build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 20-Mar-2012 at 12:39

Дивоградбите пречка за новопланираните булевари


 

Рушење на два-три отсто од постојните објекти за да се изгради добра сообраќајна мрежа е практика во сите држави, смета Андреј Токарев, професор на Архитектонскиот факултет

 
 
%20  

За растоварување на сообраќајот треба да се срушат голем број куќи

Големиот број дивоградби изградени на трасите каде што според новиот генерален урбанистички план се предвидени булевари, може да претставуваат голем проблем. Речиси сите градоначалници и стручни служби на општините бараат да се поместат трасите на некои булевари, кои треба да поминуваат во нивните општини. Причината се веќе изградените куќи. Во општината Аеродром им пречат булеварите Видое Смилевски-Бато и Борис Кидрич, додека во Карпош, пак, бараат ново решение за јужната обиколница.

- Трасата на булеварот Видое Смилевски-Бато треба да се помести затоа што на нејзино место веќе се изградени куќи. Исто така, бараме и да се повлече трасата на булеварот Борис Кидрич, затоа што таму веќе има изградени објекти, а има и граѓани што бараат земјиштето да им се врати со денационализација. Сакаме некако да им излеземе во пресрет на жителите - вели Ивица Коневски, градоначалник на Аеродром.

Со сличен проблем се соочува и Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош. Тој бара да се најде друго решение за јужната обиколница и предлага сообраќајницата да се изгради до половина, односно кај улицата Димитар Митрев, а понатаму да се бара некое друго решение и друга траса.

- Веќе 50 години ги лажеме луѓето што живеат на тој потег. Не можеме да им издадеме градежна дозвола затоа што таму требаше да се гради сообраќајницата, па затоа им дозволувавме на диво да градат и од таа причина не би било фер да ги срушиме - смета Јакимовски.

Гази Баба е една од скопските општини што има најмногу дивоградби. Нејзиниот градоначалник Тони Трајковски вели дека на нивната територија има близу 16 илјада барања за легализација, меѓу кои и за натстрешници и тераси.

- Дивоградбите може да ни претставуваат проблем, затоа што голем дел се на трасите на новопланираните булевари. Затоа и побаравме булеварот Хрватска да се пренамени во улица и да се направи друга траса за булеварот што треба да поминува низ Инџиково. Некои од овие булевари се предвидени и во претходните планови, но токму поради веќе изградениот простор, тие не можеле да се изградат - објаснува Трајковски.

Според градоначалникот Коце Трајановски, ако не се реализираат новите булеварски решенија, скопјани ќе се задушат во сообраќај. Тој смета дека, ако се предвидат булевари на места каде што не можат да се изградат, џабе ќе се прави нов генерален план, затоа што во реалност нема да биде функционален.

- На територијата на градот има околу 100 илјади дивоградби. Ако има можност на седница на совет ќе донесеме одлука некои од објектите да се легализираат, но не и оние што се изградени на трасите каде што треба да поминуваат клучните сообраќајници. Затоа, булеварите треба да ги сфатиме како светци - нагласува Трајановски.

Тој им порача на скопските градоначалници, откако ќе се донесе новиот генерален урбанистички план, да ги пазат главните сообраќајници и да не се дозволи ниту најмал камен да се стави на нив.

Андреј Токарев, професор на Архитектонскиот факултет, вели дека, ако еден град нема добро развиена сообраќајна мрежа, исто како да нема ништо.

- Рушење на два-три отсто од постојните објекти за да се изгради добра сообраќајна мрежа е практика во сите држави. Само ќе мора да се најде начин сопствениците на објектите да се обесштетат. Мора да сфатиме дека јавниот интерес е секогаш најважен, а изградбата на булевари е една од најважните работи за еден град да има проток - објаснува професорот Токарев.




Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32012914267&id=14&setIzdanie=22535

Општинскиве градоначалници ми делуваат како комплетни дегени. Сега е загрозена и трасата на булевар Хрватска, кој е еден од клучните булевари во прстенот булевари Србија-Војводина-Хрватска-БиХ-Словенија! Без овој булевар, ќе имаме големи проблеми за само 10тина години!

Повторно, позитивно сум изненаден од изјавата на Коце, кој во последно време се' повеќе ги брани булеварите. Се надевам дека неговиот глас ќе има најголема тежина.


Edited by alexgizh - 20-Mar-2012 at 12:41
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 20-Mar-2012 at 13:41

И јас се зачудив, како можат да даваат вакви изјави и да се ставаат во одбрана на вакви глупави предлози. 

Ај да оставивме инфраструктурата и на секој можен метар квадратен во Скопје да изградиме објекти... И после што... Ќе се заглавиме, два чекори нема да можеме да направиме...

Се чудам зошто не сфаќаат дека овој, како и секој друг град не е спална соба и дека треба да има што повеќе станови и куќи за луѓето да живеат.... Не... Град како град треба да има движење, интеракција, живот, возбуденост, да биде мотор на секое општество, да функционира, да произведува, да ги задоволува потребите на граѓаните ... А не да биде единствено, место за живеење... На Скопје му треба развој, а не стагнација...

Јас мислам дека Скопје се повеќе може да се спрореди со свиња која непрекинато се гои, и станува се потромава...



Edited by FoSsiL - 20-Mar-2012 at 13:42
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 05-Apr-2012 at 15:15
Какви се бисери излегуваат од главата на Коце Трајановски, понекогаш се прашувам дали градоначалникот на Скопје е возрасна личност со сопствен ум и разум, или дете кое со паметот е во земјата на чудата, Алиса на крајот се буди, но Коце наш за жал сеуште спие.
 
Да видиме:
 
 - Да се поправи и рестартира часовникот кај Стара Железничка, на секои 60 минути да свири народна песна;
 - Да се врати коцката, така било во Париз, така да биде и во Скопје;
 - Да се изгради трамвајска мрежа и да се донесе трамвај во Скопје, иако отворено и јавно признава дека инвестицијата не е исплатлива, или со негови зборови: "Исплатливоста на трамвајот е на работ на исплатливост";
 - Плажи покрај кејот на Вардар, за да има каде да пие кафе во лето;
 - Сплавови на Вардар, за да има каде да си го слави роденденот;
 - Да се изгради панорамско тркало над Вардар, како да не може да го гледа Скопје панорамски од куполите на објектите од проектот Скопје 2014, па вака со панорамско тркало над Вардар ќе имало поголема и подобра видливост;
 - Вртелешка покрај Вардар, не знам за ова што да кажам, не сум експерт кој се занимава со проучување на детинести мозоци;
 
А најновиот бисер на Коце гласи:
 
Со новиот сеуште неусвоен ГУП на град Скопје (за кој патем, градските татковци дискутираа во Берово, надвор од Скопје и без воопшто да ги прашаат жителите на Скопје дали воопшто го поддржуваат новиот ГУП на град Скопје или не), учениците во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин ќе останат без училишен двор, затоа што Коце планира да изгради брза и фреквентна сообраќајница која буквално ќе им дише во врат на учениците.
 
Па дали има крај на бисерите на Коце Трајановски, кога ќе се разбуди скопската Алиса во земјата на чудата од нејзиниот сон, пред или по наредните редовни локални избори 2013 ?
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/niz-dvorot-na-%E2%80%9Ckorchagin%E2%80%9D-ke-minuva-frekfentna-ulica
 
Низ дворот на “Корчагин” ќе минува фрекфентна улица
 
05.04.2012 - 15:18
 
Наместо спортски игралишта, брза и фрекфентна сообраќајница. Скопската гимназија “Корчагин” ќе остане без училиштен двор.
 

 
Со новиот генерален урбанстички план се планира  овој простор да му се одземе на школото и тука да гради улица.
 
Директорот револтиран вели на учениците дворот им е единствено место за релаксација и спорт.
 
Новата сообраќајница ќе биде веднаш под прозорците, ќе се создава бучава која ќе им го одвелкува вниманието. Бара улицата веднаш да се избрише од ГУП-от.
 
Градончалникот Трајновски вели дека учениците нема да останат без спортски игралишта. Но таа улица е предвидена со генералниот урбанистички план кој се уште не е донесен.
 
Неофицијално, училишниот двор од 2000 метри квадратни ќе биде улица а школото ќе добие спортски игралишта од 500 метри квадратни на местото од  блискиот паркинг.
 
Весна Ќукановиќ



Edited by Dexter26 - 05-Apr-2012 at 15:21
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 05-Apr-2012 at 15:30
Ова воопшто не е идеја на Коце. Таа улица е зацртана во ГУП-от од 2002 година, и сега само ќе се превземе. Но, за да се реализира оваа идеја потребно е и да се урне една зграда на булеварот Кочо Рацин (мислам дека има/ше Макпетрол продавница за аудио опрема на приземјето).
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 05-Apr-2012 at 15:38
Настрана другите работи што ги има смислено Коце, оваа сообраќајница отсекогаш била во ГУП. Новинарите би можеле барем малку да проучат некоја тема пред да тргнат да пишуваат.. Темата е интересна затоа што има ДУП во постапка на донесување.

Лично, повеќе ме загрижува дали некои од овие улици ќе исчезнат во новиот ГУП, без особено образложение.. Конкретно, оваа можеби е потребна и дава логична врска, но улицата која треба да се пробие позади Кјуби ми нема никаква логика, особено не како што е нацртана во ДУП.

Edited by mladen_s - 05-Apr-2012 at 15:42
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 05-Apr-2012 at 20:22
mene me cudi oti vo planot so kruzen tek e prekinata ''krusevska'' i ne e denivelirana ...dali e prva faza ili slicno ?!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 06-Apr-2012 at 21:47
Originally posted by mladen_s

Конкретно, оваа можеби е потребна и дава логична врска, но улицата која треба да се пробие позади Кјуби ми нема никаква логика, особено не како што е нацртана во ДУП.
Ниту јас не можам да ја видам сообраќајната логика на булеварот што треба да се пробие кај Кјуби, во денешни услови. На времето извесно тоа било предвидено како дел од поинаков, поширок план за сообраќајните решенија во центарот на градот, од кој веќе сме прилично далеку и се повеќе се оддалечуваме. Во денешен контекст, таа сообраќајница би била голем чир и предизвикувач на големи сообраќајни проблеми. Уште помалку има логика да се гради ем сообраќајницата кај Кјуби ем сообраќајницата кај Корчагин. Можеби сепак трасата кај Кјуби се чува чисто за резерва, за да има повеќе опции со оглед на постојаното менување на плановите, ама дури и многу поважни траси не ги чуваме нешто особено ревносно, па навистина не ми е јасно што е финтата тука...

Што се однесува до сообраќајницата кај гимназијата Корчагин, заедно со зацртаното проширување на улицата бр.494 (онаа од Југодрво кон ГТЦ) таа прави една логична сообраќајна оска и дефинитивно треба да се гради (и се разбира не ја измисли Коце, туку си беше дел од досегашниот ГУП). Исто така не гледам дека некоја голема трагедија ќе ја погоди гимназијата, со оглед дека дворниот простор може да се надокнади, а сообраќајницата би поминувала од страна на спортската сала додека грото училници се доста подалеку и се свртени спрема другата страна (ако грешам нека ме поправи некој корагинец). Се разбира би било супер секоја гимназија да е сместена на сред огромен двор со илјадници дрвја, но сепак овде збориме за центар на градот и тоа не секаде е можно. Со еден густ дрворед покрај новата сообраќајница и со дрвја во дворот, Корчагин нема да биде во ништо полоша ситуација од гимназијата Орце Николов на пример.







Originally posted by G.I. Joe

mene me cudi oti vo planot so kruzen tek e prekinata ''krusevska'' i ne e denivelirana ...dali e prva faza ili slicno ?!!!
Ваљда не е прекината, можеби е денивелирана ама не е добро означено... има некои испрекинати линии, ама што точно треба да значи ова што го нацртале е сосема нејасно (а можеби и намерно е така). Во секој случај алармот за Крушевска одамна е вклучен, се надевам само дека има доволно свесни и одговорни лица на битни позиции за да спречат нејзино бришење или сакатење.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 06-Apr-2012 at 22:03
Originally posted by Cloverstack

Исто така не гледам дека некоја голема трагедија ќе ја погоди гимназијата, со оглед дека дворниот простор може да се надокнади, а сообраќајницата би поминувала од страна на спортската сала додека грото училници се доста подалеку и се свртени спрема другата страна (ако грешам нека ме поправи некој корагинец)

Човеку, Корчагин ќе изгуби две игралишта и паркинг! Баш е голема трагедија. Ние секогаш на физичко игравме на тие игралишта. Си имаат посебно сентиментално значење за нас екс-корчагинците Мора да се најде друго решение без да се узурпираат игралиштата.
ಠ_ಠ
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 06-Apr-2012 at 22:40
Единствено да ја бутнат под земја... за што се сомневам дека би се нафатиле...
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 06-Apr-2012 at 23:55
Originally posted by Cloverstack



Originally posted by G.I. Joe

mene me cudi oti vo planot so kruzen tek e prekinata
''krusevska'' i ne e denivelirana ...dali e prva faza ili slicno
?!!!
Ваљда не е прекината, можеби е денивелирана ама не е добро
означено... има некои испрекинати линии, ама што точно треба да значи
ова што го нацртале е сосема нејасно (а можеби и намерно е така). Во секој случај алармот за Крушевска одамна е вклучен, се надевам само дека има доволно свесни и одговорни лица на битни позиции за да спречат нејзино бришење или сакатење.


na presecite e gore nacrtana so e cudno so ogled na toa deka kaj madzir maalo ke odi pod rekata .ako e taka togas posle raskrsnicata so kuzman josifovski pitu bi trebalo da se spusta !!??? ili drugo resenie da e zamiislena kako denivelirana na - 6 , no kako so kazav vo presecite e gore prikazana i plus ima lenti na teren ..2 po 3 lenti gore i na teren ?!! ne e jasno oti 2 pati

Edited by G.I. Joe - 06-Apr-2012 at 23:56
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 07-Apr-2012 at 00:18
Ја сум на иста линија со Кловер за улицата кај Корчагин. Има и така доволно простор Корчагин да се прошири кај сегашниот див паркинг, а за потребите на градот да се пробие улица. Мора да се разбере што се приоритети во ова општество. А и терени се користат 4-5 месеци во годината, плус се знае каква е искористеноста на терените за време на физичко Како човек кој што дел од своето образование го стекнал во Корчагин, апсолутно сметам дека нема да има никакви посебни пречки ниту за наставата, ниту за учениците. Игралиште сигурно ќе добијат, а и да не се лажеме, се знае добар дел од игралиштето, особено позади салата, за што се користеше  
23ka.wordpress.com
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 07-Apr-2012 at 00:40
Zgradata najavija deka ke se rusi na bul. Koco Racin so izlegva za da se probie ulicata ?!!

Edited by G.I. Joe - 07-Apr-2012 at 00:41
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 07-Apr-2012 at 17:15
Originally posted by Cloverstack

Исто така не гледам дека некоја голема трагедија ќе ја погоди гимназијата, со оглед дека дворниот простор може да се надокнади, а сообраќајницата би поминувала од страна на спортската сала додека грото училници се доста подалеку и се свртени спрема другата страна (ако грешам нека ме поправи некој корагинец).

Од страната на сообраќајницата има неколку кабинети (Историја, Хемија, Информатика ...)
Но според мене тоа не е проблем доколку малце се инвестира во звучна излолација и слично (што сум сигурен дека нема да се направи).

Поголем поблем за оваа сообраќајница е крстосницата со булеварот “Кочо Рацин“ која сериозно ќе ја намали проточноста на овој булевар кој е од ислучително значење - ако знаеме дека 60-70% од сообраќајот кон левата страна на Вардар се одвива преку овој булевар.
Токму поради ова - според мене треба да се изведе решение со подземна сообраќајница или само подвозник под булеварот - што ќе значи брз проток кон центар и нема да се намали проточноста на булеварот “Кочо Рацин“.
Со вакво решение би се намалила и бучавата која може да биде сериозен проблем за училиштето.

Инаку ме интересира и што означува црвената траса во ДУП???


Edited by vlatko.mk - 07-Apr-2012 at 17:26
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 07-Apr-2012 at 18:18
како прво, зошто Крушевска република, голем булевар од регионално значење, завршува со кружен тек и се дели на помали улици, кои имаат многу мало, локално значење, наместо да се поврзе со Јужен, како што некогаш требало?
и двете  нови планирани улици се катастрофа, секоја на свој начин, ќе предизвикаат неверојатен додатен метеж на веќе доста прометни булевари, повеќе отколку што ќе решат нешто
Корчагин како школо не е многу загрозен од сето ова, но боде физичката близината на самиот објект до улицата, што никогаш не било препорачливо, не само за учлилишта... плус од другата страна се планира исто така уличка, помала, но сепак уличка, која досега ја немало, со што ќе се опколи објектот
исто така ми бодат очи сите тие нови маркици за објекти... кога веќе планирале да ги рушат сите постоечки објекти таму и немаат тешкотии со тоа, зошто не се погрижиле да подготват поиздржани сообраќајни решенија?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 07-Apr-2012 at 23:46
Originally posted by G.I. Joe

na presecite e gore nacrtana so e cudno so ogled na toa deka kaj madzir maalo ke odi pod rekata .ako e taka togas posle raskrsnicata so kuzman josifovski pitu bi trebalo da se spusta !!??? ili drugo resenie da e zamiislena kako denivelirana na - 6 , no kako so kazav vo presecite e gore prikazana i plus ima lenti na teren ..2 po 3 lenti gore i na teren ?!! ne e jasno oti 2 pati
Знам... и мене тоа ме багира...


Originally posted by G.I. Joe

Zgradata najavija deka ke se rusi na bul. Koco Racin so izlegva za da se probie ulicata ?!!
Барем јас никогаш не сум слушнал конкретна најава.


Originally posted by vlatko.mk


Поголем поблем за оваа сообраќајница е крстосницата со булеварот “Кочо Рацин“ која сериозно ќе ја намали проточноста на овој булевар кој е од ислучително значење - ако знаеме дека 60-70% од сообраќајот кон левата страна на Вардар се одвива преку овој булевар.
Тоа е една од причините зошто не смеат да помислуваат да ја избришат или да импровизираат со Крушевска Република.


Originally posted by vlatko.mk

Инаку ме интересира и што означува црвената траса во ДУП???
Мислиш на некоја од овие линии?



Edited by Cloverstack - 07-Apr-2012 at 23:47
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 24-May-2012 at 01:30
има некоj пристап до предлогот за новиот ГУП на Скопjе? Баш би сакал да видам како изгледа
ಠ_ಠ
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 17-Jun-2012 at 22:43
Новиот ГУП или нацрт планот на новиот ГУП треба да биде до 15 јули 2012-

Инфо Град СКопје



Back to Top
Auric Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Auric Goldfinger Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 29-Jun-2012 at 10:55
Дали некој е во можност да го обезбеди генералниот урбанистички план на Скопје што беше во важност до 2002.
Делот за Кисела Вода ми е предмет на интерес , сакам да направам една компаративна анализа за колективното становање . Ме заинтригира изјавата на надлежната од Општината кога на последното состанчење во Берово изјави дека со новите измени К.Вода планира интензивен развој во таа насока ....
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 17-Jul-2012 at 12:03
Нацрт ГУП от е објавен на интернет - страницата на Град Скопје: http://skopje.gov.mk/images/file/GUP%20Skopje%202012%20-2022.pdf

За четврток е организирана и јавна расправа во просториите на Град Скопје.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 17-Jul-2012 at 12:21
Благодарам BOJAN за линкот, два дена чекав да се појави ова бидејќи кога прв пат искочи веста не беше никаде објавен документов.

Без да навлегувам во многу детали, ќе напоменам неколку клучни работи кои ми се очигледни:

- Воведувањето на квартови го сметам за исклучително позитивна работа, ДУП-овите кои треба да се работат по кварт ќе бидат далеку посразмерни едни во однос на други.

- ГУП-от е растеретен од неколку улици кои сега потпаѓаат под општинска, а не градска надлежност. На пример: Никола Парапунов и (идната) Д.Митрев во Карпош 4, Лондонска и МАНАПО во Карпош 3, Париска и Бледски Договор, исто во Карпош 3.

- Задржување на битните, но сеуште неизградени (или доизградени) булевари: Крушевска Република, Словенија кон Ѓорче Петров, Хрватска околу Железара. Постоеше опасност за нивно бришење!

За негативните:

- Превземена е лошата траса на подземниот коридор, сосе кружниот тек кај мост Гоце Делчев.

- Околу делот на Јужен Булевар кај Центар, кружните текови се превземени од претходно донесените ДУП-ови, нешто што лично сметам дека не е најсреќно решение.

Мислам дека можевме да поминеме многу полошо. Затоа незнам дали да сум среќен или само неутрален.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.