build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Универзална сала
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 23-Oct-2018 at 13:55
Од изложбата БИМАС, што се одржа пред неколку недели.

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 23-Oct-2018 at 17:40
И сега овој проект ќе се реализира? Не сфаќам дали на БИМАС има и проекти кои не победиле на конкурси, магистерски и сл., или пак секој проект таму изложен ќе се изведува или е изведен?

Edited by hcitrS - 23-Oct-2018 at 17:40
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12886
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 23-Oct-2018 at 17:55
Речиси половина од изложените проекти веќе беа изградени, за други беше најавено дека ќе се градат. Е сега, за Универзална сала конкретно, мислам дека беше изложен само проектот, колку што знам од Град Скопје се откажаа од изведување, не знам, можеби грешам.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1979
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 23-Oct-2018 at 19:30
Ова е проект на Коце од пред изборите, го има на претходната страница.

Еве нешто од мај. Од текстов можам да разберам дека ќе се оди на автентична реконструкција на Универзална, но последниот параграф збунува.

Универзална сала ќе му се врати реновирана на градот и со истото име

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потпишаа писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.

Салата веќе две години е затворена за посетители, а нејзината изградба предвидено е да почне во 2019 година. Алаѓозовски рече дека објектот е од исклучително значење за остварување на јавниот интерес во културата и културните потреби на нашите сограѓани и на Скопје како културен центар на државата.

„За жал, нашата метропола, поради состојбата во која се наоѓа Универзалната сала, нема соодветен простор за културно-уметнички манифестации меѓу 1.000 и 5.000 илјади луѓе. Во моментов нашите национални установи од културата во Скопје, филхармонијата, операта, Македонскиот народен театар и другите театри излегуваат во пресрет за да се надомести овој недостиг, но тоа создава дополнителни предизвици во нивната редовна дејност“, изјави Алаѓозовски.

Според Шилегов, реконструкцијата на Универзална сала како симбол на солидарноста во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт.

„Предизборно беа изработувани и презентирани во јавноста многу проекти, од кои беше реализирано само преименувањето на овој објект. Предизборните ветувања се провлекуваат уште од 2009 година. Ниту претходната локална, ниту претходната централна власт не направија напори да изградат нова сала. Години наназад никој не инвестираше во овој објект. Години нанзад Универзална сала пропаѓа“, рече Шилегов и додаде дека на„ Златните славејчиња“ им ветил дека за јубилејниот 50-ти роденден ќе пеат во новата Универзална сала.

Според Шилегов, Универзална сала треба да се врати онаква како што била и повторно да претставува културно средиште на нашиот град. Тој, исто така најави дека изградбата на салата ќе биде според најсовремените стандарди за безбедност, удобност на гледалиштето и пристапност. Изгледот и функционалноста ќе бидат задржани со дополнителни содржини за други културни манифестации.

Одговарајќи на новинарско прашање Шилегов рече дека постојат неколку проекти за Универзална сала но додаде дека дел се недоразработени, дел се изведени надвор од постапка и процедура, со необезбедени финансиски средства и поради нив Универзална сала е во тешка финансиска состојба. Долгот е 200.000 евра за проект кој е нарачан, а не се знае од кого и нема средства за негово плаќање. Според Шилегов, ќе се најде најоптималното решение и ќе се врати старото име на салата.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/univerzalna-sala-kje-mu-se-vrati-renovirana-na-gradot-i-so-istoto-ime
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 23-Oct-2018 at 20:12
Е добро де, на сите нас ни е јасно дека салата треба да се реновира, не ни кажа Коце, знаевме од претходно
А дали и овие ќе успеат во реконструкција, не верувам...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4921
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 17-Dec-2019 at 08:09
НА КОНКУРС ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВ ПРОЕКТ ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОТИ ПОСТОЈНИТЕ ДВА СЕ СМЕШНИ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Ќе се прави нов проект според кој ќе се гради Универзална сала. Во Град Скопје постојат два проекти за концертната сала, едниот за реконструкција, другиот за комплетно нов објект во форма на јајце, кои беа направени од минатото раководство. Градоначалникот Петре Шилегов на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто ќе се прави нов проект, а постојат два, вели дека тие проекти не се добри, па затоа на јавен конкурст ќе се избере ново современо решение.

„Во Град Скопје постојат два смешни проекти. Едниот е оној јајце на Коце Трајановски, што беше предмет на исмевање во јавноста. Вториот е за проширување на Универзална сала кој чини 17 милиони ева, но со него ниту ќе се зголеми капацитетот, ниту квалитетот на концертната сала. Ќе добиеме едно фасадирање што беше карактиристика на мината власт“, вели Шилегов.

Конкурсот, како што кажа Шилегов, ќе се спроведе заедно со Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет, односно ќе биде формирана комисија која ќе го води процесот за избор на нов идеен проект. Ќе се бара проект за комплетно нова концертна сала, односно сегашната сала ќе се урива и ќе се гради нова.

„Во буџетот на Владата се предвидени средства за Универзална сала. Моите очекување се во втората половина на наредната година да завршат сите постапки и да почнеме со градба на објектот“, рече Шилегов.

Универзална сала е затворена 4,5 години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Тогаш беше актуелен проектот објавен во декември 2013, според кој салата требаше да се урне, а на нејзино да место да се изгради целосно нов објект во форма на јајце. Новата сала требаше да се гради според проектот на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“, со голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории. Овој преокт едногласно го избра деветчлена стручна комисија, под претседателство на архитектот Вангел Божиновски.
„Драго ми е што доби признание и можност за натамошна реализација едно барокно решение, кое барокот го третира на специфичен начин, во рамките на еден модерен израз. На проектот му претстои сериозна работа понатаму за да може да се доведе во фаза на изведба“, рече Божиновски, а архитектот Павлевски изјави дека јајцевидниот облик на новата сала симболизира раѓање зашто во Универзална се одржале многу детски фестивали од кои изникнале многу македонски музички ѕвезди.

Во јануари 2015, Универзална сала беше преименувана во Конгресен центар Александар Македонски.

Но во март 2016, од финансиски причини беше откажана изградбата на салата во форма на јајце, а Министерството за култура најави дека обновата на Универзална ќе биде по проектот од пред девет години на „Архангел бојс“, според кој се задржува сегашниот изглед, но салата се надградува со застаклена галерија околу целиот објект и се зголемува бројот на седишта за 200.

Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов ѝ беше вратено името Универзална сала, а градоначалникот најави дека до крајот на неговиот мандат таа повторно ќе биде пуштена во употреба.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-konkurs-ke-se-izbira-nov-proekt-za-univerzalna-sala-oti-postojnite-dva-se-smeshni-veli-shilegov/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 895
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 17-Dec-2019 at 18:47
Негде во 2030 очекуваме разрешница на сагата Универзална...

Воедно и тоа затвореното „Македонско село“, никој веќе жив не го споменува.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4921
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 12-Feb-2020 at 08:00
Извадок од ВЕЧЕР...

Шилегов предложи измена на распределбата на средства во буџетот за 2020 година во програмата за култура во износ од 45 милиони денари. Овие средства ќе бидат искористени за изградба на библиотека во Бит Пазар, бидејќи во тој дел, воопшто нема библиотека, но и за отпочнување на активностите за изградба на Универзалната сала.

– Прва постапка е распишување на тендер за избор на понудувач кој ќе ја изведе библиотеката, а исто така и распишување на јавен повик за идејно решение за изгледот на Универзалната сала. Кон крајот на годината ќе се урне стариот објект на Универзалната сала и ќе почне изградбата на новиот – изјави Шилегов.

https://www.vecer.press/шилегов-лани-ем-градел-ем-заштедил-30-ми/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 26-May-2020 at 01:02
Еден од проектите, незнам дали е тој избраниот. Ги ставам сликите со URL зашто се многу големи. Ова мислам дека е еден од проектите што требаше да бидат за реконструкција на постоечката сала.

http://www.gim.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/univerzalna.jpg

http://www.gim.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/FINALNA-verzijakongresen-centarA.M.-.png



Edited by user8642 - 26-May-2020 at 01:04
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 26-May-2020 at 16:02
Не дека е многу лош проектот, но сепак мислам дека идеално решение би било изградба на нов објект, на некоја различна локација. А кандидати за таква има многу. Просторов потоа би можел да стане парк, што ќе отвори многу можности за негово уредување.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 26-May-2020 at 16:57
Да, многу е битно да се запази друга локација посоодветна. Мислам дека инсистирањето и планирањето на оваа локација баш да биде и новата сала е само реактивно делување од аспект на сегашната универзална сала, а не би требало да биде така.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7232
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 26-May-2020 at 20:16
не е ова еден од проектите за доградба на постоечката сала?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1710
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 26-May-2020 at 20:28
Edno ke kazam samo. Ovaa lokacija vo nikoj slucaj nema da stane park.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7232
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 26-May-2020 at 20:30
Originally posted by Denko

Edno ke kazam samo. Ovaa lokacija vo nikoj slucaj nema da stane park.
не коби сеа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1710
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 27-May-2020 at 18:12
Originally posted by zabegan

Originally posted by Denko

Edno ke kazam samo. Ovaa lokacija vo nikoj slucaj nema da stane park.
не коби сеа
Toa e jasno kako bel den. Takva atraktivna lokacija moze da stane samo stanbena zgrada ili trgovski centar.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 27-May-2020 at 23:41
Па не е според мене само по инерција инстистирњто на локацијата. Прво, како шо гледам само ќе се рновира, а со оглед на локацијата се добива многу буст на популизам, со не премногу труд и не многу пари. Градење на нова сала на ново место ќе кошта повеќе и можеби нема да е толку видливо. Плус, ако градат на друго место нема да имаат изговор салата да биде со ист капаитет, ако веќе се гради ќе треба да биде бааги поголемо, земајќи предвид дека и Метрополис ја рушија. А парк...тешко, не верувам, поарно нека ја реновираат.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1979
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 28-May-2020 at 00:03
Најавена е реконструкција или изградба на нова.

Имајќи го предвид култниот статус на Универзалната сала, нејзиното место во историјата на Скопје, големиот број на изгубени значајни објекти - по земјотресот и за време на транзицијата и антико-лудилото, како и фактот дека идентичните сали во Софија и Варшава веќе ги нема, мислам дека најдобро би било салава автентично да се реконструира, без никакви доградби, проширувања и елементи кои драстично би ѝ го промениле изгледот. Во неа да се одржуваат настани од мал и среден карактер и оние кои традиционално се поврзуваат со УС - „Скопје џез фестивал“, „Златно Славејче“ и „Златна Бубамара“.

За потребите на Скопје и Македонија треба да се изгради нов и поголем објект, на простран простор со доволно паркинг и широко плато пред самата зграда.

Реконструкција на Универзална сала – Реалност или уште едно празно ветување?

од Алек Стојковски 19/07/2019

Владата пред два дена ја усвои програмата за реализација на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година. Во програмата, која е со буџет од 117.5 милиони денари, меѓу другите проекти е и Реконструкцијата со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје. Дали тоа значи дека конечно ќе се реконструира или изгради нова Универзална сала, наместо старата која со години е затворена? Од Град Скопје немаат прецизен одговор.

– Градот Скопје ќе поддржи проект за Универзалната сала, без разлика дали станува збор за реконструкција или изградба на нов објект. Изградбата на нов објект за Универзалната сала отсекогаш бил проект кој ќе биде финансиран од страна на државата. Станува збор за капитален проект, кој би чинел десетици милиони евра и е трошок кој Град Скопје не може сам да го издржи – информираат од Град Скопје.

(...)

slobodenpecat.mk


УНИВЕРЗАЛНА САЛА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ РЕНОВИРА КОН КРАЈОТ НА ГОДИНАВА, НЕМА ДА БИДЕ ВО ФОРМА НА ЈАЈЦЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

24 јули 2019

Универзална сала ќе почне да се реновира кој крајот на година. Град Скопје доби пари од Владата за отпочнување на постапката за реконструкцијата на концертната сала, 14 месеци откако беше потпишан договорот за финансирање меѓу градоначалникот Петре Шилегов и тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

На последната владина седница беше донесена одлука од програмата на Министерството за култура за капитални инвестиции во општините, на Град Скопје да му бидат префрлени пола милион евра за отпочнување на постапката, а пари за оваа намена Владата ќе одвојува и во текот на наредните години, според динамиката на градење.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека до крајот на годинава треба да бидат завршени сите постапки за избор на изведувач и да почнат подготвителните градежни работи. Шилегов не кажува според кој проект ќе се прави, имајќи предвид дека за концертната сала во Град Скопје постојат три проекти.

„Во финална фаза е изработката на проектот за новиот изглед на Универзална сала. Штом биде готов ќе и биде презентиран на јавноста, но дефинитивно нема да биде проектот кој предвидуваше да биде во форма на јајце. За мене е важно што успеавме концертната сала да ја внесеме во капиталните инвестиции на државата за културните објекти
, што значи ќе биде предмет на финансирање и во наредните години. Очекувам во текот на оваа година да започнеме со подготвителните градежни работи, со цел во наредните две години да можеме да ја реализираме и пуштиме во употреба“, вели градоначалникот Шилегов.

Според проценките на Градот реконструкцијата на салата би чинела 17 милиони евра, додека изградба на целосно нова сала 12 милиони евра.

(...)

А. АНТЕВСКА

sdk.mk

Прилог: Неколку белешки околу "идентитетот" на Универзална сала во Скопје
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1710
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 28-May-2020 at 13:09
Originally posted by hcitrS

Па не е според мене само по инерција инстистирњто на локацијата. Прво, како шо гледам само ќе се рновира, а со оглед на локацијата се добива многу буст на популизам, со не премногу труд и не многу пари. Градење на нова сала на ново место ќе кошта повеќе и можеби нема да е толку видливо. Плус, ако градат на друго место нема да имаат изговор салата да биде со ист капаитет, ако веќе се гради ќе треба да биде бааги поголемо, земајќи предвид дека и Метрополис ја рушија. А парк...тешко, не верувам, поарно нека ја реновираат.
Kapacitetot od 1400 sedista e sosema ok za vakov tip na sala. Duri i da se zgolemi kapacitetot na salata ne bi smeel da pomine 2000 sedista.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4921
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 06-Jun-2020 at 14:21


http://reklama5.mk
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7232
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 06-Jun-2020 at 19:08

и да не ја срушат, времето само ќе си ја изеде
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.