build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Aquapura Prespa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Aquapura Prespa
    Posted: 27-Sep-2007 at 22:49
...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Sep-2007 at 22:50

za nekoe cudno padnal kamen temelnikot bez nekoja pompa?

АКВА ПУРА ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРА НАЈГОЛЕМАТА ТУРИСТИЧКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


Педесет милиони евра за Отешево


Ќе се следат климатските промени за да се одлучи дали да се инвестира и во зимски скијачки центар


Претставата за елитниот туризам во светот е сменета и луѓето трагаат по поинаква егзотика од порано, при што Македонија идеално се вклопува во новите тренови, гласи кусиот заклучок на португалските инвеститори кои вчера поставија камен-темелник за новиот хотелски комплекс на брегот на Преспанското Езеро. Денот на започнување на работите бил одбран да биде истиот кога почнува бербата на јаболката, поради што тие беа гости и на седмата манифестација Преспански јаболкобер, каде што добија признанија "златно јаболко".
Претседателот на Управниот одбор на Аква Пура, Диого Ваз Гедеш изјави дека инвестицијата на компанијата ќе има огромно влијание врз локалната економија во Преспа.

- Туристите кои доаѓаат од цел свет не сакаат да останат затворени во хотелот, туку ќе сакаат да посетат и некои други ресторани, да прошетаат со брод, да видат нови работи. Со своите трезори од илјадници години, со своето магично езеро и со фреските на Ангелот од Курбиново, Преспа ќе биде препознатлива на сите меридијани - порача Гедеш на свеченоста, велејќи дека услугите на Аква пура ги користат туристи од цел свет, но очекува оние од Европа да бидат најбројни во Отешево.

Почесниот конзул на Македонија во Португалија, Педро Кудел, кој исто така беше награден заедно со Гедеш, потсети дека првите контакти биле направени во јануари 2004 година, кога тој заедно со амбасадорот Плевнеш организирале посета на претседателот Борис Трајковски, при што тој ги поканил бизнисмените со визија да инвестираат во Македонија.

- Мојот омилен херој Александар Велики од Македонија пред 2300 години се одушевувал од Хераклеа, Лихнидос и Преспа. Тој сонуваше за светска заедница на народите. Со Аква пура во Преспа, светската заедница ќе ја открие земјата на Александар,- изјави Кудел, за што доби аплаузи од многубројните гости.

На површина од педесет хектари ќе биде изграден комплекс во кој ќе има бутик-хотел со 50-70 соби и уште 50-70 вили. Автор на проектот е Мануел Аирес Матеош, за кого е најавено дека "ќе ја започне ренесансата на Преспа, ставајќи ја на врвот од светскиот елитен туризам. Предвидено е комплексот да се гради три години и првите гости да ги дочека во 2011 година.

(А.Т.)

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Mar-2008 at 00:09
Знаев дека овдека нешто не штима, инаку ќе слушневме до сега нешто повеќе Ohno Wallbash


Единствено работите засега не се развиваат со саканото темпо со познатиот проект „Аквапура“ на Португалците, поради нерасчистени имотноправни односи. Бузлески и за овој проект е голем оптимист и вели дека сите пречки наскоро ќе бидат надминати. „Португалците до сега имаат инвестирано околу 3 милиони евра за купувањето на старите објекти и по нивното уривање наскоро ќе почнат да го уредуваат теренот и да градат. „Аквапура“ е голем проект не само за Преспа, туку за цела Македонија. Се предвидува да се градат 52 резиденции. Од нив 20 ќе им бидат понудени на продажба на познати бизнисмени во светот“, подвлекува градоначалникот Бузлески.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8005A752FB1FAC4B97E1B1D13D52EA35


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-May-2008 at 11:36
Ова е од презентацијата на нацрт урбанистичкиот план за Аквапура. Многу малку може да се види, а тоа што може да се види не е многу јасно.


1.


2.


3. Eeek2 Колкаво ли е ова?


http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4031&Itemid=230


Edited by La Linea - 03-May-2008 at 11:40
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-May-2008 at 12:02
А ова некогаш вооппшто ќе почне да се гради или 10 години само ќе го промовираат? Почнува да ми заличува на ЕРА сити.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-May-2008 at 12:54
Во најновата Порта 3 читав дека треба да се досреди урбанистичкиот план и наводно нема веќе пречки. Еве ја сега оваа вест од Prespa Sky, јавната анкета завршува на 13.05 така да дефиитивно во текот на мај планот би бил усвоен... Па ќе видиме што после ќе измислат.

Само не ми е јасно зошто поставуваа камен темелник кога проектов немал абер

Еве го урбанистичкиот план во голема резолуција (иако не врши премногу работи бидејќии скенот е лош)

http://www.build.com.mk/docs/akvapura_plan.jpg

Еве и интервју со архитектот (од Теа Модерна) старо цели две ипол години Ohno. Има и некои мали рендерчиња таму





На официјалниот сајт на Аквапура од скоро Македонија е тргната. Сепак тоа немора ништо да значи бидејќи колку што гледам тргнати се сите планирани локации а оставени се само оние каде веќе имаат изградено комплекси.

http://www.aquapurahotels.com


Edited by pbanks - 03-May-2008 at 12:56
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Jun-2008 at 06:46
 

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОРТУГАЛИЈА

Аквапура ќе донесе елитен туризам во Преспа

Набрзо по завршувањето на административните постапки ќе почне изградбата на комплексот „Аквапура Преспа-Македонија“, изјави за португалските медиуми претседателот на„Аквапура“,ДиогоВас Гедеш

Интернационалната португалска корпорација за елитен туризам „Аквапура“, која одбра 12 најубави точки на планетата за да ги гради своите архитектонски бисери, пред три години го прогласи Преспанско Езеро за седма точка на светските убавини. Таа ангажира еден од најголемите архитекти на Европа, Мануел Ајрес Матеош, да го направи архитектонскиот проект за елитен туристички комплекс од хотел и вили на брегот на Преспанско Езеро. Во Министерството за транспорт и во Општина Ресен во завршна фаза е процесот на усвојување на урбанистичкиот проект за овој комплекс, со што Македонија ќе се запише на мапата на светскиот елитен туризам.На изворите на митската река Доро во Португалија, која е прогласена за светско природно наследство од УНЕСКО, никна првата од 12-те Аквапури во светот, „Аквапура-Доро“, проект штоја освои престижната награда за елитен туризам „Златен клуч“ за 2007 година, која ја доделува весникот „Еспресо“ , за најоригинален архитектонски комплекс во светот. По тој повод, македонската делегација што престојуваше во Португалија од 18 до 22 јуни и му врачи Светска награда за хуманизам на португалскиот синеаст Маноел де Оливеира, го посети овој бисер на светскиот елитен туризам. Претседателот на „Аквапура“, Диого Вас Гедеш, изјави за португалските медиуми дека очекува набрзо, по завршувањето на законските административни постапки, да почне изградбата на комплексот „Аквапура Преспа-Македонија“.

Амбасадорот Јордан Плевнеш, од името на Интернационалниот саем за туризам во Охрид, му го додели на Диего Вас Гедеш високото признание „Св. Климент Охридски“, кое свечено ќе му биде врачено на Водици 2009 г. во Охрид. Градоначалникот на Општина Ресен Димитар Бузлевски ја предаде скулптурата „Љубовта на апостол Павле“, дело на академскиот скулптор Андреј Митевски, како благодарност на граѓаните на Преспа за инвестицијата што ќе ја прероди сликата на Македонија во светот.

dnevnik
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Jun-2008 at 08:10
Originally posted by vardar

Во Министерството за транспорт и во Општина Ресен во завршна фаза е процесот на усвојување на урбанистичкиот проект за овој комплекс, со што Македонија ќе се запише на мапата на светскиот елитен туризам.Н


Каква проклета завршна фаза па ова го зборуваат веќе година дена. Борис Трајковски беше жив кога се навести овој проект побогу. Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Jun-2008 at 16:00
Originally posted by pbanks


Каква проклета завршна фаза па ова го зборуваат веќе година дена. Борис Трајковски беше жив кога се навести овој проект побогу. Bash


Истото си го помислив...

Мада со градоначалник како Бузлевски, не е ни реално да се очекуваат баш некои добри вести од Ресен и Преспа.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Jun-2008 at 00:40
Lake Prespa gets Architect Manuel Rocha De Aires Mateus
to Introduce it to the World



Way back in June, during the very last days of his premiership (Macedonia was all brewing with general election frenzy) Vlado Buckovski, the incumbent till July 6th, attended one warm Sunday the promotion of an impressive tourist investment project in a traditionally supporting region - the Prespa. SDSM, the former communists, have had the bordering territory as their backyard for decades. Passive (mainly agriculture: apple orchards) and emigration prone, Prespa also proliferated the middle and low-rank types for the party and the police. Now it was getting something big in return. An unbelievably prestigious €70-million heavy luxury tourist settlement to be built by the Portuguese firm Aquapura International right on the west shore of the lake next to Otesevo, an derelict trade-union "resort" of substandard hotels and matching facilities. Buckovski and the CEO of Aquapura International Diego Vas Gedes, probably for PR reasons, signed the project.

Last week the Portuguese were again in Macedonia. Buckovski has lost both the elections and the leadership of the party that made him a PM. So the 10-strong-team of guests from Lisabon went to see the new prime-minister, Nikola Gruevski, for whom they had brought the author, Manuel Mateus, to show and explain the project. That fact made me dig into this investment Manuel is one of the two brothers Mateus who produce (often together with their friend) stunning architecture acclaimed all the world round. If his design is built - more people will go to see it as a piece of architecture then a place to spend their vacation eating apples or trekking around the national park of Galicitsa. Macedonia gets another Kenzo Tange interested in building something special there. Manuel Rocha De Aires Mateus (1963) and Francisco Aires Mateus (1964) are a great team and superb architects. But then, there are others in Portugal too: and here you are with some stunning views taken by Fernando Guerra

The project "Otesevo" suddenly emerged in a very new light. I now the region and the particular locality. There, personally, I would not build a barn. But then - I am not any of the Aires Mateus brothers. What the hell could they see on that piece of shallow, stony shore that inspired them? I doubt that the motive could be the money from Aquapura because they are on the top-wanted designer lists. It is like having a Mell Gibson for a full season at the nearest (35 km.) local theatre in Bitola.

Diego Vaz Guedes from Aquapura can bullshit what he wants once he had secured the €70 million: their brand of exclusive facilities is totally marginal. The architect not him will include the characteristics of Macedonia in the project if they fit in his concept and the investor cannot much dictate to this profile of authors. Whatever the project will be it will carry the stamp of De Aires Mateus. The money-manager thinks of guests, of exclusivity, perfection and originality. The architect, then, dreams of the project.

It will be spread on 50 hectares on the coast of Prespa Lake (Otesevo and Carina) and includes a hotel with 70 rooms and suits, 50 villas, spa centre at 2.000 square meters, business centre, next-generation conference room, ski centre and a hunting reservation.

The land is already bought (the local press does not say either from whom nor for how much, which is rather fishy) and presently it is being cleared. The construction permit procedure is in process and if Dimitar Buzlevski the undisputed local boss and mayor of the borough of Resen, appears interested the construction to start next year, which is months from now. Aquapura is expected to publish the project on their web site. Presently they say the whole thing is still in design stage. The project is to be completed by the end of 2009.

I was most impressed with, what I still consider a flattery, the architect's statement that he was so much inspired by the local landscape and the beauty of Macedonia that he has incorporated the geographic, the historic and the overall multi-civilization-related values of the location. Mateus was quoted as saying that the place was splendid. The Government of Macedonia is the owner of the property in question. No details about the arrangement with Aquapura International were released.





Edited by beTon - 22-Jan-2009 at 17:44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Jun-2008 at 08:47
Originally posted by beTon

http://www.volkskrantblog.nl/bericht/93952


Инстересен текст. Но сепак две години стар. Очајно ни треба некоја свежа информација околу проектов (оние штури генерички објави по македонските медиуми не ги сметам за информации)
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Jun-2008 at 13:14
Treba da se otvori edna niska paralelna na Gotovi proekti- PROPADNATI PROEKTI.....

Mislam deka ke ja napolnime )))



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Jun-2008 at 13:47
еве мал демант blejds
Преспа се подготвува за отпочнување на изградбата на Аквапура
На 27 септември во Преспа ќе биде удрен камен-темелникот на хотелскиот комплекс “Аквапура”...

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Jun-2008 at 13:53
Originally posted by beTon

еве мал демант blejds
Преспа се подготвува за отпочнување на изградбата на Аквапура
На 27 септември во Преспа ќе биде удрен камен-темелникот на хотелскиот комплекс “Аквапура”...



beton за жал мислам дека се работи за стара објава на Тотал од лани. Ако го погледнеш вториот пост во оваа нишка (објавен на 27 Септември 2007) ќе видиш дека имам објавено вест дека камен темелникот е поставен.

Во продолжените, вестите наведуваат дека сепак проектот не отпочнал и дека има проблеми (наведени се имотно-правни односи и урбанистички проблеми)
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 27-Jun-2008 at 14:05
ок во право си се залетав по датумот на веб страната бидејќи во статијата нема година на отпочнување...мислам дека може да се избрише мојот демант...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Jun-2008 at 14:09
Originally posted by beTon

ок во право си се залетав по датумот на веб страната бидејќи во статијата нема година на отпочнување...мислам дека може да се избрише мојот демант...


Нема потреба да го бришеме. Нека стои како сведоштво на неефикасноста на македонските институции. И онака ја немавме постирано објавата тука. Thumbs%20Up

Cheers
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Jun-2008 at 14:29
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Jun-2008 at 17:15

Аквапура ќе донесе елитен туризам во Преспа
PrespaSky,
25/06/2008



...се будат преспани само да не заборават дека тоа трае веќе две години





Edited by beTon - 29-Jun-2008 at 01:09
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Jun-2008 at 01:10
Бучковски лани му ја ветил Преспа на „Л’ематион“, а денес доби тужба - Време -  21.06.2006

Бор инжинеринг ги тужи Владата и Општина Ресен -  Вечер -  12.12.2006

а за ова има некој абер или се чека локални избори да дојдат па да се полни муниција... работава излезе дека Бучко ја сардисал уште од почетокот, добро е што немаме агилни судови инаку и во загуба ќе отидеме со приказнава... 



Edited by beTon - 22-Jan-2009 at 17:47
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Jul-2008 at 11:27
Ohno

ПРЕСПА УМРЕ ЧЕКАЈЌИ ЈА ПОРТУГАЛСКАТА ИНВЕСТИЦИЈА
Елитниот туризам фати плевел
Во Отешево не се ни насетува монденскиот туристички комплекс што португалската компанија

Во Отешево не се ни насетува монденскиот туристички комплекс што португалската компанија "Аквапура" уште пред две години најави дека ќе го гради. Во остатоците од опожарените и веќе руинирани хотели Европа и Југославија се населиле ластовици, а долу, плажата е се поширока, а Езерото е повлечено барем уште метар. Никој досега не ги расчистил ни рушевините, иако површината од околу 50 хектари е оградена и долж оградата на растојание од неколку метри поставени се табли со напис - "Аквапура". Во туристичката населба "Царина" се уште се сместени 165 лица кои во 1991година во Македонија пребегаа од Мала Преспа во Албанија.
Освен хотелот Отешево, поранешен "Кјуби", и Центарот за рехабилитација на постари лица ништо друго не работи.
Амбасадорот Јордан Плевнеш вели дека е вообичаено за толку голем турстички комплекс процедурата за обезбедување на потребните дозволи и согланости за изградба да трае вака долго.
"По двегодишна одисеја низ македонските институции се надеваме есенва да стартува изградбата. Изминативе две години теренот е заграден и во него се купени сите објекти. Секојдневно има активности на теренот за подготовки на изградбата.
Градоначалникот на Ресен Димитар Бузлевски вели дека ги добиле потребните мислења и елаборати од Управата за заштита на културно наследство, и согласно добиените одговори во тек се измени на урбанистичкиот план. Управата дала согласност и предложила заштита на локалитетот, поради што се прават и измените.
"ИМПУМА ги внесува измените на урбанистичкиот план согласно мислењето што го добивме од Министерството за култура. Урбанистичкиот план потоа го испраќаме на мислење во Министерството за транспорт и врски, по што и Советот на Општината Ресен треба да се изјасни дали се прифатливи направените измени. Потоа ќе се пристапи кон издавање на потребните градежни согласности и очекуваме да стартува изградбата на проектот", вели Бузлевски.
Но на терен сликата изгледа дури и полошо од пред две години, зашто тогаш двата хотели уште стоеја нечепнати од пожарот.
Проектот на "Аквапура" во Отешево беше најавен со фешта непосредно пред парламентарните избори 2006 година. "Аквапура" на 11 јуни 2006 година најави дека во период од 2007 до 2011 година на брегот на Преспанското Езеро ќе изгради луксузен хотел, скијачки и ловечки центар, педесетина вили и други луксузни објекти што се очекува да чинат и до 50 милиони евра.
"Целта е да ја зачуваме специфичноста и автентичноста на Преспа, создавајќи атмосфера на ексклузивности и совршенство. Хотелите што ќе ги градиме ќе бидат интегрирани во рамките на заштитените области", рече Диего Ваз Гедеш, тогашен претседател на групацијата "Аквапура".
Португалската хотелска групација се пофали дека досега изградила вакви комплекси во прашумите на Амазон, на брегот на Пацификот, во долината на реката Доро во Португалија, во Тоскана во Италија.
Тогашниот премиерот Владо Бучковски најави: "Во изградбата ќе бидат вклучени македонски градежни фирми, а ќе се отворат и места за 350 до 400 нови вработувања. Од нив, 160 ќе бидат вработени во хотелските објекти. Тоа ќе биде импулс за нов економски поттик за локалниот и регионалниот економски развој".
Градоначалникот на Ресен Димитар Бузлевски тогаш забележа дека комплексите во Царина и во Отешево биле во очајна состојба, неатрактивни, оставени на забот на времето. "Конечно ќе ставиме крај и на голготата на македонските бегалци од Албанија, кои десет години живеат во туристичките згради во Царина" изјави тогаш Бузлевски.
Португалците земјиштето го купија по едно евро по квадрат оти тоа секаде во светот е начин за привлекување на гринфилд инвестиции.
Но во јануари 2007 министерот за транспорт и врски уште не знаеше за проектот, и изјави дека до Министерството не се доставени такви проекти. Претставници на "Аквапура", лани во септември, на Крстовден кога почнува и јаболкоберот, ставија и камен-темелник за новиот комплекс на брегот на Преспанското Езеро. И толку.
Тогаш претседателот на бордот на директори на португалската компанија "Аквапура Интернешнал", Диего Ваз Гедеш кажа:
"Хотелскиот комплекс во Преспа ќе биде уште еден бисер на картата на компанијата Аквапура за кој ќе слушне не само Европа туку и цел свет"
Нивниот архитект Мануел Аирес Матеуш кажа дека Преспа ќе ја стави на врвот од светскиот елитен туризам и дека со тоа ќе започне ренесансата на регионот.
Од тогаш досега работите не се помрднаа од место, а туризмот во Преспа речиси целосно замре.
Т. Јовановска

***

Аквапура ветува реставрација на археолошкото наоѓалиште

На локалитетот на "Аквапура" пронајден е и археолошки локалитет, Камари што е евидентиран во Македонската археолошка карта. Локалитетот е веднаш под хотелот Европа и е пронајден кога со багери расчистувале.
Паско Кузман од Управата за заштита на културното наследство вели дека е постигнат договор со инвеститорот на Аквапура да го заштитат археолошкиот локалитет.
"Станува збор за вила рустика од 4 век, односно најдени се остатоци од хипокауст што е греење за бања. Што точно постои на локалитетот ќе се знае кога тој целосно ќе се истражи. За да добијат дозвола за градба ќе треба да го заштитат локалитетот и да ја финансираат реставрацијата. Инвеститорот вели дека тоа за него нема да биде проблем", вели Кузман.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=154965&idg=8&idb=2438&rubrika=Makedonija


Edited by pbanks - 31-Jul-2008 at 11:28
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.