build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Nov-2008 at 22:36
Имаше некои чудни комбинирани... Не можам добро да се сетам па да не лупам сега. Но секако беа помалце од твоиве Laugh
Затоа и ми беше зборот да не забегуваме во луксузни филмови - дај боже за западниот дел на градотт да се почне со една, па ако ситуацијата налага и дозволува, никој не брани да се воведе и втора.


Edited by Cloverstack - 02-Nov-2008 at 22:37
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Nov-2008 at 22:42
Originally posted by Andrej_LJ

Да до некаде се сложувам ама проблемот (и на дневната шема на линии) е дека цело Западно Скопје се опслужува главно од линиите на Партизанска (исклучок прават 5, 8 и 57). А тоа не би требало да биде така, го дискутиравме погоре во темава. Некој што треба да пешачи 15 минути до автобуската станица ќе фати такси. Затоа предложив две паралелни линии. А за Маџари, па незнам доста даелку е, не е густо населено и незнам дали постигнува автобус во еден саат да ги извози двата правци. Но ако добро се осмисли тоа нема да биде лошо. А знае ли некој, имало ли било кога ноќни линии?


Во моите средношколски денови имаше некакви ноќни линии но незнам ни колку ниту на кои дестинации бидејќи ги немам користено. Само низ магла имам запамтено дека имаше автобуси околу 2 и околу 4.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 03-Nov-2008 at 12:16
Мислам дека Скопје имаше ноќни автобуски линии до пред неколку години, и тоа комбинирани 2-ка со 50-ка и слично. Нема да биде лошо повторно да воведат, ама мислам дека тоа би требало да биде само за денови за викендот и во петок. Кога бев во Виена ме предупредија дека последното метро и автобус за враќање кон хотелот ми е во 24 часот, а потоа си плаќаш такси, така што не би рекол дека сите градови во светот имаат линии 24/7. Во Париз, на пример, RER железницата сообраќа до 1 часот по полноќ.
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Nov-2008 at 14:34
denes u vest mislam pisuva za noknive linii.kao neso sakale pak da gi vovedat...koj ne go mrzi neka pastira...
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 03-Nov-2008 at 21:37
Да навистина метроата секаде низ светот престануваат околу 12-1 часот по полноќ, но бидејќи тоа не е единствениот начин на транспорт во градот. Кај нас автобусите немаат алтернатива. Скопје е доволно голем град за ноќни линии. Софија, Белград, Загреб, Љубљана...имаат ноќни линии. И јас сум за секој ден ноќни линии затоа што не само младите скопјани имаат потреба од тоа туку и вработените и луѓето од внатрешноста (кои често преку викенд не се во Скопје).
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 03-Nov-2008 at 22:10
СО РЕВИЗИЈА НА ВОЗНИТЕ РЕДОВИ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
ЈСП ќе ги враќа ноќните автобуси
Освен враќање на ноќните, раководството на ЈСП најавува дека ќе скрати или ќе укине дел од нерентабилните автобуски линии кон приградските населби

ЈСП "Скопје" размислува да ги врати ноќните линии. Екипи од претпријатието, како што вели директорот Александар Бошковиќ, во моментов прават ревизија на сите возни редови на автобусите и, најверојатно, ќе ги вратат ноќните линии. Тој објаснува дека ревизијата на возните редови треба да покаже кои линии се рентабилни, а кои не и, врз основа на тие податоци, да се определи кои автобуси ќе се укинат, а каде има потреба од додавање нови.
Ноќните линии, односно автобусите со број 2, 7, 41 и 57, кои се движеа низ Скопје во два, три и во четири часот по полноќ, ЈСП ги укина пред околу пет години бидејќи тогашното раководство на претпријатието оцени дека се нерентабилни.
Пред повеќе од една година, дел од овие линии беа вратени, но само половично. Пуштени беа автобуси на линиите 2, 7 и 41 во четири часот наутро, но само во еден правец. Така беа пуштени двојката, која во 4 часот наутро поаѓа од село Глумово во Општина Сарај и се движи кон Автокоманда, потоа автобусот број 7 кој поаѓа од улица Островска и завршува во автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров, и линијата 41, која поаѓа од село Драчево и оди до крајната станица кај "Југодрво".
На овие линии сега последните автобуси поаѓаат 15 минути по полноќ, и тие се последни ноќни автобуси за цело Скопје.
"Ревизијата очекуваме да заврши до крајот на неделата и новиот возен ред да го дадеме на одобрување во Градот", вели директорот Бошковиќ.
(Е.А.)

http://vest.com.mk/default.asp?id=159084&idg=8&idb=2514&rubrika=Skopje
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 03-Nov-2008 at 22:43
Novolisicanecot se kaci vo 7, Zelezarecot, Madzarot i Centovecot se kacija vo 2, Topanecot i Sutoorizarecot vo 57 i po simnuvanjeto na poslednata stanica dostoinstveno pesaceja nakaj svoite domovi vo 4 casot nautro, svesni deka se ziteli na prigradski naselbi (prevedeno na jazikot na svesnite: gragani od vtor red).

Edited by evolutionary - 03-Nov-2008 at 22:44
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 03-Nov-2008 at 22:51
Originally posted by evolutionary

Novolisicanecot se kaci vo 7, zelezarecot, Madzarot i Centovecot se kacija vo 2, Topanecot i Sutoorizarecot vo 57 i po simnuvanjeto na poslednata stanica dostoinstveno pesaceja nakaj svoite domovi vo 4 casot nautro, svesni deka se ziteli na prigradski naselbi (prevedeno na jazikot na svesnite: gragani od vtor red).


Еволушнреи не се слагам со тебе. Нема тука граѓани од прв и втор ред! Неможе ЈСП да работи у загуба зашто некој живее на 20 км од центар и сака да се врати у 3 саат сабајле за 30 денари! Ако има интерес ќе има и автобус, ако нема ништо. Очигледно се јавил интерес и затоа се воведуваат. Порано ги имаше едно време па ги укинаа отприлика кога се деси една несреќна ситуација на плоштад па се донесе некој закон за ограничено движење после 1 часот. Тоа беше страшен удар по ноќниот живот во Скопје што прилично се преточи и врз интересот за градски превоз навечер. Сега очигледно тој интерес за вечерни линии е повторно присутен и затоа се враќаат. ЈСП не се глупи да воведат линии ако знаат дека на нив нема кој да се вози! Ако мисли градот дека треба да го субвенционира ноќниот живот во Скопје тогаш незнам што да искоментирам. Ако е побитна социолошката димензија од економската димензија, тогаш ОК нека има субвенциониран вечерен превоз. Велам субвенциониран пошто не гледам дека во скопје може да успее од почетокот па дури и да биде профитабилен.


Edited by lslcrew - 03-Nov-2008 at 22:53
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 03-Nov-2008 at 23:06
Апсолутна будалаштина од страна на ЈСП во поглед на планирање. Навечер нема зашто да е Сарај сврзан со Скопје. Доволно е Ѓорче Петров до Пазарот или најмногу до Општина Ѓ.П. Потоа 41-Драчево. Не е населба со 100 000 жители па да се поврзува, доволно е Кисела Вода. Истото се однесуваи за 57-Радишани. Плус би било пожелно сите линии да се сечат и тргнуваат од една станица. И се согласувам дека неможе секоја населба да биде поврзана навечер, едноставно нема ваква потреба, тие не се доволно големи. Но за дневен превоз ЈСП е ДОЛЖЕН да опслужува и нерентабилни линии пошто е ЈАВНО претприатије за што и добива СУБВЕНЦИИ!
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 03-Nov-2008 at 23:21
Topansko, Sutka, Zelezara, Madzari i Cento se 20 km od Centar?
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 12-Nov-2008 at 14:33
Стартуваат ноќните линии на автобусите на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје од петок воведува ноќни линии на автобусите со броевите 2, 5, 7, 41, 45, 50 и 57.

Автобусите на тие релации ќе сообраќаат од 24 часот до 5 часот наутро и тоа во работните денови, сабота, недела и државен празник.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43975&kategorija=1
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 12-Nov-2008 at 15:08
45 drzavna ne sum znael deka ima.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 12-Nov-2008 at 18:26
Подетално за стартот на ноќниве од skopje.gov.mk

СТАРТУВААТ НОЌНИТЕ ЛИНИИ НА АВТОБУСИТЕ НА ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од петок /14.11.2008 година/ ќе ги пушти во сообраќај ноќните линии на автобусите со броевите 2, 5, 7, 41, 45, 50 и 57, во периодот од 24 до 05 часот наутро, според утврдениот возен ред:

41 и 5 (ноќна линија)

00.15 од Плоштад до Драчево
00.45 од Драчево до Плоштад
01.15 од Плоштад до Ново Лисиче
01.40 од Ново Лисиче до Плоштад
02.05 од Плоштад до Драчево
02.30 од Драчево до Плоштад
02.55 од Плоштад до Ново Лисиче
03.20 од Ново Лисиче до Плоштад
03.40 од Плоштад до с.Драчево
04.00 од с.Драчево до Југодрво

Линијата сообраќа во делник, сабота, недела и државен празник

57 (ноќна линија)

00.15 од Плоштад до Радишани
00.45 од Радишани до Козле
01.30 од Козле до Радишани
02.15 од Радишани до Козле
03.00 од Козле до Радишани
03.35 од Радишани до Козле
04.05 од Козле до гаража Ѓорче Петров

Линијата сообраќа во делник, сабота, недела и државен празник

2 и 45 (ноќна линија)


00.15 од Автокоманда до Сарај
00.45 од Сарај до М.А.Ченто
01.40 од М.А.Ченто до Сарај
02.30 од Сарај до М.А.Ченто
03.20 од М.А.Ченто до Сарај (с.Глумово)
04.00 од Сарај (с.Глумово) до Автокоманда

Линијата сообраќа во делник, сабота, недела и државен празник

7 и 50 (ноќна линија)


00.15 од Плоштад до нас. Лисиче
00.35 од нас. Лисиче до Плоштад
01.00 од Плоштад до Маџари
01.25 од Маџари до Плоштад
01.50 од Плоштад до нас. Лисиче
02.15 од нас. Лисиче до Плоштад
02.40 од Плоштад до Маџари
03.15 од Маџари до Плоштад
03.40 од Плоштад до нас. Островска
04.00 од нас. Островска до гаража Ѓорче Петров

Линијата сообраќа во делник, сабота, недела и државен празник

Напомена:

  • Кога сообраќа кон насeлба Лисиче, се движи по следнава траса: од Центар – по бул. Кочо Рацин – бул. К.Ј.Питу – бул. Јане Сандански – бул. Србија – бул. 12 Македонска Бригада – до нас. Лисиче. Во обратна насока се движи по истата траса.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2215&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 21-Nov-2008 at 07:37
 

САМО ПО ЕДНА НЕДЕЛА ЈСП Е ПИШМАН ШТО ПУШТИ НОЌНИ ЛИНИИ


Младите сакаат такси комоција, а не стари автобуси


ВО ЈСП напоменуваат дека се разгледува можноста од седум пуштени ноќни линии, единствено автобусите 5 и 41 да бидат оставени и понатаму како линии за кои има поголема заинтересираност


Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје, само една недела по пуштањето на ноќните линии се покаја. Според Александар Бошковиќ, генерален директор на ЈСП, искористеноста на овие автобуси кои сообраќаат од полноќ до 5 часот наутро, е катастрофален и носи само загуби на претпријатието. Од тие причини можно е линиите кои беа воведени минатиот петок да функционираат само до први декември, односно уште десетина дена и потоа повторно да бидат укинати или пак, да биде извршена нивната редукција?!

-Прво мислевме дека граѓаните не се известени доволно, но имавме допис до сите медиуми кои информираа за пуштање на линиите. Бидејќи тие се воведени главно за младите кои подоцна остануваат во градот и за оние кои работат до доцните вечерни часови, сепак се покажа дека пуштањето на линиите е економски неоправдано. Младите очигледно повеќе ја сакаат комоцијата на такси превозот отколку автобусите. Според сознанијата што и ние ги имаме најчесто се групираат и се возат со такси, а нашите автобуси возат само за двајца, вели Бошковиќ.
Според него во случајот, функционирањето на сите ноќни линии кои беа пуштени, односно линиите 41, 5, 2, 45, 57, 7 и број 50, е луксузирање, со оглед дека со средствата што се добиваат од билетите во овој период, не може да се плати ниту за маслото на автобусот, а не и за горивото. Од друга страна и трошоците за ноќните дневници на возачите се 35 отсто поголеми.

Инаку, последните ноќни линии во Скопје сообраќаа 2004 година кога поради економска неисплатливост се укинати. Бошковиќ сепак, напоменува дека во моментот се разгледува можноста автобусите 5 и 41 да бидат оставени како линии за кои има поголема заинтересираност.

Даниела ТРАЈКОВСКА

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-Nov-2008 at 07:44
Добро, овие од ЈСП очекуваат одма невиден инетрес за ноќни автобуси. Свесни ли се оние дека работат во време кајшто треба да зависиат од интересот. Кој ги тераше да ги укинат ноќните линии па цел град да се пре-навикне на такси. Сега неможе за една недела да се вратат сите патници. Ова барем неколку месеци ќе треба.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-Nov-2008 at 12:49


Не е само тоа проблемот. Таксито е преевтино и предостапно. Тоа не треба да биде така бидејќи го дестимулира јавниот превоз. На овие цени и не е чудно тоа дека луѓето ќе одберат такси пред автобус.

Со дигање на стандардите во такси превозот, десеткување на флотата која е преголема а супстандардна работите би дошле на место. Но бидејќи кај нас такси компаниите се уствари социјални установи ништо од ова не очекувам да се смени набргу.


Edited by pbanks - 22-Nov-2008 at 18:56
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 22-Nov-2008 at 18:41
Се согласувам со pbanks, на кратки и средни релации доколку се возите со 3 или 4 четворица во такси ќе ве фати поевтино отколку автобус, а и побрзо ќе стигнете. Скопје ја има таа привилегија на евтин такси-превоз. Што се однесува до ЈСП, јас пак мислам дека само дел од ноќните линии треба да сообраќаат и тоа само во петок, сабота и неработни денови, кога младите излегуваат во центарот на градот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7249
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 29-Nov-2008 at 20:13
мислам дека во скопје може да има линија која ќе ги поврзува Ново лисиче и Карпош, ама оваа да поминува по Гоце Делчев, па потоа или по Илинденска или Партизанска да продолжи до Карпош.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 29-Nov-2008 at 20:18
Originally posted by zabegan

мислам дека во скопје може да има линија која ќе ги поврзува Ново лисиче и Карпош, ама оваа да поминува по Гоце Делчев, па потоа или по Илинденска или Партизанска да продолжи до Карпош.



5/15/7 се тука сега за сега. Но не ти е лоша идејата во однос на тоа што може да пренесува граѓани кои сакаат да го избегнат центарот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 30-Nov-2008 at 00:48
па нема логика така повеќе би држело вода преку автокоманда преку саем или битпазар кон карпош да тера, вака ептен е некако нерационално, не верувам дека многу во брзина ќе се добие во шпицот кај судска и мавровка автобус во шпицот тешко се пробива, тоа сега е блокирано камо ли ако има редовна линија...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.