build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обезбедување и видео надзор

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Jul-2020 at 20:55

веројатно се вадат дека членов го имаат пропуштено токму во правец на Јавен Надзор По Улици И Јавни Места , сепак ко таков засегнува поголем распон на слобода за безбедносните служби, кои вака имаат право да ви влезат Дома и без Судски Налог да ве снимаат 24/7, иако таквата снимка не важи на Суд ... просто вака ќе можат да се закачат и на вашата Ви-Фи Kамера подома која сте ја стаиле заради Видео-Надзор како заштита од криминалци, и буквално да ве набњудуваат и во спална ако сакаат, без притоа да сносат некаква одговорност, она чим закон не го забранува значи дозволено е, и иако се ветуваа промени сепак ова е муабет кој е и’ постојно во тек! како тоа го чинат имате абер во видеото од следниот фус [1] a кој посекако утре (веќе денес) ќе биде дополнително во оптек преку 5g (2020 последното видео во линков) оперативни мерки за "x-ray" освен видео и аудио снимки!

19.03.2019 - Член 17 од ЗСК останува на сила


Членот 17 од Законот за следење на комуникациите предивидува дека следењето на комуникациите може да се спроведува без посредство на Оперативно-техничката агенција со технички уреди кои што се чуваат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Уредите кои што се на располагање, а за кои знаеме благодарение на медиумско-научни извештаи се IMSI Catcher уреди и (најверојатно) Fin Fisher.
Уставноит суд на Р. Северна Македонија во долго решение утврдил дека овој член не е спротивен на Уставот и на Европската конвенција за човекови права.
Во врска со клучната точка дека овие технологии ги заобиколуваат ограничувањата и проверките на ОТА и како последица на тоа може да доведат до таргетирање на граѓани кои не се предмет на следење со судски налог, судот мисли дека:
Што се однесува до наводот од иницијативата дека со спроведување на посебната истражна мерка за којашто се користат посебни технички уреди и опрема можат да бидат таргетирани неопределен број на граѓани без постоење на законски основ, Судот оцени дека истите се неосновани.

Ова од причина што предмет на следење на комуникациите со посебни технички уреди и опрема е лице за кое постои основано сомнение дека е сторител или се подготвува да стори кривично дело за кое може да се пропише посебна истражна мерка согласно Законот за кривичната постапка, при што содржината на комуникацијата на тоа лице со друго лице или лица не може да биде земена како доказ во постапката доколку тие не се во врска со основаното сомнение за сторено кривично дело или за подготвување на кривично дело.
Мене ми се чини дека судот целосно ја утнал поентата. Не станува збор збор за тоа дали следењето на лица не може да биде земено како доказ во постапката доколку тие не се во врска со основаното сомнение за сторено кривично дело или за подготвување на кривично дело, туку за тоа дека следењето им ја нарушува приватноста гарантирана со уставот и ЕКЧП.

Исто така ми се чини дека можеби судот недоволно добро ја разбрал улогата и функционирањето на овие технички уреди (барем оние за кои знаеме). IMSI catcher на пример е уред кој кога би го споредиле со пред-дигиталното доба би значело лажно сандаче за пошта да биде ставено на вашата улица и власта, додека се обидува да го најде писмото од оној што го следи, да ги прочита сите писма што ги стават жителите во него мислејќи дека праќаат пошта.

Но, исто така ми се чини дека оваа одлука на судот е во согласност со толкувањата што ги даваат разните влади низ светот во однос на користењето на вакви технологии, и веројатно ќе треба да почекаме Европскиот суд за човекови права да се произнесе за употребата на вакви интрузивни технологии.

До тогаш, останува да им веруваме во владата дека овие технологии не се злоупотребуваат.

Со среќа.

https://novica.discindo.org/post/clen-17-od-zsk-ostanuva-na-sila/[url"> [1]

прашање е само дали и колку ваквиот Законски Фор За Мас Надзор ко таков нема да биде злоупотребен од некого, ко во случајот со Ало-Бомбите, кои ко што гледаме континуирано продолжуваат да бидат тренд, а што знаејќи дека е можно и да се монтираат подобно, дефакто ова значи потенцијал да долгорочно некој си ги користи службите не само за нарушување нечија Приватност туку и ограничување пр. на Слободата На Говор, Бизнис, Политика итн. кому доколку е потребно ќе му се лиферуваат како уцени, практично нема јасни подзаконски акти кои би ја пенализирале злоупотребата на вака прибавени материјали, а дополнително нема ни строги казни во однос протечени снимки во јавност, во основа ова се предуслови за тоталитарна држава, што впрочем како беше злоупотребена државната опрема за масовно прислушување по истиов основ од страна на груевци, потоа истото украдено и (спинувано или не) пуштено во јавност заради политички агитпроп и билдање ало-рејтинг на зајковци, на страна тужбите на сјо (кои логично ќе паѓаат во Стразбур), дефакто еве гледаме дека нема П од промени на овој план, е сега дали нема натака да се злоупотребува од удбалитичари повторно систем, хм, сега откако насила ја отанизираа земја ми се чини и дополнително нели им се може по линија на Патриотски Акт кај надагата во отан, та ништо чудно да дочекаме и Легализирање На Ваквите без налог прибавени снимки а нело доколку се сторени со државна опрема, што ќе ја сведе држава на супер-тоталитарно општество во кое ако им се сака на удбашана или удбалитичари ќе ви сместат ко во времето на озна клевета од разговор подома заради кој ќе ве легнат за нарушување на државниот поредок, нели онака некој рекол претседателот треба да е маркер во едикоја кланица, онака малџиски за изречено во населба куршум за диктаторот потенцијално ако тој некој тоа го повторил повеќекратно сигурно ќе му го земат за намера а снимката за доказ, иако може само глумел лудило!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.