build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 17-Mar-2011 at 12:42

Поевтино до солунскиот аеродром отколку до скопскиот


Скопје е можеби единствениот град во Европа во кој не постои никаков јавен превоз до аеродромот. Советниците на ЛДП во градот пред една година поднесоа иницијатива за воведување на посебна автобуска линија, но надлежните никако да го доразгледаат предлогот

 
 
%20  
Скопјани и странските туристи со години се соочуваат со истиот проблем - како да се стигне од и до аеродромот „Александар Велики“. Додека во другите европски градови е нормално до аеродромите да има градски превоз, а некаде и метро, воз, трамвај, кај нас сé уште работата е на ниво на иницијатива за организирање ваков вид превоз.

Советничката група на ЛДП од градот пред една година поведе ваква иницијатива, која сé уште не стигнала на дневен ред на седниците на советот.

- Пред една година ја поднесовме оваа иницијатива, а автобус до аеродромот „Александра Велики“ сé уште не е воведен. Скопје е можеби единствениот град во Европа во кој не постои каков било јавен превоз до аеродромот. Воведувањето автобуска линија до аеродромот ќе им заштеди дополнително пари на сите што патуваат со авион. На седницата од 8 април 2010 година, градоначалникот Коце Трајановски и претставниците на ЈСП „Скопје“ посочија дека треба да се разгледаат повеќе варијанти за организирање на автобускиот превоз до аеродромот, како и да се добијат дозволи од Министерството за транспорт и врски. Требаше да се испита и дали концесионерот на аеродромот,,Александар Велики“, компанијата ТАВ, е заинтересирана за воведување ваков превоз. Помина цела година, а никој од надлежните не одговори, па излегува дека никој не е заинтересиран за оваа автобуска линија. Превозот до аеродромот би можел да е и градски и приградски, или комбинација од двата - вели Зоран Шапуриќ, координатор на советничката група на ЛДП.

Од турската компанија ТАВ, која стопанисува со аеродромот „Александар Велики“, велат дека постои интерес за воведување ваква автобуска линија, ама чекаат таа да стане финансиски исплатлива.
- ТАВ не се откажал од таквата иницијатива. Долго време се правеше бизнис-анализата. Кога ќе увидиме дека ваквиот проект ќе биде финансиски оправдан, тогаш може да се активира таква линија - информираат од ТАВ.

Сличен став имаат и надлежните од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

- Линија до аеродром засега не може да се воведе, зашто таа ќе носи голема финансиска загуба. Советниците од ЛДП, кои се иницијатори за воведување на линијата, треба да кажат и кој ќе ги финансира загубите. ЈСП не е во таква можност - вели Мишо Николов, директорот на ЈСП „Скопје“.

ЛДП не се согласува дека се работи за неисплатлива инвестиција, затоа што постојано има патници што се возат од аеродромот и до него.

- Превозот до аеродромот не би му носел загуби на ЈСП, туку напротив, линијата би била рентабилна, особено ако се има предвид постојаното зголемувањето на патниците што летаат со авион. Исто така, треба да се има предвид и фактот дека ЈСП добива големи субвенции од градот. Доколку, пак, ТАВ не сака да ги прими автобусите, што би било своевиден европски преседан, автобуската линија би можела да завршува пред паркингот на аеродромот, што е на само педесетина метри од пристанишната зграда - додава Шапуриќ.

Скопјани, пак, молат бога да се организира редовен превоз до аеродромот, како што беше случајот пред дваесетина години, кога до таму возеа автобусите на ЈАТ. За нив превозот до таму со такси е вистински грабеж.

- Редовно патувам со авион во странство, таква ми е работата. Најголем проблем ми е како да стигнам до аеродромот и да се вратам од таму. Затоа што од дома до аеродромот со такси ми требаат најмалку 900 денари. Но за враќање е ужас. На аеродромот нема ниеден таксист од скопските компании што возат по таксиметар. Таму те чекаат диви превозници, кои до град бараат од 1.200 до 3.000 денари. Не дај боже, пак, да си странец. Жив ќе те одерат. Ама кога немаш избор, ќе си платиш, како да се возиш во странство, а не дваесетина километри од центарот на градот. Поевтино е да стигнеш до Белград, на пример, зашто повратниот автобуски билет е 1.900 денари. И шопингот до Солун е поевтин. Целодневна прошетка до таму чини 800 денари - вели Неда Божиновска од Ѓорче Петров.

Градските власти нé известија дека воведувањето ваква линија не е нивна надлежност, туку за тоа треба да се погрижи или јавното претпријатие за аеродромски услуги или Министерството за транспорт и врски.
Затоа, пак, одговорните од приватното претпријатие „Слобода превоз“ велат дека не би имале никаков проблем да сообраќаат по таа линија доколку им се даде таква шанса.

- Постои желба и имаме превозни капацитети, ама треба да се види во Министерство за транспорт и врски дали се заинтересирани за таа линија. Доколку има, би се пријавиле за тој вид превоз. Само претходно треба да се направи проекција на трошоците, на трасата по која би возеле автобусите, дали ќе има доволен број патници. Проблем е и тоа кога полетуваат и слетуваат авионите. Треба сé да се усогласи - изјави Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Од Министерството за транспорт и врски не успеавме да добиеме никаков одговор.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=317111020189&id=14&prilog=0&setIzdanie=22233
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 20-Mar-2011 at 18:53
Убаво е што се сетиле да ја пуштат линијата 15 а, но мислам дека треба да се размислува и на други линии, пред се на линиите 12 и 64, кои речиси целосно се поклопуваат со линиите 2 и 22. Мислам дека треба да размислат да ги пуштат овие линии по Илинденска, тоа ќе значи многу и за патниците, оние што патуваат од Ѓорче побрзо би стигнувале до центар преку Илинденска отколку преку Партизански одреди.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 21-Mar-2011 at 20:19
Еве ги единствените мапи за линиите на јавниот превоз во Скопје кои успеав да ги најдам. Веројатно некои податоци се застарени.

Инаку оваа првава мапа е класика, таков стил на мапа се користеше уште од кога памтам (од раните 80-ти) и ги имаше на повеќето станици, на оние старите зелени табли кои сеуште стојат на по некоја станица. Штета што од тогаш имаме застанато во времето

1


2


3

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 11-Apr-2011 at 13:16

Билетот за приградски автобус поевтин за 10 денари

Ако досега имаше три зони за приградските линии и цените на билетите се разликуваа во зависност од должината на дестинацијата, сега се изедначува со цената за карта во градски автобус и ќе биде фиксна - 30 денари

Цената на билетите во јавниот сообраќај и во градска, но и во приградска зона ќе се изедначи и ќе чини 30 денари, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Со оваа одлука за 10 денари поевтинува, всушност, само билетот за местата што се во околината на Скопје. Ќе има фиксна цена, додека картата за градскиот дел останува иста: 30 денари купена во автобус и 25 денари во билетарница.

Новиот тарифен модел се воведува поради проблемите што на ЈСП им создавале патниците кои купувале поевтини билети, а се возеле на подолги дестинации. Затоа и се решиле да воведат само две зони: градска и приградска. Досега имаше четири - градска и три приградски, на кои важеа и различни цени: 30, 35 и 40 денари.

Од ЈСП сметаат дека овој начин ќе биде поедноставен и за нив, но и за граѓаните.

Предлог-одлуката, неделава ќе се најде на дневен ред на седница на Советот на Град Скопје.

- Целта е да се поедностави системот на наплата во приградскиот превоз. Сметаме дека со него ќе иницираме поголем број патници на подрачјето на градот Скопје. Во исто време, со тоа ќе се решат и проблемите што ги имаме со корисниците на нашите услуги. Се случуваше патник да патува на подалечна релација, а наместо да купи билет за четврта зона од 40 денари, тој купуваше за прва, кој чини 30 денари. Нашите контролори имаа голем проблем со тоа - изјави директорот Мишо Николов.

Цената на картата за градска зона останува иста, односно 30 денари купена од возач и 25 денари во билетарница. Тие карти за приградски линии не може да се најдат во билетарници, туку се купуваат директно во автобус и ќе чинат фиксно 30 денари.

Бројките на ЈСП велат дека 90 проценти од купените билети се за првата зона, додека помалку од 10 проценти се за приградска зона. Автобуските стојалишта што ја означуваат зоната на Скопје се: Маџари кај рампата, бензинска пумпа во Ѓорче Петров, Момин Поток, населба Драчево, Радишани - кај црквата, населбите Ченто, Припор, Шуто Оризари. Во оваа зона спаѓаат и селата Припор, Горно Оризари, Волково, Стајковци, Драчево - кај тополите, мостот на Маркова Река, Хиподром, езеро Треска и Дексион.

Со новиот систем за наплата, ЈСП ќе биде во загуба од 1,5 милион денари, но само доколку бројот на патници остане како и досега. Но, Николов е оптимист и смета дека ќе привлечат повеќе патници, па дека тоа нема да се случи.

- Приливот на нови патници го гледаме во оние граѓани кои досега не се возеле со јавниот градски превоз - смета тој. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=46D4505CE0C6B246A3B3B5FCDEBC5F5A
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 16-Apr-2011 at 11:24

     Ќе може ли некој да ми каже дали ЈСП има намера да пушти автобус или комбе на следниве релации (во заграда е наведен бројот на жителите според пописот 2002):

1. Побожје - Бродец- Танушевци (417) -Брест(569)
2. Рашче - Радуша (1892)- Рудник Радуша (211)
3. Маркова Сушица - Јаболци (41) - Држилово (362)
4. Маркова Сушица - Осинчани- Елово (265) - Црн Врв (700)
5. Батинци - Драчевица (250)
6. Долно Количани - Пагаруша ( 227) - Вртекица ( 111)
7. Горно Количани - Црвена Вода (46) - Палиград (303)
8. Зелениково - Пакошево (247) - Ново Село (149)
9. Зелениково - Страхојадица (268) - Смесница (104) - Гумалево (102) - Дејковец (84)
10 Скопје - Горно Нерези (314)
 
    Нема смисла сиве овие луѓе во 21-от век да немаат превоз.
 
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 16-Apr-2011 at 22:59
Друже, оди на интернет - страницата на ЈСП - Скопје, постави им го ова прашање, они ќе ти одговорат, секогаш одговараат на прашањата на граѓаните. Според мое лично мислење, откога ќе се купат новите минибуси, тогаш би можело да се очекува превоз кон овие села.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 17-Apr-2011 at 19:54

    И да ги прашам - што корист? Ќе речат дека за линиите надлежен е град Скопје. А благодарение на немањето превоз, многу места значително ги намалија своите жители. Споредете ги пописните резултати од 2002 и од 1994 година.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 23-Jun-2011 at 11:59
Во Скопје е воведена нова градска линија со број 25, која сообраќа од Транспортен Центар до Средно Водно,
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Macedonian View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Macedonian Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 24-Jun-2011 at 01:24
Originally posted by phenomenon

   Во Скопје е воведена нова градска линија со број 25, која сообраќа од Транспортен Центар до Средно Водно,
Милениумски Крст
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 24-Jun-2011 at 09:24
Се сетија по неколку дена дека линијата кон Водно треба да добие број. Мене ме интересира како стигнува автобусот до Средно Водно во сабота и недела?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 670
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 24-Jun-2011 at 09:26
Едвај, преполни се
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1638
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 17-Oct-2011 at 22:26

СКОПСКА


ЈСП РАБОТИ СТУДИЈА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ


Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со 14 и 42 !?


Соседните Кисела Вода и Аеродром немаат директна автобуска врска, па граѓаните од едната кои работат или пак учат на територијата на другата општина мора да одат Општина Центар, па со две прекачувања да стигнат до посакуваната дестинација. Жителите со години бараат од ЈСП да им се воведе нова автобуска линија, а деновиве како иницијатива стаса и до Советот на Град Скопје, која ќе се разгледува во наредните 30 дена. Станува збор за пуштање на линија што ќе ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба преку булеварот "Србија" и двете индустриски зони, што ќе придонесе и кон поквалитетен и побрз градски автобуски превоз.
- Граѓаните од населбите Драчево, Пинтија и Усје за да стигнат до своите работни места, училишта, факултети, патуваат до Центар, користат две-три автобуски линии, а со тоа губат час до два од своето време за да стигнат и да се вратат до саканата дестинација, стои во иницијативата од советниците на СДСМ.

Градските власти ја сфатија сериозноста на проблемот, па затоа го задолжија ЈСП во рок од 30 дена да направи студија за сообраќајна и финансиска одржливост за воведување на оваа и други автобуски линии. Студијата која треба да биде готова во ноември, треба да ги вклучи сите бенефити од новонабавените автобуси, зголемување на бројот на патници, кој во моментов варира од 12 до 13 отсто, како и големото подобрување на сообраќајната инфраструктура со проширувањето на неколкуте булевари. По добивањето на оваа студија иницијатива за нова автобуска линија која ќе ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба ќе биде разгледувана од страна на градските советници кои ќе ја донесат одлуката колку нови линии ќе се воведат.

Како броеви за автобуската линија се предложуваат 14 или 42, а новата траса на движење би била од последна станица на бројот 41 (Типо) во населба Драчево, преку улицата "Првомајска" (Пинтија, Усје), до општина Аеродром преку булеварот "Србија", потоа преку булевар "Војводина", Алкалоид, Пивара, Шумарски факултет, улица "Македонска бригада" до СУГС "Панче Арсовски" и обратно. Освен оваа линија студијата треба да опфати и други линии кои би го поврзувале главниот град во ширина.



http://vecer.com.mk/?ItemID=9EF8ACEA85E7B74DB77A8A561A263427
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 22-Nov-2011 at 23:23
ШТЕ ЕДЕН ОБИД МЕТРОПОЛАТА ДА СЕ ПОВРЗЕ СО АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ


Со Градски до аеродром за 150 денари!?


Доколку УО на ЈСП ја одобри новата линија таа би сообраќала од хотелот Александар палас-МАТ-Рекорд-Транспортен центар-хотел Континентал-аеродром и обратно


За 100 до 150 денари граѓаните ќе може да се возат со јавен превоз до скопскиот аеродром Александар Велики, а автобусите ќе поаѓаат од хотелот Александар Палас. Ова е предлогот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доставен до Град Скопје, а даден на барање на советничката група на ЛДП. Доколку Управниот одбор на ЈСП ја одобри новата линија, градските советниците само формално ја потврдуваат. Сепак, повеќепати досега се поднесуваа иницијативи за воведување на редовна автобуска линија, но епилог немаше. Последиците, пак, најмногу ги чувствуваа патниците кои при секое доаѓање на Скопскиот аеродром се соочуваат со вистинско патешествие кога треба да најдат превоз од и до метрополата. Легалните таксисти нудат превоз, но наплаќаат и до 800 денари во еден правец, а дивите и тројно поскапо, цена што многу граѓани не можат да си ја дозволат.
- За да се оствари најавениот возен ред ќе треба да се ангажираат пет возила со десет возачи, а годишниот трошок заедно со патарините за новата линија би изнесувал 270 илјади евра или трошоците по тура би чинеле 4.294 денари. Сметаме дека на оваа линија ќе работиме со загуби и поради тоа ќе бараме и субвенции од Градот - вели директорот на ЈСП, Мишо Николов.
Трасата што ЈСП ја предлага за движење на автобусите би се движела од хотел Александар Палас-МАТ-Плоштад Рекорд-хотел Холидеј Ин-Транспортен центар-хотел Континентал-аеродром Александар Велики и обратно. Автобусите би сообраќале од единаесет до шест пати во текот на денот, што зависи од фреквенцијата на патници на аеродромот кои најмногу ги има во петок и недела, а најмалку во четврток. Пресметките ЈСП ги правела според редот на летање на авионите за месец април наредната година.

Советникот на ЛДП, Зоран Шапуриќ очекува да се реализира предлогот за воведувањето на линија до аеродром, но тој смета дека овие тури ќе бидат исплатливи и ЈСП нема да има потреба од субвенции.
- Доколку ЈСП во една тура има и само дваесет патници во еден правец и исто толку во другиот правец ќе има приход од 6.000 денари, а претпријатието пресметало дека трошоците за една тура ќе му изнесува 4.200 денари. За разлика од ЈСП, пак автобусите што ги носат вработените на "ТАВ Македонија" направиле пресметки на 3.000 денари од тура - истакна Шапуриќ.

Досега имаше неколку иницијативи за воведување на директна линија од метрополата до аеродромот. Некои од нив потекнуваа од советниците во Град Скопје, а обиди имаше и од аеродромските власти. Според нивното објаснување, и покрај напорите да се најде компанија која ќе врши превоз на патниците од и до аеродромот тие биле неуспешни, бидејќи приватните превозниците не се заинтересирани за опслужување на оваа линија најверојатно зашто ја сметале за нерентабилна.

Новите сопственици на аеродромот ТАВ Македонија, велат дека тие немаат обврска да воведат автобуска линија. Сепак, посочуваат дека преговараат со заинтересирани компании и доколку има конечен договор тогаш ќе воведат линија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BECF7D06E91B1640B39A9F2DD06FDBF9
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 23-Nov-2011 at 21:51
Ja видов сликава во другата нишка

И ми текна да прашам (макар сум 80% сигурен) дали 8-ка е единствената линија во Скопје со траса по Булевар Илинден?
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 23-Nov-2011 at 22:07
Не. Идат и 15А, 15 и 19. Не сум сигурен дали идат и 7 и 59.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 23-Nov-2011 at 23:49

Previous

Само 15А оди по Илинденска. 7, 15 и 19 одат по Партизанска, а за 59 не сум сигурен.

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 24-Nov-2011 at 00:16
Previous
Потсети се дека 15 и 19 кога поаѓаат од пред салата Партизан во Карпош IV, тргаат накај север, не накај југ!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 24-Nov-2011 at 01:50
Originally posted by phenomenon

Previous
Потсети се дека 15 и 19 кога поаѓаат од пред салата Партизан во Карпош IV, тргаат накај север, не накај југ!

Точно е дека они веројатно возат 200-300 метри по илинденска, но најголем дел од рутата им иде по Партизанска. Ако ништо друго коа се враќав накај дома од средно ги користев тие автобуси и знам кој од каде иде.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Dec-2011 at 19:20

Од Козле до Карпош само пеш



Од Козле до Карпош само пеш


 

Сообраќајната наука укажува дека автобусите треба да се на главните коридори и да се чести, велат од ЈСП

 
 
%20  

НЕМА АВТОБУСКИ ЛИНИИ МЕЃУ СОСЕДНИ НАСЕЛБИ

Бутел со Кисела Вода, Козле со Аеродром, Козле со Карпош и со Кисела Вода, Аеродром со Кисела Вода... Има десетици градски населби што не се поврзани меѓу себе со директна автобуска линија. Иако некои од нив се оддалечени и само неколку километри, за да стигнете од едно на друго место мора да се возите со два автобуса. Оваа неповрзаност на општините е голем проблем за скопјани. На интернет-порталот на ЈСП меѓу најчесто поставуваните прашања од граѓаните се токму оние за конекцијата помеѓу населбите. „Дали ќе има нова автобуска линија од Драчево до Аеродром, ќе се воведе ли повторно линијата со бројот ‘6’ од Пржино до Карпош, кога ќе пуштите линија до Пинтија, што е со релацијата од Ченто до Дом на печат“, се само дел од многуте прашања на граѓаните. Одговорот на ЈСП на повеќето од нив е дека воведувањето нови линии е во надлежност на градот.

- Ако сакам да одам од Козле до Карпош, јас треба да сменам два автобуса и да изгубам повеќе време отколку кога би одел пеш. Ај да станува збор за населби што се во рурални средини, но овие се речиси во центарот на градот, на само неколку километри. А да не го спомнувам тоа што ќе треба да платам четири билети, два за одење и исто толку за враќање - вели Јовица Симонов. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Мишо Николов, вели дека сообраќајната наука дава одговор на прашањето за автобуските линии. Во согласност со правилата на секој поголем град, неопходно е да има неколку дијаметрални и многу радијални линии. Со тоа би се задоволиле потребите на граѓаните за јавен превоз, додека поврзувањето на општините од различни делови на градовите не се практикува.

- Автобусите не се доволно чести, но ние правиме напори да ја подобриме таа ситуација. Засега ја следиме состојбата и наскоро ќе ги засилиме линиите на „41“, „2“, „57“ и „5“. Инаку, има многу населби што не се поврзани со една линија, но замислете ако треба да се поврзуваат сите населби со посебни линии? Сообраќајната наука укажува дека автобусите треба да се на главните коридори и да се чести. На пример, патник од Козле се качува со линијата „57“ до Центар и потоа со „15“ патува до Карпош. Сметам дека ако двете линии се чести и редовни, патувањето најдобро ќе се реализира - објаснува директорот Николов. Граѓаните често реагираат и за немањето директна автобуска линија до аеродромот „Александар Велики“.

Од ЈСП велат дека сé уште се водат разговори со турскиот концесионер ТАВ и дека наскоро ќе имаат конкретно решение за овој проблем.

За Љубин и за Скопско Поле само еднаш дневно

Во однос на приградските населби автобуските линии се уште поретки, за некои денови има по неколку автобуси, а викенди нема ниту еден. Пример за ова е Скопско Поле и автобусот со број „10“, кој преку неделата само еднаш тргнува од Транспортниот центар, и исто толку од Скопско Поле, а за време на викендите нема ниту еден автобус. Слична е состојбата и со автобусот „32“, кој сообраќаа до селото Љубин. Во текот на неделата има само еден правец, од селото кон Скопје, а повратен нема, додека за време на викендите нема никаков градски превоз. До селото Марино, од Транспортен центар тргнуваат само два автобуси, а кон Скопје има дури четири. Доколку жителите сакаат преку викенд да дојдат во градот, тоа мора да го направат со сопствено возило или, пак, со такси, затоа што автобуси нема.

 
   
Автор: Александра Денковска   Фотографија: Маја Јаневска Илиева




http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=125111019138&id=14&prilog=0&setIzdanie=22448

Edited by Cloverstack - 06-Dec-2011 at 13:25
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 05-Dec-2011 at 20:19
Аеродром со Кисела Вода е поврзан со линијата 13.
Според мене, еве неколку измени кои јас би ги направил.
Линија 3б, наместо до Државна Болница ќе продолжи до Козле.
Линија 6, ќе сообраќа Пржино - Карпош IV.
Линија 10, НАВИСТИНА ќе сообраќа од Транспортен Центар до Скопско Поле, за да ги растовари линиите што идат накај Петровец.
Линија 17, место до касарна Илинден, што за мене е економски неоправдано, ќе продолжи по Македонско Косовска Бригада и Босна и Херцеговина и ќе оди до Бутел.
Линија 31, ќе оди преку населбата Лисиче и Горно Лисиче.
Линијата 57А, би ја укинал.Која е смислата на постоењето на оваа линија, кога трасата и е иста со линијата 37, која ја укинаа пред многу години?!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.154 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.