build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Хотел Плаза - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Плаза - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Jul-2020 at 11:23
Борис Стојменов ја обвини Општина Центар дека му бара мито за ТЗЗ „Плаза“, Богдановиќ бара извинување

Инцидент во строгиот центар на Скопје се случи денес откако на градилиштето кај ТЗЗ „Плаза“ (поранешно „Беко“), интервенираа полиција и градежен инспектор на Општина Центар кои спречија градежни работници да продолжат со градба на објектот за кој општината тврди дека нема соодветна документација.

На градилиштето беше присутен и сопственикот на локацијата екс министерот за финансии Борис Стојменов, кој ја обвини Општина Центар дека му барала мито од еден милион евра за да продолжи со работа на локацијата на која е предвидено да се гради деловен објект.

„Четири години со платени комуналии, платено сѐ, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, изјави тој за ТВ21.

„Ние имаме одобрение од 2016 година, ни правеа проблеми имаме судска пресуда каде е докажано дека е во ред да се гради од Управен суд. И сега тука упаѓаат надвор од закон надвор од сѐ. Ова само го има во Македонија. Полиција да се меша во градење, тоа е нонсенс“, додаде Стојменов.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во реакцијата вели дека доколку некој му побарал мито на Стојменов и има докази за тоа, случајот треба да го пријави во јавното обвинителство. Истовремено, како што додава, бара од Стојменов јавно извинување за изнесените тенденциозни тврдења, а во спротивно ќе поднесе соодветни пријави.

Богдановиќ преку Фејсбук истакна дека денешната акција на надлежните институции била поради тоа што инвеститорот не го почитувал решението за отстранување на градба кое било донесено уште на 26 февруари годинава.

„Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот“, вели Богдановиќ.

Тој додава дека на 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај сѐ, инвеститорот самоволно ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба, наведува Богдановиќ.

Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно закон, против инвеститорот ќе се поведе постапка пред надлежните органи, вели Богдановиќ на Фејсбук.

Инвеститор е Друштво за економски консалтинг – „Економско биро“ ДОО Скопје, кој на местото на некогашнагта стоковна куќа „Беко“ гради деловен простор – објект од втора категорија со димензии 61 на 34,5 метри. (Н.В.)

https://nezavisen.mk/boris-stojmenov-ja-obvini-opshtina-centar-deka-mu-bara-mito-za-tzz-plaza-bogdanovikj-bara-izvinuvanje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Aug-2020 at 15:52
Општина Центар допрва ќе бара фирма за уривање дивоградба што требаше да се урне во февруари



Се сеќавате на одговорот на Општина Чаир за дивоградбата кај ТЦ Мавровка? И таму се распишува тендер за фирма за уривање не само на оваа дивоградба, туку и за други дивоградби на територијата на општината. Ова изгледа им е некаков модел во одговорите на општините за наводното уривање на дивоградбите.

Општина Центар на 26 февруари издаде решение за уривање на дивоградбата со габарит 61х34,5 метри. Рокот за уривање беше три дена. Цели 6 месеци потоа, Општина Центар ни одговори дека допрва ќе бара фирма за уривање.

Што се чека? Се чека предлог-планот за Мал Ринг, за да може некако оваа дивоградба да стане легална. Меѓутоа, ако сè оди според законот, во предлог-планот Мал Ринг оваа градба и не треба да постои затоа што би требало веќе да е урната. Затоа што, според решението на истиот тој оддел на урбанизам во Општина Центар, рокот за уривање во февруари бил три дена и инвеститорот морал да постапи без никакви одлагања.

Инвеститор на градбата на улицата Даме Груев 35а, поранешно БЕКО, или локацијата каде што беше хотелот ТЦЦ Плаза, е Борис Стојменов, поранешен министер за финансии и сопственик на „Економско биро“. Тој за време на последната интервенција на инспекторите во придружба на полицијата на 25 јули годинава изјави дека општинарите му барале мито од 1 милион евра.

Тој ден овластен градежен инспектор на Општина Центар констатирал дека инвеститорот не го почитува решението за уривање. На 28 април овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. На 8 мај со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Центар го затвора градилиштето, кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата.

„Да ја усогласи натамошната изградба“? Значи веќе нема рок за уривање, туку се остава простор за некакво усогласување.

И сега почнува лавиринтот на уште едно озаконување дивоградба.

Уривањето на стариот објект БЕКО беше образложено со проблеми во статиката на објектот. Откако се реши статиката, се урна стариот објект, се доби на габаритот на новиот објект, многу поголем од веќе урнатиот објект. И во висина - приземје плус 7 ката.

Во планот за Мал Ринг, кој допрва треба да се усвојува, пишува дека „во границите на планскиот опфат за кој се работи предметнава планска документација има изведено бесправна градба, односно градби без соодветна техничка документација. Согласно член 14 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 24/08, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11) во тие површини не се утврдуваат услови за идна градба. Површината каде има изведено бесправна градба изнесува 381м2“.

Скопската општина Центар уште во февруари годинава на инвеститорот на објектот кај БEKO му издаде решение за отстранување на дивоградбата, со рок од три дена сам да ја отстрани. Тоа, се разбира, не е сторено, а денеска Општината на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби“. Што се чекаше цели 6 месеци, за време на кои инвеститорот, со прекини, си продолжи со градењето?



https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/opshtina-centar-doprva-kje-bara-firma-za-urivanje-divogradba-shto-trebashe-da-se#1


Edited by stef4o - 26-Aug-2020 at 15:52
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 12-Nov-2020 at 12:47
Тука пак почнале...се надевам ќе се сетат да истакнат табла и да не прекинуваат веќе







Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 223
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 22-Nov-2020 at 15:33
Од Твитер:




Од рушењето на ТЦЦ Плаза:



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 22-Nov-2020 at 22:11
Пак излегоа со реакција од Општина Центар и пак ќе го стопираат градењето.Незнам што е поентата објектот од месец на месец си добива по една плоча а во меѓувреме е стопиран.
Да не беше денешното бетонирање на плоча можеби немаше ни да реагираат,а изминативе две недели интензивно се армираше. Срамота среде град неможат да се справат со едно градилиште...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13229
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 22-Nov-2020 at 22:13
А што е проблемот тука, имаат дозвола за градба или немаат?
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 22-Nov-2020 at 22:19
Originally posted by Џоле

А што е проблемот тука, имаат дозвола за градба или немаат?


Додека рушеше го фати мораториумот за Мал Ринг што сеуште не е усвоен и имаше дозвола само да го сруши Беко и да направи ископ,дозвола за градба нема и затоа неможе да истакне рендери ниту било какво инфо. На 3-4 пати пробува да почне па го прекинуваат ама скоро до приземје ќе стигне. Незнам што се случува со ревидираниот план и колкава катност му дозволуваат.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13229
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Nov-2020 at 22:24
Па, сигурно колку што беше и БЕКО (за висина зборам), само не знам што го дрват, тука треба хотел да никне, има наназад во темава рендери, модерна зграда ќе биде, инвеститорот е во трошоци, секој ден застој е негова загуба, не знам зошто се заебаваат вака, да ми простите.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 23-Nov-2020 at 14:33
Почитувани,
Би сакале да ги известиме граѓаните дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, веднаш испрати овластен градежен инспектор на терен, каде е констатирано дека се прекршени законските одредби согласно Законот.
Општина Центар, денешното незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза.



https://www.instagram.com/opstinacentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7526
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 23-Nov-2020 at 15:07
ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ ПРЕКИНАТО ДИВОТО ГРАДЕЊЕ НА ХОТЕЛОТ КАЈ ПОРАНЕШНО „БЕКО“, ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Хотелот ТЦЦ „Плаза“ на местото на поранешно „Беко“ не престанува да се гради. Градежна механизација и работници и викендов го градеа хотелот иако немаат градежна дозвола за градба од Општина Центар бидејќи на сила е мораториумот.

„Запознаени сме дека инвеститорот пак гради. Досега десетина пати ја прекинуваме градбата, ама џабе нема разбирачка. Овластен градежен инспектор кој беше на терен констатира дека се прекршени законските одредби согласно Законот за градба. Незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

На градилиштето, во јули годинава дојде до инцидент меѓу сопственикот Борис Стојменов и инспекторите од Општина Центар. Откако испекторите изрекоа една од многуте забрани за градбa, Стојменов се караше, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна во март 2018, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај лани почна со градежни работи и оттогаш не престанува да гради.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-koj-znae-koj-pat-prekinato-divoto-gradene-na-hotelot-kaj-poraneshno-beko-opshtina-tsentar-podnese-krivichna-prijava/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13229
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 23-Nov-2020 at 16:17


Е, супер, сега ми е појасно зошто не смее да гради, последниот пасус убаво си објаснува.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1019
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 23-Nov-2020 at 16:54
Ауууу, каков заеб
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 689
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 23-Nov-2020 at 20:50
Во време на „режимот“ само со еден се договараа работите, сега малку покомплицирано е. Многу рачиња има.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.