build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Уранија - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 01-Jun-2009 at 19:05
Искрено сум скептик за лифтот и за целата реконструкција особено заради редицата “реконструкции“ во Скопје, кои донесоа опасен кич и нови репери за границите на човечката глупост. Тука се отвара и прашањето, до кој степен можат да се воведуваат промени во автентичниот проект, без да се промени неговата автентичност? Деликатна е границата... Кога веќе ја менуваат намената, сигурно ќе треба да се менува и нешто во програмата, тоа ќе повлече промени во конструкцијата.... Тоа си е нормално, само е бедно да се држи строго до старата љушпа, и срамежливо да се крие челикот со дрвени лајсни, декоративни таваници, опшивки, еркери,...  Демек автентичност. Све тоа ОК, само деталите од куќата  си влечат логика од конструкцијата и од оргиналните материјали. Или нека си напраат асален нов објект и нека ја остаат Уранија да биде фин спомен од минатото, или нека ја задржат уранија како музејски експонат(ко РОбевци), и нека си бараат нова локација каде што академиците ќе посејат нова архитектонско/урбанистичко/уметничка вредност. Втората опција е многу поубава, но кај нас во последно време не ни се рамислува на тоа. Старо па старо, ама да биде ново. Сакаме да се е*ме, нејќеме да ни влезе (со опроштение)

Во секој случај ова со челикот и статичноста им е тешка глупост, статичен објект може да се постигне и со дрвена конструкција, може да се користат дури и необработени балвани и конструкцијата пак да остане стабилна (дури и За слоновите од МАну). Не е тешка филозофија. Распоните се мали, а до сега уранија стоела исправена, и без челикот.

Не дека е крај на светот што е од челик, ете ја Робевци е од армиран бетон, па никому ништо. И од картон да ја напраат, само како обична слика, пак ќе биде исто. Битно да остане зачувана сликата за Уранија, се останато не е битно.... и пак се враќам на претходниот муабет, со симулирањето на патина и традиционални вредности Puke
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Jul-2009 at 15:51
Однадвор е готова

1


2


3


4

Back to Top
Stefano View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefano Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 29-Oct-2009 at 23:19
Овој проект мислам дека е веќе завршен. Нели реба да се смени симболот?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 29-Oct-2009 at 23:27
Доколку е завршен да, но немаме регистрирано потврда за тоа. Јас кога ги направив фотките летово, внатре немаше скоро ништо сработено. Ако располагаш со некаква информација сподели Smile
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3611
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 30-Oct-2009 at 00:11
се осеќа дека е вештачка фасада! требало да ја реплицираат, без штуко фасада е тапа, само керпичот го доловува тоа изворниот амбиент, ова сега ми личи како на некоја сликовница за туристи, за ралика од тоа како изгледаше... е да размислуваа на оваа линија архитектите кога конкурираа по тоа плоштадниот циркус може и нешто ќе куртулевме естетски, ако ништо друго автентичен белег ќе носеше врз себе епицентарот на скопје... а резбите сега каде се? и од нив да не прават реплика!?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 04-Dec-2009 at 01:17

Реконструирана Куќата на Уранија во Охрид

Значајниот културен споменик е обновен надворешно и внатрешно, запазени се сите елементи од нејзината фасада, обновен е ентериерот, а поплочен е и дворниот простор на куќата, за која постоеше опасност да се урне Зацврстени ѕидови, обновен ентериер, поправен покрив и ново дворно место сега се дел од познатата Куќа на Уранија, чија реконструкција заврши деновиве. Куќата е споменик на културата, автентичен симбол на старата охридска градска архитектура и објект во кој во 1967 година беше формирана Македонската академија на науките и уметностите.

Реконструираната куќа в недела свечено ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, претседателот на МАНУ, Георги Старделов, како и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Поправките траеја повеќе од една година, а беа потрошени 19 милиони денари, доделени од Министерството за култура.

- Реконструирањето на Куќата на Уранија е многу значајно од аспект на запазување и заштита на автентичноста на старата градска архитектура, со оглед дека Охрид е под заштита на УНЕСКО. Тој споменик има големо значење за историјата, културата и за идентитетот на Македонија. Куќата на Уранија е вистински репрезент на нашето градителско наследство, симбол и составен дел од националното битие на македонскиот народ. Овој објект е само дел од наследството што земјава и' го подари на човечката цивилизација, воопшто - велат од ресорното министерство.

АВТЕНТИЧЕН ИЗГЛЕД

Куќата е обновена надворешно и внатрешно, при што се запазени сите елементи од нејзината фасада. Реконструирани се сите елементи од ентериерот во објектот, а средено е и дворното место од јужната страна, каде што просторот е поплочен и покриен со дрвена натстрешница. Реконструкцијата почна лани во септември. Од Завод и музеј - Охрид изработија основен проект за целосна обнова на куќата. По изработката на проектот и неговото усвојување, како и по добивањето на градежната дозвола, почна реализацијата на проектот.

Беше формирана и посебна комисија составена од професори, градежни инженери, статичари кои извршија увид во состојба на Куќата на Уранија. Тогаш беше констатирано дека е неопходно да се изврши реконструкција и зацврстување на целиот објект. Во текот на поправките целосно беше демонтирана конструкцијата од погорните катови. Потоа, откако беа зацврстени камената носивна конструкција во приземјето и темелите, конструкцијата на горните катови беше повторно изработена.

БОГАТА ИСТОРИЈА

Пред реконструкцијата куќата беше во лоша состојба. Во 2006 година по пороен дожд падна ѕидот над влезната врата. Целосно беше нарушена нејзината статика, многу од прозорците беа потпрени со камења и искршени, фасадата се распаѓаше, а објектот се тресеше при секое поминување на автомобили. Постоеја размислувања куќата целосно да се урне и одново да се изгради. Куќата на Уранија има извонредно културно-историско значење. Изградена е во втората половина на 19 век, како комплекс од куќи на семејството Филевци.

Во почетокот на 20 век семејството се иселило, а Уранија била последната жена од тоа семејство што живеела во куќата. Пред Втората светска војна куќата била напуштена. По војната, Музејот во Охрид ја реновирал во 1952 година. Во нејзините простории од 1952 година функционира Етнолошкиот музеј, а во 1967 година во неа беше основана МАНУ и таму се прогласени првите македонски академици. Од 2004 година, куќата е во надлежност на МАНУ.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0D36E0DA6072D743AC9BBBA794303E6C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 07-Dec-2009 at 01:21

Куќата на Уранија - Центар на балканските научни академии

Куќата на Уранија ќе биде Центар на научните академии од Балканот, истакна претседателот на МАНУ, Георги Старделов, на свеченоста по повод примопредавањето на реконструираната Куќа на Уранија, која вчера се одржа во Охрид. Тоа се првичните планови на МАНУ по преземањето на ингеренциите на овој вреден споменик на културата од 19 век. Овој објект, кој е еден од најубавите примери на охридската архитектура, десетина години беше под надележност на Министерството за Култура.

- Охридскиот разгранок на МАНУ, кој од денеска е сместен во Куќата на Уранија, ќе биде Седиште на асоцијациите на сите балкански академии. Покрај тоа што овде ќе се одржуваат состаноци на Советот на балканските академии, ќе бидат организирани и различни изложби, поетски средби и други значајни културни манифестации на ниво на Европа - рече Старделов.

Тој нагласи дека со ова, Куќата на Уранија ќе биде голема гордост за МАНУ, за Охрид и за целата држава.

- Покрај тоа што во Куќата на Уранија ќе биде сместен еден од клоновите на МАНУ, постои иницијатива овој објект да биде книжевен центар на литературата од Светиклиментовата епоха. Оваа иницијатива ќе придонесе Охрид да прерасне во најбогатата научна база на Балканот - истакна Старделов.

Причина за предавањето на Куќата на Уранија, на МАНУ е тоа што во овој објект во 1967 година е основана највисока научна институција и таму биле прогласени првите македонски академици.

- Куќата на Уранија е споменик на културата, автентичен симбол на старата охридска градска архитектура. Таа е вистински репрезент на нашето градителско наследство, симбол и составен дел од националното битие на македонскиот народ. Овој објект има големо значење и за македонската наука бидејќи во него прв пат се состанаа 14 македонски академици и ја формираа Македонската академија на науките и уметностите - рече во својот говор министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска.

Реконструкцијата на Куќата на Уранија во Охрид е капитален проект на Министерството за култура, а во периодот од повеќе една година се обновени внатрешноста, фасадата, дворот, притоа внимавајќи да се зачува автентичноста на архитектурата на Охрид, кој е град под заштита на УНЕСКО.

Куќата на Уранија е изградена во втората половина на 19 век, а им припаѓала на семејството Филевци, кое се иселило во 20 век. Уранија била последната од семејството што живеела во куќата. По војната Музејот на Охрид ја реновирал и таму од 1952 година бил сместен Етнолошкиот музеј. Последните десет години куќата беше под надлежност на Министерството за култура.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=257CE461524F784790DFA97594E00F9D

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 16-Dec-2009 at 04:23
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Dec-2009 at 13:19
Previous
многу добра фотка,јас мислам дека треба со закон треба да се регулира реставрирање на целиот стар град
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 16-Dec-2009 at 20:18
Originally posted by ovaj_stariov

Previous
многу добра фотка,јас мислам дека треба со закон треба да се регулира реставрирање на целиот стар град
ќе биде чудо ако имаме ваков закон а не ги тргнат автомобилите од таму
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 16-Dec-2009 at 21:07
Па нели УНЕСКО побара закон за град Охрид, како тој за Скопје? Или Европската Унија беше?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Dec-2010 at 15:24
Што бара лифтот во куќата на Уранија?

Институциите задолжени за заштита на културното наследство применуваат двојни аршини сметаат дел од експертите, кои упатија сериозни критики за начинот на кој е реконструирана музеј куќата на Уранија во стариот дел на Охрид.

Не им дозволувавме на граѓаните да изградат бања, да ги променат прозорците и ги остававме да живеат во објекти од 19 век, затоа што Законот така бараше и сега одеднаш во Уранија правиме лифт. –изјави проф. д-р  Коста Балабанов, еден од членовите на Комисијата која ги пишувала препораките за заштита на Охрид од УНЕСКО во 1977 година.

Во Уранија, рече тој, имаше и етнолошка поставка, која сега е отстранета. „Пишував книга во која го кажував тој податок и испаѓа дека ги лажеме туристите“, додаде професор Балабанов.

Според него изминатите три децении направени се такви зафати кои сериозно го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО, поради што  ќе треба да се преземат соодветни чекори  за да се заштити националното ботатство.


http://ohridnews.com
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Jan-2011 at 14:03
Лифтот во Уранија ја нарушува автентичноста на охридската архитектура



Тој нагласува дека доколку надлежните институции на централно и на локално ниво продолжат небрежно да ги прекршуваат квалитетите со кои охридската градска архитектура е впишана во УНЕСКО, претстои сериозна опасност Охрид да биде избришан од престижната светска листа на културата

Модерниот стаклен лифт поставен во реконструираната Куќа на Уранија ја нарушува автентичноста на овој значаен споменик на културата и на целокупната охридска градска архитектура. Експертите сметаат дека модернизацијата на една од најважните охридски куќи од 19 век може сериозно да влијае на статусот на Охрид во УНЕСКО.

Коста Балабанов, еден од членовите на Комисијата која во 1977 година ја пишувала апликацијата на Охрид до УНЕСКО вели дека со тоа што е направено во Уранија може да се констатира дека веќе не се почитуваат пропозициите според кои Охрид е ставен на Листата на светското културно наследство.

- Кога работевме на апликацијата за УНЕСКО на граѓаните што живееја во објектите од 19 век кои се наоѓаат во стариот дел на градот не им дозволувавме да направат бањи и да инсталираат санитарни јазли, не им дозволувавме ниту прозорците да ги променат. И сега не ми е јасно како одеднаш тоа се заборава и во Уранија е ставен лифт - вели Балабанов.

Тој нагласува дека доколку надлежните институции на централно и на локално ниво продолжат небрежно да ги прекршуваат квалитетите со кои охридската градска архитектура е впишана во УНЕСКО, претстои сериозна опасност Охрид да биде избришан од престижната светска листа на културата.

Директорката на охридскиот Завод за заштита на споменици и музеј Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека лифтот не ја нарушува автентичноста на Уранија, туку со него се подобрува нејзината функционалност.

- Целиот ентериер и екстериер по реконструкцијата на Уранија се автентични на претходниот. Реконструирани се сите дрвени таваници, сите дрвени опшиви, се изработија нови врати и прозорци кои се идентични со претходните, се изработија нови скали со дрвени огради исто така идентични со претходните. Значи с` е направено онака како што ~ беше претходно. Единствен нов елемент претставува лифтот, кој воопшто не ја нарушува архитектурата на самата градба. Тој беше поставен по барање на МАНУ заради полесна комуникација низ катовите на објектот. Ова барање ние го добивме уште додека го работевме проектот за ревитализација - вели Бунташеска.

Таа објаснува дека насекаде во светот современите објекти се ревитализираат во поглед на добивање нова функција и затоа неизбежно е додавањето на некој нов елемент.

- Во сите објекти што се ревитализираат во поглед на функцијата мора да има отстапки. Не можеме ние во 21 век, објектите што се под заштита да ги оставиме без санитарен јазол внатре. Мислам и дека и тогаш кога се изготвувала апликацијата за УНЕСКО се инсистирало само на тоа екстериерниот изглед да остане автентичен исто така и ентериерот, доколку објектот поседувал такви елементи - вели Бунтешекса. Таа нагласува дека во стариот дел на Охрид има многу објекти кои навистина имаат фасади според охридската архитектура, но ентериерот не изобилува со елементи кои се карактеристични за 19 век.

Во Куќата на Уранија моментно функционира охридскиот разгранок на МАНУ. Според плановите на МАНУ, овој важен споменик ќе биде седиште на асоцијациите на сите балкански академии. Покрај тоа, тука ќе се одржуваат состаноци на Советот на балканските академии, ќе бидат организирани и разни изложби, поетски средби и други значајни културни манифестации на ниво на Европа .

Куќата на Уранија е изградена во втората половина на 19 век, а му припаѓала на семејството Филевци, кое се иселило во 20 век. Уранија била последната од семејството што живеела во куќата. По војната, Музејот на Охрид ја реновирал и таму од 1952 година бил сместен Етнолошкиот музеј. Последните десет години куќата беше под надлежност на Министерството за култура.

Елена ЕФРЕМОСКА


Извор
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Jan-2011 at 14:26
Работи што во суштина ги имамкажано, ќе се повторам. Пред се нека не им биде гјле дали охрид се наоќал или не на некоја листа на унеско, нека им биде гајле з рахитектурата, ако веќе им е гајле за неа. Не живеат охрид и охриќани за унеско, унеско живее за нив и за сите друме места низ свет што заслужуваат внимание.

Еден лифт тешко дека може да има такво влијание некое, џабе фамата со која се пишувала статијата. Неможе еден лифт да не симне од некоја листа ниту па може во обратен случај д ане стави. Глупи се франзузите што стаија лифт на триумфалн капија, тамо не се нарушува автентичноста. И порано го имав наистава тема да дено примеров и пак ќе го кажам. Да бевме пред стпо години и да требаше да ја водима оваа дискуија за нарушување на автентичноста може ќе се расправавме на темаали да се стави струја низ објектот или не. За жал Бекингемската палата прд некоја година сеуште го водеше овој муабет околу електрификација на палатата во некои делови. Се пази со нарушување на наследството, ама мор да се има во предвид дека некои работи едноставно мора да се остават што порано да се случат, одколку уште десетина години, дваесет да ја водима оваа дискусија и на крај пак да го постават лифтот.

Е сега колку за два ката им треба до толку лифт незнам, прашање е, ама може и не ил скроз поребен, но без разлика.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 13-Jan-2011 at 22:31
Точно, сигурно нема Охрид да биде симнат од листата на УНЕСКО за еден лифт. И точно, најпрво треба да гледаат што прават со автентичноста ради самиот град, а после ради УНЕСКО. Но едното и другото се поврзани, а тоа што Охрид е на листата на УНЕСКО, како и да го свртиме сепак не е привилегија на УНЕСКО, туку на Охрид. Да се биде на таа листа не е само празна титула, туку тоа е статус, туристички импут, разноразни донации... Така да ите како треба да се внимава на статусот кој го има Охрид на таа листа.
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 20-Jan-2011 at 01:09
Ставање на лифт во куќа со 2 или 3 спрата ради тоа што академиците не сакаат да одат пешки кажува доволно.Жалосно е само што и овде наоѓаат материјал за политичко препукување.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Apr-2011 at 19:59

Куќата на Уранија има наследници, но ја доби МАНУ

Тавани во охридиски длаборез, одаја со миндери, внатрешни скалила и прозорци, дневна одаја... Вака некогаш изгледала куќата на Уранија. Денес таа изгледа вака...Ниту спомен од некогашниот мал дворец , кој старицата Уранија по нејзината смрт во 1936 им го оставила на своите блиски. Ова е оргиналниот тестамент од 1935 година,во него јасно ги пишува имињата на наследниците. Последните судски преписки кои говорат за интересот на наследниците за својата дедовина, датираат од 1954 , доносно 1958 година. Со години куќата на Уранија заштитена од УНЕСКО стоела опустошена. Државата два пати ја реконстуираше. Остана енигма, зошто куќата наместо во рацете на наследниците отиде во рацете на охридскиот Завод и музеј кој долги години стопанисуваше со објектот во кој во 1957 год. беа прогласени првите академици. Пет децении подоцнаа, таа стана имот на МАНУ.

- Почна со работа всушност клонот на МАНУ во Охрид замислен како едно ново културно средиште аналогно на тоа што значеше Охрид на крај на 9-ти и почеток на 10 век, вели претседателот на МАНУ, Ѓорѓи Старделов.

Прф. Др Коста Балабанов –еден од членовите на комисијата која во 1977 година го подготвуваше Охрид за УНЕСКО, ужаснат зборува за запрестувачкото уништување на најзначајниот споменик на културата- куќата на Уранија.
- Ги остававме да живеат во објекти од 19 век, затоа што едноставно така законот бараше и сега одеднаш во Уранија правиме лифт. Се двоумев дали да ја кажам онаа грозна констатација дека Уранија е променета комплетно, вели Балабанов.

Оваа куќа на влезот во стариот дел на Охрид на времето била урната за тука да се направи летна резиденција на МАНУ. Објектот никогаш не е изграден. Академиците ја добија куќата на Уранија.

ВИДЕО:
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=35705
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.