build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20742
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Feb-2024 at 19:01
изградбата на булеварот Љубљанска чија реализација започнува денес. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение на улица Љубљанска, со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.









https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20742
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 21-Feb-2024 at 18:13
од твитер

Carpe diem
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 22-Feb-2024 at 08:54
Една од поголемите урбанистички утки на 21ви век во Скопје.
Back to Top
nikolakoco View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Dec-2021
Online Status: Offline
Posts: 40
  Quote nikolakoco Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 22-Feb-2024 at 15:04
Не сум архитект, ниту градежен инженер. Ама ме интересираат ваквите проекти па дали може да објаснеш што е проблемот со мостот?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15233
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 22-Feb-2024 at 18:37
Ова е втор сообраќаен мост кој моментално не води никаде (првиот е мостот на булевар АСНОМ кој завршува во Ќерамидница и којзнае кога ќе се пробие булеварот натаму). Ако и овде не се пробие набрзо булеварско продолжување, тогаш ваквите слепи мостови за ништо нема да ни служат, освен за украс. Ете, ова е моето видување.
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 22-Feb-2024 at 19:39
Не знам дали почнаа со работа и од северната страна, но од јужната, од кај Илинденска веќе се работи. Не би требало да има толку пречки овде за разлика од Ќерамидница затоа што на трасата нема ниту еден објект. Впрочем, веројатно е дека овој проект целосно ќе се заврши пред булевар АСНОМ.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 23-Feb-2024 at 08:05
И да го пробијат во рок, планот е да се врзе со ул. Скупи. Значи таму ќе направи сообраќаен метеж до бескрај (две ленти во две насоки) а сите посетители на Сити Мол логично е да го користат мостот. Доколку нешто плански се правеше, по мое мислење треба со надвозник да ја помине улицата Скупи, па со тунел во брдото на археолошкиот локалитет, и по најкратка траса да се врзе со булевар Словенија. Вака излегува, правиме нешто ама и сами не знаеме што и зошто. Накратко тоа е мое видување за овој проект кој е многу сличен на мостот во Аеродром како што спомна Џоле.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 23-Feb-2024 at 10:04
Originally posted by Théoden

Не знам дали почнаа со работа и од северната страна, но од јужната, од кај Илинденска веќе се работи. Не би требало да има толку пречки овде за разлика од Ќерамидница затоа што на трасата нема ниту еден објект. Впрочем, веројатно е дека овој проект целосно ќе се заврши пред булевар АСНОМ.


Можеби од јужна почнале ради што е полесно. Не знам дали археолошки ископувања се спроведоа и дали зафршија? За вакви проекти во непосредна близина на локалитет се знае одамна дека треба со ископувања да се почне со време. Нешто ко да наслушнав дека допрва ќе се почнува, што во најмала рака би фатило 1.5 година

Edited by hcitrS - 23-Feb-2024 at 10:04
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 23-Feb-2024 at 18:59
Значи сега да не го користиме мостот додека не се направи и надвозник и Словенечка цел булевар?    Да, ок е све тоа, треба, треба, треба, ама и да ја имаме Словенечка, пак тоа што сега се гради е во согласност со ГУП.

Уствари главната улога на мостов сега за сега е од Бардовци да направи Карпош5, да не мора "елитата" да поминува од кај аутосервисите кога ќе иде накај CityMall.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 24-Feb-2024 at 01:11
Па за почеток доволно е МИДА раскрсницата малку што ќе се растерети и што тие жители таму (Бардовци, Злокуќани и индиректно Ѓорче) ќе добијат уште една врска со градот.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 26-Feb-2024 at 08:04
Еве да почекаме, нека го направат па ќе видиме што ќе се случува кај кружниот тек кај Тојота и самата улица Скупи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20742
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 29-Feb-2024 at 19:36
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20742
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 12-Apr-2024 at 18:43
od fb








Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15233
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 12-May-2024 at 15:32
Копнале нешто деновиве кај зградата на Елена Лука, ќе видиме дали ќе се поврзе со мостот во скоро време:



Мостот:



За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1144
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 05-Jun-2024 at 18:45




Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 563
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 09-Jun-2024 at 11:10


Edited by stef4o - 09-Jun-2024 at 14:48
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20742
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 04-Aug-2024 at 17:13
МОСТОТ „ЉУБЉАНСКА“



Најновиот мост во Карпош 4 е комплетно изграден и е подготвен да се пушти во сообраќај. Асфалтиран е просторот по мостот, сè до оградите на дворовите на првите куќи што ќе се уриваат. Овој мост треба да ја поврзе улица „Љубљанска“ во Карпош 4 со улицата „Скупи“ од другата страна на реката Вардар, со што се скратува патот од Карпош до Злокуќани и Бардовци. Иако изграден, и овој мост во моментов не води никаде. Дополнителен проблем се јавува што се случува на терен една иста парцела да биде во сопственост на повеќе лица, а се случува и да има одредени спорови меѓу сопствениците за даден имот, поради што дополнително се усложнува целосната постапка.

Доктор Ристо Цицонков, редовен професор на Машинскиот факултет – Скопје, вели дека овој мост е комплетно изграден со подарени пари и, како готов објект, му се дава, „како на тацна“, на Градот Скопје (и на државата), ама не може да се стави во функција, бидејќи Градот не изградил пристапни улици поради проблеми со експропријацијата на земјиштето.

Градењето мост преку река не е едноставна и лесна работа. Бидејќи често се шетам на тој дел од кејот на Вардар, бев сведок на изградбата на мостот. Каква разлика. Гледав како работат околу седуммина работници, но беше вклучена градежната механизација (два големи крана, булдожер и др.). Изведувач на работите беше ГП „Гранит“. Изградбата на мостот траеше околу две години и заврши во јануари 2024 година. Очекував некое свечено отворање пред парламентарните избори, но не се случи тоа ниту тогаш ниту денес. Веројатно, актуелните политички актери согледуваат дека заслугата ја има некој друг – вели Цицонков.

Со пуштањето на мостот во функција и со пробивањето на улицата „Љубљанска“, професорот смета дека придобивките ќе бидат уште поголеми кога ќе се продолжи патот до булеварот „Словенија“, односно до Јадранската магистрала, со што ќе се растовари клучката со булеварот „Никола Карев“ и булеварот „8 Септември“.

– Изградбата на овој мост беше најавена пред неколку години, со целосно финансирање од ТАВ (6,2 милиони евра), како компензација за неизградениот каргоаеродром Штип. А, од почетокот на донесувањето на одлуката за градење на мостот досега поминаа четири-пет години. Зарем тоа не е доволно време да се регулираат имотноправните односи?! Ова ме асоцира на т.н. мост на Шилегов, кој ја поврзува населбата Аеродром со населбата Ќерамидница, преку реката Вардар, изграден во 2022 година, а не може да функционира, бидејќи не може да се направи улицата што ќе минува низ Ќерамидница, поради нерасчистени имотноправни работи – констатира Цицонков.

Тој вели дека сега и најновиот мост ја има истата судбина како мостот „Михајло Апостолски“ и не може да служи ниту за ловење риби, бидејќи нема пристап ниту за луѓето, значи, не може пеш да се помине. Но, за овој мост има надеж наскоро да биде пуштен во сообраќај, бидејќи од јужната страна веќе се работи на пробивање на улицата „Љубљанска“. Согласно со проектот, се работи за ново булеварско решение на оваа улица, со поврзување на новиот мост на реката Вардар од таканаречен тип „extradosed bridge”. Следно би било поврзувањето на булеварот, преку мостот, до улицата „Скупи“.

https://www.vecer.press/11izgradeni-mostovi-no-nema-ulici-da-gi-povrzat/
Carpe diem
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 05-Aug-2024 at 08:24
Дебакл
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20742
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 06-Aug-2024 at 19:02
Најновиот мост на Вардар меѓу Карпош и Злокуќани е готов, но целосно нефункционален



Мостот во Карпош 4 кој треба да ги поврзе улиците Љубљанска и Скупи, ја доживува истата судбина како оној во општина Аердордом. Поради нерешените имотно правни прашања граѓаните можат само да ги гледаат но не и да ги користат мостовите.

„На мостот на кој се наоѓа зад мене има 4 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки, но ниту пешаците ниту велосипедистите а најамлку авотмобилите немаат пристап до него. На него може да се качите само преку оваа импровизирана скала.... “

Скалата на мостот, која е целосно небезебдна, е ставена од случајни минувачи, бидејќи истиот иако се незавршени сите градежни актвиности не е соодветно заграден. На терен од страната на улицата Љубљанска забележливи се некакви градежни работи, но улица поврзана со мостот и по неколку месеци работа нема. Од другата страна пак мостот завршува во куќите во населбата Злокуќани.

Пред околу две години, по стапувањето на функција, градоначалничката Арсовска посочи дека експропријацијата е главен проблем и за мостот кој треба да ги поврзе улиците Љубљанска и Скупи, и оној кој треба да ја поврзе општина Аеродром со Керамидница.

„Таму има 70 моменти, само 36 се на Република Македонија и останатите се во приватна сопственост и тие исто така ќе треба допрва да се регулираат значи таму правата не се разрешени.“ - Данела Арсовска.

Каква е ситуацијата во моментов и до каде е решавањето на проблемите прашавме и деенеска во Град Скопје но одговор не добивме.

Професорот Ристо Цицонков оценува дека е потребна законска измена која не само во оваа туку во сите слични ситуации во иднина ќе овозможи упростување на процесот на експропријација.

„Мора тука нешто да се превземе со проблемот со експропријација таа постпака некако да се упрости евентуално да се сменат некој законски акти и да се овозможи поефикасна експропријација и побргу завршување не само на овој мост и пристапните улици туку и на ниво на цела земја има проблем со овој процес... “-изјави Ристо Цицонков – професор Машински факултет Скопје.

Градските власти за изградба на овој мост во 2021 година добија средства од Владата преку програмата на ТАВ. Мостот чини над 6 милиони евра. Пред точно една година тогашниот премиер Димитар Ковачевски изврши увид во градежните активности и ветуваше дека иститот ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2023, но градот да ги заврши пристпаните улици.

https://kanal5.com.mk/najnoviot-most-na-vardar-megju-karposh-i-zlokukjani-e-gotov-no-celosno-nefunkcionalen/a653307
Carpe diem
Back to Top
ElfGT View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 29-Jul-2024
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote ElfGT Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 07-Aug-2024 at 22:52
Биваше некој идиот да испроектира ваков кретенизам???
Што е ова, видечи мост со тунелски портали превртени наопаку?
Па на што се се штанцаат дипломи во оваа наша бедна државичка???
Се се сведе на фаќање сеир на туѓа мука
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.