build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)
    Posted: 07-Dec-2019 at 21:42
Што мислите за BRT-от на Шилегов?

Која опција за наменски ленти, ќе ја избере - средишна, странична,комбинирана, еднонасочна, двонасочна, стеснета со наведување?
Ќе оддели по средишното зеленило, ќе одзема ли дел или комплет од третата лента на булеварите од едната или од обете страни?
Дали автобусите за BRT ќе имаат врати од едната или од двете страни?
Или ќе бидат обични автобуси што ќе возат во контра смер, доколку се користи средишното зленило како траса на BRT, за утовар и истовар на патници?

Како ќе премине преку мостот на Вардар?

https://brtguide.itdp.org/branch/master/guide/roadway-and-station-configurations/roadway-configurations

Како ќе ја оддели лентата за BRT oд останатите сообраќајни ленти, со столпчиња, со гумени одбојници, со боја, со ограда?

https://brtguide.itdp.org/branch/master/guide/roadway-design/busway-colorization-and-delineators

Како ќе ги конструира станиците, кој тип ќе го одбере? Дали истите ќе бидат блиску до раскрсниците?

https://brtguide.itdp.org/branch/master/guide/brt-stations/types-of-stations
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4747
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Dec-2019 at 22:50
Нажалост не верувам дека нешто од ова е размислено. Прво, ќе чекаат да дојдат изборите. После, ќе поминат изборите, па ќе треба да видиме дали следната гарнитура (иста или различна) ќе истури милиони во проектов. Ако се од иста партија, ќе се изгради - ако не се, ќе се блокира уште 4 години. Евентуално ако сака да покажи „независност“ и „пркосење“ (како гасификацијата во Струмица), па да се оди на опција градот сам да го финансира проектот.

Иако многумина се против проектов на форумов, верувам дека во услови кога не сме способни за ништо подобро, БРТ е океј алтернатива, подобро отколку мртва точка уште 10-15 години (реалниот тајмлајн за трамвајскиот проект). Не мислам дека ЛРТ со само 4 линии го оправдува износот на инвестицијата.

Edited by гитардемон - 07-Dec-2019 at 22:53
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 08-Dec-2019 at 15:01

За жал си веројатно во право. Се додека ЛРТ-то се дискутира по принцип „ај да правиме трамвај“ подобро да не се почнува. Софија е перфектен пример како треба, со метрото кое е обмислен проект кој се реализира континурано веќе 30на години.

Добар нуспродукт на БРТ може да бидат трасирање на некакви коридори кои пак во даден момент можеби ќе може да се конвертираат во ЛРТ траса.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Dec-2019 at 15:43
За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на физибилити студијата, како и за можните опции за финансирање на проектот за „автобуско метро“.

Никола Крстаноски, професор по јавен градски превоз на Техничкиот факултет од Битола, за „Мета.мк“ вели дека за изработка на физибилити студијата и проектната документација за воведување на БРТ во Скопје ќе бидат потребни најмалку три години – под идеални услови на работа.

– Дури и веќе да има изработено физибилити студија и сообраќаен и главен проект, и да се обезбедени пари, реализацијата би подразбирала обемна работа на терен – реконструкција на сите раскрсници по должина на трасата, промена на профилот на сообраќајниците, проектирање на стојалиштата – станиците, прилагодување и тестирање на софтверот за управување на сообраќајот и т.н. – посочува Крстаноски.

Тој нагласува дека Градот Скопје досега има изработено поприлично добра документација за трамвајските линии, но не е запознаен дека во изминатиов период имало изготвен некаков документ за брзиот автобуски систем. Од друга страна, вели тој, БРТ може да се сфати и како прва фаза од воведувањето на брз трамвај во Скопје. Кога еднаш ќе биде обезбедена независна, физички одвоена траса и ќе бидат изградени стојалиштата за идните автобуси, за воведување на трамвајот единствено ќе биде потребно да се постават шини на трасата.

Она што во моментов му е потребно на Скопје, посочува професорот Крстаноски, не се само две или три линии на брз капацитативен јавен превоз, туку редизајнирање на целата мрежа на линии во градско-приградскиот транспорт. За квалитетен проект за оптимизирање на мрежата на линии треба да се работи најмалку две години, а влезната база на податоци е анкета со примерок на барем 20.000 семејства во Скопје.

Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека тие подготвиле детални податоци за состојбата и потребите на јавниот превоз, а ваквите информации биле и предмет на анализа на Економскиот совет при Владата. За донесената одлука за изборот на брзиот автобуски систем (БРТ) како ново превозно средство допрва ќе ги образложат деталите.

– Повеќе информации од технички карактер, на јавноста ќе ѝ бидат презентирани во наредниот период. Во однос на самата реализација, тешко е да се дадат некакви временски рамки – посочуваат од Град Скопје.

Градските власти нагласуваат дека сите финални одлуки и договори за финансирање на воведувањето на БРТ во Скопје ќе мораат да поминат како посебен закон за задолжување во националното собрание, но тоа би се случило по одржувањето на парламентарните избори во април догодина.

https://meta.mk/za-analiza-proekt-i-finansiraњe-na-avtobusko-metro-ќe-treba-naјmalku-tri-godini/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Dec-2019 at 16:07
Originally posted by гитардемон

Иако многумина се против проектов на форумов, верувам дека во услови кога не сме способни за ништо подобро, БРТ е океј алтернатива, подобро отколку мртва точка уште 10-15 години.


Во услови кога не сме способни за ништо подобро, БРТ е не океј, туку одлична алтернатива, ама прашање е дали се способни и тоа да го изведат во некоја пристојна рамка.

ЛРТ кај нас ионака никогаш не бил на дневен ред. Најдалеку што сме стигнале е фрлање пари за изрботка на лоши студии за загрепски или сараевски тип на трамвај. Подобро што од тоа никогаш ништо не се изроди.


Извесно е дека вештачка интелигенција во комбинација со други технологии и нови типови на возила многу брзо ќе го револуционизира урбаниот транспорт. Допрва да влегуваме во огромни инвестиции и прекопување на пола град, дури и доколку би станувало збор за квалитетно ЛРТ решение, веќе не е рационален пристап. Во зависност од (не)сериозноста и (не)квалитетот на концептот за БРТ во Скопје, можеби ќе се радуваме и на негово завлечкување. Буквално нема граници колку лош концепт можат да замислат, а да му прикачат обратнопропорционален, безобразно напумпан буџет.


Во меѓувреме, ако некој сака да демонстрира сериозност и да решава проблеми, може да почне многу побрзо, поедноставно и поевтино:

1. Постоечки жолти ленти. Само треба бескомпромисно да се заштитат (со полициска активност на терен и со казни изречени врз база на снимки од сообраќајни камери).

2. Нови жолти ленти. Врз база на потребите на јавниот транспорт.

3. Интелигентно и флексибилно управување со сообраќајот. 10 години се влечкаа со создавње на ЦУКС, и со инсталирање на опрема на терен. Резултатот од сето тоа е повторно ригиден систем, катастрофално подесени семафорски циклуси, целосно некоординирани крстосници, и којзнае колку паразити што „работат“ во ЦУКС и цицаат јавни пари. Пари и време се веќе вложени, чекаме испорака на резултати.

4. Ре-евалуација на мрежата на линии на градскиот превоз. Навистина, колку децении треба да поминат и колку треба градот да се трансформира, за ова да дојде на дневен ред?

5. Набавка на сериозна бројка на електрични автобуси.

6. Грижа и чување на возниот парк на ЈСП. Ова пред се подразбира квалитетно тековно сервисирање и одржување на возилата, како и механизми за одбрана од вандали и други типови на примитивни говеда.



Ако Шилегов или некој друг мајмун не е во состојба да почне да работи на горниве точки, нека не кажува никакви приказни ни за ЛРТ ни за БРТ.

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Dec-2019 at 15:15
Дури и со најскапото решение, автобуси со водилки, за максимално тесни коридори на БРТ и со раздвојување во паралелни улици, не гледам начин како оваа траса би се извела кај Рекорд, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев, како би имало место воопшто да се изградат станиците и како БРТ не би дошол во интерференција со приватните возила на околните станари, како и со доставните возила на околните дуќани.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 494
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Dec-2019 at 17:38
Originally posted by phenomenon

Дури и со најскапото решение, автобуси со водилки, за максимално тесни коридори на БРТ и со раздвојување во паралелни улици, не гледам начин како оваа траса би се извела кај Рекорд, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев, како би имало место воопшто да се изградат станиците и како БРТ не би дошол во интерференција со приватните возила на околните станари, како и со доставните возила на околните дуќани.

Ќе се создаде дополнителен сообраќаен хаос, ете тоа ќе се случи. Подобро тие пари нека ги инвестираат за подземната сообраќајница под плоштад (од НБРМ до Владата) отколку за ова. Со таа подземна сообраќајница ќе се решат еден куп проблеми во сообраќајниот хаос на Скопје.
Back to Top
zorant View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Dec-2019 at 09:05
Originally posted by skopskodete

Подобро тие пари нека ги инвестираат за подземната сообраќајница под плоштад (од НБРМ до Владата) отколку за ова. Со таа подземна сообраќајница ќе се решат еден куп проблеми во сообраќајниот хаос на Скопје.


Немаше пред неколку години активности/тендери/whatever за вакво нешто? Што се случи?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Dec-2019 at 23:44
Originally posted by zorant

Немаше пред неколку години активности/тендери/whatever за вакво нешто? Што се случи?

Многу скап излезе проектот, има посебна тема на форумот за него:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1265&PN=26
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Dec-2019 at 14:43
Кои се решенијата за јавниот превоз на Скопје?

Каков е можниот избор на висококапацитативен, брз јавен градски превоз во Скопје?

Идеално би било кога би можело да се изгради метро систем. Но, тој е премногу скап и Македонија дефинитивно нема услови за тоа во овој момент.

КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ ЗА СКОПЈЕ?

1.      Брз трамвај (LRT – Light Rail Transit)

Основни карактеристики се:

-          Физички одвоена траса (подигната со рабник, одвоена со столпчиња) заради брзо и непречено движење од останатиот сообраќај.

-          Раскрсниците се во ниво, регулирани со светлосни знаци – семафори со обезбеден приоритет за трамваите. Имено системот го детектира наидувањето на трамвајот кон раскрсницата и променува зелена фаза за него, без обѕир во која фаза бил циклусот.

-          Наплатата е или со интелигентни картици во возило или на станици

-          Трасите во профилот на сообраќајницата можат да се постават на крајната десна страна, во средишниот дел или двете насоки на едната или другата крајна страна на сообраќајницата. Каде има можност се води и надвор од профил на сообраќајница или во тунел (особено низ централно подрачје на градот)

-          Напојувањето е со надземна електрична мрежа со пантографи

2.      Брз автобуски систем (BRT – Bus Rapid Transit)

Основни карактеристики се:

-          Физички одвоена траса (подигната со рабник, одвоена со столпчиња) заради брзо и непречено движење од останатиот сообраќај.

-          Раскрсниците се во ниво, регулирани со светлосни знаци – семафори со обезбеден приоритет за трамваите. Имено системот го детектира наидувањето на трамвајот кон раскрсницата и променува зелена фаза за него, без обѕир во која фаза бил циклусот.

-          На вистински БРТ систем наплатата е надвор од возило на станиците. Некои системи кои имаат електронски систем за наплата, имаат наплата и во возило

-          Возилата се најчесто зглобни автобуси.

-          Погонот во поново време може да биде на LPG, CNG, батерии со полнење на крајните станици и во поново време со горивни ќелии со водород како гориво.

3.      Автономен брз јавен градски превоз (Autonomous Rail Rapid Transit – ART)

Нов концепт, применет само во еден град во Кина. Мешавина меѓу трамвај и автобус.

-          Нема шини, возилата по надворешен изглед се зглобни трамваи, но на пневматици. Возилото се води со помош на водилки нацртани на коловозот и систем на сензори и ласерски читачи кои го водат возилото прецизно по предвидената траса. Авторите на оваа технологија тврдат дека дури има и флексибилност да ја напушти предвидената траса (ако има препрека) и да се управува како автобус.

-          Возилата се зглобни состави со три или пет делови со капациет од 300 до 500 патници.

-          Максимална брзина до 70 км/час.

-          Напојувањето е со литиум – титаниум батерии кои можат да се полнат на крајните станици или на секоја станица за време од 30 секунди.

-          Системот е во експлоатација само во еден град во Кина од 2017 година – градот Zhuzhou.

-          Системот е тестиран во Катар во пустинска клима, но не е тестиран во зимски услови.

Трамвај со горивни ќелии со водород како гориво

Овој концепт е сосема нов, развиен во Кина, но сè уште нема примена во светот. Се работи за шински возила кои би можеле да развијат 70 км/час и со капацитет од 370 патници.

5.Брз автобуски превоз со погон на водород

Според некои медиуми во Македонија, градот Скопје ја разгледува можноста за воведување на БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – БРТ. Автобусите би биле произведени од производителот ВАН ХОЛ кој има фабрика во Скопје. Домашното производство секако може да донесе повеќе предности.

Главните транспортни коридори на кои би било логично да се постават трасите на БРТ системот би биле:

1. Ново Лисиче – Ѓорче Петров

2. Бутел – Капиштец или Бутел – Кисела Вода

3. Кружна линија со трансфер станици

Воведувањето на системот на БРТ подразбира и целосна реконструкција на мрежата на линии на јавниот градски превоз, со примена на концептот на главни коридори опслужени од БРТ и автобуски линии хранителки кои ќе се надоврзуваат на главните БРТ линии.

Се разбира по целата должина на трасите на БРТ треба да се изработат нови проекти за сите раскрсници, заради преуредување на сообраќајните ленти, регулација и заради обезбедување на приоритет на возилата на БРТ системот.

https://www.porta3.mk/koi-se-reshenijata-za-javniot-prevoz-na-skopje/?fbclid=IwAR1xOfjvvXonBoxM57d5v2xNnmcbKvbP5UZuOm0i5gBPGG-Z3bDbMguKfAs

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2200
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Jan-2020 at 16:25
Значи овие се двете планирани линии за БРТ, Ново Лисиче-Порта Влае и Стаклара-Retail Park, вкрстени кај Југо Дрво. Знае некој до каде е Законот за задолжување?

Патем нишкава може да се преименува во Трамвај Скопје (БРТ)
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6839
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Feb-2020 at 09:32
Брзиот скопски „трамвај на тркала“ запре на бавната реакција за финансирање на проектот

Трамвајот на тркала“ (брз автобуски систем – БРТ) во Скопје на почетокот од декември помпезно се најави дека ќе добие владина поддршка за пронаоѓање средства, но засега нема информации кои чекори досега се преземени за неговата реализација. Министерството за финансии повеќе од три недели не одговара на прашањата на „Мета.мк“ за тоа до каде е процедурата за аплицирање за средства до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во функција на финансирање на брзиот автобуски систем.

Владата на седницата од 3 декември 2019 година го задолжи Министерството за финансии да ја отпочне постапката со испраќање на писмо со намери до ЕБОР за поддршка на изработката на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на брзиот автобуски систем. Иако „Мета.мк“ три пати испрати прашања до Министерството за финансии во врска со овој проект, одговори не добивме.

Од Градот Скопје велат дека ги спровеле сите постапки што е потребно да се завршат од нивна страна за реализација на проектот за воведување на брз автобуски систем. За конкретни рокови кога би профункционирал алтернативниот јавен превоз не можат да зборуваат, бидејќи одлуките за овој проект се носат надвор од нивната институција.

– Дополнително, на ова следуваат и повеќе постапки кои мора да се реализираат (одобрување од ЕБОР, усогласување на услови), на за крај ова задолжување, во вид на посебен закон за задолжување треба да биде донесен од страна на Собранието – велат за „Мета.мк“ од Град Скопје.

Во „Стратешкиот план на Град Скопје за период 2020-2022 година“ се наведува дека во 2022 година би се започнало со имплементација на брзиот автобуски систем, за што ќе бидат потребни 182 милиони евра. Сепак, и во овој стратешки документ нема прецизни рокови за тоа кога би започнала изградбата и во кој рок би можело да се стави во функција тн. „автобуско метро“.

Брзиот автобуски систем е предвидено да се воведе како замена за досегашната идеја за изградба на трамвај во Скопје. Двете планирани линии се во правец „исток-запад“ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и „север-југ“ од Бутел до Кисела Вода. Наместо да се градат шини по булеварите, „трамвајот на тркала“ предвидено е да сообраќа по физички одвоена траса на булеварите. За сообраќање на ваквите автобуси ќе се одземе по една сообраќајна лента во секој правец од улиците по кои ќе поминуваат двете линии.

Експертите веќе реагираа дека за изработка на физибилити студијата, проектната документација и пронаоѓањето финансии ќе бидат потребни најмалку три години, доколку посветено се работи од властите.

– Дури и веќе да има изработено физибилити студија и сообраќаен и главен проект, и да се обезбедени пари, реализацијата би подразбирала обемна работа на терен – реконструкција на сите раскрсници по должина на трасата, промена на профилот на сообраќајниците, проектирање на стојалиштата – станиците, прилагодување и тестирање на софтверот за управување на сообраќајот и т.н. – посочи универзитетскиот професор Никола Крстаноски на прашањата на „Мета.мк“ поставени во декември минатата година.

https://meta.mk/brziot-skopski-tramvaј-na-trkala-zapre-na-bavnata-reakcziјa-za-finansiraњe-na-proektot/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 979
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Feb-2020 at 21:59
Значи кога ќе се научат нашиве политичари дека ако сакаат да бидат носители на власт и пред да ветиш бајки треба да го погледнеш буџетот кој го имаш.

Ако се знае дека Град Скопје има буџет од бедни 80 милиони евра годишно, тогаш прво барање во својата кампања ќе ти биде „ќе бараме Собранието да изгласа пренос на такси/даноци од централната на локалната власт“, а да не зависиш од милоста на државните власти, кои ќе си играат курташак со тебе.

Ако не ти е тоа прво барање, тогаш ќе нудиш проектчиња на ниво на Крива Паланка и ќе си речеш со овие пари дечки толку. За друго немаме.

И трето, ако се појавиш на телевизија и најавиш проект, после не можеш да речеш „видете сега, ние се завршивме, ама еве овие од Министерство нешто кочат“.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2200
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Feb-2020 at 18:00
Се надевам дека властите ќе влезат во 21 век и ќе воспостават современ систем на јавен превоз во Скопје, решавајќи неколку проблеми на сегашниот:

1. Фрагментацијата
Моменталниот концепт на автобуски превоз во Скопје се одликува со два типа линии: оние централизирани под железничката станица, кои оттаму поаѓаат кон различни краеви од градот, и оние кои ги поврзуваат најголемите населби во права линија, претежно движејќи се по оската запад-исток. Ова создава голема неефикасност и слаба поврзаност на населбите подалеку од центарот една со друга - на пр. од Драчево до Маџари или од Бутел до Кисела Вода или нема директни автобуски линии, или пак тие имаат многу ретки поаѓања и тоа во ограничен период од денот.

Со воведувањето на БРТ и реогранизација на автобускиот превоз мора да се подобри поврзувањето на секоја населба од градот Скопје. Засега најавеното предвидува укинување на автобуските линии долж трасата на БРТ-то и воведување на тн. собирни линии кои ќе возат од БРТ станиците до места кои нема да бидат опслужени со новиот систем, што доколку не се изведе како што треба може дополнително да го комплицира користењето јавен превоз.

2. Неможноста за комбинирање на моторниот јавен превоз со велосипед
Автобусите кои имаат надворешни држачи за автобуси засега се многу ретки и не знам дали воопшто се користат. Со наметнување на дополнителни барања во тендерот за БРТ возилата, адаптација на автобусите и реорганизација на јавните услуги, лесно може да се овозможи комбинирањето на велосипедски и (метро)автобуски превоз:
- набавка на возила кои ќе бидат опремени со надворешни држачи за велосипеди, а помал дел од возилата да овозможат превоз на велосипедот внатре. Но имајќи предвид дека должината и капацитетот на овие возила е ограничен, ова многу полесно би можело да се имплементира и развие кај евентуалната приградска железница.
- префрлање на rent-a-bike услугата од Градски паркинг во ЈСП. Бидејќи не секој може или сака да патува со свој велосипед, системот на изнајмување велосипеди треба да се интегрира со јавниот превоз преку воведување комбинирани билети и поставување на голем број нови постојки и станици за изнајмување велосипеди близу БРТ и автобуските постојки и на други места во градот, претежно до побитните и поголемите јавни површини и објекти од јавен или деловен карактер. На секоја постојка треба да се овозможи и паркинг на сопствен велосипед.

Ова значително би ја зголемило атрактивноста на јавниот превоз и би го олеснило неговото користење од страна на оние чиишто дестинации се наоѓаат подалеку од трасата на БРТ-то. Досега не слушнав ништо на овој план.

3. Пречењето на велосипедскиот и автомобилскиот сообраќај
Автобуските постојки на многу места во градот ги попречуваат велосипедските патеки. Треба да се изнајде решение на овој проблем и истиот да не се зголеми онаму каде БРТ-то ќе поминува по десната лента наместо средишното зеленило. Исто така, одземањето на една лента на автомобилскиот сообраќај на главните сообраќајници во градот може да го закочи сообраќајот доколку проектот не е добро испланиран. Најдобро решение би било изградба на алтернативните коридори, како тунелите под Кале и намалување на автомобилскиот превоз преку подобрување на пешачката, велосипедската и јавнопревозната инфраструктура.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Feb-2020 at 18:56
Да се надеваме дека ќе се ослободи простор за вело патеките со тргање на автобуските постојки и преместување во средишниот дел на булеварите т.е ако се прифати опцијата брт-то да поминува по средишното зеленило.
P+R опција одма на периферијата на градот, оска запад исток првично.
Веќе тогаш може да се разгледа и опција од едносмерен тарифен систем во временски.Пример карта од 40 мин.со можност нели за користење на повеќе линии во ограничен временски период.Па после групни билети за повеќе лица итн итн..Само идеиве се постоечки во светот ама чекаме полека да се протуркаат и кај нас.

Edited by jyvation - 21-Feb-2020 at 18:57
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Feb-2020 at 10:58
Сите овие предлози и размислувања се на место и потребни, ама за мене се споредни , бидејќи единствено јавен Транспорт побрз од автомовилскиот во шпицовите и со прифатлива цена се фундаментални за поголема искористеност, а со тоа и поефикасен транспорт за развој за економијата на градот а и до душа намалување на автомобилскиот сообраќај а со тоа инамалување на загадувањето на воздухот.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Feb-2020 at 15:41
Можам едно нешто да кажам.
Со вакви улици и булевари полни со дупки нема шанси.
Еве ќе го земам делот кај рекорд. Еве на пример ако поминува трамвај, прво ќе треба да се исечат дрвјата, за се остави простор за поставување на жиците за напојување, а и ќе треба или да се прошири булеварот, во што се кладам дека на рекорд нема зградите да ги рушат заради тоа. Океј ајде да кажеме дека 1 од лентите ќе биде за трамвај, ова ќе доведе до уште поголем хаос и метеж гледајки дека сите рути ќе поминуваат низ рекорд, а што правиме кога е гужва. Уште полошо.
Истото важи и за Метробусот. Ќе треба една од лентите да ги користи, а веќе постоечките автобуси, повеќето пак возат по десната лента. Едноставно не треба у опште да се замараат со вакви проекти. Ќе треба улиците да се ископуваат за се постават шини, итн итн итн...
Инаку од друга страна, на широките булевари, еве пр. Бул. Кузман Јосифовски Питу, и Партизанска ако се тргне зеленилото и ако уместо тоа се наместат шини со огради, може и ќе ги натера луѓето да не поминуваат на диво низ булеварите. Ама сепак, мое мислење е дека ни ова, ни тоа не вреди, нека не си губат време со ова, неизводливо е.
Кога на времето не ги правеле пошироки булеварите за да има простор подоцна да се изгради рута за трамвај, сега е се џабе.
Еве видете во Белград како се правени булеварите. Или има четврта лента или одма до просторот за пешаци.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Feb-2020 at 16:06
Можам едно нешто да кажам.
Со вакви улици и булевари полни со дупки нема шанси.
Еве ќе го земам делот кај рекорд. Еве на пример ако поминува трамвај, прво ќе треба да се исечат дрвјата, за се остави простор за поставување на жиците за напојување, а и ќе треба или да се прошири булеварот, во што се кладам дека на рекорд нема зградите да ги рушат заради тоа. Океј ајде да кажеме дека 1 од лентите ќе биде за трамвај, ова ќе доведе до уште поголем хаос и метеж гледајки дека сите рути ќе поминуваат низ рекорд, а што правиме кога е гужва. Уште полошо.
Истото важи и за Метробусот. Ќе треба една од лентите да ги користи, а веќе постоечките автобуси, повеќето пак возат по десната лента. Едноставно не треба у опште да се замараат со вакви проекти. Ќе треба улиците да се ископуваат за се постават шини, итн итн итн...
Инаку од друга страна, на широките булевари, еве пр. Бул. Кузман Јосифовски Питу, и Партизанска ако се тргне зеленилото и ако уместо тоа се наместат шини со огради, може и ќе ги натера луѓето да не поминуваат на диво низ булеварите. Ама сепак, мое мислење е дека ни ова, ни тоа не вреди, нека не си губат време со ова, неизводливо е.
Кога на времето не ги правеле пошироки булеварите за да има простор подоцна да се изгради рута за трамвај, сега е се џабе.
Еве видете во Белград како се правени булеварите. Или има четврта лента или одма до просторот за пешаци.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2200
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Feb-2020 at 19:47
Метробусот нема ниту жици ниту шини, па зафатите кои ги споменуваш нема да се прават, а по трасата на метробусот нема да поминуваат регуларни автобуси. Се согласувам дека одземањето по една лента може да го закочи сообраќајот; без алтернативни сообраќајници ќе има огромни гужви.

Сѐ уште мислам дека подобро ќе беше да се развива автобускиот превоз и да се воведе добра приградска железница, наместо да се прекопуваат главните улици за да се воведе можеби застарен систем на јавен превоз кој во Скопје не постои веќе 108 години. Среќа што се откажаа од тешкиот трамвај и одат на полесно решение, кое бара помали интервенции и полесно може да се трансформира во иднина.

БРТ-то во Џакарта. И нашето ќе биде нешто слично ако продолжи да постои по изборната кампања:


Edited by Staro Skopje - 25-Feb-2020 at 19:48
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Mar-2020 at 15:15

пред годиње како махинално присутен бев думал за lrt vs brt и што да кажам може сум виновен што гласно сум размислувал!? иако и баш не е мојот ваков абер прв на форумов [1] во основа поентата ми била како поефтино а поефикасно да се помине ем без да чекаме на децении трасирање lrt во Скопје ...
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&KW=brt&PID=110536#110536
од денешна перспектива можам само да кажам и тогашната и денешната нетранспаретност на властите во однос идеите а не пак проектите остава голем простор за сомнеж како брз јавен сообраќаен мод би имал ефект на градот! а доколку се погледнеме во огледало поубо она што ќе приметиме во позадина е дека магла имет насекаде во однос експертска дебата, а неретко и однапред е замаглено самото стакло со голема пареа од собирање изборни поени! може грешам, но дефакто некако апансаз пред секои избори се појаат нови препакувања на тема брз градски јавен превоз во веќе познатите форми за лрт метро па и булеварска жичница [1] а единствено недостасуваше брт опцијата ...

АКО веќе навистина силите ни се сведени само на BRT мод, чинам добро би било да се дума со аут-оф-д-бокс Мултинаменски Концепт ...
1. со површински коп да се инсталираат тунели за BRT транспорт, кои подоцна можат да се пренаменат за LRT, јасно во средината на булеварите како не би се реметела озбилно постојната сообраќајна мрежа додека трае изградбата ...

2. одозгора да одат урбани-Вело-булевари [1][1][1] т.е. по две спори надворешни и две брзи внатрешни ленти, со што постојните вело-коридори по тротоарите би биле рекреативни, додека централно по булеварите би летале спортисти и е-бајкои за што би требало и некаква вело-а-категорија дозвола можеби!?

3. заради зелена средишна булеварска атмосфера истите можат да се покријат со ползавци кои би виселе од надземна настрешница со што би се добила и сенка налик од Пергола, а паметно би било да има и систем за сигнализација за итни случаи за оние кои брзо возат велосипед в среде да бидат тревожени ако напред некој слизнал и спружил ... чинам така неопходно би било и биометриска верификација за користење еден таков експресен-вело-мод за да не се случува секој кој има Точак да влета во брза вело лента каде и е-бајкои би врвеле односно доколку физички не е спремен за рапид вело транспорт да се држи до првите спори ленти кои би служеле и за исклучување ...

ваквата идеја не гледајте како инстант решение за градскиот метеж, туку како потенцијална шанса Народ да има поефтин транспортен мод освен постојните, а доколку истата би заживеала макар БРТ не оди средишно туку се трасира во прва жолта лента чинам возможно е скопјани да стекнуваат нови транспортни навики, особено доколку се здрма здраво вињетно транзитирањето на возила низ Центар ... конечно муабетов е повеќе да растерети монотонија во нишкава ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.