build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2502
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ГУП - Скопје
    Posted: 22-Sep-2020 at 21:27
„Јужна обиколница“ за мене значи автопат ист како и северната обиколница. Изградба на автопат на подножјето на Водно е глупост која би ја уништила природата, а не би била од големо значење за сообраќајот, особено ако се изградат останатите сообраќајници.

Улицата за која зборува Theoden е обична улица која ваква каква што е можеби би била корисна (иако треба добра анализа за влијанието врз животната средина), но во никој случај не смее да прерасне во нешто поголемо, ниту пак може да има некаква улога во градскиот и меѓуградскиот транзит.


Јужен булевар во голем дел е или пробиен, или на места каде што не ја загрозува природата. Пореални прашања се дали тој треба да биде урбан автопат, со клучки и сервисни улици до него, или булевар со по некоја клучка, како и тоа дали треба пробивање помеѓу нас. 11 Октомври и пругата, или доволно е да го следи бул. Борис Трајковски од клучката кај Билна.

Помалку реално е прашањето за пробивање на Јужен од Нерези до обиколница во Сарај; шансите за ова се и онака мали. Засега е доволно подобрување на постоечкиот пат, а за Јужен би можело да се размислува ако во Сарај се изгради станбена населба за 15-20 илјади луѓе.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 251
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Sep-2020 at 20:54
Originally posted by MKDSTRUGA

Juzen bulevar ili juzna obikolnica pominuva na mestoto na parkovite pokraj bulevarot Teodosij Gologanov pa se nadovrzuva na Tunelite pod Limak i izleguva pozadi Flatron zgradata na Adora vo Kisela voda potoa odi pravi izleguva od Skopje i se spojuva na avtopatot nekade kaj obikolnicata. Zapadniot vlez pocnuva od avtopatot TE-SK nekade pred Saraj i kaj Replek se spusta na mestoto od parkovite pokraj Tesodosij Gologanov.

Јужен булевар =/= јужна обиколница. Се работи за две различни сообраќајни врски. И јас прво се сепнав кога првпат најавија дека ќе ја бришат јужната обиколница, да не случајно мислат на Јужен булевар, но не е така. За јужната обиколница веројатно е и подобро вака да се избрише, но бришење на јужниот булевар би било фрлање една вечна клетва за хаотичен сообраќај над Скопје.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Sep-2020 at 20:51
Originally posted by skopskodete

Новиот ГУП го има некаде?


Новиот(2022-2032) е во изработка стариот е од 2012.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 578
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Sep-2020 at 18:12
Новиот ГУП го има некаде?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 180
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Sep-2020 at 13:46
Juzen bulevar ili juzna obikolnica pominuva na mestoto na parkovite pokraj bulevarot Teodosij Gologanov pa se nadovrzuva na Tunelite pod Limak i izleguva pozadi Flatron zgradata na Adora vo Kisela voda potoa odi pravi izleguva od Skopje i se spojuva na avtopatot nekade kaj obikolnicata. Zapadniot vlez pocnuva od avtopatot TE-SK nekade pred Saraj i kaj Replek se spusta na mestoto od parkovite pokraj Tesodosij Gologanov.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 251
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Sep-2020 at 13:16
Originally posted by Staro Skopje

Која е трасата на јужната обиколница?

Од зад Реплек, над Жданец, Трнодол и Козле, треба да излезе на Панорама, и оттука над Кисела Вода да заврши на последниот кружен тек на бул. „Србија“. Се гледа и на тековниот ГУП погоре, обична улица е, не булевар.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2502
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Sep-2020 at 11:14
Која е трасата на јужната обиколница?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2502
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Sep-2020 at 21:07
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА НОВИОТ ГУП НА СКОПЈЕ

Со потпишувањето на денешниот договор помеѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје.

- Бидејќи станува збор за еден сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата изработка директно ќе се вклучи Агенцијата за просторно планирање со поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, академската заедница, невладиниот сектор, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа. Генералниот урбанистички план на Град Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на период од една декада. Како таков се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот – изјави Шилегов.

Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Претходниот ГУП на Град Скопје беше усвоен 2012 година и оттогаш до денес извршени се многу парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини.

- Како градоначалник лично се залагам за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување на одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард – рече Шилегов.

Тој додаде дека во неговата визија Скопје го гледа како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедување чиста и здрава животна средина.

- Верувам дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци кои стојат во актуелниот и во претходните ГУП-ови. Минатата година кога со министерството ја договаравме оваа соработка за пример ја земав планираната јужна обиколница на градот која според моето слободно уверување е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзината изградба е потребно уништување на добар дел од Водно. Сосема на крајот ќе подвлечам дека до 2022 година истекува важноста на постојниот ГУП. Сметам дека процесот на изработка на новиот ГУП ги вклучува сите засегнати страни на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука убеден сум дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани - нагласи Шилегов.

Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за просторно планирање, Огнен Апостолски.

skopje.gov.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2502
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-May-2020 at 22:20
Кога треба да почне планирањето на следниот ГУП?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Oct-2019 at 16:06
Скопје треба да се шири кон северниот дел

Скопје во наредната деценија треба рационално, контролирано и флексибилно да се шири, со цел градот да обезбеди одржлив развој. При тоа, новиот Генерален урбанистички план кој ќе важи за периодот од 2022 до 2032 година, ќе треба да се испланира на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот на сметка на рационално користење на неискористените слободни површини во северниот дел.

Ова е визијата за развој на Скопје на градоначалникот Петре Шилегов, кој во наредната декада метрополата ја гледа како зелен град со одржлива урбана мобилност на сообраќајот, а се во функција на чиста животна средина.

Ваквата заложба, Шилегов му ја предочи ма министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на работната средба на која разговара за начинот на кој ова ресорно министерство ќе може да се вклучи и да ја поддржи изработката на ГУП-от кој е стратешки план за развојот на Скопје.

– Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП, повеќе од потребна е поддршка не само од министерството, туку и од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните, директно или преку единиците на локалната самоуправа – изјави Шилегов.

Тој потенцираше дека верува оти во текот на изработката на новиот ГУП ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација.

– За пример ја земам таканаречената јужна обиколница која според моето мислење, но и според мислењето на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзиното пробивање е потребно да се уништи добар дел од Водно – потенцираше скопскиот градоначалник, нагласувајќи дека до истекувањето на важноста на постојниот ГУП има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во неговата изработка на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг.

Сугарески истакна дека Министерството за транспорт и врски се става во поддршка, во се она што Градот сака да го направи и да помогне во 2022 година да се донесе новиот ГУП, не само во финансиски, туку и со стручна помош.

Тој напомена дека во финална фаза е донесувањето на Законот за урбанистичко планирање.

– Токму во овој правец е донесувањето и на Законот за урбанистичко планирање. Направивме дебата со екологисти, стручни и надлежни лица. Целта е да се направи баланс меѓу стопанскиот развој и екологијата, поточно заштитата на животната средина. Не се во прашање ничии бизнис интерси. Се работи за целосно транспарентна постапка за донесување на овој закон. Доколку се подготви, очекувам наредната недела овој закон да оди на второ читање пред Собранието и со тоа постапката да биде затворена – најави Сугаревски.
(А.П.)

https://www.vecer.press/скопје-треба-да-се-шири-кон-северниот-д/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Oct-2019 at 16:05
И со новиот ГУП за Скопје ќе се гради во центарот на градот

Град Скопје најави изработка на нов Генерален урбанистички план. Планот на градоначалникот Петре Шилегов е Скопје да биде зелен град со пешачки зони во централното градско подрачје. Најавува проширување на Скопје кон северниот дел на градот. Но, Шилегов не се откажува од нови градби во центарот на главниот град. Вели, и во иднина ќе се гради, но овој пат плански.

„Дефектите кои ги имаме во животната средина е токму поради непланското градење. И никогаш ниту јас ниту некој од политичката структура каде што јас припаѓам не сме зборувале дека нема да се гради, туку ќе се гради по план. Во оваа фаза ние започнуваме постапка на изработка на Генерален урбанистички план со кој ги утврдуваме деловите од градот. Преамбициозно ќе биде сега да зборуваме дали ќе има определени објекти на определени места“, рече Шилегов.

Новиот закон за Урбанистичко планирање кој е заглавен во собраниска процедура треба да стави комплетен ред во однос на новите градби. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува во брзо време да биде донесен Законот и негира било каква вмешаност на бизнис интереси во кочењето на решението. Но потенцираше дека Законот треба да биде добар и за економски развој, но и еколошки бенефити за градот и државата.

„Не само одредени категории да бидат задоволени, навистина да направиме нешто утре и да треба да се гради да биде со план изградено а не да биде изградено само колку дека на некого му текнало“, рече Сугаревски.

Градоначалникот Шилегов ветува дека ГУП ќе се подготвува со сите релевантни чинители, а најави и дека ќе се одржат неколку јавни дебати. Тој напомена дека во новиот план ќе ја нема јужната обиколница се со цел да се спаси Водно од уништување. Инаку, претходниот ГУП на град Скопје е усвоен во 2012 а важноста му истекува во 2022 година.

Иле Петревски

https://www.alsat-m.tv/mk/и-со-новиот-гуп-за-скопје-ќе-се-гради-во/
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Jan-2019 at 12:24

Интервју со градоначалникот на Скопје. Бидејќи нема некоја општа тема за Скопје најсоодветно ми е да го ставам тука. Новинарот не е целосно подготвен, но има некои интересни информации.



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Oct-2017 at 00:44

дали при новонајавените измени на ГУП-от, во прв план ќе бидат неап-от и леап-от во костец загадувањето, дали и нив не треба да ги ревидираме, битно се работеше на истиот и порано, и посекако ќе треба пак ... дали Шилегов истакна каде како ќе го дополнуваат гупот, можеби во хард рок

http://vistinomer.mk/trajanovski-na-koj-nachin-e-donesen-gup-ot-od-2012-godina-002/

видено наназад низ есапот на дпмне за гуп-едитирање, денес ништо помалку е сличниот на сдсмп, самодоволност или вишок енергоја ...

Originally posted by beTon

а за упадот сме на различна фреквенција, гупот не е устав ниту партија па посекако доколку се процени дека нешто треба да се промени тоа нешто треба и да се промени
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Dec-2012 at 20:20
Вчерашното интервју со градоначалникот на Скопје. Не знаев каде точно да го ставам видеото па го ставив тука, ако има посоодветна нишка слободно преместете го.


Edited by HugoGoulding - 22-Dec-2012 at 20:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12249
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Dec-2012 at 01:39
Originally posted by IN_MOTION

А што е со делот во бутел одма после обиколницата??? Тој дел не спаѓа во градот?





Edited by Cloverstack - 10-Dec-2012 at 01:39
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Dec-2012 at 23:32
А што е со делот во бутел одма после обиколницата??? Тој дел не спаѓа во градот?
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Dec-2012 at 23:12
Им пишав на ФБ и рекоа дека конечната верзиjа била иста со нацртот што бил на страната на Град Скопjе.
ಠ_ಠ
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Dec-2012 at 23:55
Дали некаде ја има конечната верзија. Онаа на Град Скопје е со датум 29.09.2012 знам дека после тоа имаше еден куп забелешки од кои некој беа приватени.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Dec-2012 at 21:49
ова јас не го сваќам

Бардовци и Жданец отпаднаа од Скопје

Според градоначалникот Коце Трајановски, со новиот план многу граѓани ќе можат да си го решат проблемот со дивоградбите



Граѓаните имаа можност да извршат увид на планот
УСВОЕН НОВИОТ ГУП НА ГРАДОТ
Населбите Бардовци, Волково, Трнодол и Жданец, иако се дел од градот, не се предвидени во новиот генерален урбанистички план што беше изгласан вчера и ќе важи до 2022 година. Во него не е предвиден соодветен економски развој. Поради тоа од советничката група на СДСМ во советот на градот гласаа против усвојувањето на новиот генерален урбанистички план. Од друга страна, според градоначалникот Коце Трајановски, новиот план за Скопје ќе овозможи поголем развој на градот, односно со измените во планот, некои индустриски зони се заменети со зони за домување, со што се овозможува развој на градот. Тој посочи и дека со планот многу граѓани ќе можат да си го решат проблемот со дивоградбите.
Од градот велат и дека многу од сугестиите, барањата и предлозите на заинтересираните биле прифатени во текот на досегашната расправа за ГУП.

Сепак, Никола Велковски, советник од СДСМ и поранешен градски архитект, вчера предупреди дека со поделбата на квартови се остава простор за малверзации со деталните урбанистички планови.

- Многу лесно површините што во плановите се наменети за јавни може да се пренаменат во комерцијални по барање на инвеститорите. Друго нешто што не ми е јасно околу овој план е тоа дека во опфатот на границите останува ист. На пример, нејасно е зошто некои населби што веќе имаат основни комунални потреби, како што се Бардовци, Волково, Трнодол и Жданец, не се влезени во границите на планот. Таква е ситуацијата и со Шпанско Село. Што ќе се случува со овие населби сега? Бидејќи не се во опфатот на планот, тие нема да имаат можност да се легализираат. Исто така, планот е изработен врз база на стари и погрешни податоци и не е врз база на ажурирана геодетска подлога, без одржан попис, без демографска структура на населението и без иновиран катастар на населението - истакна Велковски.
Тој додава дека од новиот план се очекувало да го овозможи новиот сообраќаен модел, но тој документ градот планира да го донесе дури во декември 2014 година.

На една од претходните расправи пензионираниот професор Михаил Токарев, како претставник на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, напомена дека нацртот на ГУП е нереален, бидејќи нема прецизни податоци за бројот на жителите во Скопје поради нереализираниот попис на населението. На ова Аљоша Шопар, генерален координатор за ГУП, истакна дека идниот документ за наредните 10 години треба да ги задоволи потребите на 650.000 жители.

Изминативе неколку месеци донесувањето на ГУП беше тема на секоја седница на градот. Експертите и градоначалниците расправаа за дилемите и забелешките, се организираа координативни тела и работилници за да се дискутира за планот. Поради ова се одложи и донесувањето на конечната верзија на новиот ГУП, која требаше биде донесена на 30 октомври.
Повторно одложен извештајот за вработувањата
Извештајот за масовните вработувања во јавните претпријатија на градот не е доволно итен за да се разгледува на вонредна седница на советот на градот, заклучија вчера советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и гласаа против оваа точка.
Ова е веќе второ одложување на извештајот, откако минатата недела опозицијата ја бојкотира вонредната седница на која единствена точка на дневен ред беше извештајот.
Советниците од советничката група нa СДСМ во градот велат дека нема да се откажат од извештајот за масовните вработувања во јавните претпријатија на градот. Дафинка Саздова од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ им порача на колегите од СДСМ, ако сметаат дека има прекршување на законот, да поднесат документи до надлежните институции и до обвинителството.


     
Автор: Александра Денковска      Фотографија: Игор Бансколиев

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12412927365&id=14&prilog=0&setIzdanie=22746
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Sep-2012 at 23:10
ИНТЕРВЈУ: Нашата фела треба да преставува коректив во изготвувањето на новиот Генерален урбанистички план на Скопје

Процедурата за донесување на новиот Генерален урбанистички план на главниот град за периодот од 2012 до 2022 година е навлезена во напредна фаза и непречено се одвива и покрај сите забелешки и контроверзи кои го следат процесот. Архитектите и другите повикани стручни лица обвинуваат за нетранспарентност, а политичката опозиција обвинува дека власта манипулира со повеќе верзии на планот. Минатата недела во хотелот „Континентал“ се одржа третата стручна работилница на која беа презентирани забелешките на општинските градоначалници, на која дел од нив повторно изнесоа нелогични и себични барања кои се косат со функцијата на овој документ да обезбеди поголема интеграција на градското ткиво. Во ваква ситуација, од претседателот на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, Даница Павловска – Циги, побаравме да ги сподели со нас своите гледишта за состојбите околу изготвувањето на ГУП-от.


 

 

За телевизијата „Телма“ неодамна изјавивте дека барате стопирање на процедурата за донесување на новиот ГУП на Скопје и како причини ги наведовте сеуште недонесениот Просторен план за скопскиот регион и неспроведениот Попис на населението. Дали има и други причини поради кои сметате дека процедурата за ГУП-от треба да се одложи?

Се работи за несоодветен термин „стопирање на процедурата за донесување на ГУП-от на Скопје“ што јас во ниеден момент не го сум го искажала затоа што е крајно неразумно да се прекине така важен планерски процес особено ако процедурата е во поодмината фаза – Нацрт План. Значи, ако се работи за терминолошка грешка тогаш да се појасни дека се работи за одлагање на моментот на усвојувањето на Планот, затоа што навистина постојат причини за пролонгирање на термините. Факторот време е во прашање, на што ние укажувавме многу порано кога се утврдуваа роковите за изработка и завршување на Планот. Мојот исказ е повеќе од апел, да се даде време за да се преиспита веке изготвениот материјал, стручно да се дебатира по оделни аспекти, теми и сегменти. Апсурдна е динамиката на реализацијата и завршување на овој проект.

 

 

Кој е Вашиот генерален став во однос на спроведувањето на процедурата за донесување на новиот ГУП?

Предвидената процедура според важечкиот систем на просторно и урбанистичко планирање се следи како законска обврска, но низ несоодветни форми, со нелогично одминување на хиерарски повисокиот стратешки Просторен план на регионот и со необјасниво куси рокови. Слабостите на тој систем не се надминуваат низ негово разумно практикување туку се злоупотребуваат на општа штета. Банална е потребата на утврдување на Планот (каков и да е!) до крај на годината или наведување на причина како што се пролетните локални избори и слични приземни интереси во споредба со важноста на визијата за просторниот развој до 2020 година.

 

 

Дали имате забелешки на конкретни решенија вцртани во нацрт ГУП-от?

Да, но не си дозволувам да на овој начин коментирам нешто што бара продлабочена проценка и високостручен обемен коментар. Сметам дека серија на тематски дебати и дискусии само ќе ги појаснат и проблемите и нивните можни разрешувања. На пример, Нацрт Планот нуди нова морфосинтакса на градот што само по себе инсинуира видоизменување на урбаната текстура и со тоа се генерира нова (можеби поквалитетна) реалност на постојната суптилна урбана структура на градот. Исто така, ја препознавам развојната компонента на Планот во можноста на континуиран процес на репланирање, а да не зборуваме за изнесената сугестија на практикување на принципот на перманентно истражување итн. Навистина би имале за многу нешта да разговараме и да се советуваме со најразлични други професионални профили…

 

 

Дали претставници на Асоцијацијата на архитекти се поканети да учествуваат во телата кои го изработуваат и евалуираат ГУП-от?

Не, но тоа и не се очекува од ААМ туку од повикани стручни субјекти затоа што изработувањето или евалуирањето на Планот е извонредно одговорна и висококвалификувана работа која ја прават специјализирани овластени тимови. Според законот нашите членови треба да се повикани, можеби и по сопствената совест, да учествуват само во стручната расправа за Планот и за Извештајот од Оценката на влијание на животната средина на самиот План (кои за жал веќе се одржаа во несоодветни термини и со несериозна логистика), а за да дадат свој придонес.

 

 

Дали Асоцијацијата на архитекти како организација има усвоено некакви официјални заклучоци или став во врска со донесувањето на новиот ГУП?

Нашата фела се смета за општествено одговорна советодавна структура и како компетентен субјект со своето активно присуство треба да преставува коректив на овој проект – изготвувањето на новиот ГУП-от на Скопје. Со оглед дека тој преставува највисок стратешки документ за развојот на градот, нашиот став е дека организациите на архитектите како што е ААМ или Комората на овластени архитекти и овластени инженери мора да бидат инволвирани во процесот. На неодамнешната меѓународна средба на архитектите на Венецијанското Биенале донесен е Манифест, потпишан и од наша страна, кој е упатен до сите одговорни европски структури. Во него се подвлекува неопходноста од осознавање на круцијалната улога на архитектурата и напреднатиот урбан развој како водичи за различноста и одржливоста во креирањето на заедничката европска иднина. Значи и според европските видувања архитектурата има клучна улога во сите политики кои имат импакт на развојот вклучувајки економска, социјална, кутурна или еколошка условеност.

 

 

Презема ли Асоцијацијата некакви активности за да ги одбрани своите ставови во однос на ГУП-от и дали можеме да очекуваме во недостаток на транспарентност од институциите, ААМ да организира јавна дебата на која детално би се отвориле сите прашања кои не можат да се отворат во моменталната институционална процедура?

Тоа не е исклучено, но нашиот моментален капацитет не би можел да ги издржи тежината и многузначноста на евентуалното агресивно наметнување на стручната наспроти политичката воља. Ние само oчекуваме еден интелигентен приод кон нашата понуда односно очекуваме простор за контрибуција ( заедно со останатите компетентни) во создавањето на „smart city – умен град“.

 

 

Дали институциите прават било какви обиди да се подобри транспарентноста на процесот за донесување на новиот ГУП и дали сметате дека кај нив воопшто постои волја за поголема транспарентност на овој процес?

Не сум сигурна дека објавувањето на поедини сегменти од Планот на веб страната на Градот Скопје може да се смета за подобрување на транспарентноста. Во поимањето на таа категорија битно се разликуваме! Декларативно постои воља која фактички се сведе на средби со градоначалниците на општините и нивни видувања. На последната таква средба (самоповиканата) ААМ го илустрираше своето (очајничко) барање за преиспитување на Планот со: неможноста за обединување на резултатите од направените анализи и студии, проблематизирање на влезните демографски параметри итн. За жал, ништо повеќе не е организирано и понудено на стручната јавност а тука се мисли и на економистите и на социолозите и на екологистите и на „заштитарите“ и на сообраќајците…



#
Објавено на 10.09.2012 во категорија Вести.

Тагови: ААМ, ГУП Скопје, Скопје, Урбанистички планови

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.