build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Гранични премини и царински терминали
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гранични премини и царински терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 23-Oct-2021 at 15:15
Средба помеѓу градоначалниците на општина Преспа во Грција Панајотис Пасхалидис, и општина Пустец во Албанија Пали Колевски, со апели за поврзување на регионот Преспа и идеја за граничен премин Церје АЛ - Граждено ГР (Вронтеро). Нашиот во Дупени никако да му дојде ред. Нормално, македонските медиуми никако да известат нешто подалеку од партиски штаб, нема никакво инфо по Македонски медиуми дека воопшто се случила средба која е од интерес на Македонија.



Edited by user8642 - 23-Oct-2021 at 15:17
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 23-Oct-2021 at 21:47
Имаше разговор на оваа тема пред месец дена кога Османи отиде во Грција.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 25-Oct-2021 at 17:42
Па нашите јужни соседи не ги ратификуваат меморандумите во нивното Собрание, односно Мицотакис го опструира Преспанскиот договор, колку изненадувачки.

Исто како што ниту ги менуваат таблите, исто како што и понатаму не го користат официјалното име, исто како што не ги користат официјалните кратенки МК/МКД, итн.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 02-Nov-2021 at 18:16
ЗАЕДНИЧКИ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ One-stop shop и на премините со Албанија

Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу македонската и албанската влада за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли денеска беше утврден на владината седница

Во текстот на законот станува збор за гранични контроли со едно застанување или One-stop shop и поедноставни постапки, што се спроведуваат на еден заеднички премин. Од Владата велат дека со концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин ќе се постигне побрз и поедноставен протокол на граничните премини.

Во рамки на денешната седница, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на С Македонија и Владата на Турција, како и текстот за Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

https://plusinfo.mk/zaednichki-granichni-kontroli-one-stop-shop-i-na-preminite-so-albani-a/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 25-Nov-2021 at 18:22
НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ЌЕ ИМА ЕДЕН КОНТРОЛЕН ШАТЛЕР: Албанија го ратификува договорот со Македонија за заеднички контроли

Албанија го ратификува договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини.

Албанскиот Парламент, на денешната пленарна седница, што ја почна со едноминутно молчење во знак на почит на загинатите македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија, го ратификува договорот за заеднички контроли на граничните премини меѓу Северна Македонија и Албанија.

„Албанија и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични контроли по истиот модел што го имаме со Косово и Црна Гора“, изјави министерот за внатрешни работи Бледи Чучи во своето обраќање во Собранието.

Вели дека на сите шест гранични премини ќе има само еден контролен шалтер.

https://faktor.mk/na-granichnite-premini-kje-ima-eden-kontrolen-shatler--albanija-go-ratifikuva-dogovorot-so-makedonija-za-zaednichki-kontroli
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2047
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 25-Nov-2021 at 18:33


Ova e daleku od zaednicka kontrola, bidejki vo sustuna ima povtorno ima dve odvoeni kontroli. Zaednicka kontrola znaci edno zasanuvanje i podavanje na licnite dokumenti!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.