build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пренамена на површини - Чаир

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 660
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Пренамена на површини - Чаир
    Posted: 05-Jun-2020 at 04:26
Една идеја која ми дојде на памет како со еден удар (поточно два) да го решиме проблемот со уништувањето на чаршијата, пробивањето на Пластичарска, гужвата на ЦветанДимов.

1. Изградба на нов стадион во делот некаде меѓу Топанско и касарната во замена за стадионот од Чаир.

2. Изградба на некој трговски на огромна површина на местото на сегашниот стадион во Чаир, каде што цел спрат би се направил да биде пазар и на некој начин би го заменил БитПазар на долг рок.

Во близина функционираше веќе некој таков затворен мини-пазар, но мислам на нешто што сериозно може да одвлече на сметка на БитПазар и тоа со источен излез према паркот. Од другата страна со западен излез, на втори, трети, четврти спрат да функционира еден трговски кој би имал потенцијал да ги собере сите салони за лустери, мобилари, завеси и што све не од пластичарска. Секако би имало и неколку подрума паркинг што сега делот на БитПазар го нема. Долгорочно би бил достапен до центарот и преку тунелот под кале, би бил достапен преку обиколница директно преку ХТ-Карпош. На некој начин помалку од Чаирски CityMall со пазар, ама повеќе од Глобал можеби дупло поголемо.

Едноставно мора долгорочно да се одвлече таа гужва од БитПазар/Пластичарска некаде, неможе да закрчува градски урбани автопати, мора да се бара начини да се му се намали "цената" генерално на тој Техеран во сред Скопје.



Edited by user8642 - 05-Jun-2020 at 04:27
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13334
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Jun-2020 at 08:49
Едноставно неизводливо. Бит Пазар е на локација што е добро поврзана со речиси сите делови на Скопје (лесно достапна), додека Чаир не е. Второ, Бит Пазар прави некаква логична целина со чаршијата, пазарчето во Чаир е само локално затворено пазарче. Најважно, пазарџиите (а и Скопски пазар како сопственик на Бит Пазар) ги интересира заработката, која нема ни да биде приближно иста ако се пресели пазарот во Чаир.

За средување на Бит Пазар не е потребно многу, само отстранување на дивите пазарџии и воведување ред во сообраќајот, посебно на хаотично паркираните возила на купувачите, средување на тротоарите и слично, во суштина, само потребна е малку повеќе волја и напор, нешто што изминативе години не го гледам. Сиот тој хаос таму се толерира заради „социјален мир“, бидејќи многу од дивите продавачи се сиромашни луѓе од Скопје и од околината на Скопје.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.