build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 156157158159>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3141 Posted: 17-Jul-2020 at 11:13
Зградава на Пелагонија сеуште нема некое решение за фасадата...градилиштето малку е скратено тарабите се до самата зграда и малку е расчистено натрупаното ѓубре



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3142 Posted: 17-Jul-2020 at 11:51
Со зградата на ЕСМ, најочигледен пример за тоа како ќе фрлиш пари за да направиш една функционална зграда да стане нефункционална и потоа пак ќе треба да фрлиш пари за да ја направиш функционална, што се вели, сиромавиот (и глупавиот) двапати плаќа.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3143 Posted: 17-Jul-2020 at 12:00
Премногу е грд овој дел што овака буквално го баталија,барем да ги тргнеа тоа завесите од фасадата или да ставеа нови ако ништо друго но ни тоа не се случи.Можеби пред следните локални ќе се пушти пак некој муабет за нив,во секој случај премногу недовршени објекти на мал потег во центарот на градот.Дел не се готови,готовите или се препродаваат или немаат технички прием и така е веќе со години.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3144 Posted: 17-Jul-2020 at 12:36
Рушење на Порта Македонија е прав политички и урбанистички потег.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3145 Posted: 17-Aug-2020 at 15:42
Станарите во барокните згради ќе одлучуваат за судбината на фасадите!?







Во предлогот на новиот ДУП – Мал ринг што го подготви општина Центар се отстрануваат целосно насоките од планот во 2012 година за тоа како треба да изгледаат фасадите (барок, неокласицизам,….). – Им се остава на самите институции, приватни или државни, да направат фасада како што ќе предложат тие, или да ја вратат постоечката, укажа градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на јавната анкета по овој многу важен план за центарот на главниот град. Работната група за проектот „Скопје 2014“, пак, сугерира во Општите одредби за спроведување на планот треба да има дел што ќе предвиди одредени мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на поранешна НАМА, ЕВН, МЕПСО…Кое решение ќе биде прифатено останува да одлучи комисијата на општина Центар

Дали двата објекта од левата и десната страна на Порта Македонија конечно ќе бидат откриени, ќе се знае од решението што ќе биде прифатено во новиот Предлог – детален урбанистички план „Мал ринг“ за судбината на фасадите на сите објекти во центарот на Скопје кои се преоблечени во рустикален (барокен) стил.

Фасадите на зградата на „Пелагонија“ и висококатницата на ЕСМ – ЕВН останаа недовршени и веќе три години го нагрдуваат влезот во плоштадот „Македонија“, откако во јануари 2018 година новиот скопски градоначалник, Петре Шилегов ја сопре изградбата на барокните фасади низ Скопје, кои се реновираа по налог на неговиот претходник Коце Трајановски. Освен овие две згради, како и онаа на „Палома Бјанка“, стопирана беше изградбата на вкупно 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на проектот „Скопје 2014“ во центарот на градот, кој почна да се реализира од 2008 година.

Во предлогот на новиот ДУП – Мал ринг што го подготви општина Центар се отстрануваат целосно насоките од планот во 2012 година за тоа како треба да изгледаат фасадите (барок, неокласицизам,….).

– Им се остава на самите институции, приватни или државни, да направат фасада како што ќе предложат тие или да ја вратат постоечката. Ако остане планот од 2012 година и неодамна распаднатата фасада на зградата на енергетската компанија МЕПСО (настрада во невремето што го зафати Скопје пред некој месец), ќе мора да биде обновена во некој од предвидените стилови со планот од 2012 година – укажа градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на јавната анкета по овој многу важен план за центарот на главниот град.

Меѓу повеќе од двесте анкетни ливчиња со забелешки што пристигнале до општина Центар во рамките на јавната анкета за новиот ДУП – Мал ринг е и мислењето на Работната група за проектот „Скопје 2014“. Тие во својот допис укажуваат дека во Општите одредби за спроведување на планот треба да има дел што ќе предвиди одредени мерки за враќање на оригиналните фасади на згради што имаат големо значење како културно наследство и високи архитектонски квалитети, како што се зградите на поранешна НАМА, ЕВН, МЕПСО…

Какви решенија за фасадите ќе бидат усвоени ќе одлучи комисијата на општина Центар од каде пак, велат дека прво ќе ги разгледаат забелешките кои потоа ќе бидат вметнати во плановите.

– Откако комисијата ќе заврши со анкетните листови планот се праќа во Град Скопје и Министерство за транспорт и врски од каде тие го враќаат со нивни забелешки. Потоа тој оди на Совет, на гласање. Доколку нема некоја забелешка за повторно да оди на јавна анкета, планот ќе биде донесен во најкраток можен рок – велат од Општината.

Само за рефасадирање и барокизација на повеќе објекти на плоштадот и од двете страни долж улиците „Македонија“, „11-ти Октомври“, „Никола Вапцаров“, „Димитрие Чуповски“ и „Максим Горки“, како дел од проектот „Скопје 2014“ на поранешниот премиер Никола Груевски, беа потрошени десетина милиони евра. Повеќето згради беа „облечени“ со фасаден малтер кој дава ефект на мермер-травертин и беа поставени декоративни елементи, како венци, влезни портали со релјефи, различни скулптури и декоративни светилки. Со тек на време, дел од фасадите беа оштетени и делови паѓаа на земја.

Тогашното градско раководство овие зафати ги реализираше согласно донесената Програма за реконструкција и доградба на објекти во Централното градско подрачје на градот Скопје од страна на градските советници, а се правдаа дека имаат и согласности од станарите заверени на нотар со кои на Градот му даваат дозвола за реализација на основите проекти за реконструираните фасади.

По седнувањето во градоначалничката фотелја, Петре Шилегов на почетокот на 2018 година ја стопираше изградбата на барокни фасади низ центарот на градот. Парите што за таа година биле наменети за барокни фасади, рече дека ќе ги пренамени за енергетски ефикасни фасади во средните училишта и други еколошки проекти.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/станарите-во-барокните-згради-ќе-одлу/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3146 Posted: 17-Aug-2020 at 19:59
станарите ќе се бараат преку тендер, а подоцна преку оглас ќе се одлучува како ќе изгледа фасадата
...морони
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3147 Posted: 25-Aug-2020 at 09:28
Утрово забележав дека се редат стаклени панели на зградата на ЕЛЕМ до ГТЦ. Е сега, има некакви чудни конструкции на самата зграда, ставани се метални шипки над бетонската „барокна“ обвивка која ја прекри оригиналната конструкција на зградата

.

Звучи збунувачки, ама не знам како инаку да објаснам

Ќе сликнам подоцна, па ќе објавам фотки тука попладне.



Edited by Џоле - 25-Aug-2020 at 16:46
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3148 Posted: 25-Aug-2020 at 12:03
Прави една тура, кога веќе поминуваш таму😄
Ова зграда сигурно ќе биде за град скопје.

Edited by my Macedonia - 25-Aug-2020 at 12:04
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 274
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #3149 Posted: 25-Aug-2020 at 12:24
Сега ќе прават „лажна модерна фасада“ врз „лажна барокна фаса“? Боже па ние сме за во гинис!
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3150 Posted: 25-Aug-2020 at 13:01
Поточно, ќе ставаат „лажна модерна фасада“ врз „бетонска лажна барокна фасада“ која беше ставена преку нормалната модерна фасада.

Монти Пајтон гомна да јаде.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3151 Posted: 25-Aug-2020 at 16:47
Како што ветив утрово:







За сè има вторпат
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 141
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3152 Posted: 25-Aug-2020 at 17:08
неее лажешшш овие озбилно ставаат лажна модерна фасада врз почнатата лажна барокна??? надреално е ова жими се

ајајајај

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3153 Posted: 25-Aug-2020 at 17:18
Е ова се нарекува SCHEISSE
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3154 Posted: 26-Aug-2020 at 10:59
Значи ќе има некои бели панели со редови стакло. Може добро да излезе, ретро ама ок.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3155 Posted: 26-Aug-2020 at 15:44
Ова не се прозорците што ги извадија од старата фасада?




Мобилен+движење+ноќ=
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3156 Posted: 26-Aug-2020 at 17:58
И што е сега ова? Има ли некакво соопштение за јавноста?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 214
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3157 Posted: 27-Aug-2020 at 01:02
Не ми е јасно што се случува овде, но знам дека не ми се допаѓа.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3158 Posted: 27-Aug-2020 at 17:52
ова што го сликал Џоле се прозорите од старата фасада, или ги имаат вратено, или не се извадени уште од кога почнаа со интервенција на објектов (поверојатно ми е второво)
инаку, вчера поминав таму и видов дека ги собираат скелињата од фасадата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3159 Posted: 31-Aug-2020 at 10:49
Сликано утрово:

За сè има вторпат
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 141
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3160 Posted: 31-Aug-2020 at 10:55
Ги тргаат скелињата зошто ?

Ај може се откажале од "модерна" фасада па ќе ми го остават во игра сонот,зградава,чирот пред нејзе и до нејзе да ги снема од плоштадот.

Edited by David - 31-Aug-2020 at 11:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 156157158159>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.391 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.