build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: ЗСФ КОМ
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЗСФ КОМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 28-Oct-2023 at 18:40
ул.”Новопланирана 1” бб, Општина Шуто Оризари









https://360stepeni.mk/video-na-kurto-dudush-mu-nikna-divogradba-i-pred-opshtina-toj-e-ramnodushen/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 29-Oct-2023 at 14:47
СМЕШНО Е ТВРДЕЊЕТО ДЕКА 17-КАТНИЦАТА ЈА ЗАГРОЗУВА ВОЕНА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ ЗА ЗГРАДАТА ЗА 2.000 ЖИТЕЛИ СРЕДЕ БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС



Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски смета дека нема ништо спорно во изградбата на 17-катницата во болничкиот блок кај Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Тој вели дека е смешно тврдењето оти овој објект со две нивоа деловни објекти и 17 ката станбен дел со 419 станови ќе ја загрози болницата „8 Септември“. Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Поради тоа Конзерваторски центар не дава позитивно мислење за урбанистичкиот проект за зградата, но сепак, Јакимовски месецов го одобрил урбанистичкиот проект.

Јакимовски смета дека одлуката на Конзерваторски центар е самоволие и најавува дека ќе се обрати до други повисоки институции во државата.

„Никој не може самоволие да прави, а ова што се прави е самоволие. Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“, ни изјави градоначалникот Јакимовски.

Откако му наведовме дека болниците во овој дел се високи колку и болницата „8 Септември“, а станбената зграда која ќе се гради е многу повисока односно има 17 ката, Јакимовски рече дека висината не треба да биде пречка за да се добијат потребните дозволи.

„Како тоа висината на зградата ја загрозува Воена болница? Како тогаш дозвола дале Министерство за одбрана и Агенција за цивилно воздухопловство? Тогаш и објектите од другата страна, кај базенот „Борис Трајковски“ што се предвидени да се градат ја загрозуваат бидејќи се уште поблиску. Како сината кула од другата страна на булеварот не ја загрозува. Ќе видиме како ќе се одвива оваа работа, не може така, има и други институции во државава“, рече Јакимовски.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“. Иако сопственикот на парцелата, еден од инвеститорите – „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“ – не добил позитивно конзерваторско одобрение кое требало да биде приложено со документите во Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски месецов го одобрил урбанистичкиот проект, по што следи пресметка на комуналии и добивање на дозвола за градба.

За овој објект Општината не смееела да издададе услови за градба за зграда од 17 ката. Прво, затоа што архитектонскиот проект предвидува 419 станови плус два спрата дуќани, што подразбира и околу 2.000 нови жители, но и повеќе од 1.000 нови возила, не само од жителите, туку и од вработените и посетители на дуќаните, во непосредна близина на болнички блок (две болници), поликлиника и седиштето на Брзата помош за цело Скопје. И второ, според правилата за заштита на спомениците, околу ГОБ „8 Септември“ не смее да има објекти кои со својата висина и габарит би го попречувале погледот кон зградата што се води како споменик на културата Воена болница.

Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола за овој дел, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар. Општината може да го потпише проекот и да даде градежна дозвола дури откако ќе биде одобрен од Конзерваторскиот центар.

Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.

Имајќи ги предвид специјалнте услови од урбанистичкиот план, зграда со толку голем габарит не смеела ни да биде предвидена. Но, и покрај тоа, нашите извори велат дека службите во Општина Карпош непречено ја водат процедурата за издавање градежна дозвола.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/smeshno-e-tvrdeneto-deka-17-katnitsata-ja-zagrozuva-voena-bolnitsa-veli-gradonachalnikot-jakimovski-za-zgradata-za-2-000-zhiteli-srede-bolnichki-kompleks/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 31-Oct-2023 at 18:31
ОКОЛУ БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ СМЕЕ ДА ИМА ВИСОКИ И ГОЛЕМИ ОБЈЕКТИ ОТИ СЕ ПРЕПРЕКА ЗА БЕЗБЕДНО СЛЕТУВАЊЕ НА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ



Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти нема да може да слетуваат хеликоптери, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Агенцијата за цивилно воздухопловство. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат.

САКАМДАКАЖАМ.МК информациите за спорното урбанистичко решение во општина Карпош ги доби во пријава на алатката Пријави корупција и независно ги верификуваше.

„Од аспект на природата на болницата и евентуална потреба за специјализирани услови за воздухоплови во околината не треба да има објекти коишто претставуваат препрека за безбедно одвивање воздушен сообраќај“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Ние го контролираме цивилното воздухопловство и вакви специјални летови не се во наша надлежност. За нив не треба одобрувае, но ние даваме одобрување за терените кои можат безбедно да се користат за слетување и полетување. Иако не станува збор за класични хелиодроми, такви во Македонија нема, тука станува збор за погодни локации коишто се користат како терен за вертикално полетување и слетување на воздухоплови во специјализирани услови, како што се итни медицински случаи или за потребите на службите за трагање и спасување. Во секој случај, околината на потенцијални терени за слетување на водухоплови во итни случаи треба да биде зачувана и заштитена од државата“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Од Агенцијата објаснуваат дека вакви итни летови во моментов изведуваат само воздухопловите на полицијата, военото воздухопловство и воздухопловствата на партнерските земји од НАТО, но во иднина може да се појави и специјализиран оператор за медицински летови, какви што има во другите држави, за што досега имало неколку најави од странство.

Зградата која се планира да се гради е во болнички комплекс во скопската населба Карпош 3, каде што покрај болницата „8 Септември“ се наоѓа и поликлиниката Букурешт, седиштето на Брзата помош за Скопје, ПЕТ центарот и приватната болница „Жан Митрев“. Според урбанистичкиот проект, зградата ќе биде со два ката деловни објекти и 17 ката станбен дел. Ќе има 420 станови, околу 2.000 жители и дневна фрекфенција на дополнителни 1.000 возила.

Покрај ова урбанистичко решение кое поминало во стручните служби на Општина Карпош, спорно е што оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на архитектонско наследство од времето на брутализмот бидејќи остварува континуитет со архитектонскиот израз на високата Модерна и е заштитен објект како културно наследство. Поради тоа Конзерваторски центар не дава позитивно мислење за урбанистичкиот проект за станбената зграда, бидејќи според правилата за заштита на спомениците, околу не смее да има објекти кои со својата висина и габарит би го попречувале погледот кон објектот што се води како споменик на културата Воена болница.

Но сепак, градоначалникот на Оштина Карпош Стевчо Јакимовски, месецов го одобрил урбанистичкиот проект, а службите во Општина Карпош непречено ја водат процедурата за издавање градежна дозвола.

ГОБ „8 Септември“, е одредена како Единица за прва реакција (First Response Unit) за НАТО силите во Косово, кои во итни случаи би го користеле теренот на јужната страна за слетување на хеликоптери. Со донација на Европската команда на армијата на САД во 2013 година беше реновиран Ургентниот центар и придружни две операциони сали. Тој оддел уште при проектирањето за потребите на некогашната ЈНА е дизајниран како мобилна служба за брза помош при масовни несреќи и природни катастрофи.

Во досегашната пракса во болницата повеќепати биле транспортирани повредени со хеликоптери, особено често на почетокот на 1990-тите кога во државава беа стационирани силите на Обединетите нации (УНПРОФОР). Најмасовен хеликоптерски медицински транспорт имало на 5 март 1993 година кога од Скопскиот аеродром, за помалку од еден час со хеликоптери на мисијата УНПРОФОР во болницата биле донесени 16 тешко повредени патници од авионската несреќа на „Палер Македонија“ што се случи веднаш по полетувањето. Повеќе пати на овој простор слетувале и хеликоптери на Американското воено воздухопловство што се стационирани во базата Бондстил во Косово.

Летото 2019 беше изведен симулациски лет со полициски хеликоптер, за Агенцијата за цивилно воздухопловство да ги одобри координатите за воздушен пристап до болницата и теренот кој во случај на итност може да се користи за вертикално слетување и полетување.

Болницата е изградена во рамки на обновата на постземјотресно Скопје. Пуштена е во употреба на 22 декември 1971 за потребите на тогашната ЈНА, за Скопската армиска област што се протегаше јужно од Ниш во Србија, сосе Косово и цела Македонија, при што половина од капацитетот бил резервиран за цивилно население. Од 2009 е дел од системот на јавното здравство, но според бројот на пациенти и стручната експертиза таа ја надминува дефиницијата за “градска болница“ бидејќи во неа се лекуваат пациенти од цела држава и од Косово.

Во централната зграда која има 9 ката, сите болнички соби се сместени на јужната страна. Во иднина, тие би гледале кон чудовиштето од 17 ката. Баш на тоа земјиште што државата во 2015 го продала на приватен инвеститор за висококатница со станови за живеење, при проектирањето на болницата бил предвиден и просторот за хелиодром кој и сега се гледа видно означен на картите на Гугл.

Армијата на Македонија денеска користи само една од зградите во северниот дел од комплексот чиј сопственик е Министерството за одбрана. Таму е сместен Воено медицинскиот центар на Армијата.

Но, и покрај стратешкото безбедносно значење за државата, во 2015 година, за време на Владата на Никола Груевски, Министерството за одбрана дало зелено светло за Детален урбанистички план (ДУП) со кој се предвидува изградба, на 28-катна зграда во близина на болницата.

САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Министерството за одбрана дали и во која мера планиратата 17-катница со 2.000 жители ќе ги загрози стретешките и безбедносни интереси на земјава која за разлика од 2015, сега е членка на НАТО, со оглед дека Воена болница меѓу другото е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана?

Од Министерството за одбрана ни одговорија дека за овој случај се вршат дополнителни консултации.

„Во 2015 година до Министерството за одбрана е поднесено барање за согласност на урбанистичкиот план со кој на посочената локација е предвидена изградба на висококатница од 28 ката со подземни простории. Министерството во 2015 година издало согласност за оваа градба. Во октомври 2023 година, доставено е барање за согласност со услови за градба од аспект на безбедност во воздушниот сообраќај за објект станбена зграда на улица Никола Русински. Со оглед на тоа што безбедноста на воздушниот сообраќај не е во исклучива надлежност на Министерството за одбрана, во тек се дополнителни меѓуинституционални консултации“, велат од Министерството.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“ кој е и сопственик на парцелата.

Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013 во Општина Карпош, во претходниот мандат на градоначалникот Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.

Градоначалникот на Општина Карпош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави: „Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“.

Откако му наведовме дека болниците во овој дел се високи колку и „8 Септември“, а станбената зграда која ќе се гради е многу повисока односно има 17 ката, Јакимовски рече дека висината не треба да биде пречка за да се добијат потребните дозволи.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/okolu-bolnitsata-8-septemvri-ne-smee-da-ima-visoki-i-golemi-objekti-oti-se-prepreka-za-bezbedno-sletuvane-na-helikopteri-za-itni-sluchai/

Edited by stef4o - 31-Oct-2023 at 18:31
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 15-Nov-2023 at 18:11
17-КАТНИЦАТА КАЈ ВОЕНА БОЛНИЦА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ, ДИРЕКТОРОТ НА КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР ВЕЛИ ДОЗНАЈТЕ САМИ ЗОШТО ДАДОВ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ

Зградата на 17 ката во заштитеното подрачје кај Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ може да се гради, откако вчера Конзерваторскиот центар дал позитивно мислење.

Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

САКАМДАКАЖАМ.МК документите за оваа спорна градба ги доби со пријава на алатката Пријави корупција.

Исто така, во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат.

И покрај таквите законски одредби и фактот дека станува збор за болнички комплекс, потпишано е позитивно мислење и со тоа сега Општина Карпош може да издаде градежна дозвола и зградата да се гради.

Директорот на Конзерваторски центар Константин Димитровски не сакаше да одговори на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК врз основа на што е дозволено да се гради огромна зграда со деловен простор во болнички комплекс.

„Издадено е позитивно мислење врз основа на агрументи. Кои се аргументите во моментов не можам да ви кажам, на состанок сум. Бидејќи велите дека станува збор за јавен документ, земете го од Општина Карпош како што го земавте документот со имињата на членови на Комисијата за урбанизам и видете кои се аргументите“, ни одговори директорот Димитровски.

Димитровски е член на Комисијата за урбанизам на Општина Карпош која го одобрува урбанистичкиот проект за изградба на зградата. Тој зема паричен надоместок од Општина Карпош како член на Комисијата и тој веќе дал одобрение за урбанистичкиот проект за 17-катницата среде болнички комплекс, со 420 станови, во кои ќе живеат 2.000 жители и ќе има фрекфенција од најмалку нови 1.000 возила.



Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за силите на НАТО во Косово со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

Со оглед на тоа дека земјава сега е членка на НАТО, од Министерството за одбрана пред две недели ни одговорија дека за овој случај се вршат дополнителни консултации.

„Во 2015 година до Министерството за одбрана е поднесено барање за согласност на урбанистичкиот план со кој на посочената локација е предвидена изградба на висококатница од 28 ката со подземни простории. Министерството во 2015 година издало согласност за оваа градба. Во октомври 2023 година, доставено е барање за согласност со услови за градба од аспект на безбедност во воздушниот сообраќај за објект станбена зграда на улица Никола Русински. Со оглед на тоа што безбедноста на воздушниот сообраќај не е во исклучива надлежност на Министерството за одбрана, во тек се дополнителни меѓуинституционални консултации“, ни одговорија тогаш од Министерството.

Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри. Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“.

За градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски нема ништо спорно тоа што среде болнички комплекс се гради огромна станбена зграда која ќе има и два ката деловни-комерцијални простории.

„Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“, ни изјави на 29 октомври градоначалникот Јакимовски.

Откако му наведовме дека болниците во овој дел се високи колку и болницата „8 Септември“, а станбената зграда која ќе се гради е многу повисока односно има 17 ката, Јакимовски рече дека висината не треба да биде пречка за да се добијат потребните дозволи.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/17-katnitsata-kaj-voena-bolnitsa-mozhe-da-se-gradi-direktorot-na-konzervatorski-tsentar-veli-doznajte-sami-zoshto-dadov-pozitivno-mislene/?
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 18-Nov-2023 at 11:09
СтефчоЈ изгледа оит со Точак на работа та логично очекуе и Болните ако не станарите да го следат неговио пример!?

хм, паркинг проблем, ноу нидс фор паник, само треба владата да кофинансира некоја микросам алајк паркинг иновејшн фирма, при МФС идеално!, за да може и за Комбина за Комиблокои да извадат урнек ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1186&KW=parking&PID=228677#228677
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 18-Nov-2023 at 17:52
Оризари Резиденс







https://reklama5.mk/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 30-Dec-2023 at 14:51
Originally posted by stef4o

Оризари Резиденс



https://reklama5.mk/






https://www.facebook.com/photo?fbid=872365844417136&set=pcb.872365887750465
Carpe diem
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1349
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 30-Dec-2023 at 14:56
И тука крајниот резултат е тотално различен од рендерот..
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 29-Jan-2024 at 18:38
Ви го најавуваме нашиот нов проект! Станбен комплекс со површина од 70.000 м2 во Скопје.



https://www.facebook.com/profile.php?id=100087259410826
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 30-Jan-2024 at 18:12
СЕ СПРЕМА ГРАДИЛИШТЕТО ЗА СПОРНАТА 17-КАТНИЦА ЗА 2.000 ЖИТЕЛИ СРЕДЕ БОЛНИЧКИОТ КОМПЛЕКС НА ВОЕНА БОЛНИЦА ВО СКОПСКИ КАРПОШ



Се подготвува теренот за изградба на спорната 17-катница кај среде болникиот комплекс на Воена болница во Скопје. Градежна механизација од утрово го расчистува просторот кој е ограден со тараби. Советничките од „Независни за Карпош“ Невена Ѓорѓиевска и Татјана Стојановска велат дека на терен се спрема градба на спорната зграда за 2.000 жители, а Општина Карпош не кажува дали е издадена градежна дозвола.

„На огласната табла на Општина Карпош нема објавено дека е издадена градежна дозвола, а од утрово се паркираат камиони и приватни коли што значи наскоро ќе почне да се гради. Уште кога беше издадено позитивно Конзерваторско мислење го оспоривме. Криминалното одобрение беше издадено од бивш директор кој е во притвор како соучесник во злосторничко здружение и ниту една институција не постапува по поднесените претставки за запирање во целост од негово извршување и барања за огласување на ништовно. Сите молчат, а со тоа аминува криминалот кој постојано ни се случува“, вели Невена Ѓорѓиевска од „Независни за Карпош“.

Од „Независни за Карпош“ бараат Министерството за култура итно да постапи по нивната претставка поднесена пред повеќе од два месеци, на 28 ноември 2023, за запирање во целост од извршување на криминално издаденото позитивно конзерваторско мислење од 8 ноември 2023 со кои се дава даде зелено светло за градење на комплексот на згради од 17 ката со 419 станови плус деловен простор, со 2.000 жители и најмалку 1.000 возила.

Парцела каде ќе никне зградата се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Од институцијата најпрво имаше негативно конзерваторско мислење, но тогашниот директор Константин Димитровски не го потпиша. Потоа Димитровски потпиша ново, позитивно мислење, со кое се дозволи градба до Воена болница со што Општина Карпош може да даде градежна дозвола. Димитровски само неколку дена подоцна беше приведен за уривањето на хотел „Шар“ во Скопската стара чаршија.

Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“.

Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.

САКАМДАКАЖАМ.МК информациите за спорното урбанистичко решение во Општина Карпош ги доби во пријава на алатката Пријави корупција и независно ги верификуваше.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/se-sprema-gradilishteto-za-spornata-17-katnitsa-za-2-000-zhiteli-srede-bolnichkiot-kompleks-na-voena-bolnitsa-vo-skopski-karposh/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15041
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 01-Feb-2024 at 17:55
Се чини комплексов сепак ќе се гради (фотката е од фејсбук):

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 01-Feb-2024 at 19:24
СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЈА ПОТПИША ДОЗВОЛАТА ЗА ГРАДБА НА СПОРНАТА 17-КАТНИЦА СРЕДЕ БОЛНИЧКИОТ КОМПЛЕКС НА ВОЕНА БОЛНИЦА, ФИРМАТА „ЗСФ КОМ“ ПОЧНУВА ДА ГРАДИ



Градоначалникот Стевчо Јакомовски ја потпишал градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница за 2.000 жители среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје. Ова го објави инвеститорот на градбата „ЗСФ Ком“ кој денеска на градилиштето истакна табла на која стојат податоците за градба и одобрението за градба. Како што стои на таблата, дозволата за градба е издадена на 18 јануари, а станала правосилна на 1 февруари.

Градоначалникот Јакимовски и службите во Општината три дена не одговараат на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК дали е потпишана и издадена дозволата за градба за оваа локација.

Советничката група „Независни за Карпош“, уште кога беше издадено позитивно Конзерваторско мислење за оваа локација, го оспори пред повеќе интитуции бидејќи, како што рече, станува збор за криминалното одобрение издадено од бивш директор кој е во притвор како соучесник во злосторничко здружение. Но, досега ниту една институција не постапила по поднесените претставки за запирање во целост од негово извршување и барања за огласување на ништовно.

„Eве ја фамозната дозвола која градоначалникот не ја издава, само ја потпишува и за која вработените во Oпштината немаат одговор. Свесни дека има процедура за поништување на конзерваторското мислење, смислено, ја издаваат. Им ги замислувам насмевките во моментов и гордеењето како ете ги зезнавме. Ако, смешкајте се, исто како советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што молчат, Гром барем отворено си кажуваат“, вели Татјана Стојановска, советничка од „Независни за Карпош“.

Парцелата каде ќе никне зградата се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Од институцијата најпрво имаше негативно конзерваторско мислење, но тогашниот директор Константин Димитровски не го потпиша. Потоа Димитровски потпиша ново, позитивно мислење, со кое се дозволи градба до Воена болница со што Општина Карпош може да даде градежна дозвола. Димитровски само неколку дена подоцна беше приведен за уривањето на хотел „Шар“ во Скопската стара чаршија.

Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“.

Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/stevcho-jakimovski-ja-potpisha-dozvolata-za-gradba-na-spornata-17-katnitsa-srede-bolnichkiot-kompleks-na-voena-bolnitsa-firmata-zsf-kom-pochnuva-da-gradi/
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 992
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 01-Feb-2024 at 21:34
Тие што сега се бунат се истите што го изгласаа по кој знае кој пат Стевче Јакимовски. Мада кога ќе видиш кој беше другиот избор не би ги кривел ни нив.
Просто ни ја незнам, безизлезна е ситуацијата со урбанизмот кај нас.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 349
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 02-Feb-2024 at 07:19
Напрајте споредба меѓу она шо се градит моментално во Тирана и 17 катниов ИСФАРБАН ЅИД-ТУМОР

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 02-Feb-2024 at 19:09
Во спорната кула во Карпош веќе се продадени 70 станови: Утре протест против изградбата

Во обид да се спречи изградбата утре во 5 за 12 ќе се одржи протест на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ во близина на крстосницата на булеварите 8 Септември и Илинденска. Протестот го организираат „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“.

Најавената изградба на комплексот згради-лепенки зад бензинската пумпа на „Макпетрол“, од која највисоката е на 18 ката, поточно на приземје, 17 ката и поткровје, другата еден кат пониска и третата на 10 ката, ги крена на нозе граѓаните и граѓанските организации. За објектот чиј инвеститор е СЦФ КОМ Дооел, на 18 јануари е издадена градежна дозвола од Општина Карпош, која од вчера е правосилна. Просторот е ограден, теренот се подготвува за градба, а како што неофицијално дознаваме веќе се продадени 70 стана од сѐ уште непостоечката зграда .

Во обид да се спречи изградбата утре во 5 за 12 ќе се одржи протест на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ во близина на крстосницата на булеварите 8 Септември и Илинденска. Протестот го организираат „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“.

Излези ако ти е доста од владеење на мафијата! Кој да бил или дојде на власт, мафијата ги влече конците, за свој личен профит се уништува Карпош, се уништи Скопје. Ја докусурија цела држава, ни го одземаа правото на здрав, хуман и достоинствен живот – се вели во нивниот повик за протест.

Организаторите се надеваат дека со протестот ќе ја спречат изградбата, дека ќе се поништи конзерваторското мислење кое според нив е нелегитимно. Тие согласно законскиот рок поднеле жалби, како и предлог за поништување на конзерваторското мислење кое е основа за добивање градежна дозвола. Но досега немаат одговор од институциите.

За ова не треба Министерството или било која институција да се мисли два месеца, очигледно е дека е прекршен Правилник, дека тоа е смислено издадено мислење за да се дојде до одобрение за градба. И ние поднесовме жалби, чекавме два месеци, ништо не правевме, ајде да не правиме притисок, меѓутоа, сега Општината си е покриена – има издадено валидно мислење, иако и самите се свесни на кој начин и од кој човек е донесено тоа мислење. Ние сега одиме на тоа да се поништи конзерваторското мислење, ако се поништи сите трошоци што си ги направил инвеститорот согласно добиената дозвола треба некој да ги сноси. Во овој случај и да дојде до судска постапка Општината ќе ги сноси, т.е. пак ние граѓаните. А тие луѓе што издаваат потписи и што го дозволуваат тоа и што се платени од наши пари да ги чуваат нашите интереси не одговараат. Повторно ние сме виновни што ги откриваме криминалите – објаснува Невена Георгиевска од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“.

Според неа, доколку се поништи конзерваторското мислење паѓа во „вода“ и дозволата, затоа што не може да се гради нешто што загрозува споменици. Имено, два дела од градежната парцела имаат различен степен на заштита во границите на Споменикот – Воена болница. Северниот дел е со втор степен за заштита и за него е потребно обезбедување конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство, додека јужниот дел од парцелата има режим на заштита од трет степен, па услов за да се обезбеди одобрение за градење е да се добие позитивно мислење од НУ Конзерваторски центар.

Постоечкото конзерваторско мислење не е валидно затоа што не може да важи за цела парцела, оти на таа има два дела што се под различен степен на заштита. Ние официјално знаеме од Конзерваторски центар дека издаденото решение не е валидно. Мислиме дека и тие можат да постапат и да го поништат. Министерството за култура е над нив. Министерството ако им наложи тие ќе го поништат или самото министерство има ингеренции да го поништи, како орган под чија надлежност е оваа институција – вели Георгиевска.

Досега подносителите не добиле одговор на нивните претставки, единствено добиле од Министерството за култура написмено дека постапуваат и дека се работи за сложен процес.

И еве сега да веруваме дека некој нешто ќе преземе во однос на некои одредени личности што треба да се казнат, ама зградата до кај ќе никне, дали ќе ја поништат дозволата да прекине да се гради не ми се верува, затоа што се огромни пари во прашање. Ако има закон и правна држава треба сега да се запре, додека не се почнати сите работи. И да си одговараат тие што издале дозвола и сите што се вклучени и материјално да одговараат, а не секогаш да биде на товар на општината – истакнува Георгиевска.

Против изградбата на зградата утре е закажан уште еден протест, точно во 12 часот позади бензиската пумпа на „Макпетрол“ во организација на Левица.

Преку изигрување на одлуките на Советот на општината, Градоначалникот одобри парцелизација на земјиштето помеѓу бензинската на „Макпетрол“ и болницата Жан Митрев и со тоа овозможи инвеститорот да се стекне со простор за изградба на 60- метарска бетонска градба, на локација која не предвидува никаков објект – велат во повикот за протест од Левица.

Партијата веќе реагираше дека зградата има невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје, но за нив спорна е и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата.

Советот на Општина Карпош изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на активностите – тврдат од Левица.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-spornata-kula-vo-karposh-vekje-se-prodadeni-70-stanovi-utre-protest-protiv-izgradbata/
Carpe diem
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 03-Feb-2024 at 00:51
Замисли колку треба да си моќен да градиш 17катница до (нато) болница...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 874
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 03-Feb-2024 at 01:43
Сеа.., убав филм е тоа "нато болница" за по медиуми ама во нато немаат ни слушнато за болницава...

Не треба да си моќен, доволно е да си прост, искомплексиран и насилен. Тоа е "моќта" кај нас денес, во комбинација со прости кукавици на министерски и директорски позиции.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 03-Feb-2024 at 20:00
Во Карпош ќе се гради висококатница со 3 пати помала површина од маркицата во ДУП-от!

Градежната компанија „ЗСФ-КОМ“ на бизнисменот Фатмир Етеми доби одобрение за изградба на станбен објект покрај булеварот Партизанска во Карпош, поточно помеѓу бензинската „Макпетрол“ и поликлиниката „Букурешт“, кој ќе има површина од 31.958 квадрати, што е за околу 2 третини помалку во споредба со она што го дозволува Деталниот урбанистички план за Градска четврт 305, донесен уште во 2013 година.

Според изводот од ДУП-от со кој располагаме, на овој простор вцртана е градежна парцела со број 6.1 со површина од 4.569 квадрати, каде е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради (габарит од 3.543 квадрати), со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри. Притоа, со оваа маркица се предвидува максимална изградена површина од 99.204 квадрати.



Врз основа на овие параметри, инвеститорот изготвил урбанистички проект, неопходен за постапката за издавање на одобрение за градба. Имено, документацијата што ја обезбедивме покажува дека овој проект предвидува различен објект со поинакви карактеристики во споредба со планот. Односно, не се проектира објект во форма на квадрат со еднаква висина, туку скалест објект на повеќе нивоа, при што делови одат во висина до 10, 16 и 17 ката, а еден дел ќе биде само приземје и еден кат.

Во т.н. општи урбанистичко-архитектонски услови се наведува дека тој ќе биде со габарит од 3.198 квадрати или 345 квадрати помалку од она што го дозволува ДУП-от. Потоа, урбанистичкиот проект предвидува и максимално изградена површина од 39.219 квадрати, што, пак е за 59.985 квадрати помалку во споредба со она што го дозволува планот, додека со основниот проект со врши дополнително намалување на 31.958 квадрати. Освен домување, се предвидуваат и други компатибилни намени, кои може да опфаќаат максимум 40 отсто во однос на примарната намена.



Инаку, инвеститорот поднел барање за одобрение за градење на крајот на ланската година (22.11.2023), а Општина Карпош одговорила позитивно на почетокот на годинава (18.01.2024). Објектот може да почне да се гради откако издаденото одобрение ќе стане правосилно, што, според нашите информации од Општина Карпош, веќе се случило, бидејќи единствениот непосреден сосед немал никакви забелешки. Па така, веќе започнати се и градежни активности на терен, кои, според Законот за градење, мора да завршат во рок од 10 години.

„Фокус“ го обезбеди и одобрението кое му е издадено на „ЗСФ-КОМ“, но и на уште една компанија – „Делта 2015 Констракшн“, формирана во 2015 година. Порано, оваа компанија беше во сопственост на „Орка Холдинг“ на семејството на Орце Камчев, но во меѓувреме дошло до промени, така што денес како единствен сопственик се јавува Александар Николиќ, кардиохирург кој е дел од „Аџибадем Систина“. Управител, пак, е Дејан Каначковиќ, кој се јавува како управител и на „О.К. Сервис“ во сопственост на „Кара“, чиј сопственик пак е „Орка“ на Камчеви.

Всушност, „Делта 2015 Констракшн“ е сопственик на земјиштето каде треба да се гради новиот објект. Станува збор за локација, односно земјиште опфатено со катастарските парцели во рамки на катастарска општина Карпош со број 1801/3 и 1801/5. Практично, оваа компанија со „ЗСФ-КОМ“ склучила договор за заедничка градба со отстапување на право на градење, кој е составен дел од барањето за издавање на одобрението за градба, заедно со потребните проекти, елаборати, согласности од институции

На тој начин, „Делта 2015 Констракшн“ му го отстапува правото на „ЗСФ-КОМ“ да го изгради објектот, во замена за соодветен дел/број на станови, деловни простории и трговски единици. Како што велат од компанијата, нивната цел е да изградат модерен објект согласно сите урбанистички стандарди, кој ќе се вклопи во моделот за хумано живеење. Токму затоа, истакнуваат од таму, ќе градат објект со значително помала квадратура отколку што дозволува важечкиот план.

„Свесни сме дека имаше отпор и реакции во јавноста за овој проект, но за дел од забелешките имавме слух и затоа ќе градиме објект со далеку помала квадратура од она што го дозволува важечкиот план, кој ќе даде нов лик и нова димензија на тој дел од градот. Се работи за објект кој главно ќе биде за домување, со сите стандарди во делот на урбанизмот, со уредено сообраќајно решение“, стои во одговорот што го добивме од „ЗСФ-КОМ“.

https://fokus.mk/vo-karposh-ke-se-gradi-visokokatnitsa-so-3-pati-pomala-povrshina-od-markitsata-vo-dup-ot/?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 13-Feb-2024 at 18:14
17 катница во непосредна близина на Воената Болница

Периодов повторно во фокусот е Општина Карпош, поради давањето на одобрение за градба за 17 катен станбен објект во непосредна близина на старата Воена Болница или денес градската болница „8ми септември“.

Овој објект е еден од ретките заштитени објекти од постземјотресната обнова на Скопје, што значи и дополнителни услови и барања во однос на се што се изведува во негова близина.



Одобрението за градба, го издаде општината по давањето на позитивното мислење на Конзерваторскиот Центар, кој сеуште не образложи кој е контекстот и оправданоста на истото.

По ваквиот чекор, „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ организираа протест со кој се бараше да се запре оваа спорна инвестиција. Некои од причините за истото се: несоодветна типологија на објект во простор наменет за здравствени установи, преголема катна височина, голем број на нови жители ( 2000 ) кои ќе причинат дополнителен сообраќаен товар на уличната мрежа, безбедносен ризик поради локацијата веднаш до Бензиската Пумпа на Мак Петрол итн.



Во однос на овој поширок простор во повеќе наврати сме спомнале дека е пример за урбанистички несоодветни делувања низ изминатите декади. На ова место постоеше парк чие деградирање воедно претставува и државен срам, бидејќи тоа беше поинаков простор со име Парк на толеранцијата или Дипломатски парк. Неговото создавање започна со засадување различни видови дрвја, карактеристични за земјите од каде што доаѓаат амбасадорите и конзулите во нашата земја, кои лично ги засадуваа во присуство на македонскиот претседател.

Со промена на урбанистичките планови во 2013-14 година, паркот конечно беше избришан, а просторот предвиден за приватни здравствени установи северно од новопроектираната улица, додека кон југ се вметна и површина за станбен објект.



Што е со контекстот на површините за градба, нивната големина, габарит и сликата кои тие ја рефлектираат во идната архитектура на тој простор?! Предвидуваме во оваа зона, во овој блок, повисок објект од Воената Болница, која е јавен објект со нагласено значење, заштитен ориентиер кој треба да е визуелно достапен меѓудругото и за хеликоптерски сообраќај.

Тоа е секако за некои земји каде се бара додадена вредност, додека во нашиот случај постојано одземаме од постоечката и наследена вредност на просторот, кој скоро ќе се потроши. Што потоа?

https://marh.mk/17-katnica-vo-neposredna-blizina-na-voena-bolnica/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 21-Feb-2024 at 18:00
17-КАТНИЦАТА КАЈ ВОЕНА БОЛНИЦА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГРАДИ, КОНЗЕРВАТОРСКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ ГО ПОНИШТИ ПОЗИТИВНОТО МИСЛЕЊЕТО КОЕ ГО ИЗДАДЕ ЕКСДИРЕКТОРОТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Конзерваторскиот центар денеска ќе го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска кажа дека го добиле извештајот од работната група кој покажува дека позитивното мислење потпишано од ексдиректорот Константин Димитровски е спротивно на Законот за заштита на културно наследство.

„Во него стои дека тоа издадено конзерваторско решение не е согласно правилникот кој што е постоечки по Закон за заштита на културно наследство и сега го враќаме назад кај првостепениот орган од кој очекуваме уште денеска да го поништи. Не е точно дека процесот се одолговлекуваше. Управата за заштита на културно наследство требаше да изврши надзор во Градскиот конзерваторски центар, но тие не постапуваа“, рече Костадиновска-Стојчевска.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали сега градбата ќе биде стопирана министерката одговори дека тие нивната работа си ја завршиле, а за понатаму има други институции кои треба да преземат мерки.

Градежната дозволата за изградба на 17-катницата е издадена на 18 јануари, а станала правосилна на 1 февруари. Инвеститорот „ЗСФ Ком“ го огради проекторот и веќе се спрема за градба.

Парцелата каде ќе никне зградата се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ Ком ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“.

Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/17-katnitsata-kaj-voena-bolnitsa-ne-smee-da-se-gradi-konzervatorskiot-tsentar-ke-go-ponishti-pozitivnoto-misleneto-koi-go-izdade-eksdirektorot-reche-ministerkata-za-kultura/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.383 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.