скопска Црна Гора.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 01-Sep-2020 at 21:31
Луди се овие! 100 ЕВРА? Па може и 500 да бараат!

100 Евра е м2 на Бул.Борис Трајковски во индустриска зона Пинтија на главна улица!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 10-Sep-2020 at 13:15
ЕБОР ЌЕ НИ ДАДЕ ПАРИ И ЗА СКОПЈЕ-БЛАЦЕ - Бесими со директорот Анди Аранитаси

Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска на средба со директорот на Европската банка за обнова и развој надлежен за Република Северна Македонија, Анди Аранитаси.

На средбата станало збор за меѓусебната соработка што Министерство за финансии и ЕБОР ја имаат во изминатите години, изразена преку тековните и идните проекти, со поддршка од Европската банка за обнова и развој, а чијашто реализација ќе има влијание врз растот на економијата.

Во моментов најголема поддршка се дава за реализација на проекти во транспортниот сектор, односно патната и железничката инфраструктура и авиотранспортот, како и во делот на енергетската инфраструктура.

Меѓу нив се изградбата на патната делница Крива Паланка – Деве Баир, рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, втора делница, Бељаковце - Крива Паланка, како и Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води Скопје. Во иднина треба да се реализираат и проектите автопатска делница Скопје – Блаце, а се разговара и за автопатската делница Кичево - Гостивар.

На средбата, министерот Бесими истакна дека во овој период од клучно значење е брзо решавање на состојбите со коишто се соочуваат ресорните институции во чијашто надлежност е реализацијата на проектите, со што би се овозможило придвижување на економијата.

„Реализацијата на веќе започнатите проекти ќе биде од големо значење за придвижување на економскиот раст во време на пандемија и, секако, подобрување на инфраструктурата што ќе има позитивен економски ефект и на долг рок. Треба да ја искористиме поддршката од ЕБОР и институционално да најдеме начин за надминување на сите проблеми со коишто се соочуваме во реализацијата на дел од постојните проекти. Со реализацијата на проектите овозможуваме подобри услови за економските субјекти кои стануваат поконкурентни на пазарот. Воедно, преку реализацијата на капиталните проекти се овозможува работа за стотици домашни фирми и зголемување на вработеноста во градежништвото“, истакна Бесими.

Директорот Анди Аранитаси, во името на ЕБОР, му го честита изборот за министер и му посака успех во работата. Воедно истакна дека поддршката на ЕБОР ќе продолжи и во идниот период со надеж за придонес кон побрзо придвижување на економијата.

https://faktor.mk/ebor-kje-ni-dade-pari-za-skopje-blace---besimi-so-direktorot-andi-aranitasi
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 10-Sep-2020 at 13:41
Ајдееее ќе се задолжуваме уште, јеееј!!!
После не 1 милијарда туку 10 милијарда долгови, и кој ќе ги плаќа тие... Народот.
А ќе возиме по патни правци со по 6 патарини за ~160 km автопат (зборам за A1), и по дупки ќе си ги кршиме колите.
Многу убаво
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4756
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 10-Sep-2020 at 19:10
А со какви средства да се гради автопат? Средства од буџетот? Кој буџет може да покрие десетици инфраструктурни проекти годишно, освен тој на Катар?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 25-Sep-2020 at 06:55


https://tv21.tv/mk/bochvarski-imame-napredok-vo-rabotata-na-avtopatot-skopje-blatse/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 25-Sep-2020 at 07:02
Пет месеци од почетокот на проектот, ниту еден сантиметар асфалт на автопатот Скопје – Блаце



https://tv21.tv/mk/pet-mesetsi-od-pochetokot-na-proektot-nitu-eden-santimetar-asfalt-na-avtopatot-skopje-blatse/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 26-Sep-2020 at 11:47
Автопатот Скопје – Блаце не може да се прекине, Аслани: Очекуваме компромис за цената на земјиштето



https://tv21.tv/mk/avtopatot-skopje-blatse-ne-mozhe-da-se-prekine-aslani-ochekuvame-kompromis-za-tsenata-na-zemjishteto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6955
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 19-Oct-2020 at 14:39
Тендерот за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце ќе се објави догодина, изградбата ќе почне во 2022 година

Во третиот квартал од 2021 година се очекува да се објави меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, долга околу 10,5 километри. Досега за идната автопатска делница е изработено нацрт идејно решение, со кое треба да се избере најповолната алтернатива за трасата на автопатот, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта.

Основниот проект треба да биде готов за 12 месеци, односно во третиот квартал од 2021 година. Токму во овој квартал, треба да се објави тендерската процедура со прет-квалификациска фаза за пронаоѓање изведувач, при што до почетокот на 2022 година се очекува избор на најповолен изведувач. Од ЈП за државни патишта велат дека градежните работи се очекува да започнат во 2022 година и да траат околу 36 месеци.

„Со оглед дека проектот се подготвува според процедури на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), рокот е подолг од вообичаеното, бидејќи има процедури кои мора да се поминат, како што е на пр. Студијата за оцена на влијание врз животната средина и социјалните аспекти, за која сме обврзани да биде јавно достапна 120 дена. Исто така, сакаме овде да потенцираме дека и теренот на кој би требало да биде трасата е непристапен, што дополнително во иднина ќе ја усложни работата“, објаснуваат од ЈП за државни патишта.

Втората фаза од автопатот Скопје-Блаце ја опфаќа изградбата на трасата од клучката кај селото Блаце до клучката кај скопската обиколница. Трасата долга околу 10,5 километри ја проектира „ИПф7“ конзорциумот, предводен од Хил Интернешнл. Целиот автопат од Скопје до Блаце е поделен во две фази, кои се вкупно долги 12,5 километри, а нивната изградба се очекува да чини над 110 милиони евра.

Во меѓувреме, на терен со забавено темпо се одвива изведбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце долга 2 километри, на потегот меѓу граничниот премин „Блаце“ и идната клучка кај селото Блаце. Договорот за изведба со градежната компанија „Гранит“ беше потпишан во јануари годинава, но експропријацијата на земјиштето по кое минува трасата не е завршено, иако станува збор само за 68 парцели.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски веќе изјави дека има напредок во експропријацијата на земјиштето за првата фаза од автопатот Скопје-Блаце, информирајќи дека изведувачот е воведен во работа и може да се влезе во сериозна реализација.

„Во тек на градба на првиот треба да заврши проектот и тендерот за вториот и да се избере изведувач. Ќе ја следиме и таа динамика, важно е дека таму треба да се почне со посериозна динамика“, посочи тој во однос на изведбата на двете фази од автопатот Скопје-Блаце.

Инаку, „Мета.мк“ веќе пишуваше за потребата од забрзување на постапката за изградба на автопатот Скопје-Блаце, имајќи го во предвид фактот дека Косово веќе си го заврши својот дел од работата, а преостанатите километри од граничниот премин „Блаце“ до Скопје во моментов се со само една коловозна лента за движење за секој правец. Патот е преполн со дупки и нерамнини, иако по него има сè поголема фреквенција на возила.

Косово е наш трговски партнер во кој повеќе извезуваме отколку што увезуваме стоки на годишно ниво, додека бројни жители од оваа земја често доаѓаат по набавки и завршување на други услуги и оставаат значителни средства во земјава. Покрај економскиот бенефит, токму автопатот преку Косово во моментов е и најбрзата патна врска до пристаништата во Бар и Драч за македонскиот главен град и за северните делови од земјава.

https://meta.mk/tenderot-za-vtorata-faza-od-avtopatot-skopje-blacze-kje-se-objavi-dogodina-izgradbata-kje-pochne-vo-2022-godina/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 19-Oct-2020 at 16:42
Објавуваат вест за почеток на градба за делница од 10 км за 2 години и тука пасуси дека тоа било многу важно, па трговии, па чуда
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.