build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 30-Dec-2020 at 22:21
И под Транспортен ќе биде хаотично,сега со 3 ленти па сите се фул и нонстоп се свири поготово во утринските часови ако го сведат на 2 ленти уште подолги ќе бидат колоните и патем мора да поработат на синхронизација на семафорите многу се распар и несразмерни барем за овој дел околу Транспортен а и вдолж целата траса мора да му се даде предност на БРТ инаку нема ефект.
Само мора да се најде чаре со застанување на крајна десна лента за да се заврши работа до банка,да се купи сендвич итн итн бидејќи со тоа и со БРТ ќе остане само една лента за возење и ќе биде ептен хаотично. Исто така треба да се види каде ќе ги стават постојките колку ќе има претрчување од една до друга на диво(потреба од нови пешачки премини на некои места).
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 31-Dec-2020 at 00:52
Originally posted by ehrlich

Ауууу, Обединети нации. Гарант решението ќе биде една лента за БРТ, една за возилата Каков хаос во најава ќе биде тоа.


Мислам дека најдобро што може да се надеваме е дека откако ќе настане хаосот, ќе почне да се размислува за решение (од проста причина затоа што кај „Обединети нации“ ќе биде навистина страшен хаос).

Идеално би требало кај „Обединети нации“ веќе да е во тек проектирање на дополнителен, трет мост. Со оглед дека моментално само северниот мост има велосипедска патека, а јужниот има само тесен тротоар, логично е овој вториов да биде пренаменет за БРТ коридорот, а веднаш до него да се изгради нов мост идентичен на северниот, што ќе го преземе сообраќајот во правец од Влае кон Центар.

Еве како изгледа сегашниот јужен мост, ова и без БТР не е океј ако сакаме велосипедски превоз:




Друга опција, иако не е вистинско решение, е проблемот да се ублажи со пробивање на Илинденска преку Вардар (малку веројатно во догледно време), или барем со проширување на Адолф Циборофски и мостот во Хром.


Во секој случај, ноншалантното развлекување на роковите за БРТ би било оправдано само доколку во рамки на проектот се решаваат и овие проблеми, а не само да се шибне БТР на постоечки ленти без исклучок.




Originally posted by stef4o

И под Транспортен ќе биде хаотично,сега со 3 ленти па сите се фул и нонстоп се свири поготово во утринските часови ако го сведат на 2 ленти

Нема да е идеално, ама БТР + 2х2 воопшто не е малку. Рачунај дека и сега во пракса не е вистински 2х3 со оглед на автобуските линии и автобуската постојка. Ако се отстрани постојката и автобуски линии кои би биле заменети со БТР (5, 15, 23 се фреквентни, а тука поминуваат и 3, 15а, 35), ситуацијата веќе е изгледа многу подобро.

На ова треба да се додаде и коридорот во изградба бул. АСНОМ - бул. Гоце Делчев преку Ќерамидница (со бавните рокови за БРТ редно е тој да биде целосно завршен до тогаш), па реално кај Транспортен центар не би требало да биде критична точка.



Originally posted by stef4o

и патем мора да поработат на синхронизација на семафорите многу се распар и несразмерни барем за овој дел околу Транспортен

Дефинитивно треба да поработат малку, а ете ги и паразитите од ЦУКС точно таму во Транспортен Центар се сместени, пред нос им се дешава тој хаос со семафорите.

Независно од тоа, мислам дека секако околу траснспортен центар најлогично е да има еднонасочно кружно течење на сообраќајот. Со тоа не само што Никола Карев ќе биде попроточна, туку уште поважно 6 крстосници ќе се поедностават и ќе станат многу попроточни, вклучувајќи ги и двете крстосници на К.Ј.Питу што директно го тангираат БРТ.





Originally posted by stef4o

Само мора да се најде чаре со застанување на крајна десна лента за да се заврши работа до банка,да се купи сендвич итн итн бидејќи со тоа и со БРТ ќе остане само една лента за возење и ќе биде ептен хаотично.

Апсолутно!

Само што јас не сум сигурен дали постои таква работа како сообраќајна полиција, или се работи за урбан мит.





Edited by Cloverstack - 31-Dec-2020 at 00:56
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 31-Dec-2020 at 01:23

BTW има една случајно добра работа - кај Влајко треба да има станица, па ќе може таа засега пропадната инвестиција ефтино да се адаптира да биде пристап и за станицата





Освен Влајко, на линијата 1 засега има премин (подземен) само кај Скопјанка. Мислам дека во најмала рака во старт треба да се направат уште барем 4 подземни премини, за коишто и денес без БТР има огромна потреба:

- Бисер
- Југодрво (евентуално надземен)
- Зелен пазар
- Буњаковец


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 31-Dec-2020 at 01:44
Како би се пренаменил сообраќајот на трет, јужен мост без сериозно вртење? Полесно би било да се изведе северен мост, ем Подржикоњ не насадил зграда на северниот дел од булеварот, ем закривувањето на бул. ПО е поприлагодливо.


Со мостот на Љубљанска малку би се олеснил сообраќајот тука, но паралелно треба да се размислува за проширување на Васил Чакаларов сосе мостот. Вијадукт на Илинденска, сепак, во догледна иднина нема да има. Други потребни проекти се продолжување на Никола Парапунов до Чакаларов и евентуално поврзување на Воин Драшковиќ и Козле, со што би се добила директна врска од кружниот во Усје до кружниот во Ѓорче. Плус би бил и Јужен Булевар, кој би го преземал сообраќајот до Сарај и западниот дел од Македонија, како и мост од Лака до Хром.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 31-Dec-2020 at 03:15
Originally posted by Staro Skopje

Како би се пренаменил сообраќајот на трет, јужен мост без сериозно вртење? Полесно би било да се изведе северен мост, ем Подржикоњ не насадил зграда на северниот дел од булеварот, ем закривувањето на бул. ПО е поприлагодливо.

Нема дилема дека од северната страна просторот е порелаксиран, но и од јужната страна изгледа дека може сето тоа фино да се изведе, со екстремно благи радиуси, и без импровизации.

Причината поради која предлагам јужен мост е заради велосипедската патека.
Особено во време на кога на радост на сите нас велосипедскиот превоз и разноразни електрични скаламуции за микромобилност почнуваат масовно да се користат, отсуството на велосипедска патека на овој толку важен мост, воопшто не е тривијална работа.


Инаку дури и чирот што го насади Подржикоњ е на ~ 13m растојание од коловозот на Партизанска, што дава солиден маневарски простор. Со оглед дека до таму коловозите веќе би се спојувале и вкупниот профил на булеварот би се стеснувал, не ми изгледа дека би имало проблем. Во крајна линија, на тие што купиле станови во чир што штрчи вон воспоставените градежни линии, ние не им должиме дебел појас заштитно зеленило со двоен дрворед и слични луксузи. Ако има потреба да се редуцира заштитното зеленило пред оваа зграда, во полза на стратешките интереси на градот, не мислам дека треба да постои некаква дилема. Пред оваа зграда треба да има прописен тротоар и прописна велосипедска патека. Останатото е „по можност“.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4919
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 31-Dec-2020 at 09:23
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by stef4o

Само мора да се најде чаре со застанување на крајна десна лента за да се заврши работа до банка,да се купи сендвич итн итн бидејќи со тоа и со БРТ ќе остане само една лента за возење и ќе биде ептен хаотично.

Апсолутно!

Само што јас не сум сигурен дали постои таква работа како сообраќајна полиција, или се работи за урбан мит.

Нели конечно за 2021 се најави формирањето на општинска полиција која ќе дели казни за вакви работи. Ете сега ги фузираа сите инспекторати во еден, а од догодина со амин на владата ќе започнат да функционираат и општинските полиции.




_______________________________________________________________
Originally posted by stef4o

и патем мора да поработат на синхронизација на семафорите многу се распар и несразмерни барем за овој дел околу Транспортен

Дел од BRT системот се уреди во автобусите кои го синхронизираат семафорот за да може автобусот да помине непречено на зелено. Во пракса ако сите возат со нормална брзина тоа ќе значи зелен бран, но ако си побрз од автобусот ќе начекаш црвени светла.




_______________________________________________________________
Originally posted by Cloverstack


Освен Влајко, на линијата 1 засега има премин (подземен) само кај Скопјанка. Мислам дека во најмала рака во старт треба да се направат уште барем 4 подземни премини, за коишто и денес без БТР има огромна потреба.

И јас се прашував нешто слично пред некое време, и сфатив дека зависи и од формата на постојките:
Originally posted by гитардемон


Со самото тоа што постојките ќе бидат во средишното зеленило, значи дека ќе треба да се изградат некои нови и безбедни пешачки премини (по можност подземни), и да се отстранат постојките кои веќе постојат (бидејќи ќе треба да се укинат сите веќепостоечки линии на главните улици).

Исто така, дали автобусите би имале вакви врати со цел да се користат подигнати платформи на станиците (нема да бидат постојки туку цели станици), а станиците влезови со физички бариери како овие?





_______________________________________________________________
Originally posted by Cloverstack




Од сликава мислам дека супер би легнала една линија 1А (или линија 3) која ќе се дели од постојната и ќе го преминува Вардар кај мостот на АСНОМ, малку низ Ќерамидница и потоа на Никола Карев/Пластичарска, преку турбо кружниот тек кај Хубо на Скупи, па назад кон оригиналната траса преку мостот на Љубљанска кај City Mall.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 31-Dec-2020 at 14:47
Интересна идеја, иако не знам дали на урбаните булевари и внатрешниот прстен како главни сообраќајни артерии треба да има БРТ или не. Друга алтернатива е линија 3 да оди Ченто-Маџари-АСНОМ или Автокоманда-Бит Пазар-касарна Илинден.

Линија 2 може да се помести на Втора Македонска Бригада и Лазар Трповски наместо БиХ (со што и железничката станица би се преместила западно, помеѓу Шутка и Бутел) и да се пушти линија 2А долж авенија Александар Ударевски како што вика Clover. На другиот крај, мислам дека терминалот не е на најдобро место. Подобро ќе беше да биде во Пинтија (каде што би било и поврзувањето со сите собирни автобуски линии од југ), но тогаш би бил далеку од ЖС Горно Лисиче (а сите други БРТ терминали, освен измислениов на 2А во Бутел, почнуваат и завршуваат на железничка станица). Во секој случај јавниот превоз во градов ќе стане многу подобар ако се изгради БРТ-во, но за целосна функционалност ни треба и приградска железница, барем на постојните пруги + аеродром.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8362
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 19-Jan-2021 at 11:12
Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон !!!
Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај.
Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот





https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12198
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 20-Jan-2021 at 02:00



На првата слика се гледа како би изгледала некоја станица.

Колку што можам да сфатам, има врати кои се дел од станичниот објект (на местата кедешто би стоеле возилата) и кои би се порамнувале со вратите на возилата.

Ова е поскапо решение, особено ако вклучува автоматизација на застанувањето на возилото. Освен тоа, ова е проблематично заради тоа што мора точно да одговара на набавените возила, а секоја понатамошна дополна/поднова/замена на флотата ќе изискува набавка на идентични возила во овој поглед, или редизајн на станиците.

Предност би била тоа што во ваков затворен систем ќе може да се спроведува одлична контрола на билети и сузбивање на „шверцање“. Но ако нема волја за строго спроведување на таква политика, џабе ќе биде оваа конфигурација.


Инаку гледам би-артикулиран автобус и само три врати, што е тешка глупост (не знам ни дали постојат такви на пазарот), но во штурата документација што се наоѓа на нет некаде налетав на обични зглобни 18m автобуси, па не знам колку ова на сликата воопшто е меродавно, иако памтам и најава за биартикулирани возила. Во секој случај штета што Град Скопје за овој толку значаен проект продолжува да информира исклучиво на вакво мизерно ниво, а вистинска транспарентност нема воопшто.



Edited by Cloverstack - 20-Jan-2021 at 02:00
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 20-Jan-2021 at 03:06
Да не ширам скептицизам, ама решениево толку измени некако трпи во од додека се проектира, да дури мислам дека го љупат како кромид, слој по слој го љуштат од све што изгледало добро на почетокот на идејата "трамвај во Скопје" пред неколку години. Све што изгледало да потсеќа на трендовите во големите европски градови сега гледаме дека ќе остане за понака, за втора линија, за втора фаза итн...

Со појавата на гасните автобуси во сегашниот јавен автобуски превоз, и со враќањето на зглобните долги автобуси, некако како од две различни страни да се приближуваат ситуациите во сегашниот постоечки ЈСП од една страна, со идејата за Метро-бус од друга страна. И како што се приближуваат двете крајности ќе стигнат до една заедничка спојна точка што се вика "резервирана трета лента за јавен превоз" која би функционирала на Партизанска и на Јане Сандански, нормално зашто само и тамо има начин како да се постигне. И тоа е тоа basically она што ние што ќе го видиме во Скопје на темата јавен превоз од сите овие студии и еуфорија што ќе се крева до локални избори. И тоа ако имаме среќа да го видиме, зашто досега таквата идеја еднаш заврши со обични гумени прегради кои се распаднаа за неколку месеци без enforcement од полицијата и без оддржлив модел за тоа да остане трајна функционалност. Не очекувам овој пат да заврши ништо поинаку.

За депото може и ќе видиме камен темелник и слични фанфари, не е тоа исклучено. Ама понатаму ќе се искористи практично за замена на едно од сегашните депоата на ЈСП во Автокоманда и Ѓорче, или двете, кои некој од сега си ги мерка и си ги таксал изгледа за изградба на згради, му се виделе како бадијала неискористен простор на кои супер ќе легнат грди поткровја П+7+Пк како што се упропасти цело Скопје. Или што би се рекло на македонски политички јазик, "бомбона бизнис". Ќе им земеме пари на ЕУ за да ни изградат ново депо, нема да треба да трошиме пари за реновирање на псотоечките, ќе купиме неколку зглобни автобуси што ќе ги викаме метро за пред народ, ќе наредиме гуми по Партизанска што ќе ја викаме трета лента и плус ќе си лапнеме простор за згради. Win-Win за сите инволвирани. Да не биде ширење скептицизам и дефетизам, ама ова е едно сосема можно изводливо сценарио имајќи на ум што све сме виделе досега во Македонија особено кога станува збор за урбаниот развој и управување со градот.

Затоа, сите активисти и новинари што навратувате или читате воопшто тука по форумов, време е уште од сега да го потрупате градоначалникот и градската администрација со правите прашања и во ГУП-от од сега за ги натерате да зацртаат паркови, за да не биде после доцна! Од трамвај/метро/бус нема ништо во Скопје и не паѓајте на прикаскиве за мали деца. Доста навлажнување на глупи scetch-up-и, дури не се ни рендери. Доста потемкинови села, доста муви прелетување во кадарот, за да не се гледа вистинската сликата позади.

Edited by user8642 - 20-Jan-2021 at 03:09
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 20-Jan-2021 at 07:14
Проект, проект, проект.. и толку, толку видовме од оваа градка власт во овие три години.
До каде е Универзална, до каде е реконструкција на ул.Орце Николов(требаше да е готова не е ни почната), до каде се катните гаражи во дебар маало. Само демагогија, размислуваме, анализираме, (крадеме) и толку.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote David Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 20-Jan-2021 at 08:47
Зар има некој што сериозно верува во рализација на самопрогласеново "метро" ? Исто колку што се реализираа:рекорд пешачка зона,модерни фасади (од светски архитекти лоол),нова универзална,обалкодери,нов луна парк,студентски кампус(РАЈ),тунели под кале,подземни улици под плоштад.....милион капитални ветувања НУЛА(0) резултати.
Најголем проект им е што урбаната мафија тотално ја предадоа во рацете на албанските компании.

Само треба да се пази тие 70 мил. кредит што ќе го земат да не си го поделат меѓу себе ко што направија за милијарда и пол последниве 6 месеци,а ако си го поделат да лежат в затвор.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 20-Jan-2021 at 09:04
Originally posted by David

Зар има некој што сериозно верува во рализација на самопрогласеново "метро" ? Исто колку што се реализираа:рекорд пешачка зона,модерни фасади (од светски архитекти лоол),нова универзална,обалкодери,нов луна парк,студентски кампус(РАЈ),тунели под кале,подземни улици под плоштад.....милион капитални ветувања НУЛА(0) резултати.
Најголем проект им е што урбаната мафија тотално ја предадоа во рацете на албанските компании.

Само треба да се пази тие 70 мил. кредит што ќе го земат да не си го поделат меѓу себе ко што направија за милијарда и пол последниве 6 месеци,а ако си го поделат да лежат в затвор.




На власт дојдоа со „популизам“ дека ќе го решаваат „Скопје2014“ а го легализираа со купување и препродажба на објектите што се направија тогаш, а сега им се уарни па си се сместија таму. Циркус.

За Метро бус, не знам зошто толку се „палат“ граѓаниве на ова, секој кој што прошетал или бил на екскурзија во Запана Европа можел да види вако нешто, јас пред 2 години жиеев во Руан- Нормандија, град со околу 100к жители и имаше ваков транзит систем кој фукнционираше со оделени ленти онаму каде што можеше а онаму каде што немаше можност си одеше регуларно. Автобусите беа долги со четири влеза, на секои 5 мин нов автобус пристигаше, постојките беа обични но малку подигнати за да не мора да „рипаш“ или да се спуштиш на улица со една нога.

Да напоменам градот беше од тип на „стар Париз“ со збутани улички а главната улица беше оставена само за овој транспорт. Скопје со широк булевар како Партизанска нема што да се грижи и не би требало да чини толку многу, е сега тоа физичко оделување не знам како ќе се врши. Како и да е, ако добие Шилегов пак избори ќе го одложи за таму при крајот на вториот мандат. Не верувам дека брзо ќе се направи ова.

Edited by JovanOdGjorche - 20-Jan-2021 at 09:06
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2471
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #114 Posted: Yesterday at 02:08


Уште една сликичка за албумчето. Ова чинам е депото во Ѓорче.

Edited by fichot - Yesterday at 02:08
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote David Quote  Post ReplyReply #115 Posted: Yesterday at 10:15
Originally posted by JovanOdGjorche

Originally posted by David

Зар има некој што сериозно верува во рализација на самопрогласеново "метро" ? Исто колку што се реализираа:рекорд пешачка зона,модерни фасади (од светски архитекти лоол),нова универзална,обалкодери,нов луна парк,студентски кампус(РАЈ),тунели под кале,подземни улици под плоштад.....милион капитални ветувања НУЛА(0) резултати.
Најголем проект им е што урбаната мафија тотално ја предадоа во рацете на албанските компании.

Само треба да се пази тие 70 мил. кредит што ќе го земат да не си го поделат меѓу себе ко што направија за милијарда и пол последниве 6 месеци,а ако си го поделат да лежат в затвор.




На власт дојдоа со „популизам“ дека ќе го решаваат „Скопје2014“ а го легализираа со купување и препродажба на објектите што се направија тогаш, а сега им се уарни па си се сместија таму. Циркус.

За Метро бус, не знам зошто толку се „палат“ граѓаниве на ова, секој кој што прошетал или бил на екскурзија во Запана Европа можел да види вако нешто, јас пред 2 години жиеев во Руан- Нормандија, град со околу 100к жители и имаше ваков транзит систем кој фукнционираше со оделени ленти онаму каде што можеше а онаму каде што немаше можност си одеше регуларно. Автобусите беа долги со четири влеза, на секои 5 мин нов автобус пристигаше, постојките беа обични но малку подигнати за да не мора да „рипаш“ или да се спуштиш на улица со една нога.

Да напоменам градот беше од тип на „стар Париз“ со збутани улички а главната улица беше оставена само за овој транспорт. Скопје со широк булевар како Партизанска нема што да се грижи и не би требало да чини толку многу, е сега тоа физичко оделување не знам како ќе се врши. Како и да е, ако добие Шилегов пак избори ќе го одложи за таму при крајот на вториот мандат. Не верувам дека брзо ќе се направи ова.

Го има низ цел свет ама обично е најраспространето низ посиромашните земји како замена за вистинската работа,МЕТРО. Само кај нас нивото на популизам и новинарски клиентилизам е толку надвор од граници што БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ се нарекува "МЕТРОБУС" "Метро на тркала" се околу метро,доволно за просечниот граѓанин на карпош и центар(што нели сега не се замара со политика) да наслушне клучен збор МЕТРО и да си продолжи да заокружува.
Ништо страшно не е ако кажеш или излажеш немаме пари за вистинско метро,грујо купуваше споменици,заев ги пикна в џеб шилегов ги испи....ќе ги модернизираме автобуските постојки и ќе земеме електручни автобуси.

Како ќе биде одвоен од сообраќајот пример на булевар "Борис Трајковски" ? На колку места во градов ќе може да биде одвоен од сообраќај ? Кога ќе врне дожд и снег нема да влијае тоа на неговата брзина,пристапност ? Ќе градат тунели,ќе прошируваат улици, што е планот ??

4 години поминаа до сеа ќе израдеа вистинско метро,само приказни од избори до избори,образ ѓон.


Edited by David - Yesterday at 10:17
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.