build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Именување на улици и објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Именување на улици и објекти
    Posted: 20-Aug-2008 at 01:26

ПО 17 ГОДИНИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

Градот конечно официјално ќе ги крсти улиците

За две години пристигнаа околу 7.000 предлози за измена на имињата на 700 улици, вели Иван Катарџиев, претседателот на Комисијата за именување улици

Во наредниот месец, по 17 години, улиците во Скопје ќе добијат официјални имиња. Комисијата за именување улици во рамките на Град Скопје ќе го достави на усвојување пречистениот список со улици на Советот на град Скопје. Откако градскиот совет ќе го прифати предлогот, во регистарот ќе бидат официјално запишани новите имињата на улиците.Од Градот објаснуваат дека многу од нив биле сменети во 1996 година со Одлука на Советот, но дека таа паднала на Уставен суд поради неусогласеност со законот. Оттогаш, во градот владее хаос со имињата на улиците.Некои граѓани ги знаат улиците по новите имиња, а други по старите. Особено деликатно е за странците, имајќи предвид дека на мапите се испечатени нови имиња, а по улиците се останати стари табли. Како пример може да се посочи булеварот Октомвриска револуција во Карпош 3, кој е преименуван во 8 Септември, а никаде не го пишува тоа. Или улицата Иво Лола Рибар, која по ново се вика Теодосиј Гологанов.

МЕНУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ КАРТИ

Претседателот на Комисијата, Иван Катарџиев, вели дека од распишувањето на конкурсот, пред две години, досега стасале околу 7.000 предлози за измена на околу 700 улици.Работата на Комисијата е завршена. Останува конечната предлог-верзија да ја доставиме до Советот кон средината на септември, а потоа тие да одлучат дали ќе ја прифатат или отфрлат. Ако прифатат, одлуката мора да се достави до Владата, а потоа повторно да се врати во Советот на град Скопје. Ние имавме макотрпна работа. Односно имаше предлози, од кои некои можеби се во ред, но не беа прифатливи од историски, културолошки и други причини - вели Катарџиев.Тој рече дека ако Комисијата не успее до октомври годинава да ги заврши сите активности за оваа предлог-одлука, измената на имињата на улиците ќе остане за наредната градска гарнитура. Тоа е затоа што шест месеци пред избори не смее да се преземаат какви било активности што имаат политичка ознака.По изгласувањето на одлуката, на градската власт, но и на граѓаните ќе им се отвори многу работа. Ќе следува поставување табли на објекти низ Скопје со новите имиња, а некои граѓани ќе мора да ги менуваат личните карти.

ЛИСТАТА СО ПРЕДЛОЗИ ПРОЧИСТЕНА

Од Градот објаснуваат како течела процедурата за систематизација на имињата од предлозите доставени од граѓани и правни лица. Најпрво Комисијата побарала од Секторот за комунални работи на Град Скопје да изврши систематизација на предлозите по азбучен ред, врз основа на тоа дали се поднесени од физички или од правни лица. Редоследот се правел и врз основа на областа на која се однесуваат, односно дали се предлози од областа на историјата, културата, уметноста и друго. Потоа било побарано да се достават мислења од релевантни научни и образовни институции по основа на пристигнатите предлозите.

- Беа испратени листи со пристигнатите предлози до соодветните институции - институти и факултети, во зависност од која област се предложените имиња. Мислењата и' беа предадени на Комисијата. Потоа беше побарано да се достават листи со неименувани улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, одделно по општини. Секторите во Градот направија листи со неименуваните инфраструктурни објекти, како и листи со постојните имиња на улиците, мостовите и на плоштадите во општините. Бараните листи беа доставени со мапа на сите мостови, надвозници и подвозници во градот - велат во Градот.На последниот состанок во минатиот месец, одржан меѓу претставници на Секторот за комунални дејности и Комисијата за именување, било побарано Секторот да ја прочисти листата со предлози, односно таму каде што ист предлог се појавува неколкупати да се стави во листата само еднаш.

Јорданка Ивановска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8CD1648C7EEC2C4D86CADFED6D39FC77
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Aug-2008 at 21:09
КОМИСИЈАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ УЛИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ГРАДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДО 15 СЕПТЕМВРИ
Џорџ Буш и Бил Клинтон ќе добијат улица во Скопје
До Комисијата за именување улици во Советот на Скопје стигнале околу 2.000 предлози за преименување на веќе крстените улици, како и за именување на оние што досега немаа име

Комисијата за именување улици во Советот на Градот добила околу 2.000 предлози за промена на имињата на улиците во Скопје, како и за именување на оние улици што сега немаат име туку само технички број. Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за иаменување улици, вели дека до средината на следниот месец Комисијата треба да одржи седница на која ќе се изјасни по предлозите и ќе состави конечна предлог листа која ќе ја даде на разгледување во Советот на Скопје.
"Што и како ќе одлучиме не знам, бидејќи има многу деликатни предлози, како што е барањето да се преименуваат улиците Цветан Димов и Крсте Петков Мисирков во Чаир и да носат имиња на некои турски паши. Исто така проблематично е барањето некои улици да добијат имиња на нашите бранители, бидејќи ако го прифатиме ова барање, ќе мора да прифатиме и некои улици да ги носат имињата на борците на ОНА. Општина Чаир достави предлог за преименување на 140 улици, додека пак за Центар нема многу предлози. Имињата на некои улици се веќе надживеани и оправдано е тие да се променат, други пак воопшто немаат име", вели Катарџиев.
Меѓу овие предлози се и оние своја улица во Скопје да добијат поранешниот и сегашниот претседател на САД, односно Бил Клинтон и Џорџ Буш. Катарџиев вели дека овие предлози Комисијата најверојатно ќе ги прифати, иако има градска одлука улиците да не се именуваат по живи луѓе.
"Кога се работи за политичари кои бил благонаклони кон нашата земја и помогнале во нејзина афирмација и развој, не би требало да има проблем Буш и Клинтон да добијат своја улица", вели Катарџиев.
Тој објасни дека откако Советот ќе одлучи по пртедлог листата, таа се дава во Владата на усвојување, а потоа повторно се враќа во Советот на Скопје. Катарџиев рече дека не може да каж е дали годинава конечно ќе заврши постапката за преименување на улиците во Скопје, бидејќи шест месеци пред избори не може да се носат вакви одлуки.
"Следната година на пролет ќе имаме локални избори и согласно законското ограничување Комисијата ќе може да работи некаде до 20 октомври. Дотогаш комисијата ќе достави предлог листа до Советот на Скопје, но дали Советот ќе побрза да ја стави листата на дневен ред, не можам да кажам", вели Катарџиев.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156301&idg=8&idb=2462&rubrika=Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Aug-2008 at 21:18
Исто така проблематично е барањето некои улици да добијат имиња на нашите бранители, бидејќи ако го прифатиме ова барање, ќе мора да прифатиме и некои улици да ги носат имињата на борците на ОНА.


Свесен сум дека форумов налага дистанцирање од политика, но ова го гледам како проблем на градот па затоа и ќе си дозволам на кратко да се осврнам на проблемот без искажување на личен став!.

Не гледам проблем улици да носат имиња по македонски бранители. Не треба да се прави некој кантар со борците на ОНА. Како што ни е познато на сите во наредниот период треба да се донесе закон за оваа група на луѓе позната како "борци на ОНА", па во тој закон треба да бидат содржани сите вакви работи. Дали ќе има пензии или не. Дали ќе може да се крстат улици и инфраструктурни објекти или не. Со еден збор нивните права и обврски ќе се преточат во закон и ќе нема повеќе на своја рака да се превземаат потези. (иако се сомневам). Значи сега слободно може да се крстат улици по македонски бранители, ама нормално нема Дижонска да ја прекртат во "Брат Љубе". Треба во предвид да се има и демографската структура на градот. А за борците на ОНА ќе треба да се почека законот па ќе видиме дали и тие ќе се "удостојат" со ваквото право на именување улици по нив, или не! Нема да завземам став како треба да гласи законот, пошто сепак форумов не треба да служи за искажување лични политички ставови. Само сакав да се осврнам како тоа би требало да се реши на најлесен начин, без предизвикување непотребни доплнителни проблеми.

Меѓу овие предлози се и оние своја улица во Скопје да добијат поранешниот и сегашниот претседател на САД, односно Бил Клинтон и Џорџ Буш.


Неможам да заклучам на кој начин се јакне нашата меѓународна позиција. Подобро ќе биде да се тргнат сите имиња на странски политичари и револуционери*, одколку да се додаваат нови. Имаме сеуште улица "Чегевара" - јужноамерикански револуционер, "Хо Ши Мин" - виетнамски политичар, луѓе кои се косат со америчката политика. Како и да е.......Crazy у секој случај!

* вклучувајќи ги и оние од СФРЈ кои немале директен удел за Македонија, а многу се такви.


Ако постов не е во согласност со основните начела на форумот ќе го повлечам, но сметам дека е во согласност.


Edited by lslcrew - 30-Aug-2008 at 21:39
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Sep-2008 at 22:03

ПО 15 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ЗНААТ НОВИТЕ НАЗИВИ НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ОБЈЕКТИ


Во Чаир ново име за секоја втора улица?!


Општина Чаир до Градот поднесе најмногу, дури 140 предлози за преименување на улиците. Најмалку барања има од Општина Центар. Голем дел од предлозите се од верски карактер, или пак се бара именување според историските личности.Надлежните велат дека нема да се дозволат конфронтации од политички или верски карактер


Општина Чаир до секторот за комунални работи поднесе најмногу, дури 140 предлози за преименување на улиците, додека жителите на Центар сметаат дека и нема поголема потреба од нови имиња на сообраќајници и други инфраструктурни објекти на нејзина територија. Во изминатите месеци е извршена систематизација на пристигнатите предлози, околу 2000 на број, а веќе кон средината на септември комисијата при советот на Град Скопје ќе одлучува кои од нив ќе бидат прифатени, а кои не.

- Имаме многу предлози од верски карактер. Иако ова се случува во сите делови на градот, посебно е застапено во Чаир каде се бара преименување на голем број улици и населби според имињата на џамии, борци на т.н. ОНА, или на личности од албанското минато. Има и барање за преименување на улици како што се Цветан Димов и Крсте Мисирков во име на бегови и паши од турската историја. Се бараат и нови имиња за месни заедници, за што би требало да се изјаснат самите жители. Секако има и барања за именување на улиците по македонските бранители, или пак, се бара целата населба кон Чаир да се преименува во Св. Богородица, вели Иван Катарџиев, претседател на комисијата за именување на улиците. Тој потенцира дека во Скопје има неколку стотини улици кои воопшто немаат име, туку се заведени под број, или пак улици како што е Сталинградска кои ги надживеало времето. Има и граѓани кои ја потенцираат потребата од поставување на имиња според големината и важноста на објектите.

-Во Кисела Вода една уличка го носи името на Крсте Мисирков. Неприкладно е мала сервисна уличка од неколку метри да носи име на личноста која е од огромно значење за македонскиот идентитет, смета жител на Кисела Вода.

Катарџиев, пак, напоменува дека сите барања ќе бидат внимателно разгледани, при што нема да се дозволат конфронтации од политички или верски карактер. По разгледувањето на предлозите, листата ќе биде доставена до Владата, а ако биде одобрена таа ќе оди на усвојување пред градските советници. Според надлежните во Градот, последната измена била извршена 1996 година кога биле преименувани 34 улици, 7 булевари и 4 плоштади. Мостот "Октомвриска револуција" е преименуван во "8 Септември", а населбата Синѓелиќ во Методија Андонов-Ченто. Оттогаш е и името на плоштадот Македонија, кое претходно било Маршал Тито. Булеварот АВНОЈ тогаш е преименуван во АСНОМ, "Едвард Кардељ" во "Александар Македонски", а ЈНА во "Свети Климент Охридски". Нови имиња добија и булеварот Југославија, кој сега е "Никола Карев", а булеварот "Маркс и Енгелс" стана ВМРО.


http://vecer.com.mk/?ItemID=3FAF41E5660C734A809F9071FD16B186
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Oct-2008 at 11:24
ПРЕКРСТУВАЊЕТО ЌЕ ОСТАНЕ ЗА СЛЕДНИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ
Љуботенски пат да стане улица Света Богородица
Законот за избори и Законот за локална самоуправа забрануваат шест месеци пред избори да се носат крупни одлуки, во кои спаѓа и преименувањето на улиците

Преименувањето на скопските улици ќе остане задача за новиот состав на Градското собрание, по локалните избори во март следната година. Комисијата за именување улици во Советот на Градот донесла ваква одлука на последната седница одржана на 23-ти минатиот месец. Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за именување улици, вели дека на седницата требале да одлучуваат по конечната листа од предлози за изменување на имињата на сообраќајниците во Скопје и за именување на оние што немаат име, туку само технички број, но дека по сугестија од правната служба на Градот оваа точка била симната од дневен ред. Тој објаснува дека до Комисијата стигнале над 1.000 предлози за промена на имињата на улиците или за именување на безимените и дека од овие, околу 670 предлози биле ставени на листата за која требале да расправаат, а потоа да ја достават на одобрување во Советот на Градот и во Владата.
"Листата со предлози беше ставена на дневен ред, но по укажувањето од правната служба дека според Законот за избори и Законот за локална самоуправа шест месеци пред избори не може да се носат вакви крупни политички одлуки, решивме да ја замрзнеме активноста на Комисијата и оваа задача да остане за следниот состав на Советот", вели Катарџиев.
Комисијата за именување улици ја води постапката за преименување на скопските улици околу две години и не може да донесе одлука, бидејќи годинава имавме и парламентарни избори.
"Имаше предлози да има улица Бистра во Скопје или, на пример, улица Смрека. Жителите од Љуботенски пат побараа нивната улица да се преименува во улица Света Богородица, што како предлог не беше оспорен од никој и тој се најде на листата. Имаше предлози некои улици да добијат имиња на загинатите бранители од 2001 година и на борците од ОНА. Според мене, не требаше да поминат на листата, бидејќи последиците од конфликтот се уште се свежи и може да предизвикаат нови политички превирања", вели Катарџиев. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157863&idg=8&idb=2491&rubrika=Skopje


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Oct-2008 at 18:07

Процедурата за преименување на улиците ќе мирува до изборите

Законски е недозволиво шест месеци пред избори да се менуваат имиња на инфраструктурни објекти

Сања Наумовска


Булеварот „Никола Карев“, или популарната пластичарска улица нема да стане „Бил Клинтон“, ниту пак „Цветан Димов“ ќе се прекрсти во „Адем Јашари“. „Пере Тошев“ нема да биде „Дарданија“, а „Славеј Планина“ и „Ресенска“ нема да се преименуваат во „Истанбул“, односно „Тургут Озал“. Речиси 7.000 предлози за измена на имињата на 700 улици во сите десет скопски општини, собирани близу три години, ќе почекаат да поминат локалните избори.

До изборите нема да се менуваат ниту имињата на плоштадите, парковите и мостовите во главниот град. Процедурата, која требаше да финишира со изјаснување на советниците од Советот на Градот по предлозите на граѓаните, ќе биде прекината. Причина е одредбата во Законот за локална самоуправа која вели дека шест месеци пред избори не се преземаат активности за измена на имиња на инфраструктурни објекти.

Според Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за именувања во Градот, по најавата дека овој месец дефинитивно предлозите ќе се претстават пред Советот, Секторот за правни работи ги информирал дека процедурата мора да мирува до изборите. Ќе ја продолжи новата комисија и ќе ја гласа новиот состав на Советот на Град Скопје. Сепак, вели Катарџиев, Комисијата и Советот тогаш можат да одлучат да отворат и нов повик за собирање предлози, со што постапката ќе почне од почеток. Катарџиев вели дека не е задоволен од одѕивот на граѓаните и институциите, а особено од квалитетот на предложените измени, од кои дел не биле прифатливи од историски, културолошки и други причини.

Инаку, во Скопје десетина години голем број улици имаат двојни имиња, што внесува забуна кај граѓаните. Така, булеварот „8 Септември“ се' уште официјално е „Октомвриска револуција“, „Климент Охридски“ е ,всушност, ЈНА, „Теодосиј Гологанов“ и натаму е „Иво Рибар Лола“, а атрактивната улица „Македонија“ во центарот на градот официјално е всушност „Маршал Тито“. Исто така, и плоштадот „Македонија“ се' уште е „Маршал Тито“, иако веќе долго време никој не го употребува тоа име. Постојат и улици кои носат имиња на градови кои одамна се преименувани, како на пример улицата „Ленинградска“ во центарот на Скопје, иако Ленинград веќе неколку години го има своето оригинално име Санкт Петербург.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4FA897ECA2D90D47A7A0415612BFA6AF


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Dec-2008 at 01:34
Тодор Александров и Ванчо Михајлов се селат на Бихаќка?!


Според законските одредби преименувањето не е дозволено на шест месеци пред локалните избори. Во СДСМ се без одговор дали би се согласиле улицата на која се нивната централа да се именува по личност блиска до идеологијата на ВМРО


Тодор Александров и Вачно Михајлов се дел од предлозите на граѓаните и советниците од градското собрание доставени до Комисијата за изменување на имињата на улици, мостови и други инфраструктурни објекти во Град Скопје и кои по локалните избори во март ќе се разгледуваат како алтернатива за улиците, кои во моментов носат имиња на личности или историски настани од минатото кои не се директно поврзани со македонската историја. Меѓу улиците за кои се подготвува ново име е и "Бихаќка" на која се наоѓа седиштето на најголемата опозициска партија СДСМ.

Дел од советниците од владачките партии велат дека по локалните избори идната година имаат намера да го истуркаат овој проект, бидејќи според законот се спречени тоа да го направат во моментов, на шест месеци пред изборите. Како директен кочничар на процесот го посочуваат претседателот на комисијата Иван Катарџиев.
-Да не беше тој претседател на комисијата можеби досега ќе се изнајдеше решение. На секоја седница на комисијата само се читаат предлозите и се утврдува дали има некој нов предлог. Постојат законски пречки ова да се реализира пред локалните избори. На адреса на Град Скопје пристигнаа и предлози како Гоце Делчев и Никола Карев, а интересно е и тоа што повеќето граѓани кои доставиле свои предлози барале и враќање на старото име на улицата "Македонија", која порано го носеше името "Маршал Тито". Се надеваме дека по изборите во март ќе изнајдеме предлози за кои сите ќе бидеме согласни, велат дел од советниците. Во СДСМ пак вчера одговорија дека не се запознаени со оваа идеја и сметаат дека токму предлозите за Александров и Михајлов доаѓаат од нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ, а не од граѓаните. Социјал-демократите засега се без коментар дали би се согласиле улицата на која се наоѓа нивната централа да носи некое од овие имиња.

Претседателот на комисијата Иван Катарџиев вели дека за ова прашање ќе расправа новиот состав на Советот на Град Скопје. -Ова прашање треба да мирува шест месеци пред локалните избори. Сметам дека народот нема време да се занимава со вакви работи. Тоа ќе биде задача на новиот Совет, вели Катарџиев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=23D55665F31A4D41927FC786210510F0


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3390
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Dec-2008 at 02:04
Јас велам да не ми го рчкаат мојот драг булевар Маркс и Енгелс, да ги остават на мира пошо баш се актуелни овие месеци на криза на капитализмотBig%20smileLaughNuts!
Се согласувам дека дел од имињата треба да се променат, посебно на оние револуционери од бившите братски републики, АМА ТОА ДА НЕ ОДИ ПО ПАРТИСКА ЛИНИЈА. Еве на пример Гемиџиите нека имаат булевар. Исто така можеме да крстиме некои булевари и улици по познати светски пејачи или групи, со што би привлекле внимание и туристи. Еве на пример улица БОБ МАРЛИ со еден споменик би ни довел светска славаBow! Ова не важи за ЏОРЏ БУШ и КЛИНТОН дефинитивно.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Dec-2008 at 02:18
Нормално дека не треба да иде по партиски линија. Ова прашање е можеби за нијанска политичко одколку урбано. Се слагам од потребата улица да добијат гемиџиите и сличните дејци. Сепак без ралика на различните ставови, и "југословенското ропство"* е дел од нашата историја и не треба да го негираме параноично. Треба и тој период да си добие улици. Не гледам воопшто проблем доколку во Скопје има улица Тито. Сепак тоа е наша историја, може би заедничка со некој околу нас, но пак е наша историја. Исто така треба големината на личноста да соодветствува со големината на улицата.

Бојан се слагам дека треба да имаме и улици како "Боб Марли", "Бугарски пасош", "Криминална Транзиција", "Улица ФИРОМ", термини кои ја обележале најнова историја. Таквите имиња, помалку комични, се некако поблиски до народот пошто сепак е дел од нивниот живот и го имаат видено со свои очи. Ни треба по некое вакво име, ем за промоција на градов, ем онака чисто ради скеч.

Но да не заборавиме и имиња како "Итар Пејо","Али Баба и 40 разбојници". А нормално треба да се најде место и за "Ѓорѓи Колозов" (мојот фаворит-царот) итн....

*Се мисли на егзистенцијално-економскиот аспект.


Edited by lslcrew - 06-Dec-2008 at 02:19
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Dec-2008 at 04:26
a moze i grujo ke krsti edna ulica po nego,i brane itn.sekoe lice od parlamentot po edna ul.za da ne se raspravaat koja kako da se vikaBig%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Dec-2008 at 23:03
Nuts Јас ќе се прекрстам сам во Филип или Александар бидејќи очигледно се и секој во оваа земја ќе се вика така во блиска иднина....

Избрани имиња на спортските објекти


Најголемиот спортски објект во земјава, Градскиот Стадион во Скопје да се преименува во Арена-Филип Втори Македонски. Ваква одлука донел претходниот состав на Владата во јули годинава кога била одобрена и обновата на стадионот. Градскиот стадион е изграден во 1947 година. Во тек е обновата на северната трибина, по што ќе следува и реконструкција на останатите две трибини, источната и западната.

Истиот ден Владата донела одлука за именување и на автопатот од Табановце до Гевгелија во Александар Македонски, а името на Филип Втори ќе го носи и новоизградениот аеродром во Штип.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BF8801930BF6C344B62A5418CCC2853D
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Dec-2008 at 23:36
а пази го ова, ќе се вика Филип втори а внатре ќе има статуи од александар LOL Crazy


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Dec-2008 at 23:52
Апел до владата да престане да си игра Disneyland!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Dec-2008 at 23:54
Ништо ново... Наместо да се замислат и да видат дали можеби треба нешто да корегираат во ваквиот нивен пристап, кога ќе наидат на критика по правило тераат понатака со уште поголема мотивација. Баш добар и зрел пристап...
Nuts


Веќе не е проблем само оваа „античка офанзива“, туку и тоталната неприкладност во тоа каде ја применуваат.
Каде на друго место на планетава автопати и стадиони се именуваат по личности од антиката???

Она со автопатот на пример изгледа уште потрагикомично во контекст на тоа дека фондот за патишта уште не ја научил сопствената нумерација на патиштата (онака како што е нормално да се идентификуваат), што во последно време упорно ни го демонстрира со поставување неточни патокази.
Ама кого го интересираат такви „банални“ работи кога може да се чукаме во гради дека имаме „Автопат Александар Македонски“, без разлика што тој автопат е далеку од докомплетирање, а со темпото со кое работат на случајот нема ни да биде готов во блиска иднина.


Edited by Cloverstack - 29-Dec-2008 at 00:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Jan-2009 at 21:38
Originally posted by Andrej_LJ

Во Словенија нема паркинзи со рампи! Освен во катните гаражи каде што се поставени заради разбирливи причини. Иначе во цела Љубљана паркингот е платежен, без никакви рампи, само со self-service автомати. Се користи крајната лента на улиците каде што се обележани парко-места. Ленинградска е одлично име...Се оддава почит на жртвите загинати во Обсадата на Ленинград од 2СВ.


Токму така именувањето нема никаква идеолошка заднина и е сосема на место.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Jan-2009 at 01:14
Сега малку отидовме накај именувањео улици и јас сакам да додама нешто досека сме тука, па после може на соодветно место да иде муабетов. Улиците освен што се користат за домашни херои и празници, често и се користат во мечудржавните заслуги. еве скоро Милошоски нешто Украина незнам некоја прича имаше. Тука се сеќавам виетнамски амбасдор ли делегат ли беше бил многу пријатно изненаден од улицата Хо Ши Мин и мислам дека дури и некаква донација ситна имаше за улицата...
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Jan-2009 at 09:57
и јас само еден мини коментар сега и овде, иако не е темава за именувањето. Се плашам дека Ленинградска кај нас не е наречена според битката, туку едноставно според градот, кој повеќе така не се вика. Исто како само уште ние си имаме улица Титоградска! ...и Ленинова...и Маркс и Енгелс...и Социјалистичка Зора...и Иво Лола Рибар...итн итн...

има милион други имиња и начини за да се изрази нашата почит кон држава како Русија...Ленинград едноставно не е...останавме единствено ние (и уште единствено можеби Белорусија) кои од сите бивши комунистички држави во Европа ги задржавме идеолошки обоените улични имиња (кои се променети само на хартија)....

али доста за ова, сосема друга тема е...


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Feb-2009 at 23:13
Четиринаесетте месни заедници со нови имиња


Во наредниот период Општината Кисела Вода ќе ги преименува четиринаесетте месни заедници кои се наоѓаат на нејзината територија. Месните заедници ќе добијат имиња по некоја значајна личност која живеела на територијата на општината Кисела Вода.

Првата преименувана месна заедница е месната заедница во Драчево, која го носи името на загинатиот бранител од конфликтот во 2001 - Бобан Трпков.

........

http://vecer.com.mk/?ItemID=C13E87EE85D91A49BEA459C0BC87D16B


Edited by lslcrew - 24-Feb-2009 at 23:14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Feb-2009 at 23:15
"11 Октомври" како што наслушнав треба да биде "Никола Кљусев"! само незнам дали имињата на месните заедници кореспондираат со имињата на населбите, односно даи ова ќе бидат новите имиња на населбите?!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Feb-2009 at 23:32
зависи по која логика се гледаат работите, пример ако драчево има една месна заедница и населбата ќе го носи тоа име, но доколку има повеќе месни заедници најверојатно се оди со некое трето име! ова сега незнам како е регулирана месната заедница според новиот закон за децентрализација, можно е и да си тера по старата дефиниција  sr.wikipedia.org/sr-el/Месна_заједница, него мене ме чуди врз основа на што општинатиа си зема за право да именува МЗа кога за такво нешто логично е непосредно да одлучат самите жители на таа заедница!   
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.