build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Геотермални води

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Геотермални води
    Posted: 20-Jan-2008 at 01:21


 
Зошто не ги користиме геотермалните води за поевтино затоплување?

Напорите за обезбедување на доволни количини на електрична енергија, повторно во гевгелиско се актуелизира потребата од искористување на геотермалните води што ги има во изобилство во тој крај.

Oвие води кои со векови претекуваат пред нашите очи, можат да се искористат за затоплување на објекти, домови, оранжерии и друго. Како што информира нашиот дописник, посебно биле атрактивни извориштата на геотермални води во село Ново Коњско, откриени пред многу време од страна на експерти од Исланд, што можат да обезбедат топлина до 150 целзиусови степени.

Во близина на селото Смоквица, во реката Вардар има повеќе бунари со геотермална води со температура над 65 степени целзиусови. Тука биле и Негорските бањи со температура на вода од 80 степени, како и огромните количини на вода што се слева од Кожув планина и поминуваат низ грејните тела. Сите тие можат да обезбедат поевтино затоплување.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 17.01.2008 13:43:36


Гевгелиско

Сепак е далеку од било каква реализација, ако се почне од сега, со нормален тек на работа, ќе бидат потребни барем 5-6 години додека да се изгради првата централа.  Јас сум повеќе за соларна енергија и ветерници, тие се далеку по буџет-friendly Smile
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jun-2008 at 18:02
Дека спомнавте регонов па сакам да го дадам како пример Велинград во Бугарија. Тамо има два паралелни водовода. едниот е за ладна, а другиот за природно топла вода. Исто така Унгарија е земја од регоинов со високо развиен бањски туризам.

Edited by lslcrew - 29-Jun-2008 at 18:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Jul-2008 at 22:49




Edited by Cloverstack - 13-Sep-2008 at 00:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-Sep-2008 at 00:52
Cheers Cheers Cheers

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=37747&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Нов бунар за геотермална вода во Кочани

Нови 350.000 метри кубни геотермална вода годишно ќе добива Кочани, со експлоатацискиот бунар од системот Геотерма чие дупчење започна денеска. Водата со температура над 70 степени Целзиусови ќе се црпи од 550 метри длабочина. Инвестицијата од 1, 5 милион евра е донација на австриската влада во партнерство со општина Кочани и Министерството за животна средина. Добивката од проектот е двојна: финансиска и еколошка.

 

- Се врши експлоатација на 350 илјади метри кубни вода на годишно ниво, што имајќи го предвид односот на замена на еден метар кубен со 4,2 килограми мазут, ќе има евидентна заштеда во енергетскиот дел и целосен еколошки ефект со заштита на средината каде овој систем функционира - изјави Јордан Наунов, раководител на Геотерма, Кочани.

 

Со сегашните 1 милион и 300 илјади метри кубни топла вода што се користат за загревање на 4 јавни објекти и дваесетина хектари под оранжерии се заменуваат 5.500 тони мазут, што за корисниците значи шест пати пониски трошоци. Топлата вода од новиот бунар ќе донесе заштеда за загревање од 700.000 евра годишно.

 
Со реализацијата на проектот за искористување на геотермалната вода кочани стана енергетски најефикасна општина во државата.
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-Sep-2008 at 14:18
Bas na discovery gledav minatata nedela emisija za geothermal vodite vo island i kako taa zemja e naj "green" drzava na svetot. celata elektricna energija ja vagaat od zeskite vodi pod zemja.. toa e idninata za kako da se proizvede struja na "green" nacin/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-Sep-2008 at 14:27
Originally posted by GreatMakedon

Bas na discovery gledav minatata nedela emisija za geothermal vodite vo island i kako taa zemja e naj "green" drzava na svetot. celata elektricna energija ja vagaat od zeskite vodi pod zemja.. toa e idninata za kako da se proizvede struja na "green" nacin/


дефинитивно... во коминација со соларната енергија може да станеме далеку помалку енергетски зависни и дефинитивно по "green". Ако го до годадеме тука гасот потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата навистина може да се сведе на минимум.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Mar-2009 at 20:22
Уште добри вести од Кочанско

Производство на електрична енергија од геотермална вода

Енергетскиот потенцијал на топлата вода од кочанскиот геотермален систем ќе се искористува за производство на електрична енергија. Општина кочани потпиша договор со чешката форма „Карбон Редукс” за изработката на детална проектна документација во вредност од 100 илјади евра. Со длабински дупчења преку 1000 метри, се очекува добивање води со температура над 100 степени од кои ќе се добива електрична енергија.

- Овој проект ги поминува локалните граници има пошироко значење и отвора друг простор дека можат да се очекуваат многу повисоки температури на геотермалната вода која ќе даде предуслов за реализација на овој проект односно поставување на електрана на база на геотермалната енергија, со познатите технологии на бинарните системи, вели Јордан Наунов, раководител на „Геотерма” – Кочани.

Со можноста за тргување со гасови што ги нуди Кјото протоколот, придобивката е двојна. Геотермалната вода како обновлив енергенс го внесува овој проект во т.н. „чисти механизми” со кои се врши намалување на стакленичките гасови. Тоа ќе значи финансиска добивка за општината.

- Оние количини на гасови што ќе се намалат со производство на електрична енергија од класичните енергенси се продаваат во оние држави коишто имаат обврска за намалување на стакленичките гасови. Со продажбата на овие емисии од гасови, 80% од продажбата на тие емисии ќе оди во буџетот, вели Љубомир Јанев, градоначалник на општина Кочани.

Ова е прв обид на Балканот за добивање на електрична енергија од геотермални води. Есенва во Кочани започна изработката на нов геотермален бунар што носи нови 350 илјади кубни метри топла вода на годишно ниво која засега се користи за затоплување на неколку јавни објекти и во оранжериското производство.


(29.03.2009) Љубинка%20Ајтовска
Автор: Љубинка Ајтовска


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=49101&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1083
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Mar-2009 at 11:34
dobro e toa so geotermalnite vodi kolku sto znam jas nesto vo tetovo probuvaat da napravat centrala ama neznam do kadee so pregovorite Blahblah
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Apr-2009 at 01:24


КОЧАНИ - Во атарот на село Горни Подлог, Кочанско, продолжуваат работите на изградбата на експлоатацискиот бунар за добивање нови количини геотермална вода. Изградбата на бунарот е дел од проектот Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем "Геотерма" од Кочани. Новиот бунар се наоѓа на длабочина од 550 метри при што се очекува да се добијат нови 50 литри геотермална вода во секунда. Со изградбата на комплетниот дублет систем на "Геотерма" ќе се овозможи експлоатција на 350 илјади литри геотермална вода годишно со температура од 75 Целзиусови степени, како и целосна еколошка санација и енергетска ефикасност на системот. Со новиот реинекциски бунар искористената геотермална вода, која достигнува и до 55 Целзиусови степени, повторно ќе се врати во утробата на земјата. Вкупната инвестиција изнесува еден милион и 560 илјади евра од кои најголемиот дел се донација на австриската Влада. Со свои средства во овој мошне значаен проект учествуваат и Министерството за животна средина на Република Македонија, локалната самоуправа и Комуналното јавно претпријатие "Водовод" од Кочани.

http://vecer.com.mk/?ItemID=59C8F4962FEC0D42A18642AAB0DACEDC
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Jul-2009 at 03:49
Ќе се бара партнер за изградба на геотермални пумпи


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и директорот на Фонко, Љупчо Трајковски, вчера потпишаа меморандум за соработка во рамките на реализација на програмата за енергетска ефикасност. Целта на оваа соработка е работењето на проекти во делот на енергетската инфраструктура, воведување на алтернативни системи на снабдување во подземната инфраструктура, односно нивна имплементација во деталните урбанистички планови на Општината и воведување на подземен катастар, стимулирање на користење на обновливи енергетски ресурси, намалување на трошоците на населението за електрична и топлинска енергија, со користење на системи изградени на принципите на енергетска ефикасност и слично.

Градоначалникот Јакимоски рече дека пронаоѓање на инвестициски средства, споделување на информации и обезбедување учество на сите проекти кои се поврзани со заштита на животната средина, овозможување и конструктивен однос кон новите идеи, совети и насоки понудени и од двете страни во духот на соработка и партнерство кое води кон успех се заедничките активности кои треба да бидат реализирани.

Во следната фаза на соработка ќе бидат склучени и конкретни договори за јавно приватно партнерство за градба на системи за греење со геотермални пумпи во зони со нови корисници во кој не постои постојна топлификациона мрежа.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CD089575EFB2DF4290F20EE7313ECB18
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 2726
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Dec-2009 at 07:18
Врз основа на член 14 од Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за
геотермална енергија („Службен весник на РМ“ бр. 69/06), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија го објавува следното 

ИЗВЕСТУВАЊЕ 

Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека Комуналното Јавно
Претпријатие „ВОДОВОД“ Кочани на 16.09.2009 година до Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија поднесе Барање за одобрување на цена на геотермална вода, заведено во архивата на Регулаторната комисија за енергетика под број 08-2087/1. 
Барањето е поднесено согласно член 12 од Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за геотермална енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 69/06) и член 2 и член 3 од  Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начин и услови за регулирање на цени за геотермална енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/08). 
Комуналното Јавно Претпријатие „ВОДОВОД“ Кочани е носител на лиценци за вршење на
следните енергетски дејности: производство на геотермална енергија, дистрибуција на геотермална
енергија и снабдување со геотермална енергија.
Со поднесеното Барање, Комуналното Јавно Претпријатие „ВОДОВОД“ Кочани бара
регулираната максимална цена за вршење на дејностите производство на геотермална
енергија, дистрибуција на геотермална енергија и снабдување со геотермална енергија, во
2009 година да изнесува:

2009
Регулирана максимална цена (ден/m3) - 26,95 
Количина на испорачана геотермална вода на годишно ниво (m3) - 1.100.000 
Потребен приход (ден) - 29.600.000 

Заинтересираните правни и физички лица можат писмено да се обратат до Регулаторната
комисија за енергетика заради добивање на податоци или доставување на мислење во врска со
Барањето, во рок од 7 дена од денот на објавувањето на ова известување во дневниот печат, преку:

- Е-пошта: erc@erc.org.mk
- Факс: 02/32 33 586
- Адреса: Димитрие Чуповски 2/4, 1000 Скопје

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
http://www.erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=256
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Apr-2010 at 19:40

Топлите води - иднина за Кочани

Со помош на овој природен енергенс се загреваат оранжерии, зградата на судот и училишта

Иван Бојаџиски

КОЧАНИ – Топлите води ќе бидат иднина за Кочани. Со реализацијата на проектот за инјектирање на геотермалните води се остварува заложбата за рационално стопанисување со овој природен благодет. Имено, водата од бунарите излегува со средна температура од 75 Целзиусови степени, па откако ќе ја заврши својата мисија во оранжериското производство и во загревањето на неколку јавни згради во Кочани, нејзината температура се намалува на околу 40 степени. Искористената вода со процесот на реинјектирање ќе се враќа повторно во утробата на земјата или, поточно, во големите топли подземни езра за кои хидрогеолозите одамна укажуваа дека се голем природен резервоар на оваа топлинска енергија.

Во атарот на селото Тркање кај Кочани вчера почна реализацијата на завршната фаза од проектот реинјектирање на геотермалните води од експлоатационите бунари кај селото Горни Подлог. За таа потреба почна изградба на цевковод во должина од 3,4 километри и со пропусна моќ од 50 лири топла вода во секунда.

Според Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“, инвестициите во овој зафат изнесуваат 340.000 евра од кои 200.000 евра се донација од Владата на Австрија, а останатата сума ја обезбедуваат Општина Кочани и КЈП „Водовод“ од овој град, кој стопанисува со геотермалните води.

„Станува збор за реализација на последната фаза од капиталниот проект за еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем во Кочанската Котлина во што се вложени 1,7 милиони евра. Овој проект немаше да можеме да го реализираме ако австриската влада не го обезбедеше поголемиот дел од потребните финансиски средства, кон што се приклучија и министерствата за животна средина и за економија, Општина Кочани и нашето Јавно комунално претпријатие“, потенцира Тодор Кушевски, раководител на „Геотерма“ и главен координатор на проектот.

Кочани е општина што отиде најдалеку во искористувањето на геотермалните води. Последниве три години се направени две дупчења, за експлоатација и за реинјектирање, а вкупниот капацитет на геотермални води е 300 литри во секунда. Со помош на овој природен енергенс се загреваат 18 хектари оранжерии, зградата на Општинскиот суд и три училишта во Кочани. Одамна постои идеја за многу поголема употреба на топлите води во оваа општина, пред се', за загревање на илјадници станбени и деловни објекти во градот, но засега се остана на оранжериите и трите јавни објекти.

„Работиме на проект со кој треба точно да се утврди билансот на капацитетите на геотермалните води во нашата општина. Таа студија ќе даде суштински одговор за капацитетот, кој, пак, ќе ни послужи за изработка на развоен концепт на геотермалниот систем во општината. Очекуваме овие процеси да бидат завршени годинава, или, поточно, до оваа есен“, вели директорот Папазов.

Инаку, цевководот, на кој од вчера започнаа работите, минува низ срцето на оризовата Кочанска Котлина. Поради фактот што оризовата култура е пред сеидба, одговорните од „Водовод“ ги насочија сите капацитети работите да завршат што побргу за земјоделците да ги посеат своите ниви. Папазов вели дека селаните, низ чии ниви минува цевководот, ќе бидат обесштетени, а откако работата ќе биде завршена, нивите ќе бидат вратени во првобитната положба.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=138AB16498A5E34F9F41C3DC2D64613B
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Jun-2010 at 02:51
imase i najava za akva park..ima i video prezentacija..ama toa go napravija za nekoj saem vo germanija i taka ostana..a kolku sakam da go napravat..BashBashBash
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Jun-2010 at 02:51
Originally posted by FT

imase i najava za akva park..ima i video prezentacija..ama toa go napravija za nekoj saem vo germanija i taka ostana..a kolku sakam da go napravat..BashBashBash

zboruvam za kocani..Big%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1510
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Feb-2011 at 12:49
Од денеска во употреба дублет-системот на „Геотерма“

Кочани, 22. февруари 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Кај Геотермалниот систем во Долни Подлог - Кочани, денеска свечено ќе биде пуштен во употреба реализираниот проект Еколошка санација и енергетска рационализација на „Геотерма“.



Со донација од Владата на Република Австрија, средства од Министерството за животна средина и на Општина Кочани, во изминативе четири години е реализирана инвестиција од 2 милиони евра. Со овој проект искористената геотермална вода повторно ќе се враќа во утробата на земјата.

Со овој проект е востановено решение за рационално користење на геотермалната енергија со обезбедување целосен баланс на подземните води и стабилна еколошка животна средина. Со директна експлоатација и реинјектирање на 350.000 м3 геотермална вода, со оддавање на топлинската енергија ќе се супституираат 1.600 тони нафта годишно за топлификација на оранжерискиот комплекс од 6 ха, со што се намалуваат емисиите на гасовите и другите штетни материи. Еколошките придобивки се огледаат и во чувањето на животната средина од неконтролираното термално загадување.

Водата од системот „Геотерма“ сега се користи за загревање на 18 хектари оранжерии во Кочанско Поле и за затоплување на три училишта, Основниот суд и Спортската сала.

http://www.time.mk/read/673052eb03/52238b43d3/index.html


Ваков систем би бил интересен и во Банско Струмичко каде што огромни количини на топла вода (околу 72 степени целзиуси)извират и одат во неповрат , пред неколку години таа вода ја користеа неколку земјоделци за загревање на оранжериите но секако степенот на искористеност беше катастрофален. Со оглед на тоа дека во непосредна близина на изворот има неколку села кои се занимават со оранжериско производство , организирано и контролирано користење на овој извор би бил многу користен.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3560
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Mar-2011 at 02:04
Во Кочанско констатирани резерви на геотермална вода за производство на електрична енергија

Кочани, 4 март 2011 (МИА) -  Проектната документација со која се бара добивање  електрична енергија од геотермалната вода во Кочанско, со позитивни ефекти. На длабочина од над 2000 метри се констатирани резерви на геотермална вода со температура од 114 степени, која може да создаде доволен птритисок за активирање на турбини и за производство на струја со моќност помеѓу 3,2 и 5 мегавати или приближно колку што произведуваат  две мали македонски хидроцентрали.

Проектната документација за потребите на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ односно Работната единица „Геотерма“, ја изработи чешката фирма „Карбон редукс“ од Прага. кг/скс

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81721951&lId=1&pmId=
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 07-Mar-2011 at 05:31
Imam gledano dokumentarec za geotermalni vodi bese za USA se slucija
nesakani efekti celi izvori seknaa vo oklina zatoa sto mnogu poveke parea izleguvase nego voda sto se vrakse vo zemjata.Treba da se vnimava da ne se narusi ekoloskata stabilnost> Posedici mozat da bidat katosrofalni izvori da seknat a zemjotresi.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3560
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Apr-2011 at 13:00

Иднината е во геотермалната енергија

КОЧАНИ - „Во Македонија се евидентирани над 25 природни извори на геотермални води со температура поголема од 21 степен. Нашиот геотермален потенцијал се' повеќе го подгрева интересот за негово искористување во производство на електрична енергија“. Ова го изјави вчера во Кочани претседателот Ѓорге Иванов под чие покровителство се одржа конференција „Геотермалната енергија во Македонија - кочанска депресија“ на која со свои научни трудови учествуваат професори - научни работници од Универзитетот „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“.

Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Македонија до 2020 година, предвидува од геотермалните води да се произведуваат од 400 до 440 гигават-часа електрична енергија.

„Недалеку од Кочани се наоѓа геотермалното лежиште Подлог - Бање со кое се загреваат оранжерии од 18 хектари, три училишта, судот и спортската сала. Верувам дека тоа се само дел од можностите кои ги дава геотермалната вода“, нагласи Иванов.

Зборувајќи за потенцијалот за развој на алтернативниот бањски туризам, шефот на државата го истакна постоењето на бањски комплекси во околината на Кочани, Гевгелија, Дебар, Струмица, Штип, Скопје, Куманово и Старо Нагоричане. Притоа констатира дека кај нас нема ниту еден геотермален спа-центар и тоа во време кога домашните, но, пред се', странските туристи имаат потреба од вакви центри. Затоа, рече Иванов, ги охрабрувам стопанствениците и градоначалниците да бидат инвентивни, да инвестираат и да бидат првите кои ќе го освојат овој пазарен простор кој го нуди алтернативниот туризам.

Според градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, геотермалниот басен во општината е најиздашен на Балканот, со експлоатација на околу еден милион метри кубни годишно, со температура од 76 степени и заштеда на 4.000 тони мазут. „Ова потврдува дека има можности за развој на бањскиот туризам, агроберзата, но и за топлификација на градот и добивање електрична енергија“, потенцира Димитровски. (Д.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=99BD8DD810E32A46BD356B40271C0241
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Nov-2011 at 02:01
Хмммм... според првава мапа, скопската котлина изобилува со геотермална енергија. За Кочани и за Гевгелија знаеме сите, ама Скопје за мене е изненадување...

1




2

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2202
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Nov-2011 at 02:21
Скопската котлина е еден од регионите каде што има термални води, и токму поради тоа е и изградена Катлановска бања, за жал на друг начин не се користат овие води во скопскиот регион.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.