build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Универзална сала
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 27-May-2024 at 18:24
ОД ПОЖАРОТ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА КУПОЛАТА ИМА НЕКОЛКУ НАБАБРЕНИ ЕЛЕМЕНТИ И ТИЕ СЕ НАЈКРИТИЧНИ, ВЕЛИ ГАРЕВСКИ КОЈ ГИ ПРАВИ ИСПИТУВАЊАТА



Најголеми оштетувања од пожарот на Универзална сала има на куполата, каде има 6-7 набарени елементи, вели Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Приватниот институт на Гаревски е избран од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“ за да ги изврши испитувањата дали челичната конструкција е оштетена од пожарот.

„Со 30-метарски кран направивме детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата. Заклучивме дека пожарот бил најголем кај прстенот односно кај куполата, најмногу горело таму. Има 6-7 набабрени елементи на прстенот, тие се најкритични и ќе треба да се види дали треба да се отстранат и да се сменат. На горниот прстен обележавме за да ги испитаме и еден попречен елемент кој не е деформиран, но е опожарен и ќе се носи во лабораторија за да се види колкава е носивоста на затегнување и да се процени дали челичната конструкција ја изгубила или задржала носивоста. Во рок од 10 дена ќе се знаат точните резултатите од испитувањето“, вели Гаревски.

Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска неколку дена по пожарот рече дека експерти од ИЗИИС и Градежен факултет ќе вршат испитувања на челичната конструкција за да се види дали е оштетена. Но, ИЗИИС и Градежен факултет не е се вклучени во испитувањата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-pozharot-na-univerzalna-sala-na-kupolata-ima-nekolku-nababreni-elementi-i-tie-se-najkritichni-veli-garevski-koj-gi-pravi-ispituvanata/
Carpe diem
Back to Top
Marcello View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-May-2024
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Marcello Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 01-Jun-2024 at 10:20
И тие испитувања веројатно ќе траат долг период како се друго што се одовлекуца во нашава Македонија. Уште долг период ќе седи нефункционална универзална.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 15-Jun-2024 at 18:05
Куполата на Универзална сала не е оштетена во пожарот, ама пожелно е да се смени!

Не е намалена носивоста на шесте челични елементи што се непосредно до прстенот на највисокиот дел од конструкцијата на Универзална сала. Ова го покажале првичните лабораториски тестирања на опожарениот материјал во акредитирана лабораторија, кај кој имаше видливи оштетувања (набабрување), поради што беше демонтиран и однесен на испитување.

– Првичните испитувања покажаа дека, без разлика што имаа набабрување, не е намалена носивоста на ниту еден од елементите. Променета е формата, но нема деформации по должината на попречниот елемент. А, променетата форма е резултат на температурата во текот на пожарот, која достигнала и до 500 Целзиусови степени и воздухот што бил заробен внатре во елементот, кој бил со три пати поголем притисок од нормалниот, иако јас очекував да има намалување на носивоста и на еластичноста на челикот – истакна Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, кој ги спроведува испитувањата.

Тој објасни дека овие челични профили се топло валани и се поотпорни од ладноваланите во однос на температурата. Сепак, Гаревски рече дека ќе му препорача на изведувачот да ги смени и да постави нови.

Тој најави дека денеска ќе се направат уште две-три испитувања во лабораторијата и дека до крајот на наредната недела извештајот ќе биде конечен.

Претходно, со дигалка на висина до 30 метри, беше направена макровизуализација на сите елементи од главната нова конструкција и беа утврдени и обележани елементите што ќе треба да се извадат за да се однесат на тестирање во акредитирана лабораторија за утврдување на носивите карактеристики на челичните елементи од конструкцијата.

И првичната визуелна контрола без дигалка на ИСОГКП покажа дека нема деформации на елементите и профилите на Универзална сала што биле опфатени со пожарот, а Гаревски тврдеше дека градежните активности околу реконструкцијата можат да продолжат. По барање на изведувачот на градежните активности за реконструкција на Универзална сала – „Универзал балкан“, Институтот направи и експертиза, бидејќи Министерството за култура побарало од изведувачот да се процени дали тој може да продолжи со расчистувањето на шутот од пожарот, а потоа и со градбата.

Како што наведе Гаревски тогаш, било констатирано дека има опожарување на делови од лаковите од куполата што одат кон прстенот, а има опожарување и околу самиот прстен. Воедно, било констатирано и опожарување на врската меѓу лакот, столбот и попречните греди околу обемот на куполата.

Универзалната сала во Скопје се запали на 9 април годинава, само по еден месец откако почнаа градежните работи за нејзина реконструкција и по 10 дена откако беше поставена новата купола. Како што кажаа на последниот брифинг, поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, изведувачот и надзорот на објектот, предвидениот рок за градба до 2026 година ќе се запази, односно концертната сала нема да остане недоправена.

Тие рекоа дека во пожарот изгорело само она што требало да се отстрани кога ќе почнела втората фаза за изведување на внатрешноста и дека нема да се продолжи со реконструкцијата додека не се испита целиот објект.

https://www.vecer.press/kupolata-na-unibverzalna-sala-ne-e-ostetena/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20168
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 12-Jul-2024 at 18:09
НЕМА ОШТЕТУВАЊА ОД ПОЖАРОТ НА МЕТАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, НО СЕПАК ЌЕ СЕ СМЕНАТ 6 ЕЛЕМЕНТИ КОИ СЕ НАБАБРЕНИ, ВЕЛИ ГАРЕВСКИ

Нема оштетувања на металната конструкција на скопската Универзална сала, покажа експертизата која ја правеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на Михаил Гаревски. Приватниот институт на Гаревски е избран од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“ за да ги изврши испитувањата дали челичната конструкција е оштетена од пожарот кој се случи на 9 април.

Иако конструкцијата не е оштетена, сепак, како што вели Гаревски, заедно со изведувачот на градежните работи договорено е да се заменат елементите кои се набабрени и да се направи зајакнување на прстенот.

„Земени се примероци од елементи кои гореле и се набабрени и од делови од металната конструкција кои не се. Испитувањата покажаа дека карактеристиките на опожарените делови се исти како и на неопожарените. Но сепак, договоривме да се заменат тие 6 набабрени елементи и да ја зајакне прстенот“, вели Гаревски.

Како што вели Гаревски, испитувањата се правени детално односно со 30-метарски кран направена е детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата.

Кога ќе се продолжат градежните работи на Универзална сала не се знае. Министерот за култура Зоран Љутков минатата недела кажа дека нарачал да се направи комплетна ревизија на постапката за реконструкција на салата. Додека заврши ревизијата, Министерството нема да одобри никакви активности на салата, што значи дека и понатаму ќе стои соголена и изгорена од пожарот.

Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-oshtetuvana-na-metalnata-konstruktsija-na-univerzalna-sala-od-pozharot-no-sepak-ke-se-smenat-6-elementi-koi-se-nababreni-veli-garevski/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.