build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 07-Apr-2015 at 16:07
Е ако нема читачи на сите врати туку само на една („влезот“), алал вера за „напредокот“.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 07-Apr-2015 at 17:16
И јас тоа го помислив Гитар и мислам дека само на предната ќе има....
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 08-Apr-2015 at 15:46
Парите од билети ќе ги собира Градот, а на превозниците ќе им се плаќа од километар



Ќе се промени начинот на наплата во јавниот градски превоз, односно од летово, кога ќе бидат воведени електронските билети во ЈСП и приватниот јавен превоз, парите од нивната продажба ќе ги собира Градот, а на превозниците ќе им се распределуваат средства според поминат километар. Ова вчера го најави скопскиот градоначалник Kоце Трајановски, кој го посети Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, каде што е во тек монтажата во автобусите на новата опрема за електронска наплата и за автоматско следење на возилата.

- По инсталирањето на системите за електронска наплата и за автоматска локација на автобусите парите од продажбата на билетите ќе ги собира Градот Скопје, а на ЈСП и на приватните превозници Градот ќе им префрла средства по изминат километар. Нашите луѓе беа во Белград и во други градови за да видат и да црпат искуства за тоа како функционираат овие системи. Се надеваме дека со нивното воведување ќе имаме целосна контрола на редот на возење на автобусите - истакна Трајановски.

повеќе на линкот: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=D4E550F0B6A65E45981281E9A4545ED9
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 08-Apr-2015 at 17:12
Ние треба да се замислиме за најбитната работа од овој проект-справувањето со овие електронски картички од пензионерите, и воопшто, од лица што имаат над 40-50 година. Си ја мотам во глава приказнава и ми изгледа поприлично интересно како ќе биде на почеток!
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 08-Apr-2015 at 19:39
Во Белград на пример е хаос околу сличнава приказна, плус тоа што самиот проект е криминал невиден.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 10-Apr-2015 at 00:05
Секако информациските дисплеи во автобусите уште ќе бидат за украс, на разглас ќе ечи турбофолк радио, а најава на станиците ни на сон.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 10-Apr-2015 at 00:23
Претпоставувам дека приватните превозници и понатаму ќе можат да наплаќаат во готовина, односно дека нема да бидат обврзувачки електронските билети за нивните патници.
 
Бидејќи вака се воведува монопол во наплаќањето на приватниот превоз, а целиот профит оди кај градот, што и не е баш фер и праведно, со оглед на фактот дека возилата на ЈСП Скопје доминираат низ градските улици, додека приватните превозници држат едвај 30% од целокупниот јавен превоз во Скопје.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7468
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 10-Apr-2015 at 02:31
градот ќе го собира прометот и ќе го распределува на превозниците?
која е поентата на ова?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 10-Apr-2015 at 10:57
Поентата е да се воведе заеднички систем но не според учинок туку според возен км што е многу лош систем. Наместо да се направи заеднички холдинг и од таму да се распределуваат средства тие ќе одат преку криминални структури.
Како и да е ,можноста за плаќање во готовина ќе биде и во јсп ако не се лажам.

Вчера се возев во автобус кој имаше поставено основа за читач и таква имаше само на предната врата... од десната страна (да напоменам бидејќи нема од двете страни).
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 10-Apr-2015 at 11:03
Previous
 
Тоа е стара навика и правило од минатото кое не планираат да го сменат, наместо сите врати да се користат и за влез и за излез - а во пракса како такви и се користат - правилото гласи дека само предната врата служи за влез и излез, додека останатите врати служат за излез.
 
Јас не знам за други држави каде што сеуште опстојува ваквиот идиотски систем на распределување на влезови и излези во возилата од јавниот превоз, секаде каде што сум бил во странство дозволени се и влез и излез на сите врати и на сите врати има автомати за поништување на билетите.
 
Токму бидејќи станува збор за ептен лош систем за наплата, воопшто не се сомневам дека приватните превозници и понатаму ќе имаат право да им наплаќаат превоз на патниците во готовина, што го прави електронскиот билет необврзувачки и незадолжителен кај приватните превозници.
 
А сигурно и во возилата на ЈСП Скопје нема да се смени праксата и ќе може да се купува билет од кај возачот, наместо да има посебна личност задолжена за тоа.
 
Или со други зборови кажано, како по обичај, јавниот превоз во Скопје се обновува со нови возила, нови електронски билети и нови автомати за нивно поништување, електронски дисплеи и останата современа опрема, но старите навики не си заминуваат, исто како што и волкот го менува влакното, но карактерот му останува ист.


Edited by Dexter26 - 10-Apr-2015 at 11:06
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 74
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 10-Apr-2015 at 11:48
Нешто спомнаа дека и обични Виза Мастер картички ќе можат да се прифаќаат на уредите во автобусите. Ова е нешто што е вообичаено во западна европа и е многу згодно за да не мораш постојано да надополнуваш.
Имам пријател во Халк банка кој веќе има од тие бесконтактни Виза Мастер картички и ми вели дека сега и другите банки ќе почнеле да издаваат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 26-May-2015 at 20:52
Смарт-тикет и во државни и во приватни автобуси

Во септември и официјално ќе стартува електронската наплата во 384 автобуси на ЈСП и во 116 приватни автобуси.

Новиот тарифен систем вклучува и нов тип билети: како билет со можност за преседнување од еден автобус во друг, односно од една на друга линија, билет со ограничено времетраење, зонски билет, потоа дневен, неделен, викенд билет и др.



Од ЈСП најавија и плус три типа електронска картичка, којашто граѓаните ќе можат да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП, персонализиран билет, кој ќе биде со фотографија и лични податоци и третиот тип, службени легитимации. Овие билети треба да се осмислат, да добијат свој дизајн и форма според која граѓаните треба да ги разликуваат.

Од ЈСП беше речено дека во прво време новиот тарифен систем ќе почне да функционира во согласност со постојниот и постепено ќе се премине кон целосна примена на новиот. Граѓаните со новиот систем ќе се спасат од барање ситни пари кога влегуваат во автобус, а особена придобивка ќе им биде што тој билет ќе им важи и при влегувањето во приватен и во автобус на ЈСП. АВЛ-системот ќе придонесе да се намали и времето на чекање на постојките, а ќе се подобри и редовноста на приватните автобуси кои на одредени линии возеа кога сакаат.

Исто така, на автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/2128142587/smart-tiket-i-vo-drzavni-i-vo-privatni-avtobusi
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 29-Jun-2015 at 10:27
Превозниците ќе добиваат по евро за километар



По едно евро, односно 61,26 денар за секој изминат километар ќе добиваат превозниците од јавниот градски превоз од 1 јануари следната година. Оттогаш ќе почне да се применуваат и новите системи за наплата со електронски билети и автоматско следење на возилата, како и единствената цена кај сите превозници. Град Скопје со новата одлука за линиски превоз на патници и со одлуката за надоместок по изминат километар, што ќе се усвојат денеска на седница на Советот, го менува системот на јавниот превоз во метрополата.

Парите од наплатата на превозот со умните билети ќе ги собира Градот, а потоа сите превозници ќе добиваат надоместок од едно евро за изминат километар. За секое возило ќе се знае точно колку минало благодарение на системот за автоматска локација. Ќе биде утврден единствен систем на линии во градскиот и во приградскиот превоз и единствен возен ред. Главен носител на јавниот превоз е ЈСП „Скопје“, а може да учествуваат и други превозници кои исполнуваат точно утврдени услови и кои ќе склучат договор со Град Скопје за одржување одредена линија. Ќе има и нов оглас за распределба на линиите.

повеќе на линкот: http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C1C9B9440524664099C2D77FBDFBBBBA
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 14-Jul-2015 at 17:05
Би сакал да отворам многу прашања за проектов кој очигледно ќе им отвори многу нејаснотии на скопјани, на превозници, а веројатно и проблеми на Град Скопје.

За почеток, би сакал да прашам на кој начин ќе се пресметуваат финансиските средства за приватните превозници? ЈСП - Скопје има две автобази, па оттука и лесно ќе биде автоматското следење на возилата што се вклучуваат и исклучуваат од сообраќај.

Но, на кој начин ќе функционира тоа кај приватните превозници, чии автобуси се распослани од Глумово на запад до општина Илинден на исток низ главниот град. Како ќе знаеме дека тие го почитуваат возниот ред? Што правиме со оние автобуси што не припаѓаат на Слобода превоз и на Макекспрес, а кои сепак сообраќај низ улиците на главниот град?

На кој начин ќе се спречат злоупотребите и слабите страни на користењето на електронските картички, особено од приватните превозници?

Ќе следува мое продолжение на оваа тема...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 14-Jul-2015 at 20:45
Мене од медиумите никако не ми е јасно кога ќе можеме да до користиме овој систем. Се најавува од август тест период. Што значи тоа?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2495
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 14-Jul-2015 at 21:28
Од август до јануари ќе се користи новиот систем паралелно со билетите, а од јануари билетите се исфрлаат.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 14-Jul-2015 at 21:32
Значи не можат да ги укинат билетите за едно возење... Во ред е да не се купува од возач, и јас сум за тоа, ама не може па од друга страна да не остават со 5 трафики низ цел град за продажба на билети...

Ќе мора да стаат автомати пред автобуските станици, на некои фреквентни локации како трговски центри и слично...

Зашто не секој користи автобус секој ден...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 14-Jul-2015 at 23:17
Значи еден билет ќе може да се користи во ЈСП и приватниве или еден билет може да се искористи на пример за префрлање од еден во друг автобус?

Иначе автомати рекоа дека ќе постават на три локации што е очигледно премалку, но да се надеваме дека ќе постават повеќе.

Edited by jyvation - 14-Jul-2015 at 23:17
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 14-Jul-2015 at 23:54
Во секој случај штури информации. Кога на едно место ќе се сретнат политичари и непрофесионални новинари (за жал само такви имаме во државата) резултатот е секогаш останувате повеќе прашања одколку одговори. Ќе можело со мобилен да се плаќа, како, кога, како ќе се контролира, за кој ќе важи оваа услуга...............
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 15-Jul-2015 at 09:55
Можам да се согласам со сите вас. На 15 дена пред воведување на целосно нов систем за плаќање на билетите нема никаква промотивна кампања, флаери на автобуските станици за нов систем, плакати во автобусите. Апсолутно ништо. Лично јас, на пример, сум користел вакви електронски картички во други земји, ама ќе биде голем проблем за постарите лица да се прилагодат на новиот систем.

Воедно, 60 локации за дополнување на картичките и 8 места за нивно купување се премалку за еден град од 600.000 жители. Метежот можеби нема да настане сега за нивното купување, но ќе го има есенва. Треба да се води сметка и за ова, бидејќи граѓаните досега најчесто купуваа карти или плаќаа за билет во самите автобуси.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.