build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 03-May-2020 at 00:33
Ако брзината на движење на БРТ возилата навистина се зголеми двојно, од 13 km/h кај сегашните автобуси на 30 km/h, тогаш за очекување е да се зголеми и бројот на корисници на јавниот превоз. Пуштање на системот во употреба кон крајот на 2020, дури и се да оди како што треба, ми изгледа преоптимистички. (Двата податока се од изјава на Шилегов, декември 2019)
Се надевам дека,ако проектов се реализира, во иднина ќе размислуваат за продолжување на линија 1 кон Ѓорче, односно Пинтија.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 03-May-2020 at 02:14
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by skopskodete

Тој тунел ќе биде од Џамбо до раскрсницата кај мостот „Гоце Делчев“.


Тоа беше така планирано во проектот на Коце од пред 9 години. А тој проект вреди помалку од тоалетна хартија, употребена.



Нивото на несериозност и нестручност при изработката на тој проект тешко е да се долови. Еве што беше предвидено:

- Улица со по една лента во правец.

- Изоставување на било каква форма форма на јавен превоз (немаше предвидено ниту шински превоз, ниту БРТ, ниту обична жолта линија...)

- Врзување на К.Ј. Питу со Илинденска, иако е јасно како ден дека врската треба да биде со Партизанска. Денеска кога конечно се работи на пробивање на АСНОМ низ Ќерамидница, уште поочигледна станува апсурдноста на поврзување на Илинденска со К.Ј. Питу.

- Ужасно лош, непроточен и опасен кружен тек кај мостот Гоце Делчев. Овој кружен тек, како и сите деформации на сообраќајните текови што ќе произлезеа од поврзувањето на подземната улица на оваа точка, ќе ги осакатеа перформансите и на другите околни булевари.



Originally posted by skopskodete


Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце, во едно интервју има изјавено, колку што се сеќавам, дека не е пречка само Тифани (доколку тунелот би одел до Партизанска, а не Илинденска), туку и другите помали зградички што се иградени во тој дел, што е од Тифани до Плоштад.

Коце ги кажуваше тие прикаски, затоа што неговиот проект предвидуваше најплиток можен тунел, Dig&Cover по целата должина, со максимална длабочина до 10 метри. Неговиот проект исто така предвидуваше и најкраток можен тунел (од Ново Маало до мостот Гоце Делчев), што би се копал исклучиво покрај кејот.

А тие такви критериуми произлегоа затоа што тогаш приоритет беа Ск2014 тортите, па тунелов мораше да биде најефтин што може, занемарувајќи ги сите фактори освен цената. Затоа што на пример зградата на уставен суд достигна цена од 43 милиони евра, ама тунелот требаше да се гради со 30 милиони евра (поскапите разгледани опции беа отфрлени).

На крај изгледа сепак решиле со тие пари наместо тунел да изградат една торта плус, па така се спасивме од таков сакат тунел.



Originally posted by skopskodete

А ова го има заклучено шпанска фирма која ја направила анализата.
Фирмата се вика ИДОМ, и барем тука кај нас целосно се дискредитираа на се што работеа. Документите кои ги подготвуваа очигледно не беа базирани на стручност и наука, туку беа само амбалажа во која требаше да се сместат нечии глупи идеи. Не е прашање дали, туку каква криминална шема функционирала во позадина.

На сајтот на ИДОМ се поставени референци од ширум светот, но не и од Скопје. Изгледа не се гордеат баш со среаботеното кај нас.




Јас само напишав што ми текнува од интервјуто, не сум ни малку стручен да коментирам за подземни тунели ниту пак сакам да навлегувам во размислувања дали претходната власт градела друга торта со одредени пари, па поради тоа, имало и можеби криминал итн.

Нејсе, се надевам набрзо дека и ќе се проектира соодветно решение, а искрено, да, пологично е да биде поврзувањето кон Партизанска отколку Илинденска.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 03-May-2020 at 02:42
Originally posted by skopskodete


Јас само напишав што ми текнува од интервјуто, не сум ни малку стручен да коментирам за подземни тунели ниту пак сакам да навлегувам во размислувања дали претходната власт градела друга торта со одредени пари, па поради тоа, имало и можеби криминал итн.

Нејсе, се надевам набрзо дека и ќе се проектира соодветно решение, а искрено, да, пологично е да биде поврзувањето кон Партизанска отколку Илинденска.


Без гајле друже, не ми беше намерата да те прозивам тебе, едноставно сакав да ја објаснам ситуацијата со проектот за тунел од времето на Коце.

Тој проект таков каков што беше е практично мртов и мала е веројатноста дека ќе оживее. Затоа решенијата предвидени со тој проект не се веќе релевантни. Кога некој ден ќе се гради тунелот, не верувам дека ќе има многу допирни точки со стариот проект, и дај боже да е така
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.