build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градски парк Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 17>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градски парк Скопје
    Posted: 18-Oct-2020 at 16:08
Новиот памптрак во Градски Парк





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Sep-2020 at 18:18
Добро ќе биде паркот да добие ново осветлување на повеќе места.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 14-Sep-2020 at 15:24
СЕ ОБНОВУВА СТАРО НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Во Градскиот парк кај тениските терени Југ се обновува старо новата пешачка патека во должина од околу 200 метри. На патеката ќе биде поставено ново осветлување и нова урбана опрема.







https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Jul-2020 at 16:03
НОВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК
Вториот дел од Градскиот парк деновиве добива ново енергетски ефикасно осветлување. Старите и дотраени светилки, се заменуваат со нови штедливи лед светилки. Досега се поставени околу 70 лед светилки, а вкупно ќе бидат поставени околу 100 лед светилки. Новото осветлување дополнително ќе го разубави амбиентот во овој дел од Градскиот парк.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7420
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Jul-2020 at 20:04

жардиниериве од последната слика се олицетворение на ставот „not mu f*cking job“ []
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Jul-2020 at 12:04
ГРАД СКОПЈЕ ГИ ОБНОВИ СИТЕ 19 МОСТОВИ ВО ГРАДСКИ ПАРК 2 СО ДОНАЦИЈА ОД ХАЛКБАНК

Град Скопје со донација од Халкбанк целосно ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк.
- Со нашиот партнер Халкбанк, која важи за општествено одговорна компанија, пред неколку месеци ја почнавме, а сега веќе целосно ја завршивме реконструкцијата на сите 19 дрвени мостови во вториот дел од Градскиот парк. Самата реконструкција опфаќаше целосна обнова на дрвената подлога, со материјали коишто се поотпорни на климатските промени, поиздржливи, како и целосна обнова на металната конструкција и премачкување на металните површини со боја која овозможува нивна заштита од корозија. Ги направивме дел од мостовите достапни и за велосипедистите и за лицата со отежнато движење со поставување рампи, така што го направивме паркот достапен за сите наши граѓани – изјави Шилегов.
Тој додаде дека ова не е прва соработка на Градот Скопје со Халкбанк, и дека ќе продолжат и во иднина да работат на други проекти.
-Очекувам општествено одговорните компании, како што е Халкбанк, и во иднина да го помагаат Градот, бидејќи и вработените и самите фирми се токму овде во Скопје и се негови жители, со цел заедно да успееме ние како институција, општествено одговорните фирми како такви и граѓаните, овој дел од градот, односно паркот каде што ни е најдостапна природата во рамките на урбаната средина да го направиме едно попристојно, поубаво место. Имајќи во предвид дека е сериозно зголемена фреквенцијата на граѓаните во него во време на пандемијава ги повикувам и граѓаните заедно да го чуваме ова богатство коешто го имаме во срцето на нашиот град – кажа Шилегов.
Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на проекти што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.
- Градскиот парк е сигурно најубавото место во Скопје, зелена оаза, место за прошетки, за спортување, рекреирање и уживање на граѓаните. Бидејќи како банка настојуваме со нашите општествено одговорни активности да поттикнеме здрави животни навики и да придонесеме за заштита на природата, со задоволство прифативме да помогнеме на Град Скопје во реализација на проектот за реновирање на 19 мостови во вториот дел од паркот. Ова е втора активност која со наша поддршка ја спроведува Град Скопје, минатата година ја поддржавме кампањата за бесплатно подигање на остатоците од бербата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување – кажа Суџубаши,
Реконструкцијата на сите 19 мостови е целосно завршена, а вредноста на донацијата изнесува околу 2 милиони денари.











https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 14-Jul-2020 at 15:47
Тимот на Радиус архитекти е добитник на прва награда за Летна сцена на локација бр.3 на конкурсот „Летна отворена сцена“ во Градскиот парк во Скопје.







https://www.facebook.com/radiusarh/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 14-Jul-2020 at 15:37
Конкурсно решение "Рефлексија" за Летна отворена сцена на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје - Локација 2







https://www.instagram.com/globalinzenering/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2277
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Jul-2020 at 13:42
Првото е ОК, а и третото, ама не му е местото таму. Најдобро би било да го прошират и сегментираат градскиот парк.

Летни сцени, угостителство и сквер во првиот дел на паркот, префрлање на луна паркот кај стариот полигон и континуиран парковско-рекреативен појас од Кај Жабарот до бунарите. Универзална да се пресели кај ботаничката градина, а во вториот дел од паркот да нема никаква урбана опрема освен клупи, канти и осветлување. Можеби и некој летниковец, за стреа.
Светло зелено - урбан парк и игралишта;
Зелено - парк;
Сино - спорт;
Жолто - зоолошка;
Црвено - култура и угостителство;
Бели линии - примарни пешачки и велосипедски патеки.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jul-2020 at 12:32
Има доста негативни коментари во врска со сите 3 во стилот дека се сосем непотребни и дополнително го гушат просторот...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jul-2020 at 12:29

Вторава животиња е особено предимензионирана, интрузивна, неприкладна и непотрбна.



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jul-2020 at 12:20
ОВА СЕ ИЗБРАНИТЕ ТРИ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Град Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

По разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избра трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“, и тоа за:

Локација број 1: Површина во Градски Парк Скопје , која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, - труд со работна шифра “ОМММ“. Овој труд овозможува долготрајност со минимални трошоци за одржување и минимален физички импакт во езерото со околината. Предложениот дизајн претставува кружна форма на сцената поставена во средина на езерото која ги обединува сите четири страни на езерото. На исток и запад галериски гледачки простор од мостовите, на југ према паркот ниско седење по должината на целиот брег и на север гледалиште во две нивоа, првото по должината на брегот, второто по целата должина меѓу двете постојни скалила на падината од насипот за пешачката улица. Пристапот до сцената е преку минимално димензионирана рампа од јужната страна каде што има логистички најповолни услови за пристап и транспорт на опрема и на реквизити, со што се создава чувство/илузија дека северното гледалиште на две нивоа е главно гледалиште и дека сцената е ориентирана примарно кон него. Сцената е замислена како едноставна лебдечка плоча над езерото, со дијаметар од 12м и е наменета за изведба на различни културни активности и е поставена на само 20см над нивото на водената површина од езерото.

Локација број 2: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт, - труд со работна шифра „Коноид“. Ова идејно решение за сцената, гледалиштето, па и во однос на хортикултурното уредување, илуминацијата на просторот и материјалите кои се предвидени за ова архитектонско решение овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување. Предложениот идеен архитектонски проект за отворена летна сцена во Градскиот Парк е воден од идејата за трансформабилност и приспособливост на сцената според различни сценарија на користење на овој простор со минимално влијание врз природата - тогаш кога има организирани настани на летната отворена сцена, но и тогаш кога нема организирани настани.
Сцената е составена од неколку делови и тоа од армирано бетонска бина или подиум подигнат 40см над теренот, челична носечка конструкција со два зглоба анкерувани во армирано бетонската подлога со челични папучи заварени за неа во кои налегнуваат дрвените талпи поставени како изводници на коноид врз челичната носечка конструкција. Гледалиштето во овој случај се оформува со преместување на трибините кои, во оној период кога нема организиран настан на сцената, се поставени околу стеблата на поголемите дрвја кои се наоѓаат на локацијата и имаат улога на урбана опрема, клупи наменети за посетителите на паркот. Капацитетот на гледалиштето на сите трибини со седење е за околу 250 лица. Во однос на хортикултурното уредување, предвидено е целосно зачувување на високото зеленило во постојната состојба. Илуминацијата на просторот е обезбедена преку лед светилки вградени во внатрешноста на елементите за седење, (трибините и коцките за седење). Материјалите предвидени за ова архитектонско решение се дрво, челик, бетон и лексан.

Локација број 3: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа во вториот дел на Паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90, - труд со работна шифра „Конус“. Овој труд во поглед на архитектонскотото решение за гледалиштето, сцената во вид на пресечен конус и употребата на материјалите за изработка, исто така, овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување. Предложениот дизајн на сцената претставува една рамка во која како кулиса се појавува еден пресечен конус. Аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Гледалиштето обезбедува сместување на 403 гледачи на седење. Секој ред е со широчина од 160см и освен за седење може да се користи за понеформални собири и токму поради тоа не е предвидено поставување столчиња или друга опрема. Практично теренот е вкопан и нивелиран, а употребата на материјали е сведена на минимум, се со цел да се задржи природниот изглед на местото. Просторот е комплетно пристапен за лица со посебни потреби. Сцената е монтажна, комплетно изведена од челична конструкција. Кулисата која е во форма на пресечен конус се предвидува да биде изведена во бакар, а бочните страни на сцената од челична мрежа, обоена во бела боја.

Генералната оценка на Комисијата е дека конкурсните барања се во голема мера запазени, односно дека е запазена и испочитувана проектната програма, предложен е уникатен дизајн и предложени се материјали со долговечност за изработка. Исто така, предложените идејни решенија се одликуваат со високи естетски вредности, придонесуваат врз подобрување на културните навики на жителите на град Скопје и одлично се вклопуваат со непосредното опкружување.

Град Скопје најдобрите трудови ги наградува со по 70.000 денари за секоја од трите локации и ќе склучи договори со избраните автори.

...
ОМММ - локација 1



КОНОИД - локација 2



КОНУС - локација 3





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 29-Jun-2020 at 06:38
Жалната вистина е што ова воопшто не се прави ради естетика,културни потреби,народни желби,добавување содржини во парк...се се сведува на ангажирање на фирми кои се блиски до оние кои ги носат овие одлуки.

Споменици на ваквите практики имаме уште од подамна: надземен премин Влајко,мост Газела,''паркот'' кој му одзема пола зеленило на веќе постоечкиот парк во Тафталиџе 2...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7420
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Jun-2020 at 02:28

преголема инвестиција во празно, можеби има некои исклучоци, ама во глобала е тоа
во 90% од времето овие ќе служат како стреа при врнежи за збир на пијани деца, боље само летниковци да им направеа низ цел парк

може ако се паметни идејните решенија, бидејќи се прилично добри, да ги прифатат и да ги искористат во некои нови паркови низ градот, доколку се вклопуваат

Edited by zabegan - 29-Jun-2020 at 02:28
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Jun-2020 at 11:29
Погледнете ги пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.



















https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 692
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Jun-2020 at 14:00
Идејата за парк на скопскиве градоначалници е рандом содржини + нешто трева.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Jun-2020 at 09:03
Ај па за 10тина години и една зграда да крениме во парков како што е редот Crazy
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7420
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Jun-2020 at 21:02
Originally posted by kiriOK

Како тргнало овде ќе биде збирштина на се само парк нема да има...
ок е и тоа да има, само колку има потреба?
затоа некој бил паметен уште пред годиништа, и ја измислил школка, ама просторот на школка е мал за поголеми настани

единствено можеби би можело да се поддржи просторот кај Езерце, затоа што ако е некој поголем настан, обично таму го префрлаат поради поголемит простор
се друго во парк е безвезе трупање, и дури и да се одржуваат поголеми фестивали на отворено, може да се монтираат привремени сцени, како што тоа се правело до сега
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jun-2020 at 16:15
Како тргнало овде ќе биде збирштина на се само парк нема да има...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7559
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Jun-2020 at 15:55
ТРИ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Град Скопје Ве поканува на pop up изложба на отворено што ќе се одржи денеска, 25.6.2020 (четврток), во 19 часот, на која ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.

Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да го запазиме принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 17>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.