build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пејсажна архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Пејсажна архитектура
    Posted: 07-Oct-2008 at 15:26

Ако петтиот елемент е Љубовта а истата е извор на животот тогаш тој живот и самата Таа е семето на Природата која не опкружува каде се е симбиотично вплотено, место каде и ние припаѓаме како битија но заради технолошко-социолошкиот бум сме доведени во состојба на се позачестена одвоеност од истата па од таму и потребата од пејсажна архитектура која има за цел да не врати во светот кој изобилува со живот и позитивна енергија, жив свет кој ни дава чист кислород и визуелно-естетска опуштеност на сетилата т.е. да го вклопи тој свет во пренатрупаниот урбан развој. но самото тоа не е доволно за да се задржи мирисот на светлина во нашиот живот за тоа е потребно и малку ангажирање од секого поединечно бар во својот дом како би се развило попрефинето чуство за вреднување и зачувување на Природата и нејзиниот зелен сјај кој го облагородува нашиот простор со радост, смирение и O2... 

Цивилизираниот Човек од секогаш тежнеел да е опкружен со Природата, со пријатниот и свеж мирис на Цвеќето, со дебелите или ретките сенки на Дрвата, со жуборот на Водата... па кога неможел да е сред нив истите ги прибирал при себе во исто време култивирајки ја насобраната флора и фауна.

Најнапред се почнало од Градината и Градинарството за подоцна на негово место природно да се всели естетиката за да денес истата прерасне во пејсажна архитектура. мислам дека е многу е неблагодарно да се категоризира некој период или народ како втемелувачи или носители на Хортикултурата или Хортикултурното уредување, но вистина е дека некои градини и градови имале посебен расцветен сјај па затоа и биле запаметени во народот како што се "Висечките градини на Хамураби"(Babilon), "Градините на Птоломеј"(Alexandria), "Градините на Константинопол"(Byzant), "Градините на Алхамбра"(Granada), " Градините на Daitoku-ji"(Kyoto)... во прилог еве неколку линка за дополнително инфо (History of gardening), Градините на Petra(Nabataea) и Landscape Photo History

Пејсажната Архитектура (Landscape Architecture) е наука и дејност која го проучува пејсажот и неговото дизајнирање-моделирање во просторот кој не опкружува и  во кој се живее. истата во себе ги обединува географијата, хортикултурата, математиката, уметноста, инжинерството и екологијата, а воедно е надополнета и од технолошките, социјалните и политичките науки, како и филозофијата и историјата.
Пејсажната архитектура е професија на уредување на пејсажот, преку планирање, обликување, изградба и одржување на пејсажот. Пејзажните архитекти го унапредуваат квалитетот на животот создавајки убавина и решавајќи ги проблемите во животната средина.

Оваа професија дури во 1867г. е наречена со името "Пејсажна Архитектура". Терминот "Пејсажен Архитект" го официјализирал Frederick Olmsted, американец познат по креирањето на Централ парк во њујорк. Пред тоа, во времето на барокот патот на професијата е трасиран преку работата на познати европски пејсажни дизајнери, како што се Capability Brown, кој ги испроектирал пределите на многу англиски имоти во 18 век и  Andre Le Notre проектантот на елисејските полиња - парковите во Версај.
Денес пејсажните архитекти можат да обликуваат јавни паркови, плоштади, зелени и рекреативни површини, домашни градини, градини во работна околина и сл., но можат да учевствуваат и во политиката за користење на земјишниот фонд на државата. Нивна задача може да биде одржување на мал простор како на пр. урбана градина, но може и да биде грижа за системот отворени простори на цел град, како и грижа за голем национален парк или за туристичка област -
upa.org.yu

Наједноставно и најпрактично е оваа област да се проучува и практикува како Урбана и Рурална, а истите понатаму би се делеле на Макро и Микро Пејсажната Архитектура, каде се земаат различни параметри за планирање и облагородување на просторот... (бидејки доста е пишувано за состојбите во Ск во темата Зеленило во Урбани прашања во оваа тема нема да ги анализирам состојбите кај нас на ова поле само ќе кажам дека пополека почнуваме да ја реанимираме пејсажната архитектура како нешто неодминливо, која заради сплетот од општествена и културолошка транзиција имаше зазамено најспоредно место во нашиот колективен живот...) Урбаната Пејсажна Архитектура е предизвик за секој Пејсажен Архитект, Дизајнер па и Градежен Архитект каде треба доста трпение и истражување, смелост и уметничка инвентивност, пр. за тоа е неодамнешната иницијатива за поставување врби во коритото на Вардар кои пред се ке бидат еден вид на кинетичка скулптура, кои заради повардарецот постојано ке ги вејат своите коси, сцена која тешко се воочува со полн здив доколку врбата е скриена или загушена во и од некое здание, единствено можеби локацијата е преамбициозна бидејќи ќе дојде се пренатрупано а може и треба да се направи проба, па доколку е преоптоварено таму добро би било пр. да се премести тој проект некаде накај владата и калето... Доста пати се случува предизвикот од импровизација да премине во песна, но и од професионалност во лакрдија бидејќи самото изведување на проектот зависи од многу надворешни фактори како географски така и антрополошки, но она што е најбитно е што останува постојано простор за ревидирање и редефинирање на зафатите бидејки во истите проекти нема ниту многу арматура ниту многу бетон па со малку енергија и средства може да се интервенира!

Кај нас како посебна катедра Пејсажната Архитектура ја нема, единствено се среќава како предмет или во склоп на предметите по факултетите, на Шумарски предметот Пејсаж и дизајн на зелени површини и на Земјоделски предметот Планирање и уредување паркови, додека во Белград има катедра на Шумарски - Пејсажна Архитектура и Хортикултура, а во Загреб катедра на Земјоделски за Krajobrazna arhitektura, додека низ Европа скоро во сите метрополи има факултети за LA - ECLAS European Council of Landscape Architecture Schools...



Edited by beTon - 09-Feb-2009 at 14:57
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 15-Oct-2008 at 01:54
Се сеќавам УрбаФрик имаше постирано некои слики од Израел од некој градини, па би можеле тие постови да се сместат тука!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Oct-2008 at 07:28

Ако мрзливоста не ве навјаса и стравот и не ве сардиса, и се решите да сторите нешто повеќе на ова поле или пак доколку сте љубопитни и сакате да се втурнете во тајните на пејсажната архитектура како и градинарството и цвеќарството (како нејзини основни елементи) најдобро е од некаде да почнете, а денес обично почетокот е дигитализиран дали во видео, текстуален или аудио формат, Што значи дека или ќе учите низ документарци, книги, портали, форуми или радио емисии и мп3 книги, сетне уште малку инспирација и слободно време останува да присоберете и право во garden out, т.е. како кулминација ќе треба на крајот (а може и уштен по среде) она наученото некаде да го испробате, дали тоа ќе биде на балконот или терасата, дворот или собата, можеби кровот или фасадата а зошто не и кај комшијата или роднините на село, сепак убавото природно уметничко дело е секаде повеќе од добредојдено.

Да не звучи муабетов натоварен и елитистички колку за утеха на оние што нема да стигнат до фаза на народно творештво еве малку и оправдување, колку и човек да е инвентивен и стручен сепак никогаш нема да може целосно да ја надмине силата и умешноста на самата Природа колку и таа нескротено да делува, каде се е вклопено и избалансирано без усилби и инает, туку попрво преку симбиотичен договор на изобилството од видови флора и фауна, каде владее филозофијата секој му е потребен на секого, но секој не му го зазема по секоја цена местото на другиот.
навики што во светот на луѓето се сметаат за наивна слабост, но таа наивност прави од ридовите, шумите и полјаните царство толку генетски разнолико и вплотено до степен на микро соѕвездие од хемиски елементи и спектакуларни физички појави каква што е виножитото или круговите во житото, да не кршам премногу поетски клечки и подфрлам муабети меѓу редови ќе кажам уште само доколку некој и навистина нема време и можности сепак нека се потруди нека најде на нет документарци за градинарството и цвеќарството - “зелениот” дизајн (garden design) кој е во основата на пејсажната архитектура и нека ги ѕирне чисто да види што се убавина се крие на ова поле што е рајат за душата и поезија за очите…!

еве од каде и до каде може да се оди бесплатно... 

Web:

Video:

Magazines:

 

 

Edited by beTon - 20-Mar-2010 at 16:13
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Oct-2008 at 12:37
Фала бетон, многу убаво се изразувашSmile

Edited by dejan - 17-Oct-2008 at 12:42
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Oct-2008 at 14:17

Originally posted by dejan

Фала бетон, многу убаво се изразувашSmile

еј дај немој вакви комплименти ќе останеме без инспирација,  но ако удриш на критика, е тогаш може и до научен труд да ја дотераме LOL (електрофизиолошки одговор).

Поздрав  

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-May-2009 at 08:06
Topiary Техника

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


29.


30.


31.


32.


33.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-May-2009 at 17:35
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jun-2011 at 19:56
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Jul-2011 at 18:20
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Jul-2011 at 17:19
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Jul-2011 at 17:55
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Jul-2011 at 13:09
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Jul-2011 at 18:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Jul-2011 at 14:51

на горнава слика синиот дел од ѕидот е стаклен, што е дополнителен ефект покрај се останато... пример   

истиов ефект може да се постигне и со природни кристали место стакло како широко распространетиот калцит кој воедно ќе делува и како pH неутрализатор  т.е. алкализатор http://echievements.com/How-Homeowners-on-Well-Water-Use-Calcite-Crushed-Marble-to-Neutralize-Corrosive-Well-Water/33195/92.html

калцитот  како камен ќе го најдете по каменоломитe http://geology.com/minerals/calcite.shtml  додека кристалот на калцитот(кристализираниот калцит) од минералошки  трговци, истиот иако нема голема прозрачност посекако има отсјај, а  како необработен  кристал чини 15 до 20 долари кило http://www.thecrystalman.com/tcm/raw.htm  но бидејќи за обработка е многу мек и неможе да се полира, најдобро е да се комбинира во таа форма во која е најден односно доставен...                        

сепак заради естетика, поефтино е да се оди со стаклена згура http://www.wemasonry.com/thumb/photo109.html која доколку се отвори шишеџам  скоро ќе ја имаме бадијала во изобилие...





Edited by Max - 20-Nov-2013 at 22:05
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jul-2011 at 19:26

 

The water from the fish ponds and pool that cover the 65% of the internal garden area, evaporates providing additional cooling  [1]
 

   

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-Jul-2011 at 01:02

горе им фали уште по некој камен во фонтаната http://tills-innovations.com/stone-water-sculpture-creations-p-215.html [1]

...

вештачките езерца  кои не се чистат, немаат циркулиција и не се филтрираат,  стануваат вирови налик бари односно заалгени диви езерца  (wildlife pond) кои  како такви привлекуваат   многу повеќе животинки, но бидејќи стоената вода е голем извор на заразни бактерии не би препорачал вакви експерименти... http://www.watergarden.org/Pond-Info/Water-Quality

uv-стерилизација посекако е едно од решенијата за бактериите, калцитот решение за ph вредоста, а фито-филтрите  добра импровизација, сепак вниманието и одржувањето се главното решение

Dropping leaves cause toxicity  a. Tannic acids released by decaying leaves, stress fish causing bacterial, fungal and parasitic infection b. Decaying leaves also attract bacteria that releases toxic gas into the water [1]


еве тоа како би изгледало во природа и во урбан простор









http://www.discoverwildlife.com/wildlife-gardens

http://www.beautifulbritain.co.uk/htm/pond/pond_pages.htm

доле првата слика е со издигнат понд втората со вкопан - urban rear-garden raised-wildlife pond with wooden railway sleeper edging





http://www.gardenersworld.com/how-to/projects/build-a-garden-pond/

http://www.gardenersworld.com/how-to/projects/ponds-maintenance/ [2]
 

http://www.willamette-riverkeeper.org/WRK/documents/riverscaping.pdf






http://www.fishpondss.com/2011/06/




~



http://homeguides.sfgate.com/prevent-algae-garden-fountains-41269.html

~

https://www.chemistryworld.com/news/green-diving-pool-debacle-at-rio-olympics/1003927.article

http://www.nytimes.com/2016/08/11/sports/olympics/green-water-pool-rio-games.html



Edited by Max - 18-Aug-2016 at 14:09
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Jul-2011 at 22:14





  вештачко езерце е визуелен спектакл, но со напречен пресек истото е и повпечатливо, односно вметнат акрилен панел или прозор во некоја спуштена страна изнивелирана со дното... http://www.koiphen.com/forums/showthread.php?6348-Wanted-Pictures-of-Concrete-Pond-Construction&p=113520#post113520

хигиената и тука е задолжителна, филтрирањето е неминовно [1][2][3] а воедно потребно е и чистење на стаклото кое како и кај помалите аквариуми може да се одржува со магнетни сунгери [4

еве нешто помасивно од http://www.greenchapter.com 

а може да се оди и со комбинација на поголем аквариум или базен http://www.greenchapter.com/portfolio/118/ 



Above is a similar type of project (450x100x90cm) we have done in a garden, open to the sun. We used 19mm glass. The plants are sustained by sunlight and at night, it is lighted by 150W MH. But in my opinion, you will need 250W for a 36" depth for good growth in door. I am using just 1x 15000L/hr pump for this tank, splited to 4 outlets. If you are running wet/dry filter, you will have to pump up the co2. Adding too much salt may not be too good for the plants. And it will not be enough to create bubbles in the protein skimmer. Better to use a normal areator.http://www.aquaticquotient.com/forum/showthread.php/69879-Setting-up-a-really-large-aquarium?p=547311#post547311

стаклото е ламинирано, односно панцир акрилно стакло, кое битно е да не се врзува само со силикон на споевите туку со(преку) метална рамка, без разлика дали станува збор за странично стакло или голем аквариум... 








Edited by Max - 14-Jan-2012 at 20:51
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 15-Jul-2011 at 00:52







Edited by Max - 10-Oct-2014 at 11:46
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 15-Jul-2011 at 15:24
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Jul-2011 at 01:51
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.